Translate

Sunday 22 November 2009

Milan-Caglari 4-3



Каков натпревар!7 гола!Почна како и што заврши,бурно!

5та минута Бориело одлично го проигрува Сидорф 1-0!
Арно ама нецели 3 минути подоцна Каладѕе го остава Матри да испуши цигара,да изеде едно пакло сардина да види колку е саат да сврши и конечно нели да го совлада и Дида.

30та минута,по еден притисок на Каљари повторно попушти одбраната на Милан и Лаѕари непречен од никој ја забива топкава веднаш до левиот директ од голот на Дида.

38ма минута,Пирло изведува корнер Пато со глава го погодува Маркети,и од самата гол линија Бориело немаше тешка задача. 2-2 Нецела минута подоцна Бориело,Дињо и Пато проигруваат во триаголник за последниов на крај со фантастичен удар во горниот десен агол да ја заврши убавата акција.

3-2 беше на полувремето се додека Астори не го собори Марко во шеснаесетникот за Роналдињо нормално да шутне уште еден неодбранлив пенал.4-2 и кога се мислеше дека се е готово ооооопааааа на сцена повторно настапува КаКаКаКаКаЛадѕеее!!!Кај не се извлече навреме за офсајд замката,па уште го имаше оставено Матри сам лево кој и да добиеше топка немаше да биде во офсајд.

Со сето ова последните 20ина минути беа многу интересни(за неутралните гледачи,за мене лично беа напнати)

Дида. 7.5 Иако прими три гола и не беше виновен за никој од нив имаше неколку одлични интервенции.


Одо 6.0 Шознам....


Т.Силва 7.0 Ѕвер мада ова не му беше најдобар натпревар ама со Кадаѕе до него....


__________________________________________________


Замброта 6.0 Загуби некои топки,не беше најсигурен во одбрана но ајде ќе помине.


Пирло 6.5 Уништи барем два контранапади и иако знам дека брзината не му е најсилна страна

можеше барем да најде друго решение.


Амброзини 7.0 Ќе добиеше и 7.5 да не правеше толку многу фаули,инаку се на се одличен скоро и да не загуби дуел.


Сидорф 8.0 Одлично, не само поради голот туку и што не грешеше во пасови и не загуби нешто нногу топки.


Роналдињо 8.0. 0.5 за пеналот,0.5 за асистенцијата и 1.0 за дриблинзите уффффф посебно коа легна 2-3ца како сардини


Пато 8.0 ПатООооОООоооОоООоОООоОоООооОоооООоОооООО


Бориело 8.5 Гол,Асистенција,и направен пенал врз него.Мен Оф Д Меч


Абате / ; Инзаги / ; Страсер / ;

За одбележување е и влегувањето на Страсер и дебито на Дом на клупата :)

П.С. Линијата кај што требаше да биде името на каладѕе доволно говори за неговата игра.


Следи Марсеј !Уфффффффф Champions League Classic


FORZA MILAN!!!

7 comments:

Navigator said...

супер утакмица реков и вчера, мада напната беше ептен и со резултат кој не го типуваше ама баш никој..имаше грешки, имаше и добри моменти, ама сепак се памти само резултатот така да нема што многу да филозофираме..и моите оцени би биле тука негде и се сложувам дека овојпат Borrigol е man of the match и покрај супер изданијата на Seedorf, Pato и Dinho..за дебилот Kaladze се шо имав кажав вчера за време на утакмицата :@ и уште една работа сакам извадам од мечот шо мене поприлично ме изненади..незнам дали заприметивте колку многу прекршоци направи Pirlo..ми се чини дека на последните 10 меча нема толку пати фаулирано, па некои од фаулите беа и доста груби..јас се чудев цело полувреме како не доби картон..на моменти мислев дека Ambro ги прави фаулите..чудно ама во секој случај доста позитивно, зашто во ваков случај можиме комотно да играме со еден деструктивец во средина..
ја продолживме добрата серија и тоа е најважното..сега ни доаѓа Marseille, во ептен битно коло од CL, каде мора да победиме па после да си ја накривиме капата и во Цирих да ги пуштиме Rodney и врсниците да гризат и да бркаат место во прва екипа..имааме уште 2 дена за одмор и припремање, па да го гледаме il nostro Milan и пак да се радуваме на нова победа!

ANDIAMO TUTTI INSIEME... FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Ехххх Иван,колку убаво звучи тоа Лео да ги пушти децата да се истрчаат па макар и 5-0 да изгубат(а сигурно нема да изгубат)нема да ми биде жал :)
Иначе што мислите за Астори?Очигледно тремата го стигна,но сепак иаго ги губеше дуелите со Пато и Бориело во клучните моменти неможе да му се замери затоа што е млад,а и рака на срце против такви напаѓачи тешко е да се игра :)

Едвај го чекам Марсеј...


FORZA MILAN !!!

Vase_AC Milan said...

Прекрасна утакмица ама и многу напната за нас тифозиве :D како и да е класата на играчите наши ја направи разликата.само колку добро работи тројката напред :) тоа ни требаше од Marco зверот само така нека продолжат.Marseille најверојатно незнаат шо ги чека али нема веза тоа е тоа немале среќа да се паднат у полесна група :D и многу ме бендисуе детево на клупа шо седеше, го глеам на тренинзиве зверче е ке ги јаде сите :)


FORZA MILAN SIEMPRE UNA SQUADRA PIU BELLA DEL MONDO !!!

kiko_pato said...

Луѓеее се надевам дека ќе живне малце блогов... само со надеж да се врати владе... има на ФБ група фанови на милан... има бааѓи им кажувам да направат акаунт за да можат да оставаат коментари тука... па да има повеќе постови... па да се вратиме на старата работа да се обидеме да станеме официјални :) животна желба ми е... само владе мн ни треба у ситуацијаваа.... ЈАВИИИ СЕ ВЛАДЕЕЕЕ.... СИТЕЕЕ ЗА ВЛАДЕЕЕ.... :)

kiko_pato said...

а да... утакмицава со марсеј... незнам шо стана работаа... :) а и зошто не се обиде леонардо да смени нешто... ако не се повредеше одо немаше ни една замена да направи... лесно со цирих ама и не баш лесно... ако можат да не клецнат таму... сум го ебал леонардо и сви остали.... и шо е работаа ајде постови да не се изнервирам тука... :) па да биде оваквото.... ајдеее лујџеее ставајте постови собирајте членови барајте го владе... :)

kiko_pato said...

Небива ништо од вас... :D :D

ReBorned said...

Јас тоа одамна го зборам. Не ни треба Владе туку ни треба Мохикан (т.е Владе да стапи во контакт со Мохикан).
Тој треба да го предаде пасвордот на некој (нека е на Владе) и да се започне со редизајн на страната, давање на опција за пишување на постови на Кико а подоцна и на останатите...
Доколку тоа не се случи, не сакам да звучам како Тачи ама ќе треба да се преместиме на нова адреса и да се започне се од почеток...