Translate

Wednesday, 22 January 2014

Coppa Italia 1/4

Веројатно најлесниот начин да се стигне до Евро настап следната сезона е Coppa Italia. Долгиот пост во ова натпреварување треба да биде уште една мотивација за фудбалерите и стручниот штаб. Како и секогаш, форматот на натпреварување во Coppa Italia е создаден така што во завршницата најчесто има дерби дуели. Така ќе беше и вечерва доколку комшиите не беа елиминирани од Udinese. Синоќа Juve беше елиминиран од Roma а во нашиот дел од форматот евентуалната победа вечерва нè носи во полуфинален дуел (во 2 меча) против Fiorentina која не би требало да има поголеми проблеми против Siena.
Seedorf планира да настапи со речиси најдобриот состав и ќе има само мали промени во одбраната и во средината.


Двете промени во средниот ред се од објективна природа поради тоа што Montolivo се пожали на повреда и воопшто не се наоѓа во тимот а Honda сè уште не е доволно физички спремен па Birsa ќе настапи на AMR. Во одбраната ќе има мал експеримент со Rami на десен бек (мене лично тоа не ми се допаѓа) а остатокот од тимот е оној што настапи против Verona (Silvestre стартува поради повредата на Bonera кој би требал да се врати во тимот веќе викендов). За првпат под водство на Seedorf, ќе добие шанса Bryan Cristante. Момчето кое имаше неколку одлични меча во серија вечерва ќе ги има клучевите од моторот наречен Milan. Нормално, De Jong ќе биде претежно задолжен за прекинување на противничките акции па токму Bryan ќе треба да биде оној кој ќе го диктира темпото и начинот на кој Milan ќе напаѓа. Ќе биде интересно да се види како малиот ќе се снајде во оваа нова double pivot формација која ја нема играно во официјален натпревар на сениорско ниво.
Одиме на победа заради продолжување на позитивниот старт под водство на Il Professore и заради доаѓање на чекор поблизy до трофејот кој долго време го нема во нашите витрини.

Forza Milan!!!

13 comments:

ReBorned said...

Промени во последен момент: Cristante, Poli и Zaccardo се во аут поради грип.

ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ:
(4-2-3-1): Abbiati; De Sciglio, Zapata, Rami, Urby; De Jong, Nocerino; Birsa, Kakà, Robinho; Balotelli.

ReBorned said...

Ужасно! Првото полувреме беше просечно а второто ужасно! Мора да признаам, Seedorf беше толку Allegri вечерва! Никаква мотивација во тимот, никакви замени се до 80-та (не го сметам Mexes затоа што беше принудна измена)! Беше очигледно дека Kaka е катастрофален, слично и Robinho. Можеше барем околу 65-та да го стави Honda во игра. Само стоеше покрај клупа и отсутно гледаше во теренот. Редно е да се критикува кога има основа за тоа, исто како што се фали кога има основа.

Mexes со паметот веќе не е фудбалер на Milan. Се што направи откако влезе во игра беа неколку опасни грешни додавања на 20-тина метри од сопствениот гол и еден екстремно опасен старт со 2 нозе во финишот. Синдром „не ми е гајле, си одам“. Сличен синдром го држи веќе некое време и Balotelli. Повторно настапи со тој свој I'm too good for football пристап.
Urby со уште еден извонредно несмасен старт за пенал, веќе втор идентичен во оваа сезона а стигнати сме само до Јануари.
Ако Mexes игра како да не е веќе тука, Nocerino не игра никако. Едноставно го нема и De Jong играше сам на тој дел од теренот. Штата за епидемијата што ги зафати Cristante и Poli па му се укажа уште една шанса на Noce (кој истотака е на излезна врата) да се корзира низ средината на теренот.
Тројцата пред нив беа едноставно слаби ама барем се обидуваа нешто да направат. Интересно, Birsa беше најмалку слаб од сите тројца.
Ужасно! Не е проблемот во едно полуфинале на куп, работата е во тоа што ова беше најавуван како натпревар (и натпреварување воопшто) кој ќе се добие и ќе се сфати максимално сериозно. На никој не му беше гајле а најмногу сум разочаран од Seedorf и од флегматичноста од клупата.

ReBorned said...

Дел од skills на Nocerino вечерва

http://imgur.com/wbZ7fdf

Ultras Milano said...

Однапред извинување за отсуството ова е првпат по 2 дена да седнам на пи си. Натпреварот не го ни гледав, не ни знам резултат ќе ја гледам после снимката од 14:30 на СК1.

Ultras Milano said...

Гледав дел од снимката. Вториот дел разочарувачки. Не без идејно, не анемично тоа толку незаинтересирано полувреме. Као неможеме да да ги победиме па ај тоа е тоа нека не победат они ако не. А време доста имаше. А шанса можеби најдобра и ждреб дефинитивно најпогоден во последните неколку сезони. Тоа е тоа. Лекција за Кларенс, убаво рече он на стартот имаме многу работа.

Ultras Milano said...

И да повеќе инфо за грипот кој ги фатил нашиве? Кои се болни моментално?

ReBorned said...

Cristante, Poli и Zaccardo ги фати грип а Zapatа и Silvestre се повредија во ист момент и ќе отсуствуваат барем 2-3 недели. Тоа значи дека Mexes нема да замине зимава од Milan. Essien е близу до доаѓање во Milan, со него е договорено сега уште да се расчисти дали ќе биде позајмица или целосен откуп.
На излезната страна, Vergara веќе замина на позајмица во Parma (можно е од таму да дојде Paletta), Zaccardo веројатно ќе оди во Турција а Nocerino ќе оди во West Ham на позајмица до Јуни. И знам дека боли ама Constant одбил заминување во Napoli во трампа која ќе го донесеше Pablo Armero во Milan. Клубовите веќе биле договорени, Armero се согласил но Constant рекол не! Се сеќавам на нешто слично пред неколку години, Marek Jankulovski одби да се пресели во Tottenham во трампа во која кај нас беше договорено да дојде едно младо момче со име Gareth Bale...

Ultras Milano said...

Првпат слушам за оваа трампа. Знам за онаа кога Мансини дојде кај нас а Јанкуловски одби да замине во Интер.

ReBorned said...

Подобро што не си слушнал, тогаш Bale беше млад и надежен лев бек кој имаше ужасна историја со повреди, веќе им скисна на Тотенхем поради тоа и бараа стартен лев бек. Понудата беше Јанко + 4 милиони за Бејл. Прифатија сите освен Јанко.

ReBorned said...

OFFICIAL: Michael Essien has signed a contract until 2015 with Milan. His first words: "I came to Milan after speaking with Seedorf."

Ultras Milano said...

И Ночерино го комплетирал првиот дел од медицинските прегледи. Утре се очекува официјализирање.
Него Есиен доаѓа без оштета така? Јес да е краткорочен договор што е добра работа, ама 4.5 милиони за сезона ипол некако ми се многу за она што има да го понуди.

ReBorned said...

Скроз расчисти со Chelsea и дојде како слободен агент. Договорот му е 3 милиони евра годишно т.е ќе земе 1.5 милиони оваа сезона (затоа што доаѓа на пола сезона) и 3 милиони евра следната сезона. Тогаш договорот завршува.
Можеби делува многу ама се сеќавам на една слична ситуација кога еден фудбалер раскина со својот дотогашен тим и дојде во Milan на 1.5 годишен договор а ние бевме скептични. Неговото име беше Mark Van Bomel.
Едноставно моравме да земеме централен фудбалер од средината, UEFA ја одби жалбата за Montolivo и тоа значи дека капитенот нема воопшто да го искуси дуелот со Atl. Madrid (суспендиран е и на двата меча). Muntari кој доби црвен поз завршувањето на мечот против Ajax ќе отсуствува на 1 дуел. Дури и Nocerino си замина. Значи De Jong останува осамен во средината. Essien може да игра во ЛШ а изјави дека одлучил да дојде во Milan после разговорот со Clarence.
Ќе дојде уште некој до крајот на преодниот рок ама не знам кој :)

P.S И мене ми е жал што половина од тимот е дојден по истекување на договорот, тоа доволно кажува за тоа каква е нашата финансиска позиција (или уште подобро, каква е заинтересираноста на B сениор за тимот). Еве сега ќе сме биле заинтересирани за Agazzi од Cagliari, нормално договорот му истекува во Јуни.
Lady B од друга страна вчера имала 2 часа разговор со Clarence и сака него да го промовира на ниво на кое се наоѓаат менаџерите во англискиот фудбал (а не само како тренер, каков што статус имаат тренерите во Италија). Друга работа, на чело на маркетинг секторот доаѓа поранешниот гуру маркетинг на Ферари. Lady B сериозно сака да го унапреди и користи брендот Milan во иднина.

Ultras Milano said...

Акинфеев е слободен агент. + лоан или 50% од Перин на крај на сезона, - Амелија и Абијати и топ сме.