Translate
Sunday, 21 March 2010
ШТЕТА!!!
Имавме шанса да си го зграпчиме врвот и да не го пуштиме до крај, ама изгледа дека ќе да почекаме до наредната недела..знам дека и во среда се игра коло, но со оглед на противниците, нашиот и на гнасите, не верувам дека ќе можи да се смени лидерот..дури и напротив можи да заостаниме некој бод оти гостуваме кај Parma ама на тоа не ни сакам да помислам..
Инаку денес бевме (уствари Leo беше) во извонредно комплицирана ситуација..со ненадејната измена на стартот, којзнае која по ред, ептен му се измешаа сметките..кога беше очигледно дека и Pippo и Oddo мораат итно да одат надвор, тој мораше да калкулира и да чува една измена за на крај..се реши за Oddo со Luca, што испадна доста добро, ем ради свежината по левата страна, ем ради останувањето на Pippo кој тогаш конечно почна да прави проблеми за одбраната на Napoli..со третата измена доста ме изненади, ама позитивно, оти сепак не мислев дека ќе има толкави мадиња да игра само со двајца во средина..секоја чест за Leo, зашто така се игра ако се сака титула..за мене ова беше една од најдобрите претстави на тренерот иако немавме 3 бода, но исто така и една од малкуте негови добри утакмици..
тоа со среќата и дали имавме или не несакам да го коментирам, а убаво би било и вие да не го споменувате оти видовте и сами какви не шанси пропуштивме, а и какви не топки одбрани Кичо во првото полувреме..ќе речам само ШТЕТА за глупиот гол што го примивме највеќе ради глупиот Oddo..не го велам ова затоа што беше крив за блокирањето на Кичо, туку општо ми делува глупаво скоро на секоја уткамица :)
Исто е ШТЕТА што Bergonzi не беше толку „голем“ па за неколку минути да му дај втор жолт на Canna junior..
И дефинитвно најголемата ШТЕТА за Ale..можеби избрзале докторите, можеби неговата желба била поголема од можностите, можеби му беше неопходен на екипата, ама ова не смееше да се дозволи..без него не е иста екипата и ептен ќе ни треба до крајот, затоа премногу се надевам дека не се работи за обновување на повредата..
Дечки, се гледаме на Ennio Tardini!
FORZA CAMPIONI!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
18 comments:
Не сум сигурен ама мислам дека и Роналдињо нема да може да игра против Парма поради жолтиот вчера... Не ме фаќајте за збор!
Изгледа сум бил грешка, нема на сајтовите ваква информација. Знам дека тоа важи за ТС но мислев дека истото е опасно и за Роналдињо...
Пато 2-3 недели аут.Сите го мразат Милан сите се против нас па и среќа не не служи.Зошто вакви работи не снаоѓаат?
Неста,Пато,Бонера,Ониеву....и скорешните повреди на Амбро,Мансини и Антонини па и Бориело(болен) мене не ми е реално и уште не можам да поверувам
Го заборави и Бекам ама тоа ти е... нема жалење, ако станеме шампиони супер, ако не, сепак имавме одлична сезона (многу подобра од последните неколку сезони, дури и ми е чудно што сме во трка за титулата во Калчото, нешто незамисливо веќе 5-6 години наназад)
Иначе Балотели ги лажел сакатите и ментално заостанати деца дека е навивач на Милан за да се радуваат...попатетични неможат да бидат интеристиве...ако не се уверени досега дека навива за Милан има една страна наречена Corrieredelosport.it таму можат да ги видат ексклузивните фотки од "интеристот" Балотели хахахаха
Подобро нека не навива многу за Милан, таков карактер не е добредојден во Милан!
http://www.youtube.com/watch?v=6DrH__6f4fQ&feature=player_embedded
Инаку колку тој има таков карактер толку се однесуваат и лошо спрема него. Иако знам дека тоа нема никогаш да се случи, јас би го дочекал од вистинската страна на Милано со раширени раце!
Само што прочитав интересна работа.
Лео зборува за т.н 4-2-fantasy формација која тој ја форсира во Милан. Вели: Основата на оваа формација е да имаш добар офанзивен дел од тимот, константно да ги држиш под притисок противниците и со тоа да ги држиш што подалеку од својот гол.
Значи квалитетен напад кој цело време ќе го држи под опсада противничкиот гол и противникот ќе нема баш многу шанса да доаѓа до твојот гол, ќе биде принуден цело време да се брани.
Одлична замисла ама за тоа ни требаат млади фудбалери, што трчаат 90 минути, што играат без респект!
Можам да замислам колку добро би можел да се применува овој стил на игра со Џеко, Роналдињо, Пато и Красич напред, на пример!
Околу претходниот линк... ова е подобро и целосно:
http://www.youtube.com/watch?v=qeVMVDifZDU&feature=player_embedded
Леле братче тоа ако се случи тој напад да го имаме абе Лео има да го прогласат за гениј.Ама убитачен да биде нападот со тие што ги наброја: Џеко,Красич,Пато,Роналдињо.Ако навистина ги бараат Џеко и Красич значи планираат во иднина да играат со тој систем константно...Можам да замислам за Лео што ќе викаат.Досега никој ја нема играно оваа формација или пак од порано може има видено како што викаше - Бразил од 80' цццц само така да биде.....ќе има ли пост за со Парма?? и дали ќе ја даваат на Телма?
Еве ме и мене по мала пауза:) Што се однесува до Џеко и Красич не верувам дека двајцата ке дојдат, најмногу еден а најверојатно ниеден поради лошата политика на клубот и тие 40 милиони евра што ги бара Волфсбург за Џеко, а нз дали уопште Берлу дал 40 за некој играч (Пипо не ми текнува за колку го земаа пред некојси 8-9 години)
Утакмицата не верувам дека ке ја има, али може да пробаме да пуштиме пак некое мејлче до Бране. Тој што ги брка тие работи од блогов би го замолил да прати барање до вечер, па да се надеваме барем на одговор..
FORZA RAGAZZI
Nema sto da go zamoluvame , inter - livorno ke ja davaat, zavrsena rabota e toa.
Како може да не ја даваат Парма - Милан убава утакмица.А не мерда ке ги даваат со Ливорно и двете екипи анти фудбал играат :@:@
Ама тоа е.Кој е на функција тој команда, а очигледно Бране умира по мерда...премногу се нервирам у овакви ситуации.Да дае господ ние да бидеме прваци па после ако сака и нека се е.. со пандев
и нека се снима па да пушти на телма....
нема што да го молиме веќе
дечки јас се јавив денес во Телма и го барав Бранко Илиевски или Стево Костовски ама двајцата не беа на работа, па од секретарката или така нешто бев известен дека дефинитвно ќе ја даваат Printer-Livorno..бидејќи веќе не ми враќаат на мејловите пробав вака ама и вака не беа достапни..прашав дали е можно да има промена на утакмицата по интервенција на гледачите и ми рекоа дека веќе е касно оти г-динот Илиевски веќе го известил главниот уредник за програмата на (макпетрол) телевизијата..
потоа му пишав меил во кој го замолив да продолжат со непристрастноста како во годините наназад, без оглед на (не)играњето на нашата најголема фудбалска ѕвезда за некој од италијанските клубови..му ги посочив примерите каде Milan беше изоставен од програмата, а во истиот термин по две недели го пренесуваа натпреварот на шампионот..можи некогаш и нереално сме барале да го пуштат Milan, ама сега убеден сум дека сме сосема во право и дека Parma-Milan е убедливо најинтересниот дуел вечер..тоа ќе го потврди и секој неутрален фан..
во секој случај, иако не очекувам повратен меил, ако има тоа ќе биди со содржина дека нашата утакмица не е понудена во мултилатерал, а сите знаеме дека тоа е невозможно..
така да, ни останува да ја гледаме по интернети, кладилници, сателитски и да се надеваме дека Телма ќе ја врати неутралноста и непристрастноста што ја негуваше години наназад..росонерски поздрав
FORZA RAGAZZI, FORZA CAMPIONI!!!
Forza Milan!!
Не можев пост оти сега првпат седнувам на компј. само да видам што се случува ТУКА и морам на работа.
Росонерски поздрав!
Просечно прво полувреме без посериозни шанси на двете страни..можам да речам дека ништо не изиграа ни нашите ни противниците..ама има еден мал пробем, а тоа е што Printer на полувреме води со 2:0
тоа нека биди мотив за дечките да тргнат пожестоко и навреме да си ја осигураат победатата..
П.С. Повратен меил од Бранко нормално, нема!
FORZA MILAN!!!
КРАСТАВИЦИ
Post a Comment