Translate

Friday 13 April 2012

Milan - Genoa



По тешката победа на гости против Киево на домашен терен ни доаѓа уште една Фиорентина, екипата на Џенова. Екипата на Џенова исто како и Фиорентина има екипа која не заслужува да се наоѓа во битката за опстанок а тие екипи се најопасни. Веќе немаме право на кикс до крајот на сезоната и мораме да победуваме на секој следен натпревар, без разлика на сите проблеми со кои се соочуваме.
За разлика од претходниот натпревар против Киево сега немаме фудбалери кои се под суспензија. Сепак имаме неколку кои се на само еден жолт картон од суспензија (Златан, Мексес, Сидорф и Замброта). Сакате да погодувам дека Златан ќе добие жолт картон на натпреварот пред дербито?

Списокот на повикани и очекувани стартни 11 изгледа вака:



Како што можете да забележите дел од оние кои се повикани сепак не се во натпреварувачки ритам (во прв план, Мексес) па поради тоа почетните 11 најверојатно ќе почнат со Јепес како централен дефанзивец, Бонера десно, Урби на AMC и веројатно Стефан како придружба на Златан во самиот шпиц (се разбира ова е со одредена резерва, доколку не се појават и нови повреди вечерва и во текот на утрешниот ден).
Не очекува нов тежок натпревар, мораме да победиме! А за хејтерите...



46 comments:

Anonymous said...

Последните информации од италија говорат дека муабетите за премин на Неста во Јуве се plain rubish.
Неста има 3 опции:
1.Да остане во Милан и да има епизодна улога.
2.Да оди во МЛС лигата (има куќа во Мајами)
3.Да се пензионира.

Anonymous said...

Треба сега Ибра да биде паметен и да добие жолт.
Исто и Мексес, при позитивен резултат нека влезе пред крајот нека добие жолт и ајт пријатно создравје :D

ReBorned said...

И кој ќе даде гол со Болоња?

CurvaSud_Milan said...

Алегри :)

ReBorned said...

Шпекулации:

1. Милан работи повторно со Џенова за доведување во Италија на Касемиро кој би дошол со слична формула како Боатенг.

2. Кевин Стротман од ПСВ. Фантастичен фудбалер кој искрено не верувам дека би можеле да го доведеме овде. Долгорочно на него се гледа како природна замена за Ван Бомел од страна на холандската репрезентација. Иако засега повеќе игра како regista, премногу сличниот физикус со Ван Бомел (висок е 186 см) и стилот на игра ветуваат дека во иднина неговата природна позиција е DMC. Фудбалер кој знае да повлече, да шутира и одлично да ја развива играта на својот тим, добар техничар и одлично чувство за додавање. За мене лично би било сон да го доведеме во Милан! Се шпекулира дека Милан ќе се обиде да го „затвори“ уште пред почетокот на ЕП бидејки се плаши неговата цена да не скокне во текот на првенството.

--------------------------

И Прециози потврди дека Ел Шарави ќе биде во целост фудбалер на Милан, рече дека се' уште не е потпишан договорот но веќе си дале рака со Галијани и тоа е завршена работа.

---------------------

Последните информации за вечерашниот меч зборуваат дека Аквилани би добил шанса од самиот старт на местото на Мунтари и Стефан ќе стартува покрај Златан.

ReBorned said...

Милан Варезе во живо http://milanstreamingcenter.blogspot.com/

Кај нашите стартуваат Калвано и Валоти (ги издвојувам затоа што сакам да ги гледам), напред е Ганц и предаторот Коми.
Кај Варезе на клупа е „нашиот“ Албертаци кој се врати од Гетафе во Варезе.

ReBorned said...

Со глас: http://milannews.tv/liveredazione

ReBorned said...

Страсер (кој игра денес во Примавера) им е како татко на останатите, толку смирен, толку искусно делува, многу се разликува од сите останати. Веќе подолго време го гледам Де Соле и многу ми се допаѓа неговата игра на лев бек. Немам гледано да биде ставен под поголем притисок во дефанзива за да проценам колку е добар во одбрана но многу лесно игра во напад, има одлични соло пробиви по левата страна.

ReBorned said...

Ely е исклучен со 2 жолти после 25 минути. Милан игра со 10 фудбалери

ReBorned said...

GANZ!!!! 1-0

ReBorned said...

VALOTI 2-0! Одличен гол од слободен удар! Да потсетам, играме со 10 во поле. Страсер е повлечен на DC.

Anonymous said...

Макси ќе даде гол :)
За Стротман не сум сигурен дека сум чул до сега, а може да ни се оствари сонот ако фрли кеш Берлу.

Navigator said...

Одлична игра на primavera! Убава за око, доминантна, офназивна и сето тоа со 10 играчи во поле. Зрела игра покажаа момците, особено оние од кои се очекува наскоро да заиграат и прволигашка утакмица. Екопата изгледа страшно кога ја споредуваш со друга младинска екипа и понекогаш се прашувам како е можно истите овие дечки да загубат од свои врсници. Се уклучив одма после првиот гол и сум презадоволен. Со оваа победа (над директен ривал) е обезбеден плејофот, на еден меч до крајот на регуларниот дел од сезоната. Фала за линкот Ри, да не постираше сосема ќе заборавев.

ReBorned said...

Мечот Милан - Џенова е суспендиран поради смртта на Piermario Morosini, 25 години кој колабираше на мечот Пескара - Ливорно и за жал почина во болница! Сите натпревари од Калчото се одложени!

Navigator said...

Трагично... :(

Anonymous said...

Само што видов. Мал дел од мене е напизден.

Anonymous said...

Знам дека не е време да се збори ама пак од друга страна може да здивнат играчите, да се врати уште некој повреден.
Иначе од 15 за 7 ПСВ-АЗ играат ќе ги има на спортклуб шанса да го видиме Стротман (ако игра).

ReBorned said...

Незнам како велиш АКО игра и дека немаш слушнато за него. Извонреден, извонреден фудбалер! Може да не игра само ако е повреден или суспендиран. Има 22 години, веќе има 10 настапи и 1 гол во сениорската репрезентација на Холандија.

http://www.youtube.com/watch?v=RxXfeSrNj-g

Anonymous said...

Христос Воскресна Момци!
И незнам колку прочитавте, но младото момче што замина имал многу потресна судбина страшно.
Последно што читам од Италија е дека средбите од ова коло ќе се одиграат наредното во исто време, што значи Милан-Џенова во сабота од 6.

ReBorned said...

Читав, страшна судбина на неговото семејство и како капак на се' вчера имал 3 последователни инфаркти.
Ван Бомел самиот им го предложил Стротман на Милан. Силно е заинтересиран и Ман Утд.

Anonymous said...

Ако запнеме наш е, ама тоа е проблемот скржав е Берлу, а да сака одма понуда од 15ина милиони и готово.

ReBorned said...

Плус е и тоа што Ван Бомел сака да ја заврши кариерата во ПСВ а и ПСВ го сака назад. Со 15 мил во кеш сигурно е наш ама ...

Anonymous said...

Траоре 4 гола на последните 3 натпревари.
Се очекува да загризат нашиве.

ReBorned said...

А 3 од тие 4 се влезени во 5те најубави голови на неделата го Ligue 1. Демек опцијата за таа позиција била или Стротман кој вреди отприлика 15 мил. или Траоре кој е без пари. Знам каде ќе целиме ние...

ReBorned said...

Дечки да Ви споменам дека на твитер се најдовме со еден фан на Барселона, дечкото ја прави нивната страна, веќе е во фотофиниш и изгледа прекрасно! Договрени сме да разменеме линкови т.е да станеме пријатели (и така помина двомечот, сега може да се спријателиме :)) )

Ѕирнете: http://barca.nv.mk/

Navigator said...

Нема проблем, дозволувам! :)

Anonymous said...

Ако ни го дадат Маскерано или Кеита може :D

ReBorned said...

Хехе легенди сте :))

Anonymous said...

Монтоливо е наш.

ReBorned said...

Каде прочита оти е „ваш“ ?

Anonymous said...

И твој е(ќе биде), не само мој.

Navigator said...

Ова ми звучи како она "и Солун е наш" :)
Прочитав и јас нешто денес за некој преддоговор, ама ништо од тоа не беше од некој релевантен извор...

ReBorned said...

Не велам дека не се големи шансите и дека ние не сме најлогичната дестинација но конкретно вчерашните потврди за Монтоливо во Милан беа изнесени од страна на Rui, истиот оној тип што минатото лето ја водеше кампањата Cesc, We can односно тврдеше дека Милан и Фабрегас ги имаа договорено сите детали за негово доаѓање на Сан Сиро уште во Јули.

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=IbjE0ea97Y8

Anonymous said...

http://www.nuevofutbol.com/wp-content/uploads/2012/01/milan-2012-2013-original-adidas.jpg

Anonymous said...

http://img820.imageshack.us/img820/8409/42249536482392021779411.jpg

ReBorned said...

Многу ми се допаѓа home kit

Anonymous said...

http://forum.kajgana.com/attachments/525519_10150692306228262_371136948261_9283779_1440568960_n-jpg.42248/

А ова?
И жолтиот не е лош :)

Navigator said...

Имаше еден patch за FIFA12 пред 2-3 недели со овие дресови, го симнав, го ставив и стварно ми изгледаа многу добро. Само не знаев дали ќе бидат и официјални. Ептен ми се добри сите, а во споредба со годинава, домашниот и третиот се предобри. Ќелавиот си остана на зборот со жолтите дресови :)

Navigator said...

http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=78708

Кратка, добра (ако може да се нарече) анализа за можноста дел од играчите да останат или заминат во Јуни.

ReBorned said...

Децата во најважниот натпревар водат со 0-4 на гости против Цитадела (50та минута). 0-3 беше на полувреме, головите ги постигнаа Коми (2), Ганз и Иносенти.


This is Comi's 34rd goal this season!! 25th in the Primavera tournament!! 13th assist from Carmona in the tournament

ReBorned said...

Долчети го замени Писчители од голот во 80та минута оти треба да се придружи утре на сениорите :)

Многу интересен фудбалер е Innocenti, Аргентинец е но еден од родителите му е Италијанец (се гледа и по презимето) и владее вистинска тивка војна меѓу Италија и Аргентина околу тоа за која репрезентација да заигра момчето, тоа го потврди и Луиџи Ди Бијаџо кој сега е во U21 Italy squad.
А Carmonа, секој допир со топката му е магија :)

ReBorned said...

Де Шиљо сам си изнуди пенал и сам си го реализираше. 0-5.

ReBorned said...

Галијани изјави дека Fininvest (Берлу) го покрија речиси целиот дефицит за минатата календарска година кој изнесуваше околу 70 милиони евра. Многу важно, G изјави дека и Fininvest и тој самиот ќе се обидат што е можно повеќе да ги намалат трошоците за плати! Според сите параметри, овој Милан минатата сезона имаше повеќе приходи отколку Милан во 2007 година. Проблемот е во тоа што имаме вонсериски плати на фудбалери кои имаат минимален или никаков удел во играта. Поради тоа, најверојатно ќе останат само Амбро, Гатузо и Неста од сенаторите а останатите ќе го напуштат клубот. Со ослободувањето само на платите од сенаторите и вклучувајки ја тука платата на Монтоливо кој би дошол на лето, веќе имаме околу 50 милиони евра заштеда (речиси целиот дефицит од минатата сезона)!
Тоа што Finivest во целост го покрил дефицитот од една страна и тоа што најголем дел од сенаторите нема да добијат продолжување на договорот (а оние што ќе добијат ќе имаат најмалку двојно а веројатно и тројно намалување на примањата) од друга страна, може да значи дека G ќе има барем нормален трансфер буџет. Сепак, не сакам да излетувам со нереални очекувања, секоја година е истото, ќе верувам кога ќе видам!
Acerbi е веќе на чекор од Милан (најверојатно ќе го замени Јепес) и нашите сакаат Неста да продолжи уште една сезона за да му биде ментор на Acerbi во кој имаат голема доверба за во иднина. OUT Yepes IN Acerbi значи и драстично намалување на просекот на години во тимот.
L'Equipе кој лани одприлика во истиов период прв ја објави веста за Таиво во Милан, вели дека Милан и Bakaye Traore веќе си дале рака и тој договорил 3 годишен договор со росонерите. Олимпик Марсеј бил во страшен фотофиниш да го доведе Траоре во своите редови, особено станал интересен по 4 голови во серија во последните 3 натпревари но Милан бил побрз и веќе го „ставил под суво“.

Navigator said...

Дебата за ова што го напиша Ри, би ја префрлил во новиот пост што сега почнувам да го пишувам. Ако пишува некој, одма да пријави!

Myron said...

Standard Oil Filter Wrench Pliers provide leverage for challenging filters. God Bless The Refrigerator Magnet! Above all, make it a point that you get experience to use the hair dryer properly. We do not have a lot of time to spend in our busy schedule.