Translate

Sunday 22 February 2009

MILAN-SARDINITE 1-0


1-0!Конечно по серијата од 3 меча без победа ја почуствувавме сласта на победата.
Резултатот како и играта неубедливи но можеме да бидеме задоволни и со тоа ако се погледне листата на играчи кои недостасуваа-Самиот факт дека игравме без напаѓач во последните неколку минути говори сам за себе.

Абијати 7.5 Одличен како и секогаш,макар и што доби жолт картон.

Замброта 7.0 Ништо посебно до него,изигра на ниво : )


Бонера 6.5 Не изигра лошо но се повреди и беше заменет така да оценава не е целосна.Да се надеваме дека не е ништо посериозно :)


Малдини 7.5 Ил Капитаноооо Ил Капитаноооо остануваат уште околу 20 натпревари уживање во неговата игра....затоа не пропуштајте ни еден натпревар на Милан!


Фавали 7.0 Солиден и напред и назад.Малце нафрлаше но тоа беше бидејќи Јанко ја окупираше левата страна.


Пирло 7.5 Според мене добар натпревар од него.Да ги имавме Бориело и Пато во нападот ќе победевме 4-0 и Пирло ќе имаше 9ка :)


Фламини 7.0 Уште е рано Фламс за да им земе место на Гатузо и Амбро во првиот тим : ) Само нека биде трпелив и може да стане 2 пати подобар од нив : )


Бекам 6.5 Една од послабите негови партии од кога е дојден...


Јанкуловски 7.5 Постојано активен иако повторно беше игран надвор од неговата позиција.Од кога е дојден во Милан шетан е на сите позиции на левата страна и одлично се снаоѓа сегде :)


Сидорф 7.5 За голот и со кој се надевам дека ќе му се врати довербата кај него самиот и кај навивачите.Да не го дадеше голот оценката ќе беше 6 :Р


Инзаги 6.5 Има право и тој на лоша утакмица....иако не смее да му се повтори кога е оставен сам напред : )


Измени:Сендерос 7.0 Брее животно!Зема крвнички една топка и плус рипна да се тепа :) Малце памет у глава и искуство и Сенди може да биде новиот Стам! :)


Амбро / Антонини /


*Зошто не влезе Виудез само Карло си знае :)



Следно....Вердер Бремен в четврток повторно на Сан Сиро....да ја покажеме нашата сила во Европа!



FORZA IL GRAAAAAANDE MILAAAAAAAN!!!

14 comments:

Milanist od srce said...

Најискрено , денес Милан имаше и среќа што победи , навистина ги нема половина состав , и тоа баш најдобрите , но не може Анчелоти да се вади на тоа , и тие кои играа денес се дел од екипата на Милан и мора да го дадат максимумот , а најголемата грешка е кај Анчелоти кој поставува одбранбена тактика која не му одговара на Милан , мора да постави напаѓачка игра и поофанзивно да игра кон противничкиот гол ,оваа тактика со еден постигнат гол и веднаш повлекување во одбрана само ни носи штета и ако сте приметиле баш кога Милан брани водство од еден гол во последните 2-3 минути прима гол кога нема време за поправен испит . За тоа имаше и реакција од Берлускони за натпреварот со Вердер , Милан беше многу подобар и можеше да ги разреши сите дилеми и да постигне уште некој гол , но тактиката на Анчелоти не доведе до ризик од можно отпаѓање од Уефа . Знаеме дека се соочува со многу повреди на клучните играчи , но како што реков не е тоа изговор и да се вади на тоа , играчите се едно а поставеноста на играта сосема друго , и се додека не почне да игра поофанзивно нема да го достигне тоа ниво на кое сме навикнале и со кое Милан беше непобедлив . Друго , Милан води некоја политика со трансвери на играчи кои им заминало невното време , или ако земе некој помлад , нема право да игра до следната сезона , а и оние кои имаат право да играат Карло ги чува на клупа ,но се плашам поради тоа што додека заиграат тие млади и нови играчи и додека се смени нешто може да биде доцна и за пласман во ЛШ следната сезона , па до кога вака бе другари , зарем уште да се игра со Каладзе во одбрана поради чии грешки примивме и многу голови , Малдини иако е стар , не се дава , но годините си го прават своето , не може тој да стигне играч од 19 години , Пато е мајстор над мајсорите , но сепак нема толкаво искуство да решава големи натпревари , па зошто да нема уште еден напаѓач и да бидат поефикасни . Иако не семе некои стручњаци но ова и од во авион се гледа и секој би го кажал истово доколку сакаме Милан да се врати на Светскиот и Европскиот фудбалски врв каде што и припаѓа , но Галијани и Анчелоти не мислат така , а што си мислат со таа политика кој ја водат со трансверите не ми е јасно , а верувам и на сите .

Поздрав до сите Миланисти , па да се надеваме дека наскоро ќе го видиме оној вистинскиот непобедлив Милан .

Anonymous said...

И ќе го видиме... :) немај гајле друже во наредните 5 години освојуваме 2-3 трофеа :)
Плус УЕФА купот е наш оваа сезона :)
А што се однесува до трансфер политиката,иако не ми се допаѓа има напредок и токму затоа го гледам Милан на врвот за 2-3 години од сега : )
Aleee Aleee Aleee Milaaan Aleee!!!

Milanist od srce said...

Покрај Кака , Пато ,новите Тиаго Силва ,Матиони , Антонини и други кои се млади и иднината на Милан и уште ако успеат трансверите на Ето и Видиќ од Манчестер Ј , слободно можам да гарантирам дека следнава сезона титулата во ЛШ е наша . Но како што реков , треба и на тоа да се смета , со неочекуваните и несватливи киксови во Сериа А,а со тоа може да се доведе и до знак прашалник играњето во ЛШ , како минатата сезона за 1 бод не успеа да стигне до ЛШ. Најбитно сега за сега е тоа , да не дават лесно бодови на екипи од дното , да обезбедат место за ЛШ , а до следната сезона Милан веќе ќе биде тој Милан Шампионот .

Anonymous said...

Сезонава ќе бидеме трети(иако мразам да ги видам мерда и јуве пред нас)но тоа е тоа :)
А тоа за Ето и особено Видич друже мошеш комотно да заборавиш...Лусио/Сантаркоче/Запата
и Бензема/? Ако добиеме барем 2ца од овие 4ца треба да бидеме пресреќни :)

Anonymous said...

И да...за трансфери ќе збориме од мај па натака пошо е џабе да си прајме бајрами на мозоците кога реално има малце шанси да се оствари сето тоа : )
Сега е битно да се фокусираме на Вердер,на опоровавување на Кака и Пато за натпреварот со Вердер и сл.

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Се согласувам дека играта ни беше катастрофа исто како што се согласувам дека трансфер политиката ни е извонредно смотана (со знаци на поправање во последните неколку месеци). Но друже Миланист мора да те поправам за една работа... Пато бил неискусен и не бил човек за големи натпревари?!
Але сезонава му даде гол на Интер, 2 на Јуве (во гости) и 2 на Рома (во гости) a исто така даваше голови и против Лацио... поголеми натпревари од гореспоменатите во Италија нема! А мора да напоменам дека сеуште нема одиграно реванш со Рома и Јуве, значи ова (и онака извонредно остварување во дерби натпреварите) може да биде само збогатено! Але сезонава го носи Милан на свој грб! Само 2 фудбалери во Милан имаат надпросечна оценка сезонава... Але и Абијати!! Сите други се просечни или и под просекот а сите оние кои инсистираат на купување на нов голман (кој би бил првотимец) одат против својот клуб (поради тоа што тие пари ни се многу попотребни на други позиции) и против Абијати кој има фантастична сезона и според мене не само што треба да биде повикан во репрезентацијата туку би требало да биде и прв голман (доколку Џиџи не се опорави како што треба)! Нов голман ДА но некое младо дете кое би било резерва на Абијати и би се пробивал во тимот!
Forza Milan!!

Milanist od srce said...

Не си ме разбрал добро , не дека Пато не решавал големи натпревари , рака на срце секоја чест , реков , МАЈСТОР НАД МАЈСТОРИТЕ , туку зборот му беше зошто целиот товар во дерби натпревари да биде само на Пато ? Кога Пато можел сам да постигнува голови против силни противници , зошто да нема уште еден напаѓач ? Со тоа се намалува и товарот на Пато а воедно и ќе бидат многу поефикасни во нападот со полнење на противничката мрежа . А инаку Пато е недостижен за противникот со неговата брзина и дриблинзи , но сепак е млад за да го носи целиот товар на свој грб , мора да има уште еден напаѓач . Кака кога би играл на неговата позиција добро би соработувале но одкако дојде Роналдињо Анчелоти ги размести сите играчи од своите позиции на кои тешко им е да се снајдат и затоа и многу грешат , а тоа го изјави и Кака кој кажа дека не е на неговата позиција , туку вратен е поназад и има и дефанзивни и офанзивни задачи , а тоа е тешко за него и далеку е од противничкиот гол па затоа и не е толку ефикасен во постигнување голови , но сето тоа е грешка на Анчелоти и управата кои земаат повеќе играчи кои играат на иста позиција и после ги става да играат на несвојствена за нив позиција на која не можат да се снајдат ,а тоа резултира со слаба игра .
Инаку дефинитивно се согласувам дека Пато и Абијати го одржуваат Милан во живот .

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Мхм,дефинитивно се согласувам со тоа дека Абијати и Пато се нашите најдобри и најконстантни играчи сезонава.Блиску до нив би можел да е само Замброта,но и тој некогаш знае да киксне(види јуве)
Исто се согласувам дека Абијати во моментов е најдобар италијански голман според прикажаната форма но Липи си е Липи,и штом не го повикува Дел Пиеро...
Кога ќе имаме уште еден напаѓач од светска клас(со каракстеристики на Бензема,Хунтелаар..)ќе имаме мн повеќе опции во нападот!Нема ко сега да се мачиме со Сидорф и Јанко како полушпица!Туку ќе има ротација во тимот(нешто за кое незнае Анчелоти) и сите ќе бидат задоволни и формацијата ќе биде поставена зависно од противникот.
Но како што реков...бадијала е да ги прајме ние муабетиве кога сите ги гледаме проблемите и недостатоците во Милан освен луѓето кои се одговорни за тоа :)

ReBorned said...

Потполно се согласувам дека треба уште еден црвст, корпулентен напаѓач! Але е фантастичен сега а мора да се разбере дека оваа формација е најтешка за него лично! Тој ќе експлодира во 4-4-2 или 4-3-1-2 со уште еден цврст напаѓач до себе! Сон ми е да видам напаѓачки тандем Але - Бензема но сигурен сум дека тоа нема да се случи!
Мора да бидеме реални и да го согледаме фактот дека заглавивме со Дињо! Се додека во тимот се Дињо и Рики тимот ќе игра со 4-3-2-1 и никако поинаку! Таа формација не е баш најидеална за Але но греота е да не игра тој!
Forza Milan!!!

Anonymous said...

Да Ри,ама Пато има 19 а Дињо уште малку 29 факт кој говори сам за себе : )

ReBorned said...

Само што се слушнав со B&G и имам дозвола во мое име да испратам понуда до Лион:

Дињо + 30 милиони евра = Бензема
Тие се во потрага по нов магионичар од средината на теренот (полека но сигурно Жунињо попушта) и нов фантастичен изведувач на слободни удари!
Ајде Жерланци... Вие сте на потег :)

ReBorned said...

http://www.goal.com/en/news/10/italy/2009/02/25/1126695/amauri-for-italy-we-dont-need-him-gattuso

Anonymous said...

Ни пијани не би ти дозволиле да направиш таква понуда хах! : )
Иначе и ја не би се согласил...
1.Не ми се дава Роналдињо
2.30 + Дињо е мн за сеуште недокажан играч како Бензема,перспективен да,но недокажан : )
15+Дињо преку сила! :)