Translate

Wednesday, 15 January 2014

Специја во купот, и почеток на нова авантура!


Нови ветришта почнаа да дуваат во Милано. Конечно по долго натегање сменет шефот на стручниот штаб. Голема благодарност до Макс поради титулата која ја освои во неговата прва година како тренер на Милан, и за неговото трпение да не пукне под сите притисиоци и критики кои беа насочени кон него. И толку. Заврши за него приказната со Милан. Ние почнуваме нова, со еден од најхаризматичните џентлмени во фудбалот кој нема ни еден ден тренерско искуство. Но неговата фудбалска интелегенција, годините во фудбалот, клубовите во кои играл, фудбалските работници со кои соработувал а и секако морам да го спомнам и фактот кој сите го спомнуваат деновите - Кларенс говори шест јазици.

Хаосот во кој се наоѓа Милан повика на очајни и итни мерки. Враќањето на Сидорф во Милан значи обид на Берлу и Барбара да се стабилизира моменталниот тим, да застане цврсто на нозе па да почне да се надградува. Очигледно е дека Барбара има голем удел во бркањето на Макс кој си ги истроши сите кредити. Сега за сега доста за нашиот нов тренер кој официјално екипата треба да ја превземе од четврток, а утре Тасоти ќе не предводи против Специја. Кога сме кај мечот ќе има доста промени во стартниот состав:



Рами, Силвестре, Поли, Хонда и Пацини во стартниот состав. Освежување кое дефинитивно ни треба и воедно еден тест за тоа што можат дел од овие играчи да направат во моментот за овој Милан. Пацо ќе го има првиот старт после којзнае колку време, Хонда и Рами ќе дебитираат од почетокот, а Кристанте ќе го има третиот старт во серија. :) Ова е дефинитивно информација која ја пишувам со насмевка на лицето бидејќи пред нецели 2 недели Брајан беше скоро испратен на некоја позајмица. Кога сме кај позајмици и добри вести, денес се потврдија две. Првата е дека крлежот Матри го испративме кај Виолетовите до крајот на сезоната без опција за откуп. Ако ништо друго, барем нема да го гледаме до лето толку често, па дај боже да се излажат овие и да го купат.


Другата добра вест е свиткување на опаш и наведнување на глава односно е директно поврзана со оваа првата. Андреа Петања се враќа во Милан од 4 месечната позајмица во Сампдорија. Ова е нешто што не ни требаше да се дискутира доколку нашата управа беше разумна и не го направи киксот во август, ама еви им сега шанса да се поправат малце од малце. Важен детаљ тука е што само што се опорави Пацини, Матри беше испратен од клубот што укажува на тоа кој по ред напаѓач во тимот бил Алесандро. Како и да е, подобро е да гледаме како младо дете се развива, па макар и мачи и не му оди отколку истрошен, недокажан и неквалитетен влекач кој губи топки.

Јас лично по подолго време сум мноогу возбуден за меч на Милан. Бидејќи очекувам нешто ново, нешто свежно. Очекувам желба за докажување, за надигрување и за победување, сите овие работи кои ни фалеа во изминатиов период.

GRAZIE MAX E FORZA MILAN!!!

11 comments:

Ultras Milano said...

Танкреди кажа некои мудри мисли пред некој ден што ги ретвитна Ри.
Она за кои тренеги ги избрал Патронот.

Ова ми се допаѓа. Многу. Уште да се оствари.

http://www.tribalfootball.com/articles/ac-milan-botafogo-contact-matheus-doria-3980587#.UtX_svRDspU

ReBorned said...

Не знам како Clarence ќе се снајде во оваа нова улога и колку време ќe му треба но во една работа сум прилично сигурен: Тој ќе добие помош (читај добри трансфери) од Berlu x 2. Тоа е нивни тренер (за разлика од Max), тоа е нивен сентиментален додаток. Всушност Berlu секогаш посакувал одлично добредојде на секој нов тренер (дури и Max ги доби Zlatan + Binho). Clarence ќе добие добри фудбалери а потоа зависи од него дали ќе продолжи да добива добри фудбалери во серија (дали тој ќе врати со резултати). Doria е ептен логичен потег. Игра во Botafogo, млад е, нашиот тренер одлично го познава и игра на позиција на која имаме големи проблеми (веројатно е и Mexea да си замине). Да видиме што друго од бразилскиот пазар може да предложи Mister Clarence.
Околу утрешниот меч не ми е јасна 1 работа. Зошто пак стартер Bonera кога имаше ужасен настап и беше директен виновник за 3 од 4 гола против Sassuolo. Уште повеќе, зошто Bonera на CB а Rami на RB а не обратно?

Navigator said...

Многу сум возбуден околу враќањето на Seedorf. Иако претходно зборував дека не сум сигурен околу потегот. Уште стојам на тоа, како и многу подобри познавачи на клубот и воопшто на фудбалот. Ама тоа е спецификата на Milan, сентименталноста е секогаш фактор и создава вакви моменти. Не можеш да останеш рамнодушен на фактот дека го доведоа на стадион уште во текот на мечот, а поминаа помалку од 40 минути од слетувањето на авионот до влегувањето на стадион. Linate и San Siro се на сосема различна страна од градот. Тоа во Скопје не би успеал, а не во Милано. И денес, не можеш да останеш рамнодушен на видеото каде Clarence влегува во Milanello и каде се среќава со некои од поискусните играчи со кои поминал заедно сезони и сезони. Прекрасно! И сега одвај ја чекам одмаздата кон Verona во недела.

ReBorned said...

Јас не би бил толку нестрплив особено за мечот против Verona. Нормално дека сакам победа ама не би го ценел неговиот труд уште од ова коло. Реално, не би можел којзнае колку да смени за неколку дена но читам интересни информации од типот дека сакал да игра 4-3-1-2 со Honda на AMC а Ricky во нападот до Balotelli. Исто така планира Montolivo да го игра на regista а претпочита фудбалери со технички а не физички (деструктивни) карактеристики.

Navigator said...

Не не, не би ценел ништо од Seedorf во недела, нормално. Го чекам натпреварот заради атмосферата. Инаку и мене ми беше интесно да читам околу плановите за формацијата и главно ми се допаѓа тоа што го прочитав, ама ми се чини многумина забораваат една работа, еден човек - SES. Јас мислам дека формацијата, барем онаа default формација не смее да биде одбрана од моменталната форма на играчите. ОК, сега ги имаме одличниот Kaka и новиот Honda, па само заради тоа ќе играма ваква или онаква формација во остатокот на сезоната. Што правиме кога ќе се врати Stephane? Треба да се биде внимателен и претпазлив со таа работа.

Ultras Milano said...

Сплет на околности е ситуацијата со СЕС. Неможеме на никој да се лутиме што е повреден освен можеби на медицинскиот тим.
Мислам дека Сидорф ја претпочита таа формација бидејќи две или три сезони вклучувајки и ја шампионската од 2007ма Сидорф играше како полушпиц (како Хонда) а Кака зад најистурениот напаѓач.
Рано е да се суди, рано е да се проценува. Кларенс пред него има многу време да склопи тимот, да острани тоа што е непотребно и да донесе она што треба. Незнам за вас, јас лично мислам дека на Бало му смета кога е најистурен во нападот. Мислам дека повеќе може да се истакне кога има повеќе простор за движење. Тандем со Пацини напред ќе му го овозможи тоа. Меѓутоа тоа би значело дека Кака ќе биде полушпиц, а Хонда ќе треба да игра малце поповлечено одколку што е навикнат. Но како што реков, има доста време, доста простор дефинитивно сите сме возбудени околу оваа новина во клубот, од друга страна и како едно олеснување со оглед на фактот дека свртевме нов лист.
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Мене ме буни уште една работа. Доколку Seedorf ја форсира таа 4-3-1-2 со Montolivo како Regista тоа значи дека ќе нема место за De Jong во првите 11 а реално De Jong е најконстантниот (еве ќе кажам и најдобриот) фудбалер сезонава + холанѓанец исто како и тренерот. Gazzetta дури и го направи составот со Urby на лев бек а Muntari и Poli до Montolivo во средината. Реално и не можеме многу да го оценуваме Seedorf до почетокот на следната сезона пред се поради тоа што не верувам нешто драстично да се смени на трансфер пазарот зимава (можеби би дошол Parolo) па Seedorf ќе работи со фудбалери и состав кој не е скроен по негов вкус. Веќе летово ќе се види што тој преферира и што е уште поважно дали тој отворено ќе бара фудбалери што се по негов вкус (и нема да биде нова маскота на B&G) и најважното, дали раководството ќе биде подготвено да ги реализира неговите желби. Доколку стилот на работа на G и компанија остане ист како досега, џабе е и Guardiola на клупата, нели?
Јас верувам дека Seedorf ќе добие реална а не само декларативна поддршка од Berlu, на крајот на краиштата Seedorf е само третиот тренер во ерата на Berlu кој е одбран од Berlu himself (пред него се Sacchi и Capello). Сите други тренери се бирани од страна на G. Племенитоста со која Lady B влезе во клубот уште повеќе ме тера да верувам во тоа.

ReBorned said...

Sky сега вели дека Seedorf ја одбрал формулата и таа е 4-2-3-1. Веќе разговарал со G за тоа и планира таа да биде неговата основна формација. Во првата варијанта тоа значи De Jong и Montolivo како double pivot а пред нив Honda, Kaka и Robinho а напред Balotelli. Втората варијанта е Honda, Kaka и Balotelli а пред нив Pazzo. Офанзивна формација која ние на кафе на кеј ја дискутиравме уште пред 1 година ама ете Allegri не можеше да се сети на неа :) Со оваа формација може директно да влезе во шема и El Shaarawy по враќањето од повредата. Доста офанзивен стил на игра. De Jong би требало да ги чисти нередите во дефанзивниот дел а Montolivo да ја шири играта и да ја дистрибуира до тројцата пред него. Токму тие тројца ќе бидат носителите на играта и ќе се трудат да функционираат со поголем посед на топка и да ги задушуваат противничките напади. Доколку успее да наметне и пресинг на противничката половина со овие тројца фудбалери кога противникот ја има топката (слично на Barcelona) мислам дека ќе бидеме одлични!
За жал има нов пех, Pazzo пак со проблеми, паузира од 8-10 дена.

Ultras Milano said...

Јас мислам клуч за успехот ќе биде ако Сидорф ја доигра сезонава како player manager :D

ReBorned said...

Jorginho замина во Napoli. Уште еден фудбалер кој го меркаме неколку години но заминува во друг тим поради нашата неодлучност. Зошто така не го испуштивме Matri?
Clarence и официјално изјави дека ќе игра со 4-2-3-1 за да го искористи максимумот од офанзивните фудбалери. Прочитајте го пресот за официјално претставување, има неколку одлични поенти.
Vergara заминува на позајмица со можност за откуп на 50 % од страна на Parma. Zaccardo веројатно оди во Турција а Gabriel во Reggina или Бразил. Според Di Marzio, нашиот нов тренер го блокирал заминувањето на Saponara затоа што тој се вклопува во шемата 4-2-3-1. G вели дека нема никакви разговори за Parolo а до скоро се зборуваше дека ќе дојде. Можеби Parolo беше желба на претходниот тренер па сега се менуваат приоритетите. Ако ме прашувате мене, не сум голем фан на таа аквизиција. Parolo во 4-2-3-1 би можел да игра само на double pivot а во овој момент и De Jong и Montolivo би биле сигурни стартери пред него + ги имаме и Poli, Cristante и Muntari за тие 2 позиции. Нема потреба од Parolo, добро би дошло некое класично крило (се шпекулира за младото дете од Betis). Можеби вака е најдобро, без купувања сега а Seedorf ќе има шанса до летово да процени кој треба да остане во тимот а кој не. Тогаш ќе може убаво да си го креира тимот што мисли дека му треба.

Ultras Milano said...

+1 од мене ако се одлучи да го остави Сапонара во тимот. Затоа ни требаа промени во клубот, зошто да беше Алегри во прашање друг филм ќе гледавме.