Translate

Friday 6 April 2012

ВРАЌАЊЕ ВО КОЛОСЕК ЗА ОДБРАНА НА СКУДЕТОТО!!!



Додека Kuipers го приведуваше кон крај неговиот животен натпревар на Camp Nou во Вторникот, веројатно сите ние пробувавме сиот тој гнев собран од него да го пренасочиме во сталожено размислување на само една работа – одбраната на Скудетото. Ги премотавме сите наши натпревари до крајот на сезоната, експресно ги анализиравме противниците, ги разгледавме опциите каде Juventus би можел да киксне и дефинитивно да ни ја подари титулата порано одошто реално ја очекуваме. Дури и пробавме телепатски да ги смириме нашите момци, убедувајќи се сами себе дека циркусот од Camp Nou веројатно нема да влијае врз перформансот што треба да следи во Сабота. Било па поминало велат, па така нека биде и овојпат, иако не забораваме (не само ние, туку и навивачи на многу други клубови). Само се надевам дека брзо ќе дојде време кога ќе гледаме како убавиот фудбал и феноменалните играчи на Barca самостојно победуваат и освојуваат титули. Заради убавото во фудбалот...
Нас тоа веќе не не интересира, нека му ја мисли Chelsea :) Нас не интересира Fiorentina и уште петте наводно лесни противници до Дербито за кога ја планираме прославата на новото Скудето. Замислете само, со победа против Printer им правиш “in your face” на Juventus и одново го гледаш ова:


Ај да се вратам на Viola... Сенаоѓаат во ужасна ситуација, дури 17ти на табела што теоретски значи дека се борат за опстанок. Сепак се на 5 бода пред Lecce што не е ни малку, ни многу во ваква ситуација. Искрено не би сакал да ги видам во В, затоа што би било премногу за италијанскиот фудбал после испаѓањето на Sampdoria да остане и без екипа како Fiorentina во елитата. Тоа се екипи што играа во ЛШ (или барем квалификации) пред 3-4 години, да не забораваме. Тоа само зборува за далеку поголемата изедначеност на лигата во однос на останатите големи европски лиги, без навлегување во дискусија дали е тоа добро или не. Клубот од Фиренца доаѓа на San Siro во екстремно неповолен период за нив. Имаат низа од 6 натпревари без победа, од кои 4 се порази, а тешкото за нив допрва почнува. Во однос на нивниот состав, за нас најбитно е неиграњето на Vargas, Behrami и Cassani поради повреди, како и на Montolivo кој е под суспензија. Тоа им отвора огромна дупка во средниот ред, која кога ќе се надополни со бавната и крута одбрана, им создава можност на нашите офанзивни играчи за убаво да го наполнат гостинот.
На мечот во Сабота веројатно ќе го имаме истиот страв како и при ремито на Сицилија – како одбраната ќе се справи со евентуалните контри и прекините во нашиот шеснаесетник. Не сме навикнале да играме без ТЅ, па сега стравуваме и од противници како Bergessio или Amauri. Рецептот за ваквите натпревари делумно го видовме на минатиот меч. Гол во прво полувреме и ангажирана игра до најмалку два гола разлика. После тоа, ваквиот противник може да послужи само за билдање на гол-разлика. Со исклучок на Pato, а со Muntari и изгледа FantAntonio, повиканите треба да се истите како и во Вторникот. Сепак, за списокот, тактиката и стартерите повеќе од пресот на Max, закажан за утре во 14.30.
Нема веќе лесен меч, нема веќе небитен меч. Секој меч значи ново Скудето, освен ако во Торино не заклучат дека доста се залажувале и дека Купот им е приоритет :) Одиме на нова победа, за враќање во колосек, за одбрана на титулата!
P.S. Еве ја и оваа слика што пред некое време некој од вас ја постираше, сега професионално апдејтирана :) Нека не потсеќа уште колку ни фали за нова радост...


FORZA MILAN!!!

25 comments:

ReBorned said...

Извонредно квалитетно напишан пост кој ги опфаќа ама баш сите нијанси на она што поминало и она што следува. Браво уште еднаш!
Околу психолошката (не) подготвеност после мечот на Камп Ноу, ова ќе биде клучниот натпревар. Доколку овој натпревар го добиеме потоа ќе се аклиматизираме на играњето во Калчото и во следните натпревари би требало да настапиме како што настапувавме безмалку во текот на целата сезона, стабилно, сигурно и без воопшто простор на противникот да се надева на бодови. Да не се залажуваме, Фиорентина не заслужува да биде онаму каде што во моментов се наоѓа. Сепак, ние од друга страна апсолутно заслужуваме да бидеме и да останеме на врвот по крајот на сезоната! Тоа што тие имаат голем број повредени е уште една предност за нас а хендикеп за нив. Да не заборавиме, потребни ни се голови со затресување на противничката мрежа! Да се надеваме, ќе ги има неколку!

ReBorned said...

Алегри изјави дека Касано во моментов е во подобра физичка форма од неговото деби против Каљари (кога му асистираше на Страсер во самиот финиш за многу важен гол). Веројатно ќе биде повикан.
Во однос на составот, Робињо е во предност пред Стефан за партнер на Златан, зад нив ќе стартува Емануелсон на AMC поради тоа што Боатенг се чувствува истоштено по мечот со Барселона. Зад нив Ночерино, Амброзини и Мунтари. Антонини има мали проблеми но се очекува да стартува на лев бек, Бонера ќе го замени Неста како партнер на Мексес на централен а десно е Абате. Зад нив, Абијати.

ReBorned said...

И официјално Fantantonio се враќа во ростерот но Боатенг е во аут.

Abbiati, Amelia, Abate, Bonera, De Sciglio, Mexes, Zambrotta, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Emanuelson, Gattuso, Muntari, Nocerino, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez, Robinho

Navigator said...

Само да не се претера и да не се избрза сево ова со Cassano. Многу еуфорично се најави враќањето и се плашам, знаејќи го неговиот карактер, да не изгори во желбата активно да учествува во одбраната на титулата. А особено во желбата да игра на ЕУРО-то...
Случајно да не знаеш дали некоја тв ќе го пренесува ватерполото? Може да биде историски натпревар...

Navigator said...

По се изгледа дека Nini не е во можност да стартува сепак. Zambro веројатно ќе се најде на лев бек. И уште една измена од тоа што го очекувавме: Aquaman на местото на Ambro во средината. Очигледно дека Max сака што поскоро да го реши натпреварот со високо поставен пресинг и силно офанзива уште од стартот. Уште да не мораше да браниме контри... :)

ReBorned said...

Можеби Мунтари ќе го видиме на DMC а Аквилани ќе оди на MR. Иако Мунтари ми е лабилен за таа позиција :)

ReBorned said...

А сега де! Официјални:


OFFICIAL line-up vs. Fiorentina (4-3-1-2): Abbiati; Abate-Bonera-Mexes-Zambrotta; Nocerino-Ambrosini-Muntari; Emanuelson; Ibra-Maxi Lopez.

Navigator said...

Urby само не убедува во своите (не)квалитети...

Navigator said...

Какви судии гледаме на врвни натпревари, мајко мила... Немаше П од пенал, иако брат ми и татко ми "ме утешија" дека правдата била задоволена :Ѕ

ReBorned said...

Ја гледам на макс тв и еве сега го вртам пак моментот неколку пати. Имаше контакт, имаше обострано влечење со рака! Можеби преблаго досудено но имаше контакт. Ти кога го кажуваш немаше ни П... звучи како да немало воопшто контакт. А контакт имаше.

Kole.22 said...

Колку боли кога мојот Милан МЕСТИ!!!

ReBorned said...

По што заклучи дека мести?

Kole.22 said...

Не заклучив. Но ова е првпат да почуствувам нешто вакво. Непостоечки пенал за 1-0, лошо наместен офсајд на сам почеток на второ полувреме, кикс на одбраната пак за 1-2, недостаток на срце, за кохезија меѓу играчите да не зборувам, како првпат да играат заедно. Сигурно сум под импресии од катастрофалниот резултат, тотална разочараност од поединци,ноншалантност 80 минути а фудбал 10 и све остало, а највеќе ми е криво што ако мердине од јувентус го подигнат пехарот, тоа е затоа што ние им дозволивме тоа да го направат. Најлесно е да го препишеме тоа на физичката и психичката исцрпеност, но ова што се случуваше денес е недозволиво. Главен виновник нема, по мене далеку најслабиот натпревар сезонава. Во вакви моменти се стиснуваат заби и се оди понатаму.
ФОРЦА МИЛАН

ReBorned said...

Имаше очекување за можна мина после реваншот со Барселона. Физички и пред се' психолошки бевме исцрпени после тој меч. После овој натпревар ќе се консолидираме, верувам дека нема да биде доцна.

Navigator said...

Juventus пак победи и не само тоа туку и во голем стил ги игра овие тешки натпревари во низа. Буквално си ја вратија предноста што ја имаа пред 5 кола. Дали е разлика од 1 бод или имаме исто колку нив, за нас е сеедно. Сега веќе не зависи се од нас и ќе мора да чекаме нивни кикс. Има шанса за тоа, имаат уште тешки натпревари, мада јас очекувам нивен кикс во пресрет на финалето од Купот. Ама дали ние ќе бидеме перфектни до крајот, тоа не сум убеден...

ReBorned said...

Ако некој е заинтересиран нашите Allievi Nazionalli играат на турнир. Во моментов играме против Баерн. 0-0 на полувреме, нашите (Yaffa) промашија пенал.
Во напад игра Петања, во одбрана Тамас а голман е Лазар Петковиќ.

http://www.youtube.com/user/ajax?ob=0&feature=results_main

Anonymous said...

По подолго време можам да кажам дека ми е мило што не гледав натрпевар на Милан затоа што доволно фрустрации истрпив слушајќи го резултатот преку некој си радио пренос.

ReBorned said...

Бројот на фудбалери кои не се во комбинација за мечот против Киево утре (повреди и суспензии) е запрепастувачки! Повикани се Де Шиљо, Валоти и по речиси цела сезона, Фламини и Страсер.

Anonymous said...

2005/2006 во ЛШ испаднавме од Барса во полуфиналето и во Серија А по многу израмнета сезона го изгубивме скудетото токму од Јувентус.

ReBorned said...

Тим кој може да се состави од повредени/суспендирани фудбалери:

-------------Roma

-Abate-Bonera-Tiago Silva-Mesbah

-Aquilani--Van Bomel--Ambrosini

-----------Boateng

-------Inzaghi--Pato

Anonymous said...

Додади ги овде и играчите кои се полу спремни да играат и имаш негде 22-23 играчи.
Џабе цвикаме, неуспех утре значи збогување со титулата.

Anonymous said...

Ме боли што ќе го пишам ова ама морам....
мојот миленик Хунтелар викендов го постигна 43-от гол во сезонава за Шалке (убаво прочитавте да) и кога ќе ми текне дека нацистот со лоша шишка му држеше место у тим тогаш ми доаѓаат самоубитачни напади.

ReBorned said...

И тоа ама и на Хунтелар му е потребен тим што ќе работи за него а и Леонардо го играше десно крило....

ReBorned said...

Јас сум во Скопје нема да можам да пишам пост.

Anonymous said...

Ќе чкртам јас.