Translate

Saturday 7 February 2009

MILAN-REGGINA 1-1 ANALYSIS & RATINGS

И повторно разочарување на домашен терен :( Губиме бодови кој однапред ни се ставени на контото.Се сеќавам дека Карло имаше некоја изјава деновиве каде што алудираше на претпазлисвост во овој дуел.Има многу фактори зошто не победивме вечер.Среќата(која ја немавме,неубедливата игра од стартот,неиграњето на Пирло(па и на Сидорф од почетокот)повредата на Кака,судијата......и на крај односот на играчите на Реџина кои веќе ми се гадат!
На крајот се гледа дека Милан-Реџина 1-1,8 бода од врвот пред следното коло и дербито со мерда.

Абијати 7.5 Неколку одлични интервенции а не беше виновен околу голот.

Замброта 7.0 Не одигра лошо,но не ни одигра нешто посебно.

Малдини 7.0 Си беше Капитано.

Бонера 6.5 За жолтиот картон поради кој нема да игра в недела со душманите.

Јанкуловски 7.0 Играше добро посебно во нападот.Повторно одигра добро надвор од својата позиција во последниот дел од натпреварот.

Фламини 7.0 Се трудеше,трчаше...си ја заври работата.

Амброзини 6.5 Незнам што да кажам....оставам на вас

Бекам 7.0 Имаше многу повеќе работа од претходните натпревари поради неиграњето на Пирло и Сидорф но добро се покажа.

Кака 7.0 Гол и статива-освен ова ништо посебно од Кака...од сагата со сити до денес нема одиграно како што знае... :(

Роналдињо 7.0 Според мене добро одигра и докажа дека заслужува место од почетокот.

Пато 7.0Bold Немаше многу шанси за гол,но сепак добро играше и на моменти мајтап си правеше со противниците кои беа премногу груби кон него.

Сидорф 6.5 Инзаги / Антонини /

Тоа е тоа момци...сега ни останува дербито со Интер за кое повторно не сум оптимист.Сепак остануваме Црвено Црни!



FORZA IL GRANDE MILAN!!!

12 comments:

Anonymous said...

Брат каде го виде бе Роналдињо дека изигра добро?! Па чоекот не се ни ангажираше. Сем онаа шанса која ја имаше не одигра ама баш ништо. Премногу ги опушта Карлито играчиве тоа не е на арно. Уместо ова коло да завршеше статус кво а наредното да се доближевме само на два бода ние се ставаме во позиција ако не победиме нареден викенд приказната за титулата да ни заврши. Многу многу се расфрлавме со бодови и тоа ќе не кошта на крајот. И кој му беше тој потег на крајот со Кака и Антонини. Да Кака се повреди, се надевам дека не е ништо, но каде бе со одбранбен играч? Уместо Шева да го убацеше со тројца шпица ќе имаше 15 мин, многу поголема веројатност да забиеме...
Сега останува да играме против притисокот наредно коло и одново да се вратиме во играта за титулата. Се освен победа против Интер ќе биде минус за нас.

Росонерски поздрав од шиткачите ;)

Anonymous said...

Шиткач,Роналдињо изигра подобро од Кака пред се.Освен пеналот и стативата Кака го гледавме само како се обидува да направи некој продор,а не беше успешен ни во еден од нив.Додека Роналдињо освен шансата имаше некој добар потег,во пасовите беше на ниво и упати неколку опасни топки.
А што се однесува до резултатот...ја гледате мојата разочараност не само во постот туку и во коментарите во претходниот пост...уште во 20 мин знаев дека ќе заврши вака за жал :(
штета за серијата што ја имавме пред натпреварот со Џенова...а највеќе за разликата од 8 бода и паднатата самодоверба...само победа против интер и ништо друго ќе ни ја крене самодобербата и ќе ни ги зголеми шансите за титулата!

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Фламини беше најдобар фудбалер на теренот!
Шиткач, Шева не беше ни на клупата... влече повреда

Anonymous said...

Само со чудо Кака ќе игра в недела...

Абијати
Замброта,Малдини,Каладзе,Јанко
Бекам,Пирло,Амброзини
Сидорф,Дињо
Пато

ете го уште сеа составот за со мерда...

Navigator said...

по мене Becks беше најдобар..го имаше и напред и назад и десно и лево, трчаше, влечеше напред, организираше и шо е најважно сите негови нафрлени топки (а ги имаше многу) беа употребливи..стварно штета шо сеа е повреден Borriello и шо немаме крупен напаѓач кој ќе можи да ги користи топките на Beckham..секоја чест за Ale Pato, ама несмееме да играме само со него во нападот, потполно се безопасни нафрлувањата од Janko, Zambro, Becks, па и Dinho вчера..

Anonymous said...

Да де да...што ќе ти се центаршутеви од Замбро,Јанко,Бекс и Дињо коа у шеснаесетник скокачи ти се Кака и Пато?едноставно нели...нема смисла!ее затоа го сакав Хунтелар...затоа го сакам Бензема!факт е дека летово мораме да купиме напагач од таков калибар :)
И 2ца одбранбени играчи :)

kiko_pato said...

Nesta To Return For Derby Showdown?

овоа веќе и ми се свиѓа... :)

Anonymous said...

Затишје пред бура... :)

Navigator said...

и јас така мислам :)

ReBorned said...

Ќе збеснам!!

Anonymous said...

Ќути друже...24/7 само за тоа се мисли.....ај ќе почнам со последни подготовки и ќе напишам пост кој ќе се апдејтира постојано :)

ReBorned said...

Јас ќе збеснам од други причини...
Нема да бидам во можност да го гледам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!