Translate

Saturday 19 December 2009

Fiorentina-Milan -Здравје боже коа ќе биде : )


За разлика од останатите ова привју ќе го почнам со она што е најактуелно-ждребот во ЛШ.
Ни се падна Јунајтед,бухуу какво изненаџење ако не Ман Ју ондак Арсенал или Челзи не ни бегаа гарант пошо очигледно е дека УЕФА се повеќе сака да гледа Итало-Англиски дуели а и дуели во кои играчи и тренери се соочуваат со своите поранешни тимови(Бекам,Бензема,Мурињо и тн.)и воедно давање на поголема шанса за прогрес на оние секонд рејт клубови(Цска,Севиља...)
Со Ман Ју имаме одличен хисотри рекорд арно ама они се 2 пати појаки него шо беа пред 4 односно 2 години,додека ние пак искрено малце по малце опаѓавме.Сето ова гарантира 2 одлични утакмици па што биде нека биде и онака, така ќе биде поинтересно а не ко порано да ги газиме по 3-0 :Р

Гостуваме кај Виола после првиот пораз по неколку месеци(уф ама јако звучеше ова xD).арно ама сеа иаме и плус дифензив проблем односно Тиаго не се опорави навреме и нема да биде ни на клупа!Така да ќе треба да се моливме во светото дуо Фавалали и Шалаладзе дека нема да примиме повеќе од еден глуп гол :)
Друго се ќе биде исто мање више со лест минит инфо од Лео дека Дињо ќе биде сумљив за настап.


Така да од повиканиве:

Dida, Roma, Storari
Antonini, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Nesta, Zambrotta
Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf
Borriello, Inzaghi, Huntelaar, Pato, Ronaldinho


Би требало овие да почнат

Дида
Абате,Неста,Фавали/Каладѕе,Антонини/Замбро
Амброзини,Пирло,Сидорф
Пато,Бориело,Дињо(?)

Составов треба да биде сватен со резерва поради неколкуте дилеми и фактот дали Дињо уопште ќе игра што би значело сасим друга формација.

Идеме на победа(нерешено)па да одмараме до 6ти Јануар таму.

П.С. Би ценел ако СИТЕ членови на блогов се активираат МАЛЦЕ повеќе ако не со постови барем со коментари,пошо бед ми е на мене да глеам пост кој сум го мислел и пишувал пола саат да има 5-6 коментара од кои 2 од мене.


FORZA MILAN !!!

31 comments:

kiko_pato said...

Читам сега нешто дека поради снегот можело да се одложи натпреварот Фиорентина-Милан ... но нема да се знаело до последен момент... да се надевме дека нема да се одложи :)
За утакмицава незнам зошто ама мислам дека многу ќе ги изреметиме :) освен ако Шалалалаладзе (ко шо вика ултра) не си даде 2-3 автоголови :) и боље фавали да игра според мене...
Околу Манчестер хммм... ко прво мислам дека ќе глеаме многу добар фудбал... со многу голови... а на крајот победници се разбира да бидат МИЛАН!
и околу коментарите и јас го мислам истото... нека има малце повеќе коментари!

FORZA MILAN!

ReBorned said...

-------------Дида
--Абате--Неста--Фавалињо--Замбро

-------Пирло-----Амброзини

------------Сидорф

----Пато----------------Роналдињо

-------------Бориело

Составот е тој! Најверојатно ќе се игра ама во какви услови којзнае. Фрлале сол на теренот а голема е веројатноста да се игра зад затворени врати поради тоа што имало опасност по самите навивачи поради големите временски неприлики. Да се надеваме дека ќе се игра и да се надеваме дека нема да има пречки во тЕрасата на Телма!
Од ждрепката сум презадоволен. Очекував или Ман или Арсенал. Топка е, се врти, ништо не се знае предвреме но доколку се сите здрави мислам дека ќе ги поминеме УТД посебно што сезонава немаат АМА БАШ НИКАКВА ИГРА, Руни им игра шпиц, среден ред и десен бек! Само тој игра. Сепак во ЛШ би се пазел и од Овен.

ReBorned said...

Промени го насловот во: Fiorentina - Milan... Во Јануари

kiko_pato said...

Добри се јувантус играат... :D

kiko_pato said...

јувентус*

Anonymous said...

Објективно лошата форма на Јувентус е добра веста за нас,но и за мерда,и нормално е дека притисок од 2 тима е подобар него притисок од 1 тим.Искрено јас очекував многу подобра игра и резултати од Јуве пред се ради летните засилувања.
Како и да е,испаднаа од ЛШ а тоа ќе биде биг блоу за нивниот финасиски ауткам и очекувам подобрување во нивната игра уште од Јануари.

Друг муабет,одморот почна за нас порано и веќе можеме да мислиме на трансфер пазарот(или не?)
Последните изјави на Галијани беа дека нема да се купува ништо во Јануари сметајќи дека Бекам и Адија му даваат доволна дубина на тимот.Лео по ден два го изрецитира истото(гарант принуден)во стилот као задоволен е од тоа што го има.
Но да гледаме реално на работите,јас не верувам(тоа не значи дека не се надевам)дека овој Милан има капацитет да се натпреварува успешно на три фронта.Секако Бекам ќе понуди многу опции во средината(како и проблеми околу селекцијата)а Дом ако добие адекватна шанса сигурен сум дека ќе ја искористи.
Одбраната ни е ептен тенка,нападот и средината ни се добри,но мислам дека никој не би го болело глава ако дојде некој одбранбен играч,макар и на привремено,мада препорачливо е да е помлад со цел да биде долгорочна инвестиција.Сето ова е поради фактот кој вели дека во моментов,НЕМАМЕ кавер за Тиаго и Алесандро.
Ова е мое мислење,а вашето? :)

acmilan online said...

forza milan. i hope ac milan can win this game

ReBorned said...

Ви хоуп ту!

koljo said...

Најпрво да ве поздравам сите црвено-црни кo мене пошто сум нов член:-) иако одамна го пратам блогов и ајде најпосле да се уклучам лично во настаните:) Поздрав до модераторот и речиси увек се сложувам со него околу постовите. Уште боље што ја одложија утакмицава (додека да се врати ТС) затоа што за јоветиЧ варгас и компанија треба брзина и енергија, а тоа го немаат таканаречениот Шалалаладзе (хаха)или Фавалињооо.Манчестер ке ги соголиме без проблем;) Пред 2 години беа у најјак состав и тоа со Кики у тим,сега само Руни им вреди. Дињо и Пато можат да им ги кршат кичмите како што тоа го праеше Кака на времето:):)И тоа би било тоа (сега за сега). Форца Милан

Anonymous said...

Benvenuto Ниџо :)
Јунајтед можеби беше во најак состав,но не и во најдобра форма,впрочем по поразот токму од Милан,Ман Јоо се освести и почна да освојува ЛШ,да игра у финале...и остало :)
И ја така мислам дека добро ќе ни дојде паузава,него ајде сега да нагаѓаме кој број на дрес ќе го носи Дом!
Јас велам 14 :)

kiko_pato said...

Добредојде Ниџо :)
а за бројот на дресот хммм 99 :)

ReBorned said...

Јас велам лоан во Ливорно (преку тактиката на Јуве+Верона+Муту) + купување NON-eu ;)

Vase_AC Milan said...

Искрено ме страеше од виолата поради отсуството на тиаго ама ете среќата ни се насмевна.Ждребов од ЛШ мислам дека неможеше да излезе подобро во однос на тимовите со кои можевме да се паднеме прибидејќи Ман Утд незнаат да одат оваа сезона и имаат 1000 повредени играчи а ние сме многу подобри од нив со дињо како лидер.али мора да се појачуваме зимово.на секоја позиција мора уште еден играч значи: стопер, офанзивен среден ред и крилен напаѓач по можност красич (воедно и си ја кажав новогодишната желба) :D:D и да не си оди Huntelaar никако и да му се дава повечко шанса

FORZA MILAN FORZA CAMPIONI

Anonymous said...

Интересно Ри,не би се бунел да се деси тоа :)
Иначе Ристо ај среќен рогенден голем да растиш хD
А за желбава твоја новогодишна треба Галијани да се надува онака опаснооооо човече па да купи 2-3ца играчи :)
Највише што може да се надеваме(надеваме да потенцирам)е еден дифендер и тоа е тоа :)
Сисињо као што спомнав слушам рома ќе го давале за ситни пари па...зошто да не :)

kiko_pato said...

епа ај да го надуваме :)

koljo said...

Сега сме на мала пауза, се до утакмицата со Џенова, а дотогаш ке читаме шпекулации кого нашата ценета управа можеби ќе купи. Едвај чекам да видам како ке играат Бекс(дај боже ко лани,па и уште боље) и Адија. Не знам колку Лео ке му дава шанса на Дом ама останува да видиме!

Anonymous said...

[color=#bb3300]Группа [url=http://dejavu-group.ru/index.php]Dejavu-group[/url] - это коллектив виртуозных вокалистов и музыкантов.
[url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Dejavu-group[/url]- лидер в области организации и проведения корпоративных вечеринок, свадеб, торжеств, шоу программ, музыкальных ыечеров.
В репертуаре группы Dejavu-group около 3 тыс. произведений.
Только живое исполнение. Поп, хиты 70-80-90-х, диско, джаз, ретро, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон .
Группа Deja Vu располагает мощной качественной музыкальной аппаратурой, которая позволяет заполнить плотным и приятным уху звуком как компактное помещение (фуршет), так и огромное помещение (корпоратив до 1 тыс. человек).

Андрей +7 910 483 8294 [/color]

Navigator said...

среќен роденден и од мене :) инаку за одложената утакмица не бев баш среќен оти ми се рачунаше со 1 коефициент во кладилница :)
шала на страна, незнам што да мислам за тоа дали е подобро што се одложи или ќе беше добра прилика на одмор да се оди со победа..во секој случај тоа што си е наше ќе си дојди, кога-тогаш..
за Man Yoo сум многу среќен од причина што можеше да добиеме страшни противници, а побратимите по ѓаволска линија се скроз друга екипа без C.Ronaldo алиас Hulk (види фотос) http://www.zazabava.com/content/view/8172/73/
во трансфер шпекулации не запаѓам сеуште и уште добредојде за Ниџо и толку од мене до петок..

FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Ако пандев отиде у мерда ќе бидам многу разочаран.а зошто да не го земат за бес пари зошто?како може туку така да остават играч како пандев да им помине пред нос и шо е најлошо у интер да оди.не ги сваќам

ReBorned said...

За гочето се борат Милан, Принтер и Јуве... Нашите прават напори да го донесат и не е фер да ги напаѓаме барем за него!
Околу доброто/лошото за одложениот натпревар со Виола... ние го немавме ТС но се шпекулираше дека Лео ќе го седнеше на клупа и Дињо и тоа не поради повреда туку поради тоа што Дињо претходната вечер си дошол од диско во никое време па како еден вид казна...
Ама сега во Виола ќе се вратат Јоветич, Гамберини и Муту (ако не замине во Јануари) кои беа повредени... значи тешки калкулации.
Инаку сакам да кажам нешто:
Forza Strasser!! Forza Verdi!!

Anonymous said...

Токму така Ри :)
И јас повеќе го чекам мечот со Новара отколку мечот со Виола :)
Уште од сега би можел да го прогнозирам составот :)

koljo said...

Уфф колку тежок месец ке биде јануари. Дури 6 утакмици од кои 4 се со џенова,јуве,интер,виола... Идеме 1 по 1 али прво да се одмориме на празнициве што ни доаѓаат! Се враќам таман на привјуто со Џенова.. Форца Милан

Anonymous said...

Ахм се чини Јануари ќе биде одлучувачки во поглед на нашите амбиции за оваа сезона но се е можно Ниџо :)
FORZA MILAN

kiko_pato said...

7 бода од тие 4 натпревари и ја би бил повеќе од пресреќен.... :)

Navigator said...

не заебавајте бе, какви 7 бода од 4 утакмици!? не смееме да си го дозволиме тоа ако имаме шампионски амбиции, а гледам дека сите имаме..уште помалку смееме да се задоволуваме со две победи и едно реми..јас би бил среќен најмалку со 10, инаку ништо од скудетото..
ај кико жити се кажи ми како си ги распредели бодовите..победи со Fio и Genoa, реми со Juve и пораз од Merda, така??

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Повеќе сакам да звучам отрезнувачки отколку грубо но...
Немаме шанси за скудето!
Доколку се случи чудо, треба стадионот да се промени во Сан Лео! Плус треба да се поклопат милион коцки (никакви повреди што е илузорно, среќа, повреди на принтерци (а тие имаат и долга клупа)...)

Navigator said...

дека според моменталната ситуација имаме и шанси и тим за скудето, имаме и тука нема збор..дали ќе се повредат наши и нивни играчи незнаеме..дали нешто ростерски ќе се смени за време на овој трансфер период кај нас или кај нив, пак незнаеме..многу работи ќе бидат појасни после Јануари,а дотогаш можиме само да нагодуваме..
и на крај краева, дури и да стигниме до скудето, не разбирам зошто би се викал стадионот San Leo, а не San Pato или San Dida, на пример!? јас стварно неможам да разберам во што е толку голема неговата заслуга, што секогаш е возвишуван дури и кога ќе врземе две победи со ред..кажете ми вие, големите поддржувачи на Leo(нарочито Ри, зашто стално ја потенцираш неговата заслуга), што уствари направи Leo за овие 4-5 месеци..
Издејствува да го добие тимот што го посакуваше цело лето? Имаше усшен старт? Тоа што ја бараше вистинската формација до средина на Октомври (или до осмо коло, како сакате)? Тоа што сеуште ја бара вистинската постава? Имаше некои сериозни нарушувања во смисла на повреди?
Дечки, да се разбериме нешто..јас немам ништо против Leo, ама ми здосади веќе да читам толку пофалби за некој што реално, ништо посебно не направи од кога беше назначен..јас разбирам дека е наш и си го фалиме некогаш и повеќе од колку што треба..сум го правел тоа и јас, ако не тука барем пред моето друштво..ама да направиме една кратка, но добра ретроспектива на активностите на Leonardo ќе видиме дека тој е само просечен тренер, кој сите знаеме со каков сплет на околности дојде на клупа на еден гигант..најголемиот дел од успесите оваа сезона беа момент на инспирација на најдобрите поединци во составот, пар среќни случаи, а многу помалку (барем од тоа јас што го очекував) тимска работа или заслуга на тренерот..на прсти се бројат добрите потези на Leo..бидете реални, да не беа оние late-winners на Sandro и Hunter или магиите на Dida, ние сега ќе размислувавме дали можиме да го повториме "успехот" од лани, а камоли да зборуваме за скудето..
и уште еднаш... ЛЕО Е САМО ПРОСЕЧЕН ТРЕНЕР!

FORZA MILAN!!!

koljo said...

Се сложувам со Навигатор, Лео ништо посебно не направи,Тасоти е многу позаслужен, седи на клупата на Милан не знам веќе колку години уназад.. формацијата е речиси иста од лани( со исклучок дека Пато игра малку поназад) што мене не ми се свиѓа. Имаме реални шанси за титула, особено сега и подолга клупа со Дом и Бекс. А Струмичанецо ојде за Интер се чини нели... неделава медицински прегледи.. Штета!!

Anonymous said...

Е ова веќе ми се допаѓа-дискусија
Навигатор,значи како прво и јас би бил задоволен со 7 бода од тие 4 утакмици.Зошто?едноставно скормен сум,нејќам да се залетувам и преферирам да скокнам па да речам оп.
Многу подобро ќе биде ако Милан ме изненади и освои 10 или 12 бода,а јас ако барам 12 бода,а добијам 7 нема да бидам баш задоволен нели?
Друга ствар,докажано е дека титулите се освојуваат против малите клубови,така да шампионот(ние да речеме)може да ги изгуби натпреварите со интер,јуве,рома на гости и да изигра нерешено дома со нив или нешто слично а да победи во 95% од останатите натпревари.

Ри неколку пати повторив дека теоретски со овој состав и променлива игра немаме апсолутно никакви шанси за титула,ама знаете што?и чуда се случуваат!Закерони пред 11 години направи чудо и тоа со каков состав?смешен во споредба со денешниот!Токму и затоа се смеам кога читам, дебати од типот дека овој состав на Милан е најлош во последните 25 години(најголемата банална глупост)
Значи Иван,уште еднаш Лео ја работи својата прва професионална сезона и од каде ти дојде идејата дека Лео може да издејствува за да ги добие играчите што ги сака?на сила?тој е само тренер,и неговата изјава("Џеко е под 25 години")која всушност беше индиректна реплика на изјавата на Галијани("Отсега ќе купуваме играчи под 25 год.")беше последен и очаен потег за управата да го одврзе ќесето и да им ги даде посакуваните 30 милиони на Волсбург,а не 20ината која беа максимална понуда на Милан(впрочем и за тоа беше кушен подоцна Хунтелар-15 милиони упола од Џеко)
И велиш дека немаш ништо лично против Лео а притоа 2 пати потенцираш дека е ПРОСЕЧЕН ТРЕНЕР.
Види вака Иван,не го бранам Лео(мада изгледа така)туку само завземам објективен став и го презентирам моето гледиште на работите.Вистина е,целата онаа работа дека Лео е чудотворец е премногу напумпана од медиумите,но кога последен пат си го видел Милан да се залага толку за победата се до 9и стотта минута?Во ерата на Анчелоти ретко дававме такви доцни голови,и најчесто нашите финални напади во натпреварот беа безмалку анемични.
Да сумираме се на се на крај,со оглед на фактот во какви околности Лео го превзема Милан мислам дека заврши одлична работа а како верувајте е најмалце битно.
Сепак на крајот ќе се бројат победите,бодовите,титулите.
Милан пред се

FORZA MILAN

ReBorned said...

Баш во тоа се гледа големината на еден тренер. Значи тој не доби ништо од тоа што го бараше (Сисоко, Џеко, офанзивни бекови или барем еден од бразилците) а сеуште е на 2 место. Тој го бараше тимот и тактиката, да! Но мора да признаеш дека Милан има СТРАШНО неизбалансиран тим! Тоа е вистинско чудо! И Лео се бореше, грешеше и се обидуваше да ја пронајде играта. Многу е тешко да се има сопствена визија за игра (макар била и погрешна) а да се немаат соодветни фудбалери за тоа. Ростерот на Милан е креиран една деценија за Diamond формација. И сите фудбалери од средината на теренот во тимот се само за Diamond. Лео бараше ама дојде до 4-2-1-3. Таа тактика е буквално револуционерна во Италија (и тоа баш поради позицијата на Сидорф) и е повеќе од успешна! Незнам до кога, но успешна! Карлито (со сета почит за се што направи и расипа за нас) никогаш не го видов во 90-та на нерешен резултат да игра со 4+1 офанзивци (Пипо+Хантер+Дињо+Пато+Сидорф позади нив).
Значи јас лично големината на еден тренер ја гледам во тоа што тој може да направи со еден тим а што некој друг со истиот тим. Јас лично сметам дека во моментов не постои тренер кој што ќе извлече попозитивни резултати од Лео со овој ростер!
Од друга страна, тој бараше фудбалери, имаше неколку остри тонови кон раководството (тоа на Ултра беше само еден дел) но не доби! Знаете која беше неговата изјава по ангажирањето на Адиа? „ТОЈ БЕШЕ ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА БРАИДА И ГАЛИЈАНИ но сметам дека ќе биде добра аквизиција ЗА ВО ИДНИНА“. И што требаше, да си даде отказ пред да започне со официјални натпревари поради тоа што не му купија фудбалери? Отиде лично во Франција уште пред да биде назначен за тренер за да го разубедува Јоан да се врати. Не успеа (најмногу поради СП2010). Околу играњето на Пато на AMR. Тие што не го сакаат тоа нека погледнат само статистика, чисти бројки! Таму се гледа колку голови постигна сезонава Але на CF а колку на AMR. Не мислам на оваа констатација да ги придодавам и неговите асистенции во други голови како и НЕГОВОТО ЛИЧНО ПРИЗНАНИЕ ДЕКА УЖИВА НА ОВАА ПОЗИЦИЈА И ДЕКА НЕ Е ДОВОЛНО ФИЗИЧКИ ЦВРСТ ЗА CF. Да се вратиме малку наназад, Але беше во тешка депресија! Каква изјава беше таа: Пред да се одлучам околу својата изјава ќе разговарам со АНЧЕЛОТИ?! (кој веќе беше тренер на Челзи, ова беше летово).
Успеа и тоа да се среди и сега во секое свое интервју тој потенцира дека е пресреќен во Милан.
Абате? Лео инсистираше да биде вратен во Милан, се шпекулираше дека ќе го даваме во Рома... тој му укажа шанса на пријателските летото и му укажува шанса во официјалните натпревари.
За носот кој Лео го има за таленти да не зборувам (Рики+Але+ТС). Треба само да му се дадат одврзани раце во купувањето на фудбалери. Тоа е разликата меѓу менаџер и тренер. Во Италија се ТРЕНЕРИ (на пример во Милан задолжен за трансфери е Ариедо Браида кој се консултира со тренерот нормално, но тој го има последниот збор). Во Англија се менаџери и тие пресекуваат околу евентуални засилувања.
Можеме да дебатираме до бескрај и ме радува тоа.
Мое резиме: Лео грешел греши и ќе греши! Сепак, јас лично сметам дека е жално да се потенцира за некој дека е просечен кога во тимот треба да кубури со Дињо кој кога ќе му текне заглавува до никое време, да се плаши од одбраната оти опции се Камикаладзе и Фавалињо и да се крсти во Одо?! Да сака мобилна и луцидна игра во средината на теренот со Амбро и Џенаро? Ако не е Пирло (кој кога сака игра) ќе немаме ама баш никаква инвентивност. Знам дека има некои почетнички киксови но се се’ учи. Па тој директно седна на клупа на Милан, не на Специа.
Дајте му одврзани раце на Лео следното лето да си го креира тимот како што тој сака па ако не направи ништо удри му ја клоцата. Вината не е кај Лео, не беше ниту кај Карлито. Вината е во тоа што кога последен пат станавме шампиони во ЛШ летото го преспавме!

ReBorned said...

И само кратко на крај... можеби најмногу илустрира: Гледајте го колку трчи Сидорф сезонава а колку трчеше последните 3 години наназад. И самиот тој призна дека новиот тренер и новата мотивација го направила своето. Не зафркавај, зборовите Сидорф и трчање не одеа заедно 3 години по ред. Со Сампдорија на 3-0 трчаше како луд?!