Translate

Sunday, 19 January 2014

Нова клима во Milanello!


Расчистивме со Max. Морам да признаам дека ми е чудно што повеќе го нема. Знаете како е, секој навивач на овој клуб е сентиментално врзан за се што се случува во и околу него. А како и да не би било така кога и самиот клуб функционира на сентиментални и емоционални бранови. Низ историјата на овој клуб поминале еден куп емоционални одлуки. Некогаш завршувале добро, некогаш лошо но речиси секогаш челниците се воделе според срцето. Max повеќе не е во клубот и иако пред да замине сите фрлавме со дрвја и камења по него, сега некако ми е необично. Сепак помина долг период на клупата и донесе една титула. Ти благодариме за тоа! Секое добро во понатамошната тренерска кариера!


На местото на Allegri доаѓа вистински синоним за светскиот фудбал, во секоја смисла! Clarence Seedorf е единствениот фудбалер во историјата на фудбалот кој успеал да освои 3 ЛШ трофеи со 3 различни тима (ги има вкупно 4 затоа што 2 има освоено со Milan). И не само поради тоа, Clarence секогаш бил синоним за убавината во оваа игра, за интелигенцијата, фер плејот, широката насмевка и големата смиреност во секакви ситуации. Уште додека играше за Milan, еден спортски директор на клубот изјави дека Clarence зборува 10 % како играч, 20 % како генерален менаџер на клуб и 70 % како тренер. Човекот едноставно го разбира фудбалот. Има харизма која знае да биде заразна и веќе тоа може да се прочита од Balotelli, на прво место. Овој потег е коцка на клубот, тоа сите го знаеме. Но еден новопечен тренер ваква шанса добива само 1 на милион. Шанса полека да го креира тимот, да не зависи од резултатите и да нема притисок за трофеи и бодови.

Clarence на својата официјална презентација како нов тренер на Milan даде неколку одлични поенти и насоки. Прво и основно, рече дека планира да ја користи 4-2-3-1 формацијата со која најмногу можат да се искористат офанзивните фудбалери во клубот иако потенцира дека поважен е менталниот склоп на фудбалерите отколку самата формација. Како што рече Clarence, формациите можат да се менуваат но менталната сила на фудбалерите, не. Рече дека сака да ги врати навивачите на стадионот, сака сите да уживаат во фудбалот, а тоа најдобро се прави со офанзивен пристап. Кратко и јасно преточи, најлесен начин да се освојат бодови е да се игра офанзивно.

Друга многу важна поента, рече дека сака да направи противниците повторно да се тресат кога ќе гостуваат на San Siro. Дека ова е наш дом и никој не смее да дојде тука со размислување дека лесно ќе освои бод или три! Треба сите да почувствуваат што значи да се игра на San Siro! Следна одлична идеја, Clarence рече дека планира да ги замоли сите големи легенди на клубот (Baresi, Maldini, Van Basten, Costacurta...) некогаш да присуствуваат на тренинг на Milan и да им преточат на фудбалерите што значи да се игра за овој клуб и каква историска одговорност со себе носат тие црвено - црни бои!

На прашањата на новинарите за Allegri, Clarence уште еднаш покажа дека е извонреден оратор и вешто ја избегна таа тема велејки дека сака да се насочи само кон иднината и кон креирање на добра клима во клубот. Според неговите зборови, тоа е најважно. Рече дека е задоволен со тоа што во клубот никој не осудува некој друг за лошите резултати, а тоа значи дека тимот е сплотен. Рече и дека верува во начин на функционира на клуб во кој има повеќе тренери за секој дел од теренот (Crespo веќе потврди дека бил контактиран од Clarence за да стане дел од неговиот стручен штаб. За Stam тоа ќе биде многу потешко затоа што тој има договор до 2016-та со Ajax). Веројатно нема да има големи поместувања во трансфер пазарот, особено во купување на фудбалери зимава. Можеби вака е и подобро, тренерот ќе може до крајот на сезоната да тестира кој заслужува а кој не заслужува да биде дел од клубот па на лето да креира трансфер листа и листа на засилувања. Како што може да се забележи, Seedorf навистина придава огромно значење на психолошкиот аспект.


Дебито на Il Professore на клупата на Milan ќе се случи вечерва, против осакатената Verona. Verona има одлични резултати и веројатно е најпријатното изненадување сезонава во Calcio. Сепак Verona ќе биде осакатена поради тоа што мозокот на екипата, Jorginho вчера замина во Napoli а најдобриот напаѓач Luca Toni е повреден. Нормално, треба доста да се внимава на Iturbe кој е еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Веројатните формации покажуваат дека Seedorf уште на првиот натпревар ќе се обиде со она што го спомена на пресот, 4-2-3-1. Формација која некако делува најприкладно за Milan и тоа ние (членовите на блогот) го дискутиравме на кафе во Скопје уште пред повеќе од 1 година. Оваа формација е и најпогодна за El Shaarawy кој никако сезонава да врзе континуитет поради повредите (се враќа во Март). Друг пех е новата повреда на Pazzo кој имаше важна улога во идеите на Seedorf (во таа 4-2-3-1 една варијанта беше со Pazzini во шпицот а Mario како дел од тројцата зад него). За жал, Pazzini ќе отсуствува цел месец.

Овој тим на хартија делува одлично но веројатно сите ќе се сложиме за една работа, Daniele Bonera. Настрана лошите партии во минатото, на последниот натпревар против Sassuolo, The Boner беше ужасен!! Директно кумуваше на 3 од 4-те гола на Berardi и не гледам никаква логика во негов повторен старт. Иако Zapata е нашиот најдобар дефанзивец во моментов (се консолидира после неколку ужасни месеци), сепак јас дури би се нафатил и на двоец Mexes, Rami ако тоа му помогне на новиот французин, само Bonera да не игра. Воопшто не ми се допаѓа таа варијанта!

Остатокот од тимот е најдоброто што може да се извлече во моментот и нема апсолутно никакви замерки. Знам дека е рано за резултати, знам дека Il Professore не може да направи ништо за 3 тренинга, но убеден сум во вечерашна победа и тоа победа со сигурна игра. Веројатно и мене ме фатила магијата на Clarence :)

Forza Il Professore!! Forza Milan!!!

13 comments:

ReBorned said...

Clarence почна со своите специфични режими на тренинг :)

Running, jumping and smiles: the training of Seedorf fun group


Clarence Seedorf was clear: he wants to bring enthusiasm within the group, motivating and beguiling players. Said and done ... In training yesterday, as evidenced by the Journal from the Sport, the new Rossoneri coach has introduced a new type of bullock without the ball, a kind of game similar to dodgeball, which provided rides and jumps on the back of a companion to remain free .
"It must be a Dutch game," said Kaka laughing. "In Brazil I've never seen."
Well, looking forward to have the first results on the field, between the players returned the smile, at least in training. The stage play was used really well to warm up the muscles and get the right level of cardiovascular work, and it lasted a few minutes. It's just one of the innovations that Seedorf will introduce to try to shake up the team. The other news, highlights the rosy, is in dealing with the media: Milanello has always been closed to outsiders, but in these last two days, the workout was visible to all. Is there a new course in this sense, asks the Journal?

Ultras Milano said...

Добри вибрации осеќаме сите. Иако се случуваат во Милано сите навивачи на Милан ги чуствуваме. Верувам во изборот на Кларенс и дека ќе игра само со најдобрите расположливи средства и дека нема да играат некои играчи на стара слава. Верувам и дека до крајот на преодниов рок ќе не напуштат 2-3 вишок играчи. И многу, ЕПТЕН ми се допаѓа идејата да им се даде значење на легендите на клубот. Додека Алегри, Г и Берлу го водеа шоуто тоа не беше во можност. Но со Пипо на чело со сите младинци, Сидорф со првиот тим, тогаш е време да се вратат и Били, Паоло итн.

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/44035/bastos-due-roma-medical

ReBorned said...

Да те надополнам со уште една легенда, Brocchi е тренер на allievi nazionalli :) Вчера го свртија мечот од 0-2 до 65-та минута, до 3-2 конечни :)

Navigator said...

Milan има најмалку 10-12 поранешни играчи кои можат да се најдат некаде во клупската хириархија. Дел од нив веќе и почнаа со своите кариери. Меѓутоа и тука треба селекција. Засега, според најавите, се споменуваат дел од оние правите. Ми се допаѓа концептот на Seedorf. Впрочем, сите знаевме какви човечки квалитети има холанѓанецот. Уште подобро знаат играчите. Духот на Seedorf ќе се пренесе и на најмладите, а тоа особено ме радува. Рано е да даваме заклучоци како Clarence ќе се однесува кон непотребните играчи или оние непослушните, затоа што сеуште не знаеме каква слобода ќе има од управата. Како и да е, почетокот влева голема надеж во оваа мрачна сезона. Малку се плашам од брзото пумпање на очекувањата, уште повеќе по очекуваната победа вечерва. Затоа очекувам паметниот Seedorf постојано да смирува, после секој успех од новиот почеток. Сепак ќе речам, подобро успеси + набилдани очекувања, отколку ваков очај како есенва.

Andiamo professore!

ReBorned said...

Прво добрите работи:

Првите 15-тина минути гледав Milan каков што не паметам кога последен пат сум гледал! Посед на топка 80 - 20 и 3 шанси за 10 минути! Брилијантно!
Нешто паѓа во очи. Вршевме константен притисок на нивната последна линија и цело време се играше фудбал пред нивниот шеснаесетник. Тоа е добро и од причина што тие малку ја имаа топката а дури и кога ќе погрешевме во додавање, тие веднаш панично ја исфрлаа на нашата половина, топката ја пречекуваше некој од нашите дефанзивци и повторно градевме нов напад. Тоа е добро особено за климава одбрана како нашата.
Друга работа која падна во очи, играме офсајд замки. Ова го немав така агресивно забележано кај претходниот тренер, имавме доста офсајд замки и сите беа на место.

Е сега негативните работи:

Во второто полувреме паднавме пред се физички а тоа се одрази и на играта. Буквално немавме сила да го држиме истото темпо, истиот пресинг на нивната половина и тоа им помогна на Verona да се ослободат и посигурно да одат напред. Очигледно е дека никој од Honda, Kaka и Robinho не е спремен за повеќе од 60-70 минути игра. Постојано мислев што би направил Seedorf кога ќе треба да се направи измена. Во оваа формација веројатно тоа е најголемиот проблем. Со повредени Pazzini и El Shaarawy, едноставно немаме фудбалер во тимот кој би можел да внесе живост во оваа 4-2-3-1. Реално очекував дека ќе го пушти Petagna во недостиг на опции. Ете тоа е разликата, Allegri би бркал гол со Nocerino на терен :)

Се на се, задоволен сум од првиот меч. Мора да имаме во предвид дека Seedorf имаше само 3 тренинга со тимот и евентуален негов печат би требало повеќе да доаѓа до израз во иднина. Оние први 20-тина минути од мечот беа за уживање. Исто така ужасниот терен за игра и непрекинатиот дожд во последните 24 часа воопшто не помогна во пас играта која сака да ја наметне Clarence. Сега ќе има проблеми да се вкомпонира тимот за 1/4 од Coppa Italia против Udinese за неколку дена затоа што овие фудбалери денес не издржаа 90 минути ама тоа е тоа. Само ме вадеше пак од кожа Balotelli со неговите константни негодувања до соиграчите после секое погрешно или ненавремено додавање.
Истотака со оваа 4-2-3-1 сме малку повеќе ранливи на контра напади но тоа веројатно допрва ќе се пегла. Тоа е од причина што кога имаме позиционен напад сите се пред противничкиот 16ник, дури и дефанзивците се на противничката половина и ако изгубиме топка останува само De Jong и Montolivo да ја брани брзата контра.

Севкупен заклучок, задоволен сум. Нека се множат!

Ultras Milano said...

Се слагаме со севкупниот впечаток, за прв пат одлично. Веднаш уведени промените кои очајно требаа.
Околу Бало, мислам дека кажав дека тоа се должи поради фактот што тој е најистурен а сите знаеме колку Марио сака да игра со топка па затоа мора да излегува за да ја примит топката. Доколку го има Пацини за партнер мислам дека ќе биде многу поопасен а и ние како тим ќе бидеме поопасни.
FORZA MILAN !!!

Navigator said...

http://24fudbal.com.mk/vesti/9476/sidorf-imame-mnogu-rabota-pred-nas

ReBorned said...

После она синоќа кога Seedorf ја скокна хиерархијата и го остави Mexes на клупата а го пушти во игра Silvestre, сигурен сум дека Mexes си оди. Најверојатно Monaco.

Navigator said...

А не би сакале да си оди, затоа што Zapata е ужасен, Bonera исто така, а Silvestre ни е на позајмица, нели? Таман помислив дека ќе врземе солиден тандем во Mexes-Rami.
Него, видете што убава трампа си направија Juve и Inter - Vucinic за Guarin. Баш тоа што им е потребно на двете екипи. Ок, долгорочно гледано Inter повеќе ќе изгуби, ама барем до јуни, Mirko е топ избор. И што ми е најмногу криво, како Juve се однесува кон тие што треба да се најголеми кандидати за титула и најголеми ривали. Буквално ги понижува со тоа што им дава играчи кои им се бескорисни, а за возврат (или од добиените пари) добива појачувања. "Старо за ново" си прават без никакви проблеми, си поигруваат.

Ultras Milano said...

Не се Јуве толку паметни колку што се неговите ривали глупи. (тука спаѓаме и ние).
Гуарин реално со Хандановиќ се единствени 2ца играчи кои би ги земал во тим, ама Интер имаат очаен напад од раштиман Паласио, недокажани Икарди и Белфодил и античкиот Милито. За нив Вучиниќ е вистински потег. Од друга страна пак, Конте си ја засили средината и ја отвори вратата за евентуалната понуда што не се одбива од арапите за Погба или Видал.

ReBorned said...

Guarin значи продажба на Pogba на лето и Marchisio уште сега во Man UTD, според мене. Сепак тука пак се гледа планското работење на Juventus. Ќе земат страшни пари за Pogba (кои ќе ги пренаменат) а нема да изгубат апсолутно ништо, барем во Италија затоа што Guarin ќе направи воопшто да не се почувствува отсуството на Pogba со најголем дел од Калчо екипите. Ужасен трансфер за Интер, никако добар! Ужасен!! Guarin можат да го продадат во било која поголема екипа во Европа (за малку не замина во Челзи пред 7 дена) а со парите од него ќе си земеа многу подобар шпиц од четвртата опција на Juventus. Не дека Vucinic е лош, само не е еквивалентен во вредност и години на Guarin. Ама така е кога имаш целосно квалитетен ростер, можеш да ги продадеш 4 тата и 5 тата опција во нападот за одлична вредност (Vucunic и Matri). Кога ние немаме квалитетна клупа, никој нe е заинтересиран за Constant, Nocerino или Muntari. Еве за Muntari, наводно Hull нудел 5 милиони фунти, нека оди и така не е идеален за double pivot позиција. А за другите најмногу што можеме да добиеме на заинтересираност е понуди за позајмица од некои третокласни Калчо екипи.

Ultras Milano said...

Нема трампа. Се откажа Тохир од Вучиниќ - Гуарин. Барем засега.