Таму сме сега, но и таму треба да останеме.
Ибра ефектот масивно се осеќа, 11 гола во 17 натпревари...уфф не се сеќавам кога некој имал таков ефект во последниве години(освен пипо кога цути напролет се разбира).
Но Ибра е повеќе од голови, тој е борба за позиција, јадење ќотек од метро и девеесет волови и сеуште стоење на нозе....едноставно Ибра е се она што ни фалеше во нападот и токму затоа во секоја формација и со секој партнер во нападот се усогласува.
Никогаш до сега не ми било толку мило што згрешив за еден играч,а и за Робињо ќе да згрешив.Полека но сигурно почнува да ја учи играта на Милан и серија а воопшто.
Но она што ми е најдраго што го глеам тоа е независноста на Милан,престанавме да зависиме од акциите започнати од Пирло, од пробивите и центаршутевите на Дињо по левата страна, од головите на Пато...тоа покажува зрелост, зрелост која многу ни фалеше.
Следат гостувања кај Сампдорија и Болоња,а ќе ги пречекаме Бреша и Рома,натпреварот со Ајакс не го споменувам бидејќи е тотално неважен, и јас да бев Масимилиано ќе направев една комбинација од резерви и играчи од младинскиот погон - нешто што ќе го направи натпреварот многу поинтересен.Од овие 4 натпревари јас ќе бидам задоволен и со 10 од можни 12 бода со кои мислам дека ќе останеме на врвот и по зимската пауза која ќе треба да ја искористиме паметно ако сакаме да ја зачуваме пол позицијата.
FORZA MILAN !!!
а да.... и овие Киево многу јаки бе !!