Translate

Saturday 20 March 2010

МИЛАН - НАПОЛИ



Господинот си ја заслужи сликата...
Незнам веќе што да пишам, сите кола до крајот се исклучително важни. Во ова коло сите учесници во трката имаат тежок натпревар. Во Сабота Рома игра на Олимпико против Удинезе а комшиите гостуваат на Палермо. Во Недела ние играме дома против Наполи. Искрено имам некое лошо претчуство за овој наптревар. Ова пред се поради разорната сила во офанзивата на гостите и триоото Хамшик-Лавеци-Кваљарела. Фактот што ТС е единствениот 100 % здрав дефанзивец во тимот (вклучувајки ги и бековите) дава дополнителна неугодност. Покрај ТС ќе стартува повторно Фавалињо кој рака на срце досега солидно си ја врши работата. Во ваква ситуација добро би ни дошол Јепес, замена за Фавалињо и Каладзе (покрај него ќе дојде друг млад дефанзивец па Јепес ќе биде само 5 избор за CB од клупата). Кај нас конечно некои позитивни вести во поглед на повредите. Пато се враќа исто како и Сенаторот. Бориело се чини нема да може да се среди од грипот па во нападот ќе стартува Пипо кој треба да ни докаже дека сеуште пред своето име го има постојаниот епитет СУПЕР! Сенаторот би заиграл на местото на Амбро кој се жали на повреда и нема да може да се среди за овој меч. На бековите по се изгледа сигурен е Замброта лево а десно ќе биде еден од Абате и Одо. И Абате се жали на повреда исто како и Антонини. Околу повредите и толку фалената Милан Лаб запрепастувачки податок: Во последните 2 сезони сме имале 57 повредени. Повеќето од нив беа крајно бизарни и одолговлекувачки (се чека секој следен натпревар да се врати во игра а го нема 2 месеци). Значи Милан Лаб и не е толку сјајна како што се чини.
Мацари спрема кафез за Пато и Роналдињо. Доколку Роналдињо е отсечен не можеме да се снајдеме (Рома). Кампањоло и Зунига (како ли го пропуштивме) првично ќе бидат задолжени за овие работи.
Без разлика како ќе изиграат вечерва комшиите ние си ги гледаме нашите натпревари, чекор по чекор... со огромно внимание во задните линии одиме на 3 бода. Не ми е гајле дали тие 3 бода ќе дојдат со 1 гол во 90+ или од сомнителен пенал. Сакам победа!!!

21 comments:

Navigator said...

И јас сакам! и сите сакаме, а нарочито ќе сакаме после утакмиците што се играат вечер..Roma и не е толку битна, а Принтер дефинитвно не е способен да победи на гости кај Palermo..мотивот кај нашите дечки неможи да биди поголем..едноставно од безизлезна ситуација некој им понуди да станат шампиони..не дека и самите не се заслужни за само едниот бод негатива, но треба да признаеме дека благодарение на глупаците стопивме огромен заостаток..
читав деновиве некакви глупави статии каде се објаснува зошто Milan не треба да биди шампион на Италија и како тоа ќе било срам за калчото... јасно е дека италијанската лига не е најдобрата во светот, но во ваква конкуренција Milan и тоа како заслужува да биди првак! чудно е како пред две недели, кога почна нашиот налет на титулата, луѓето зборуваа дека токму ние заслужуваме да бидиме на врвот..но откако Printer го елиминираше Chel$ky од истите луѓе слушаме дијаметрално спротивни ставови..
без оглед на тоа, ние треба да си го одработиме нашето..и стварно си во право Ри кога викаш дека сите мечеви до крај се најбитни и дека нема ништо ново што да се кажи..
и јас го делам тоа лошо чувство, но не заради добриот напад на гостите и нашата десеткувана одбрана, туку од психолошката спремност на играчите..највеќе од тоа што секогаш кога стигнувавме блиску до лидерската позиција се случуваше крах..вистина е дека овојпат се задржавме многу подолго на мала негатива, ама додека не го видам Milan како лидер на табелата ќе го имам тоа чувство..скоро сум сигурен дека тоа ќе биди утре попладне!
а за составот стварно ми е фрустрирачки да погодувам..настана од тоа што не сум добар во прогнозирањето на првите 11, туку и незнае веќе човек кој уште можи да се повреди на тренинг, на загревање... ова што ни се случува со повредите се граничи со невозможното..можда некогаш ќе прочитате некаде дека некој тим има 8-9 повредени играчи, ама кај нас константно се повредени 2-3 од клучните играчи..и пак ќе го спомнам она вчудоневидувачкото - веќе нема натпревар да немаме принудна измена ради повреда...

па до кога вака?? додека не се повреди пола екипа?? додека не останат само 11 играчи кои ќе го кренат пехарот во Мај?? додека не станеме "ранетите шампиони"??
бирајте драги мои rossoneri :)

FORZA MILAN(LAB)!!!

ReBorned said...

Вечерва Forza Palermo а утре...

ReBorned said...

Ај да видиме утре што ќе биде...

Navigator said...

Големо браво и уште поголемо фала за Palermo..дури сега се е во наши раце!!

FORZA CAMPIONI!!!

Vase_AC Milan said...

Како прво да кажам 2 збора за Палермо.Навистина заслужуваат европски фудбал догодина,играат феноменално.Вечерва одиграа за нас во секој случај но тие 3 бода што им ги дадовме на Сан Сиро многу им значеа во трката за 4то место - мислам дека и тоа е причината за "статуетката" која се спои со лицето на нашиот драг претседател.
Околностите околу нашаата позиција околу врвот (утре на врвот) се небитни.Сакам да кажам утре на бидејки толку сум уверен што морници ме лазат од тоа чувство.Едноставно да им докажат на сите дека Милан е екипа со СРЦЕ И КЛАСА и дека МИЛАН Е БРЕНД во фудбалот.
Од кожа ме вадат сите изјави на стручњаците или т.н. пропаднати фудбалери кои немаат освоено ништо и се немаат прославено па ајде сега ќе солат памет.Оваа позиција во која се наоѓаме си ја создадовме самите момци! Победивме на клучни утакмици во вистинско време.Моментално мерда не го прави тоа па затоа утре во 17:00 ќе се најде на 2 позиција на табелата.
Повредите се нешто паранормално сезонава.Велам една чудна сезона во која требаше Јуве да ги притиска кираџиите за скудетото и Рома конечно да се врати на шампионските патеки (ако некогаш постоеле) :D а Милан сите го отпишаа - веќе пред време бевме мртви....Но сега не им се зборува баш за тоа зошто сме во огромен налет - психолошки сме "помлади" да речам и повреди и незадоволства нема да не запрат во нашата ренесанса.
Дишам за денот кога ќе се качиме на врвот и дишам за да им ги видам лицата на интеровците како цимолат и како седат со празни раце.Време е да се симнат гнасите од врвот (на Италија секако)

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

„Време е да се симнат гнасите од врвот (на Италија секако)“

Нормално а на кој друг врв би биле способни да бидат...?
Не се возбудувајте толку околу Палермо оти и ние треба да играме на тој стадион каде што немаат пораз сезонава ;)
Оставете го Палермо, оставете ги комшиите, гледајте го Милан. Во 15:00 сите пред ТВ и на евентуалниот гол во противничката мрежа бранови, од Гевгелија преку Битола, па Велес, Скопје и Куманово. Брз гол во противничката мрежа е идеално сценарио...
Forza Milan!!

ReBorned said...

Среќен роденден Роналдињо... се надеваме дека ќе го прославиме со победа во 16:50

Vase_AC Milan said...

Среќен роденден за Роналдињо.Пред се да му поклонат победа денеска и прво место на табелата а се друго е во втор план :)


FORZA MILAN FORZA DINHO

Vase_AC Milan said...

MILAN: Abbiati; Oddo, Thiago Silva, Favalli, Zambrotta; Flamini, Pirlo, Seedorf; Pato, Inzaghi, Ronaldinho.
NAPOLI: De Santis; Grava, Cannavaro, Rinaudo, Campagnaro; Maggio, Gargano, Pazienza; Hamsik; Lavezzi, Quagliarella.

Официјалните формации за мечот.Момци тоа е тоа време е да се направи исчекор.
Голем противник сум за играњето на Пипо но мислам дека ќе се покаже како добра опција поради искуството и менталната спремност.

Il Pippo miiooooo :D:D

ReBorned said...

Forza Milan!!!

Navigator said...

Добар избор околу Flams, лош околу Pippo..и Oddo не ми се допаѓа ама со оглед на проблемите на Abate и вака е ОК..нема што да се мислиме, одиме на победа и само на победа..брз гол секако дека ќе биди најдоброто сценарио, но и да е во второ полувреме ако е победнички, нека е :)

Buon compleanno a Dinho!!

FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

PIPO MIIOOOOOOOOOOOOOOOOOOO FORZA MILAN

ReBorned said...

Pippo лош избор...?
Абе овој Грава го дотепа Роналдињо!!
Пато пак повреден :(

Navigator said...

Друже да не се залажуваме... ако Dinho не му ја наместеше на глава топката, Pippo ќе немаше ни полушанса до полувреме..во секој случај подобар избор ќе беа и болен Borriello деморализиран Hunter..
еден совет за Leo... out Oddo & Pippo, in Janko & Hunter

FORZA CAMPIONI!!!

CurvaSud_Milan said...

Аман веќе со Пато!!!

ReBorned said...

Не сакам да бидам груб ама Хунтелар шутираше преку голот во 90-та против Рома од слична позиција. И тоа што Пипо се намести на едно метро беше негова заслуга, Дињо имаше одличен центаршут но тој центаршут беше насочен кон петерецот, сигурно не целеше директно кон Инзаги.
ОДО ВО АУТ!!! Исто и Пипо оти толку има сила...

ReBorned said...

Од една страна е добро да влезе Абате за да се добие во брзина и на десната страна но ни треба таа 3 измена за Хунтелар :( Незгодна ситуација...

kiko_pato said...

Немаме среќа...

ReBorned said...

И имаме и немаме... Таа на Мансини беше најзрела...

Vase_AC Milan said...

Дечки ке ми извинетте ама со старциве неможеме ништо да напраиме.ни можат да трчаат ни можат да шутнат веќе.викаат дека се мотивирани дека ќе дадат се од себе а што прават? ќе се оболам од нив жими мајка ќе си направам нешто неможам ова да го поднесам веќе.

ReBorned said...

Ама и многу физички ни играа... Грава и Паоло Канаваро не требаше да бидат на теренот... и двајцата плачеа за 2 жолти посебно Грава. А Пипо му ја криеше топката на Паоло Канаваро во текот на целиот натпревар, го изнуди жолтиот а ако судијата беше похрабар можеше и вториот...