Сакам да пробам во овој мртов период да отворам мала дискусија за тоа која аквизиција би имала поголем ефект, кој подобро би ја пополнил CAM позицијата, дали воопшто се остварливи овие трансфери, дали некој од овие двајца е Mr. X и на крајот на краиштата, кој од овие двајца би бил поголем росонер. Навалете... :)
FORZA MILAN!!!
22 comments:
Ganso, everytime everyday.
Ама он е ризик, нема искуство во Европа, склон е на повреди и преценет.
Пасторе, има искуство во Европа-Италија најбитно и е посигурно решение од овие двајца, једини проблем е што за мене Пасторе е еден од најпреценетите фудбалери денес, а и Зампарини ич не ми е по ќејф а верувам и на нашата управа.
Искрено ја би радо Хамшик него Пасторе, а највише Насри него сите гореспоменати :)
Може комбинација?
Со Pastore на АМС и Ganso на MLC кај би ни бил крајот...
Јас мислам дека е доста веројатно Pastore сега а Ganso во Јануари. Сепак внимавајте на Printer, Sneijder оди во UTD а тогаш е можно да нападнат со сите сили кон Pastore иако Pastore воопшто не се вклопува во формацијата на Gasperini (3-4-3)...
Епа Ultra, ја би најрадо Hamsik наместо Ganso, а за Pastore ви кажав дека скоро го осеќам како наш. Zamparini е дефинитивно идиот, ама искуствата на Lotito и Garrone, мислам дека почнаа да ги менуваат таквите ставови на газдите.
Ри, баш тоа го размислував и јас пред некој ден. Зошто Printer го продава мозокот на екипата? Gasperini едноставно не трпи AMC играчи. Сепак, ќе добијат убава сума за трошење. Искрено се надевам и од се срце и посакувам да им се случи она што нам ни се случи со Kaka и парите од него. Инаку ангажирањето на Pastore и Ganso во иста сезона ми звучи скоро невозможно. Не сум сигурен дека Berlu е толку финансиски спремен за таков подарок. Кога зборуваме за Hamsik ситуацијата е поинаква, помалку натегање, омилен му е на Allegri, може да се вклучи наш играч во зделката. Ако Napoli не играше ЛШ сезонава, (H)amsik веќе ќе беше росонер. А и комшиите ми се чини дека повеќе би нападнале кон словакот, него кон овие други двајца.
P.S. Одамна не сме имале толку слични таргети со гнасите. Се што ќе посакаме го сакаат и тие :) Нели ви личат на помал брат? :) Можеби го сакаат и годинашното Скудето... Очајни се!
FORZA MILAN!!!
И да, цело време протекуваат приказни како се концертираме на играчи кои немаат врска со моментално најтенката позиција - DMC. Мене ме плаши кога ќе помислам што ако MVB се повреди сезонава. Ambro ќе покрие, Rino или пак ќе екпериментираме со TS на таа позиција? Ако ме прашувате мене, покрај Pastore, би се ангажирал околу некој стабилен DMC. Еве земете го Xabi Alonso за пример :D
Ех сега и ти претеруваш со Чаби и Пасторе :)
Амбро може да покрие на DMC солидно...
Мислам дека ја помалце отекував за Хунтелар отколку навигатор за Чаби Алонсо хахах :)
изгледа си во право Ultra, оток сум :)
а што ќе кажете за ова Копава? дебакл невиден... ем фудбалот е лош, ем сите фаворити испаднаа. ќе гледаме финале Peru - Venezuela изгледа :)
Еве ви инсајдерска информација од Ри:
Montolivo сигурно! + Еден од тие секогаш што се во игра (Pastore или Швајни)
И уште нешто интересно...
1. Можно е Milan да оди само на класичен AMC во трансфер периодот без mezzala. Коефициентите за Pastore во Милан вртоглаво паѓаат, дојдоа дури до неверојатни 1.22 во sportsbook24 и уште поневеројатни 1.18 во betwin. Тоа се неверојатни бројки.
2. Поврзано со број 1, зошто Milan може да се откаже од купување на mezzala во летниот преоден рок? Затоа што Alegri бил апсолутно презадоволен од Calvano и Valotti и не сака да ризикува со купување на нов, искусен фудбалер на таа позиција да го задуши развојот на гореспоменатите момчиња за кои мисли дека е можно да бидат подготвени да одговорат на сите предизвици за 6 месеци. Посебно е импресиониран од Calvano кој на секој тренинг стои до Alegri и константно добива инструкции за играта а на последните 4 тренинзи во серија токму тој игра како MLC во линија со The Boss и Boateng.
Исто така Alegri е многу импресиониран и од Il Pharaone... за кој смета дека може да игра и како Second Striker и како AMC. Il Pharaone има страшна техника и Мах е дотолку уверен во неговите квалитети што е можно и Cassano да го напушти тимот особено по неговата незаинтересираност и недоаѓањето на тренинзите пред истекување на летниот одмор (нешто што го направија многу од другите фудбалери а Мах и Galliani го очекуваа токму од Cassano со оглед на неговата проблематична физичка подготвеност).
Копа-ва катастрофа!Кај лош фудбал, па уште од тие што најмногу се очекуваше најмалце прикажаа.
Ова за Монтоливо ми се допаѓа.Не дека којзнае колку го сакам играчот, но купување талентирани Италијански репрезентативци секако не е на одмет.
Тезава твоја дека Алегри ќе смета на Калвано и Фараонот многу не ми изгледа веројатна Ри(тоа не значи дека не сакам да се случи)а се повеќе слушам муабето за заминување на Касано хмм....По се изгледа ќе направиме ФМ потег земи за без пари па продај.
Тоа за Il Pharaone и Calvano е од т.н „инсајдерски информации“ од личност на форум која е блиска со репортер на Sky кој редовно присуствува на тренинзите во Milanello. Знам, знам, има еден куп типци со „инсајдерски“ информации на нет ама дечкото досега повеќе пати излегол во право. Чисто споделувам размислувања и ништо повеќе.
Montolivo ми прави ќејф, мислам дека ќе биде добар upgrade на нашиот среден ред иако има измешани емоции низ фановите ширум светот. Јас сум ЗА Montolivo под услов тоа да не значи Mr X туку до крајот на летото да добиеме уште еден, вистински, Mr X. Незнам зошто некои се против актуелен италијански првотимец со 26 години ОСОБЕНО кога ќе се погледне во нашиот среден ред и ќе се знае дека догодина ќе ги нема половина од нив во тимот (Gatusso, Ambrosini, Seedorf, MVB, Flamini). Толку добар фудбалер, ќе повторам актуелен италијански првотимец и довчерашен капитен на екипа со традиција за помалку од 10 милиони евра е невозможно да се најде.
Zamparini излезе со изјава дека вчера разговарал со голем европски клуб кој барал да ја намали цената на Pastore од 50 на 45 милиони евра и дека тој се согласил. Потенцираше дека доколку некој го сака Pastore (посебно стави акцент на Roma) да побрза затоа што се’ ќе биде готово за 10-15 дена. Ова може да биде уште еден блеф на Zampa за да изнуди повисоки понуди за момчето а може да биде City, Chelsea или UTD кои денес се поврзуваат со Pastore доколку падне во вода трансферот на Sneijder. Како и да е... Zampa го третира Pastore како роб и многу е веројатно да му ја упропасти кариерата поради својата алчност за пари. Јас лично сметам дека доколку навистина постои тој „голем европски тим надвор од Италија“ тоа е еден од трите претходно наведени. Исто така сметам дека Pastore ќе има големи проблеми да ја наметне својата игра во таква физичка лига како англиската.
P.S Официјално: Strasser во Lecce, Berretta во Ascoli и De Vito во Citadella, сите на позајмица.
Значи готово е одлучивме, Монтоливо + Мр.Х . А како би сакал и наредна сезона да имаме Мр.Х еве Де Роси на пример мх мх мх....
Едвај стигнав навреме од работа и што да видам
Il Pharaone и Calvano не се доволно фит и не се наоѓаат ниту на клупата:
ОФИЦИЈАЛНИ СТАРТЕРИ:
Abbiati; Antonini, Nesta, Oddo, Taiwo; Flamini, van Bommel, Seedorf; Valoti; Cassano, Ibrahimovic.
КЛУПА:
Subs Not Used: Amelia 1, Rome 30, 20 Abbot, Bonera 25, Ambrosini 23, Boateng 27, 8 Gattuso, Zambrotta 19, 27 Emanuelson, Paloschi 43, Ferreira 55, 54 De Sciglio, Fossati 56.
Сепак одлично ќе биде да се види Taye во акција и Valotti (новата аквизиција од Albinoleffe за кого велат во стилот на игра потсетува на Pastore) на АМС :)
Уште една интересна работа да се гледа, Oddo на централен стопер :)
Линкови ќе „донирам“ дополнително за 15 минути...
Бујрум:
http://www.superstarsoccerdeluxe.blogspot.com/
И уште нешто...
Како ќе Ви се смеам и ќе Ви се ситам ако не знаете дека во моментов го играме првиот натпревар сезонава со Taiwo и Valotti во стартните 11 и ова го прочитате после некој ден :D
Уште Roma не даде гол :)
Што е многу, многу е :)
Хајлајтс?Пратев на лајвскор до 7-0 ама и овие претерале уште кога видов таму некојси Валоти дал гол :) А Коми па кој живти се :)
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=3gS1-NiSRTI
поздрав :)
А Валоти е пратен кај нас од таткому Аладин, поранешен фудбалер и сегашен спортски директор во Албинолефе, и ја малце па погуглам :)
Mattia Valotti ќе биде одличен фудбалер, го слушав тоа претходно вчера и се уверив... тие 1-2 кратки додавања и уфрлувања во шеснаесетникот не се учат, или се имаат или се немаат... а момчето ги има во изобилство (впрочем така падна и неговиот гол, типичен Pastore гол). На коментаторот на Sport Italia му личел во играта на Кака...
И уште нешто:
Milan - Solbiatese>>>>>>>>>>>>>Copa America
http://acmilan.com/en/news/show/135079
Убаво е да се има уште еден шампион во нашите редови.
Владе?
Post a Comment