Translate

Saturday, 16 May 2009

Le petite Zidane пред крстопат


Го нарекуваат токму така и за сите оние кои го следеа оваа сезона нема никакви негодувања! Момчето кое не доби адекватна шанса во Милан 2 години по ред за само неколку меча во позајмицата во Франција покажа дека станува збор за еден од најголемите надежи на светскиот фудбал и мала копија на Зизу! Сличен стил на игра, одличен шут од далечина, бавен со топката но со одличен дриблинг, го користи телото за штитење на топката, постигнува еден куп голови во финишот од натпреварите, одлично асистира и изведува слободни удари а има и одличен удар со глава! Звучи како Зизу нели? Моментите на брилијантност (какви што ги имаше неколку сезонава како во дресот на Бордо така и во дресот на репрезентацијата) само додаваат на тежина и вредност на овој (во последно време постојан) епитет на Гуркуф! И се’ дотука е идеално. Но Милан толку не веруваше во него што во позајмицата на Бордо (која беше добар потег за да се здобие со самодоверба) вметна и клаузула од 15 милиони евра за целосен откуп на Гуркуф, сума која по овие игри и по заинтересираноста на тимови како Барса, Реал, Баерн и сл. делува смешно! Сепак, според последните изјави од Лорен Блан (прославениот дефанзивец а сегашен тренер на Бордо) Гуркуф сака да се врати во Милан! Тоа е единствената опција со која Милан би можел да се „спаси“ од таа извонредно глупа клаузула и да го врати момчето во своите редови (а потоа и ако се реши на продажба ќе добие двојно од таа сума). Ако ова е вистина, ако Гуркуф по таква фантастична сезона во која неговиот тим го освои купот, се наоѓа на чекор од освојување на титулата во Франција и влезе во стартните 11 на Франција (каде што има улога на лидер) и обезбеди свое место за СП 2010, реши да се врати во Милан каде што го чека таков тренер и многу фудбалери кои конкурираат за неговата позиција... тоа покажува дека има карактер, огромна самодоверба и желба да покаже дека има квалитет за на големата сцена! Ако тоа навистина се случи, капа долу мајсторе!!!
Сепак неговото евентуално враќање во Милан и неговата минутажа би била во опасност од една единствена причина. Велат, понекогаш сликата вреди илјада зборови...

22 comments:

Anonymous said...

Some things will never change...
јебига...колку и да може да се направи револуција во пристапот кон играта со евентуалното негово враќање,се повеќе е очигледно дека ќе треба да се соочиме со реалноста...
Сепак,ако воопшто сакаме враќање и просперитет на Гуркуф тогаш ни треба друг тренер за таа работа-без сумља.

Добар пост btw...Forza Milan и напред Гуркуф!

ReBorned said...

И симпатична втора слика мора да признаеш ;)
Дињо мора да оди во аут летово! Јас сакам да оди во аут и Карлито со Дорфи но знам дека тоа е невозможно. Затоа, Дињо во аут а со солиден трансфер буџет + парите од Дињо може да се пополнат дупките во тимот!

ReBorned said...

Повторно фантастичен натпревар за ГУ вчера.... учествуваше директно во сите голови за својот тим (победа од 3-2). Асистенција за првиот гол, го постигна вториот и погоди статива од волеј по што од 2 метри негов соиграч ја затресе мрежата за третиот гол! Вкупно сезонава 12 гола и 7 асистенции!

CurvaSud_Milan said...

16 гола. :)

Anonymous said...

Ќелавиот и компанија треба да бидат линчувани ако не го вратат назад!
А сликата е топ :) Ја ја иам истата ама со Бекс :Р

ReBorned said...

Мислиш на Бекс и Карлито?! :O
Ауууу никој не смее да биде ставен на местото на Dorf-и во корелација со Anshit-lotti! Тоа би било трагикомично! Anshit-lotti и SlowDorf се како Џекил и Хајд, Том и Џери, B&G! Нераскинлива врска
P.S Колку сме само во опасна позиција околу ЛШ! Навидум сме сигурни ама ако не ги добиеме Рома во последното коло играме на гости кај Виола која со сите сили напаѓа на место во ЛШ!

ReBorned said...

Originally Posted by Sidd View Post
100's of Merda fags on the streets of Milan nows ur chance milanistas finish em off Target areas: Piazza del Duomo and Piazza Cairoli.

Eeewww! Can you imagine the smell. I hate to have to be the one of the ones who have to clean up after them.

„Бисерите“ на Карлито:

After the Juve draw:
Quote:
Originally Posted by Ch. 4
Ancelotti: This changes nothing
Carlo Ancelotti insists nothing has changed after this draw in terms of the Scudetto or his future at Milan.

After today's loss:
Quote:
Originally Posted by Ch. 4
Ancelotti: This changes nothing
Carlo Ancelotti insists the title was already long gone and that it changes nothing for Milan or for his future.

Anonymous said...

Ја гледам твојата фрустација Ри... :)
Биче боље ајде ;)
А бисерите,Карло и See-Dork се прича за себе...
Карло мора да си оди
ПУНТО!

CurvaSud_Milan said...

Не е проблемот Карло да си оди, проблемот е кој да дојде.

ReBorned said...

Знам дека никој нема да се согласи со мене ама за мене Леонардо би бил и пред Ван Бастен и пред Рајкард... незнам зошто ама така ме влече! Ама по се изгледа дека Ван Бастен е во пол позиција (ако некако успееме овој да го дигнеме од клупата во Миланело)!!

ReBorned said...

Еден ГОЛЕМ ПЛУС ако Ван Бастен стане нов тренер... тој не го играше и воопшто не го повикуваше Сидорф за време на квалификациите ;) (Заедно со Ван НистелКоњ)

Anonymous said...

Ех сеа,ќе се најде некој асален од 2-3 опции,ако нишо друго барем ќе бидиме промени.
А шо сеа ти смета Руд а Ри? :)
Искрено,као добро би ни дошол пред 3-4 години кога бевме блиску до него...

ReBorned said...

Јас си го викам него Руд Ван Нистелкоњ уште од пред 5-6 години... не ми пречи ништо, само е тип на играч како Пипо а само еден е Супер Пипо...

Anonymous said...

Ххх дали тоа значи дека ги мразиш сите goal-poachers на светов?! :)

ReBorned said...

Сите освен Супер Пипо и Палоски :P
П.С Не се чуди оти пишувам коментар во ова време... ја следам мојата втора љубов (покрај Милан)... Go Lakers Go!!!

Anonymous said...

Аххх сум чул за твојата швалерка :Р

Anonymous said...

Момци ако некој од вас сака да ја има честа да пише пост за нашиот капитен во пресрет неговиот последен натпревар на Сан Сиро нека повели,ако не кажете тука сум јас : )
Позз

ReBorned said...

Премногу сум трогнат за да пишувам пост.
Пишувај ти а од мене имаш едно клипче за на постот... кога го гледав плачев ;(

Navigator said...

премногу емотивно би ми било да пишувам пост за il capitano, стварно неможам

Anonymous said...

Ок,утре(дене) пишувам пост. :)

ReBorned said...

Ultra дај ми меил или скајп (немам МСН) за да ти дадам линк од клипчето што треба да го ставиш...

Anonymous said...

dragan_cb@live.com mail :)