Translate

Sunday, 12 January 2014

Нека тргне возот!

Да не се залажуваме, убедливата победа против Atalanta и не беше така убедлива до постигнувањето на вториот гол. Повторно бевме бледи, несигурни и панични во дефанзива штом малку бевме притиснати на почетокот од вториот дел. Дури кога Ricky го постигна својот 101 гол во дресот на Milan, се опуштивме. Тоа укажува на разнишана самодоверба. Сепак, би било одлично ако успееме да врземе уште една победа вечерва против Sassuolo кој нема освоено бод во последните 4 натпревари. Совршен противник за сигурна победа и билдање на самодовербата пред приближувањето на ЛШ двобојот со Atletico Madrid. А кога сме кај головите број 100 и 101 на Ricky во дресот на Milan, Adidas изготви специјален дизајн на копачки кои Ricky ќе ги носи вечерва против Sassuolo.

 

Околу составот, има неколку недоумици. Honda веројатно мечот ќе го започне од клупата, исто како и Rami. Тоа значи дека Allegri повторно ќе стартува со Kaka и Robinho зад Balotelli а во дефанзива би требало да стартуваат Zapata и Bonera. Покрај дебито на Honda, сите очи на фановите на Milan се насочени кон средниот ред. Тоа е така од причина што сите се љубопитни дали младиот Cristante ќе добие нова шанса од првата минута, после фантастичното деби со гол во Calcio. Во едната варијанта тој е на терен а Montolivo на клупата а во другата варијанта е обратно. Не знам зошто Nocerino би имал загарантиран старт ама такви се размислувањата на (веќе сигурно можеме да го нарекуваме) ВД тренерот на Milan, Allegri.

 

Убаво би било да победиме сигурно како резултатски така и играчки па да се почувствуваат некои нови ветришта во Milanello.

Forza Milan!!!
                                                       
P.S Matrinho стана сензација во овој преоден рок. Се почна нудење од страна на G на позајмица низ Италија затоа што никој не ни сака да го купи па сето тоа се претвори во лов по Matrinho, како во Италија така и во Англија. Fiorentina, Inter, West Ham, Everton, Tottenham, Sunderland... ако не може G да го продаде Matrinho сега, нема кога. Интересот е преголем и сигурен сум дека може да извлече продажба. Интересно, Inter го понудил Kuzmanovic (чувај боже) за Matrinho во директна замена на позајмици. Milan одбил, барајки ги Taider или Kovacic. АКО успееме да им го земеме Kovacic за Matrinho, тоа би бил bargain на подолг рок. Ама да им го земеме, не само да го позајмиме.                                                                                                                                                                                                                        

17 comments:

Ultras Milano said...

И ја сум да се земе некој асален играч за Матри. Пошто чисто сумљам дека кешот ќе го потрошат нашиве на засилувања. А со Интер имаме историја од добри трејдови :D
Околу ова со Сидорф јас сеуште стојам на моето дека нема да го видиме како тренер на Милан. Барем во блиска иднина.
Кристанте си заслужува старт, и овој е многу осетлив дел од неговата кариера каде што треба да се користи секоја прилика за да добива минути. Пак ми е криво што место Сапонара ќе го гледам Робињо како се влече по теренот ама ајде, изморен сум веќе да се жалам овде.
Мислам дека ќе победиме. 0-2 мој тип.
FORZA MILAN !!!

Navigator said...

Bryan по вторпат меѓу стартерите, Honda и Rami на клупа - очекувано и правилно. И јас бев за Saponara пред Binho за минатиот меч, сега не. Многу ми е криво што се поклопуваат со ракометот, сепак Македонија ми е помила. Ќе ми бидат двата натпревари пуштени, но поголем фокус на ракометот. Не за друго, знам дека Milan ќе растури, нема да е интересна :)

FORZA MILAN, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

ReBorned said...

Јас ќе го гледам Milan а Македонија ќе ја снимам па ќе ја гледам после. Значи, нема никакви коментари од мене до кај 00:00 за да не ги научам резултатите.

P.S Интересно, Cristante стартер на сметка на капитенот. Иако рака на срце, капитенот игра далеку од добро.

CurvaSud_Milan said...

Овој воз одамна не може да тргне, ниту машиновозач има, ниту мотор каков што треба. Тендер, набавка на нов воз и нов машиновозач, па ќе правиме муабет за тргнување.

П.С. Среќна нова на сите.

ReBorned said...

Една работа, ако веќе доаѓа Seedorf за тренер (или некој друг кој нема ангажман во моментов), зошто не седне сега на клупата па да има период за адаптација во кој ќе нема резултатски императив. Оти очигледно Max нема резултатски императив!
- Примаме 4 гола од тим кој најверојатно сезонава ќе ја напушти Serie A!
- Примаме 4 гола од тим кој нема освоено ниту 1 бод во последните 4 натпревари!
- Примаме 4 гола од тим кој нема победа од Ноември!
- Примаме 4 гола од еден фудбалер (кој патем речено си го купи Juve на 2-ри Септември и само го остави позајмен во Sassuolo. Така работат тимовите кои имаат некој план и визија! Marotta некаде трие раце)!
- Примаме 4 гола по наше брзо водство од 2-0!
- Bonera прави хет трик на 3 од 4-те гола на Berardi! Нека седи Adil Rami на клупа, веројатно затоа сме го купиле!

ReBorned said...

Ајдеееееееее

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=602414696478812&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1&stream_ref=10

Ultras Milano said...

Ете нешто позитивно од поразов. Алегри аут.
Се осеќам ко 4-0 да изгубивме. Нз зошто.

Navigator said...

Ви олесна? :)
Околу наследниците... Многу сум скептичен околу цела приказна со Seedorf. Што знаеме за него како стратег? Не ми изгледа како разумна одлука. ОК е тоа со авторитетот и стажот, меѓутоа од него ќе се бара успех. Ако кога него го немаш, паѓаат и најголемите авторитети. Со Pippo е слична приказната. Сепак работа во младинска категорија и не е некакво забележително искуство. Ако треба да одбирам меѓу нив двајца, би одел со Pippo. Тој е сепак дел од некоја поголема слика кога станува прашање градењето на тренерската кариера во клубот. И трета опција, барем засега, в.д. улога на Tassotti. Најпрво помислив дека тоа е најдобрата опција, но пак имам сомнежи. Проблемот е што него веќе со години не го земаат сериозно како опција за прв тренер. Можеби се во право, можеби грешат, но не доби шанса ни по Carlo, ни по Leonardo. Зошто би добил сега? Како и да е, поголема грешка од отпуштањето на Allegri може да се направи единствено во една ситуација - да се постави тренер привремено, до крај на сезона. Тоа е продолжување на агонијата. Така нема да добиеме ниту мотивирани играчи, ниту создавање на аворитет во тренерот, ниту доволно време за приспособување на новиот стратег за следната сезона. Ајде да видиме што ќе одлучат Silvio и Barbara.

Navigator said...

И да, #GraziePerTuttoMax

Ultras Milano said...

Абе да Ивче ама немој да мислиш дека не бараат тренери нашиве. Во моментов ова е најдоброто можно решение, што побрзо најдеме нов тренер тоа подобро.
И не е важно само било каков тренер, треба да биде некој што ќе не врати на победнички патеки ама на тоа да биде долгорочен план.
Од друга страна пак сите ќе уживаме гледајќи го Пипо на клупата ако воопшто седне на неа.
Му посакувам се најдобро на Макс, му благодарам за титулата и коректноста за друго не баш. Цел кредибилитет што го имаше го изгуби на крајот.

ReBorned said...

Кога веќе нафрлувате имиња да додадам дека договорот на Рајкард со Катар му заврши па и тој е слободен. Исто и Спалети изјави дека би сакал да го тренира Милан ама тој е веројатно опција само на крајот од сезоната. Ама нешто друго, размислувањата одат во насока дека на Пипо му оди добро во Примавера и не треба тоа да се менува + ако го донесеме Пишо накратко, може да изгори и да го изгубиме. Вака, ако тргне нешто во погрешен правец со Сидорф, Пипо ќе биде тука. А и тој самиот рече дека сака барем уште 1-2 сезони со оваа генерација што догодина ќе дојде во Примавера.

Ultras Milano said...

Amelia spoke with Galliani earlier today about his future. He will stay at MIlan for the rest of the season - at least.

Ultras Milano said...

Последните информации од Милано се дека Сидорф ќе го превземе Милан налето на 2 ипол годишен договор и демантирани се информациите дека Давидс и Клајверт ќе бидат негови асистенти туку Стам и Креспо се спомнуваат како алтернативи.
За мене ова е многу експериментална варијанта, каков што и е нашиов тим во моментот.
Да се прашувам јас Спалети ми делува како најдобра опција.

Ultras Milano said...

И Матри блиску до позајмица во Фиорентина.

ReBorned said...

Интересно размислување, дали доколку Honda и Pazzini го погодија голот место стативата / пречката Allegri сè уште ќе беше тренер на Milan? :)
Швепс - пораз :)

P.S Наводно Lady B сакала да му посака добредојде на Clarence со Banega / Essien а од италијанските варијанти се споменува Parolo. Околу помошниците, постирав и на ФБ Stam за дефанзива, Clarence самиот за среден ред, Crespo за напад и стандардно Fiori за голманите. Phil Jackson стратегија. За разлика од Clarence, помошниците би дошле на лето а дотогаш Tasotti ќе ги има поседните 6 месеци како помошник на клупата на Milan.

ReBorned said...

И уште една работам во сиот овој хаос греота е тоа што уште една добра партија на Cristante се загуби во хаосот. Момчето имаше индиректна улога во постигнувањето на првиот гол на Robinho (тој ја одзеде топката на линијата од 16-никот па De Jong ја додаде до Binho) и директна улога во вториот гол на Balotelli (директна асистенција од десната страна).

Ultras Milano said...

Ќе пишам пост вечерва.