Translate

Tuesday 26 July 2011

AUDI CUP 2011... ANDIAMO!!!


И конечно, почнува и за нас росонерите она вистинското. Ја имаме таа "несреќа", да првенството ни почнува најдоцна, па со тоа и првите припремни натпревари да ги дочекуваме околу крајот на Јули. Изземајќи го оној тренинг со Solbiatese, првиот тест за новиот Milan е далеку најсериозната проверка во текот на припремите. Терминот е идеален ако се земе во предвид фактот што за десетина дена се игра Супер-купот на Италија. Дали сезоната ќе се започне со или без трофеј, не верувам дека на некој му е небитно, уште повеќе што тоа би бил првото овогодишно среќавање со најомразените фудбаски суштества на планетата :)
Сето тоа, заедно со овие три останати логоа горе на сликата, го прави турниров страшно силен и важен, можеби најсилен турнир летово. Мој впечаток е дека многу малку официјални реакции од клубот видовме и прочитавме во пресрет на мечевите. Можеби од толку чекање и нестрпливост јас премногу сериозно го доживувам купот, но факт е дека не е шега да играш меч со засилениот Bayern и потоа било кој од другата двојка.
Што се однесува до тимот, сосема солиден избор има Max на располагање. Во изборот од 25 играчи, недостасуваат само неколкумина првотимци, со тоа што не треба да се очекува поголем ефект од јужноамериканците кои скоро се приклучија на тимот. Ова се повиканите за Купот:

Abbiati (32), Roma (30), Piscitelli (51), Abate (20), Antonini (77), Bonera (25), Nesta (13), Oddo (17), Taiwo (2), Thiago Silva (33), Zambrotta (19), Yepes (76), De Sciglio (52), Ambrosini (23), Boateng (27), Emanuelson (28), Gattuso (8), Seedorf (10), Van Bommel (4), Valoti (57), Cassano (99), Ibrahimovic (11), Pato (7), Robinho (70), Paloschi (43).

За едно добро кревање на самодовербата и продолжување на шампионската атмосфера, предлагам едно трофејче за старт. :) Знам дека многумина веруваат во победа утре, но само некои во победа и задутре (читај против Barca). А зошто да не? Како инаку би го најавиле превземањето на европскиот трон од актуелниот шампион? Во Италија добро знаат, вас ви е редот каталонци!

ADNIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!

27 comments:

ReBorned said...

Веројатни состави:

Milan (4-3-1-2): C Abbiati, I. Abbot, A. Nesta, D. Bonera, T. Taiwo, G. Gattuso, M. Van Bommel, U. Emanuelson, KP Boateng, Z. Ibrahimovic, A. Cassano. Coach: Massimiliano Allegri

Bayern Monaco (4-2-3-1): M Neuer, Rafinha, D. Van Buyten, H. Badstuber, P. Lahm, B. Schweinsteiger, A. Tymoshchuk, A. Robben, T. Müller, D. Alaba, M. Gomez. Coach: Joseph Heynckes

Уште една работа, не сакам да барам алиби предвреме но за очекување е да бидеме физички далеку назад во однос на сите три екипи посебно во однос на германците. Нашето првенство почнува најдоцна па кога ќе се придодаде и фактот дека имаме нецела седмица тренинзи, тоа е сосема нормално.
Но и сосема нормално е дека секогаш очекуваме и одиме на победа!
Forza Milan!!!

P.S http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=123561&part=sports

Navigator said...

ако сме значително поназад во физичката спрема од Bayern, можеш да замислиш колку сме поназад од бразилците кои веќе имаат одиграно десетина кола во првенството :) нема врска, натпревар си е натпревар и јас очекувам победа, па утре една добра проверка со Barca, која значително потценувачки го сфатила Купов и излезе со само тројца првотимци на почетокот.
Во однос на составот, јас мислев дека Ambro ќе стартува. Како и да е, најверојатно 20тина играчи ќе добијат шанса.
Ри, ќе ја даваат и на SportKlub+, па ако ја имаш, да не дремеш пред PC.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Знам друже, веќе ми е пуштена и гледам Classic Match MAN UTD - FULHAM :P
Il Pharaone пак останал во Milano, се’ опоравувал од повредата :(
Како и да е, ајде момци, одиме на победа!
И официјалниот состав е тој што го пишав претходно...

Navigator said...

Опаааа, каков почеток, ми се допаѓа :) IBRAAAAAA

ReBorned said...

Cassano стандардно лош и вон форма,
Taye во секој следен налет на Robben се’ подобро го чита и се справува во него а Prince и Gatusso лоши.
Вака накратко би се опишало првото полувреме.
Ааа да, во право беше Seedorf, Zlatan е веќе во страшна натпреварувачка форма (за разлика од неговиот колега во нападот па и тој зад нив...)

Navigator said...

Cassano подобро сам да побара измена, што побрзо. А може да побара сам и трансфер. За негово добро...
Инаку мој впечаток е дека Taye не се снаоѓа со Robben. А за тоа која е разликата со ТЅ и без него, подобро да не зборуваме.

Anonymous said...

Торент или било што од натпреварот сакам да го гледам! ете бидна и се најдов на место кадешто нема нет и спортклуб! ве молам!!

Navigator said...

ќе го репризираат на SportKlub уште 100 пати сигурно, таму ќе си го гледаш деновиве :) мислам дека е поисплатлива варијанта него да чекаш симнување.
а за мечот можам само да кажам дека беше вистинско мачење. барем за мене... ептен се тешки нозете на најголем дел од играчите, иако резултатот воопшто не изгледа лошо. играта беше нешто сосема друго. не сакам да споредувам, но кога е навикнеш на тоа цела сезона една екипа да биде доминантна на скоро секој меч, ова изгледаше доста фрустрирачки. нашата половина беше местото за игра цел натпревар. сепак не сум разочаран или нерасположен, само се плашам како ќе одиграат утре против растрчаните бразилци. мислам дека е време да ги видиме од почеток TS, Pato, Binho и Ambro. Ultra, утре од 18.15, да не пропуштиш пак :)

P.S. Abbiati пак феноменален!

P.P.S. Шала на страна, дали Oddo некогаш во кариерата има промашено пенал?

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Иван ова ти е официјален податок:
Во Серија А има само двајца фудбалери кои никогаш не промашиле пенал:
Stefano Rosinа и Massimo Oddo.
Овој нашиов нема промашено пенал ниту за репрезентацијата...
Околу Taye јас пак сум презадоволен како се снајде. Играше за прв пат против можеби најдоброто крило во светот и беше поминат 3 пати. А Robben се обиде барем 10-15 пати. Всушност цело прво полувреме тоа беше дуелот.
Се плашам да помислам што би се случило таму да беше Antonini против Robben.
Денес, да, од 18:15.
Off topic не рековте ништо за потегот на Balo и Mancini после тоа :)

Navigator said...

не ме зезај Ри, како можеш да бидеш задоволен од играта на Taye вчера. не го осудувам дечкото воопшто, знаеме кога пристигна и против кого играше вчера, ама она беше далеку од солиден перформанс. ете гледам и на goal.com го одбрале како flop на мечот. настрана тоа, денес очекувам победа и покрај грижите што ги изразив вчера. ај нека не израдуваат еднаш убаво, да можеме полесно да го дочекаме супер-купот. и еден тип од мене: играјте го финалето вечерва X-X ;)
за Baloteli и неговата глупост после мечот :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Друже гоал.ком се смешки во целиот сериозен спортски свет!
Околу Taye, ако гледаше на Sportclub+ (а таму и гледаше) можеше да слушнеш дека и коментаторот го фалеше како се снаоѓа против Робен. Робен му побегна 3 пати во првото полувреме. 2 пати едно подруго на почетокот и еднаш после тоа. Taiwo го затвори сигурно 6-7 пати.
Нема врска, вечерва Ale сигурно ќе игра против „своите“ и нема да се радува кога ќе даде гол ...

ReBorned said...

ZLATAAAAAAAAAAAAAAAAAAANNNNN!!!!
Во која форма е, страшен е!!!
Ама и Бињо+Сидорф ... одлична акција!

ReBorned said...

http://www.stopstream.tv/ch4.html

ReBorned said...

Ако некој има Italia 1 , ја даваат пренос

Navigator said...

Ај да не пцујам, нема смисла. Само што почна мечот, 30та секунда ми снема струја, а дојде веќе беше 28ма минута. Не видов скоро ништо од полувремето, се сум прошуштил. Одвај чекам да го видам фалениот гол на Ibra. Инаку по тоа што го видовме кога заврши полувремето, најверојатно Ibra и Rino веднаш ќе бидат заменети на полувреме. Само Cassano да не влезе оти неможам да го гледам веќе.
А пренос има и на SportKlub, што е многу подостапен канал кај нас него Italia1 :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Голот не беше толку јак , јак е Златан :-) (со пета) Акцијата меѓу Бињо и Кларенс беше добра

Navigator said...

Го видов :)
http://www.youtube.com/watch?v=SIwSwSCldUg

ReBorned said...

Без разлика како заврши овој натпревар (катастрофа сме за пенали) уште еднаш се потврди она што беше очигледно во текот на целата мината сезона а кое многумина не сакаа да го признаат. Покрај Златан, Бињо едноставно е злато на оваа екипа! Вистинско, суво, 24-каратно злато!!! Толку е непредвидлив и луциден, дава нова димензија на нашата игра кога тој е на теренот.

Navigator said...

Некој го спомна Oddo вчера?? :D сега ми е незгодно :) очајно лоша пенал серија, цела среќа што се работи за пријателски меч инаку ги заебавме и бразилците од пред некоја недела.
Valoti и Prince на крајот можеја да обезбедат триумф, беа ептен блиску. додуша можеше и одбраната да го зачува водството што го имавме ако малку повеќе беа ангажирани и концентрирани играчите. што е, тука, ние ќе си се спремаме за првото дерби сезонава и за првиот трофеј. има доста време дотогаш за физички и технички да се дотераат некои работи.
тоа што го зборуваш за Binho е сосема точно. повеќе од очигледен е неговиот ефект во играта. момчето лета по теренот, менува страна секои три минути, можеш секогаш да додадеш кај него и секогаш да се потприш кога противникот игра пресинг. секогаш освен кога ќе треба да реализира еден на еден :) и јас го осетив тоа што го кажа Ри, дека лани имаше луѓе кои упорно го негираа позитивниот импакт што го дава на екипата. дали се работи за некои луѓе што се плашеја од заминување на Pato, ако Binho го добие првотимскиот статус или од тоа да ангажирањето на Cassano не испадне лош потег, тоа незнам. само знам дека со Binho на AMC, двајца напаѓачи пред него и двајца деструктивци + Boateng за него, Milan е една од најопасните екипи на светот.
и уште за Balotelli :) дечкото или е малоумен или е премногу паметен за да игра фудбал :) се повеќе се убедувам дека е до првото. испадот како испад не е страшен во ваква припремна уткамица, но како потег е крајно идиотски. ако на некој арап, недела дена претходно му требаше тој потег при пеналот за да може да се прочуе неговото име и да го има на youtube, на Mario баш напротив ова не му треба. иритира, делува ептен незрело, ја дели публиката на мнозинството што го мрази и го смета за лудак и на мал број луѓе, сеирџии, што сметаат дека фудбалот треба да биде таков вид на забава каков што Balotelli ни го сервира.

Navigator said...

Инаку незнам кој го виде распоредот на екипите за новото првенство. Пеколен старт за нашите каде во првите седум кола треба да вкрстиме со Lazio, Napoli, Udinese, Juve и Palermo. Со комшиите, тек во претпоследно коло. Отвораме со Cagliari на гости. Одиме момци!!

Anonymous said...

Фала за советот пријателе, видов на спортклуб на нет програма и гледам 16:15 спортклуб+ снимка од Милан-Баерн а намерно резултат невидов.Доаѓа 16:25 на спортклуб+ пишува горе натпреварза трето место од 18:15 милан-интернационал и тука ми се скрши филмот.Натпреварот сам по себе млитав, анемична игра да имаа малце среќа баерн и ние да го немавме Кристијан на голот ќе не напунеа ко мисирка за тејнкс гивинг деј :) според мене таиво изигра солидно, остај ти гоал.ком што пишуваат, карло карганесе е еден обичен италијански фанатик што си искажува јавно мислење на нет.
Е сега вторава утакмица јепес ја шитна :) да не бидам мн груб али мислам 2та гола ради него паднаа, се прашувам што ќе беше ако Мексес играше на негово место.
Робињо и Ибра = класа. двата гола против Интернасионал се од фудбалска книга извадени.
Балотели е идиот незнам зашто го спомнуваме воопшто, а Манчини има нула кредибилитет во Сити само им вика на тоа газди маст бај њу плерс.
И за трансфер пазарот...
иам некој осечај дека некој од Монтоливо и Аквилани ќе заврши кај нас, а ако Касано си замние Роси е секако опција :)

ReBorned said...

Montolivo ќе дојде кај нас а Aquilani во Viola.
И тоа ми се допаѓа!
А околу потегот на Balo има уште една работа што држив вода, изјавата на Бекс! Бекс рече дека според говорот на телото на Бало тој во моментот мислел дека е во офсајд и поради тоа така лабаво ја шутна таа топка. И кога го гледав пак тоа видео... богами така и изгледа. Плус нервозата на Бало кој сакаше да му објасни на својот тренер при излегувањето укажуваат на тоа.
Како и да е тој е психо, да не се лажеме :) И еден од најчистите фудбалски таленти во светот, пак да не се лажеме :)
Кога би имал опција меѓу Бало и Fat Cassano? Хм... no doubt!
Психата во тимот и онака ја имаме вака барем ќе имаме и физички спремен фудбалер...

Anonymous said...

Видовте ли како изреагира Де Лаурентис по објавувањето на распоредот?хаха појави се он и Зампарини дефинитивно.
Него јас ви препорачувам да гледате Хајлајтс од Сантос-Фламенго ако не сте гледале, голот на Нејмар и хет трикот на Роналдињо уфф....
Ќе ме нема извесно време момци поздрав.

ReBorned said...

Наместо тие голови гледајте го ова

ReBorned said...

И специјално за Иван:

http://www.youtube.com/watch?v=OHsQ3eqKEBw&feature=player_embedded

Navigator said...

Ах кои патриоти сте... дојде празник и никаде ве нема :)

ReBorned said...

Молам...?