Помина еден од најтешките периоди за секој фан на фудбалски клуб, репрезентативната пауза. Веднаш по неа, одиме на јуриш на Bentegodi. Таму нè очекуваат неколку познати фаци, пред се Paloschi и Acerbi. Palo изјави дека му недостига постигнувањето на голови и дека доколку постигне гол против Milan, ќе слави. Ова многу повеќе го ценам од идиотскиот пристап на типот со симптоматични фризури. Acerbi е Acerbi, за недоволниот квалитет кој го поседува за играње во еден голем клуб како Milan, го обвини клубот. Тоа значи дека денес можеме да очекуваме наострена бемка.
Во ростерот на светиот тим, ситуацијата е матна. Не можеме да сметаме на De Jong, Boateng и Pazzini во прв план, фудбалерот кој се наоѓаше во одлична форма пред идиотскиот старт на Portanova. Останатите, повеќе или помалку сите се во строј и спремни за игра. Allegri размислува само за 2-3 позиции на теренот но тимот отприлика би можел да изгледа вака:
Една од дилемите е токму изненадувачкиот старт на Binho. Другата варијанта е таму да започне Niang. За одбележување е дека вечерва за прв пат Salamon ќе биде директно вметнат во ростерот (ќе го започне мечот на клупата за резерви). Во дефанзива е можно Bonera да добие натпревар по долго време а на левата бековска позиција ќе настапи момчето кое со својата смиреност, скромност и зрелост ги гали срцата на сите италијанци во последно време, особено на фановите на италијанската репрезентација.
Продолжуваме онаму каде што застанавме пред паузата! Одиме на нова победа и нова пресија кон второто место!
Dai Ragazzi!!!