
Добро е!!
Победивме во еден многу тежок и тврд натпревар за нови три бода и уште многу самодоверба..за повеќе оптимизам и освежување од овој пеколен ритам..го добивме токму она што ни требаше - минимална победа..да се остани фокусиран, а не пак да се дигне во облаци..секоја чест за пожртвуваната игра на момците со оглед на се поголемата присутност на факторот замор..се осеќа кај скоро секој во тимот... Dinho неможи да повлечи контра после 60тина минути, Ibra по примањето на топка прво се гради а после размислува за додавање, TS не е во можност да го покрива Antonini кога кон крајот сеуште се брка резултат, а Pirlo го има намалено радиусот на движење од почетокот на сезоната за половина..меѓутоа да се разбериме, не го пишувам ова во смисла на некоја критика, туку само ги истканувам негативните последици од ваквиот ритам..
ама пак и покрај сето ова, разликата вчера, како и на последните два меча ја прави Ibra..можда ќе речи некој дека не игра којзнае како, ама без него и неговите голови, Milan ќе го имаше еден од најлошите стартови на сезоната..или поедноставно речено, се ќе беше исто како минатите неколку сезони..колку и да не ми е омилен, неможам да не признаам дека Ibra ни ја даде толку очекуваната убоитост во нападот..можеби начинот на игра не е многу променет сезонава, но дури и во такви услови тој успеа од ништо да направи нешто, на четири пати досега..
незнам дали ќе се согласите со мене, ама вчерашната утакмица ме увери во нешто – Seedorf е подобар како резерва..мислам дека и Massimo го увиде тоа и наместо исвиркуван за забавување на играта, тој има една супер-резерва кој можи да покрива повеќе позиции..од друга страна го има KPB од почеток, кој е (со речникот на Б.Илиевски) најпргавиот играч на теренот и многу работи или Binho кој се повеќе се вклопува во играта, поопуштен е и доста добро физички напредувал.. за одбележување е и Rino, во неговата најдобра изведба сезонава, како дефинитивно најистакнат поединец вчера и дефинитивно еден од милениците на Allegri..
и наместо заслужениот одмор, тие од денес се пак во Milanello..ги чека уште потешка недела со две гостувања кај многу незгодни екипи..искрено се надевам дека тренерот има идеја како да се справи со премореноста кај некои од играчите, оти не постои шанса истите играчи да одиграат уште два вакви меча за шест дена..најбитно за него е дека нема нови повредени, а за нас дека уште двапати со ред ќе го гледаме нашиот Milan..СРЕЌНО МОМЦИ!!
FORZA MILAN!!!