Translate

Sunday 10 May 2009

МИЛАН-ЈУВЕНТУС


Вториот најпосакуван меч во сезоната,и вистинското дерби во Италија помеѓу двете
најтрофејни италијански екипи ни доаѓа во вистински момент!Борбата за втората позиција и воедно престижот ќе бидат главниот мотив и на двете екипи да атакуваат на победа.
Со таа победа ќе им избегаме 7 бода и со сигурност ќе си го обезбедиме 2рото место,додека пак Јуве со победа ќе ни се доближи на само 1 бод негатива.Ништо чудно и реми да видиме,но јас сакам да видам интересен натпревар каде што Јуве би ни парирале едно 40ина минути и после да ги напуниме : ) ама се бива,така да не прогнозирам многу многу.

И Јуве слично како и нас имаат големи проблеми со повредите а и богами ова коло со суспензиите на Недвед и Мелберг.

Кај нас се враќа Рино Гатузо!Можеби не од стартот но сигурно ќе добие шанса во овој натпревар.

Дида,Калач,Перучи
Антонини,Замброта,Матиони,Сендерос,Малдини,Фавали,Јанкуловски,
Бекам,Амброзини,Пирло,Фламини,Гатузо,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Инзаги,Шевченко

Чекаме само прес-конференција пред натпреварот и да можеме да ги чуеме дилемите на Карло околу составот кој мислам дека би изгледал вака:

Калач/Дида
Замброта,Малдини,Фавали,Јанкуловски
Бекам,Пирло,Гатузо/Амброзини
Кака
Инзаги,Пато

Се зависи дали ќе бидат здрави и прави Дида и Рино,и дали ќе сака пак да си експериментира Карло со Фламс како десен бек :)
Очекувам и сакам победа!Ако ништо друго барем достојно од ова дерби да се опрости нашиот капитен.



FORZA IL GRANDE MILAN !!!

5 comments:

ReBorned said...

Многу тешки зборови од Берлу упатени кон Карлито?! Да се надеваме дека ова конечно ќе вроди со плод на лето....

Anonymous said...

Да се надеваме...

Navigator said...

и јас се надевам, најискрено

CurvaSud_Milan said...

Не се надевајте за џабе. :)

ReBorned said...

Хехе добро ни го спушти :D
Епа само тоа ни остана, надежта...