Translate

Sunday, 31 August 2008

Среќа во несреќа

Се случи и тоа, по долгото очекување се одигра првиот натпревар од сезоната. Нормално, по активното лето на Галијани се очекуваше почетна победа и старт на долгиот пат кон скудетото. Но се случи тоа што се случи и остана само да се анализира и да се вадат поуки од натпреварот. Првото нешто што го прочитав денеска на светските фудбалски сајтови, или поточно на шпекулаторскиот светски фудбалски сајт гласеше вака: "new season, same old milan". Е тука авторот на насловот направил "мал" превид и за вториот дел од насловот гадно се заебал. Значи целата среќа во оваа несреќа што ни се случи беше тоа што Дињо им ги затна муцките на сите злонамерници кои веќе го отпишаа од светскиот фудбал. Дињо беше феноменален. Милан одамна не создал толку шанси на еден натпревар, а при тоа да не дозволи противникот да помине половина во 80% од натпреварот. Но, едно невнимание на Каладзе(И ПОТВРДАТА КОЛКУ НИ ФАЛИ НЕСТА) и веќе беше о-1. Во второто полувреме по израмнувањето Милан тргна многу офанзивно и Дињо влезе во елемент. Поминуваше играчи како дечиња во маало, нафрлуваше, подаваше...но, тоа немаше кој да го искористи, од Инзаги и неможе многу да очекуваме, едноствно неможе да го прати Роналдињо, секогаш како да е чекор поназад. Шева беше видно вон натпреварувачка форма, што е и логично затоа што нема играно фудбал од самитот на НАТО во април, но затоа и требаше да си остане на клупа се додека не си го поврати фитнесот со напорни тренинзи. Пато имаше само 20 мин. и неможеме да го цениме. Се на се, треба да сме задовлни, затоа што го добивме Дињо, онаков каков што го знаеме од најдобрите денови, затоа што Милан создаваше шанси и беше конкретен и опасен, затоа што Замброта покажа дека е три класи подобар бек играч од Одо, затоа што Сидорф по подолго време повторно го видовме мотивиран, затоа што Фламс одигра натпревар на високо ниво, итн...

Ова не е утеха, ова е реалноста, изигравме добро, едноставно среќата не беше со нас, а без неа не се може. Дечкото со име и презиме Francesco Valiani едноставно имаше еден од оние денови кои никогаш не се забораваат. За несреќа го имаше против нас. Дечкото постигна евро-гол на првиот свој настап со Серие А EVER со свои 28 години и тоа со третиот шут кон голот на Абијати од вкупно три! Значи едноставно некогаш против некои работи не се може.

Но по подолго време после еден пораз може слободно да кажам дека имаме причини да останеме позитивни!

Следна станица, Џенова, 14 ти Септември...

FORZA MILAN!

18 comments:

Giallorosso said...

Росонер денов беше проколнат !!!!
кажи ми кој тепаше денеска од големите фаворити во сите првенства?
-Милан,Рома,Барса,Јуве,Реал,Челзи,Ливер...
сите се усраа, значи денов некој гадно го урочил и ги утепа сите обложувачи !!!
-нема човек кој извади некој денар...тоа е се, иначе нема врска дека биле тапа Милан, напротив од Рони лапнав доволно поени за да бидам на врвот во Мак Фантази Серија А :)

ReBorned said...

Дињо беше феноменален! Сеуште сум под импресии на неговата игра! на 1-1 Бразилецот им намести едно чудо шанси на Пипо, Сидорф и Шевченко. Уште тогаш требаше да го затвориме мечот!
Дињо уживаше во играта а тогаш уживаат и тие околу него и на трибините!
Сега нешто за еден фамозен потег... кога губиш дома која е логиката да се стави во игра Емерсон ака Пума?!
Или колку да се каже дека е направена измена? Впрочем која е логиката воопшто Емерсон да биде на клупата?!
Карлито Емерсон е завршена приказна, наместо него на клупата треба да седи Матиас Кардачио, момчето има извонредна визија за игра од тоа што го гледав на неколку пријателски натпревари. Треба тој да седи на клупата и да добива од тн „Garbage time“ за да може да се вклопи во тимот!
Пирло Катастрофа!
Сидорф незнам зошто толку го фалиш... Катастрофа!
Карлито се плаши да го вади Сидорф од игра!!!Супер Пипо веќе има 35 години, тој треба да биде џокер од клупата + едноставно не може да се вклопи во стилот на игра на Дињо! Шевата е бавен и катастрофален, додека не се врати во ритам не смее да игра, барем не како стартер! Единствена опција во шпицот ни е Але Пато и враќањето на Бориело кој лани покажа дека со леснотија реализира шанси!
Како резиме, одлична игра на сите три нови аквизиции. Дињо и Замбро покажаа дека играле во ист тим 2 години! Фламс беше феноменален во првото полувреме но потоа Карлито го стави во дупката од десен бек!
Доколку се продолжи со оваа игра резултатот нема да изостане, едноставно не може да се има толку лош ден пред противничкиот гол! Посебно со нетрпение го очекувам враќањето на Рики (се шпекулира дека ќе биде готов со Џенова) и на Неста (па и на Сендерос кој сметам дека треба да добие шанса покрај Неста)!
Forza Milan!

Zoki said...

TOOOOOOOOOO! :)))))))))))

Anonymous said...

Се согласувам горе-доле се со реборнд....а најмн за.....ахх....кој друг ако не ПУМАТА!
ОФ леле.....луѓе,остај што немаше контакт со топката...единствен контакт на теренот му беше кога се поздрави со The Hard-working Амбро и толку...мн лошо тоа...наместо да се стави Кардачио,кој би добил огромно искуство од еден ваков натрпевар...покрај тоа што е пораз...

Како и да е....играта што ја прикажа Милан беше феноменална...и не берам мн гајле за понатака( а не треба ни вие друшки :) )

И уште нешто...лош старт не значи лоша сезона...минатата сезона почнавме фуриозно 3-0 на гости против Џенова па 5то место на крај...така да.... No worries...

Скудетото е наше....


FORZA MILAN!!!

ludiot said...

И ја за прв пут да пишу а не само да читам.Како прво МИЛАН изигра супер значи напад имаше реализација -90% , Инзаги се изнапромаши и си искочи улегна Шева што ништо не покажа значи немога да се уклопи у тим.Пато дечко беше добар немога да се покаже много ама да га пушти малко повише да игра мислу дека ке биде супер ке се уклопи а не да га пушта 20 минута пред крај а Инзаги у стартни играчи не ми е логично , пошто Инзаги неможе да иде у корак сс РОНАЛДИЊУ много е спор. Роналдињо дечко е ѕвер значи затвори ги уста на сви што зборисва лошо дека га забравија фудбал NO COMENT . Амбозини супер изиграно борбен до крај само незнам зашто га смени и пушти га Емерсона не ми е јасно . Ок идемо даље Пирло тоталан промашај куде беше он ???????Ја не виде од њега ништо тотално ништо чиста НУЛА .Фламини ѕвер добро појачање значи борбен до коске слично како Гатузо. Замброта NO COMENT изиграно феноменално FULL супер појачање . Каладзе незнам што да кажу катастрофална грешка за прв гол. И за крај да не одогувлечују значи Болоња имаше само 3 шансе а искористи 2 од њима.Ми имасмо минимум 7-8 плус цело време напад 80 % што значи овој ????Па знае се нема реализација немамо правога голгетера тој е тој.Неможе едн Пипо да игра целу утакмицѕ пушти га на крај 20-10 минута доста му е.Ја мислу дека на ПАТО треба да му се даде поголема шанса значи од почетак едно 3-4 утакмице да се уклопи малко повише е после мислу дека ке биде гол машина :) да да . Па ке видимо на следеќу утакмицу што ке направи наш "ТРЕНЕР CARLO" .Поздрав до сви навивачи вас па ке видимо што ке биде.
FORCA MILAN!!!!!!!!!!1

Anonymous said...

Ххх.....луди не се измори од коментаров бе?хехехе...шала на страна....како е у куманово? :Р хехехех

ReBorned said...

Шала на страна баш добро ја прикажа состојбата лудиот...
И јас сум за Але Пато да добие поголема шанса и мислам дека тоа ќе се случи веќе против Џенова

Anonymous said...

Hello Webmaster, I couldn't find your e-mail adress on your blog so I will try to contact your through your comments form. I am the owner of the http://www.soccer-training-guide.com and I was wondering if you are interested in exchanging links with me? I think that my site would fit perfectly on you site. Please let me know what you think about my proposal.

Regards, Mirsad

ReBorned said...

Mirsad you are the guy of the international forum? If you want write me on reborned.again@gmail.com and i will surpass...

ReBorned said...

Среќен роденден Але и догодина да го дочекаш овој ден како актуелен носител на титулата Cappocaniere!

CurvaSud_Milan said...

После 3 дена отсуство од свемрежјето ете сум назад :)

ај со ред, римјанин ја имам 17.5 бода од кои 13.5 се Рони :) , срамота жива бев ова коло.:)

Re, го фалам Сидорф не заради тоа што создаде шанса или проигра некој од напаѓачите, туку затоа што едноставно трчаше ко робот, се бореше за секоја топка, за разлика од лани, конкуренцијата си го направи своето. За замента на Амбро со Емерсон и ја останав без зборови.

Ludi, како прво, мило ми е што си превземал иницијатива и да пишуваш, а не само да читаш :) ... второ, не дека Шева неможе да се вклопи во тимот, туку едноставно е во катастрофална физичка подготвеност, и не од самитот на нато во април, ќе се поправам, од декември месец лани кога даде 2 гола со Астон Вила нема изиграно комплетни 90 мин. Значи тоа е смрт за еден фудбалер, и ќе треба време да се покрене. За Каладзе и Замброта се согласуваме. За Пато...хммм, незнам, јас не би играл како осамен напаѓач испред Кака и Дињо, премногу е мал(физички) за таква позиција, јас мислам откривение на годината во Милан ќе биде Бориело. Идеален за таа позиција, крупен, висок, и добар реализатор на шанси(барем лани во Џенова). Шева, Пато и Инзаги ќе бидат само добри замени на Бориело.

Ultra, welcome back.

The Last Mohican said...

Сеуште сметам дека потпишувањето на Шева е грешка и нема поголема глупост од тоа да Милан да чека Шева да се врати у форма зошто не играл од питај бога кога. Значи од првиот натпревар единствено што може да се извади како заклучок и позитива е дека Роналдињо е страшен играч и дека многу нешта ќе зависат од него сезонава. Или да преформулирам, доколку не беше блескавата партија на Роналдињо, Милан ќе беше одприлика на исто натпреварувачко ниво како и лани. Одбраната е и натаму купус и е неспособна да задржи еден тим како Болоња, кој штотуку влезе во Серие А со половни играчи. А за нападот, па на толку пасови во шеснестерец да не може една топка да се боцне во гол срамота е.
Плус тоа и да ти е..м божиќното дрво тактика... Тимови од Узбекистан веќе ја имаат прочитано тактиката на месје Анчелоти. Треба да мења нешто подитно или да си оди подитно. И Фламини е најефективен во среден ред, нема потреба со него да пополнува бековска позиција, а да го внесува Емерсон да покрива во средина. ДАЛИ Е ЗДРАВ????????

ReBorned said...

Фламс беше ѕвер во прво полувреме... за него МОРА секогаш да има место во првите 11.
ОК кога ќе се врати и Рики ќе има уште повеќе простор и за Дињо... противничката одбрана нема да биде сконцентрирана само на еден од нив!

Giallorosso said...
This comment has been removed by the author.
Giallorosso said...

хахаха, коментаров не ми беше наменет за тука...
него и ја мислам дека враќањето на Шева е чиста глупост, едноставно не смее да има такви испади од еден таков светски гигант, земете го за пример Касано кој сакаше да се врати кај нас...имаа многу подобри опции за да го решат проблемот со нападот...ме чуди тоа што Киево го земаа Керлон(19), типот го имам гхледано неколку пати во националниот дрес на Бразил за до 19 год, мислам дека Пато им го има зборено на Милан токму тој...али за резултатот нема везе, и ние не изгубивме иако заслуживме да не испотепаат со 2,3 разлика.

Anonymous said...

Абе да,од таа гледна точка враќањето на Шева е без потреба.
Арно ама за некој Sheva-lover као мене тоа е еден од најубавите денови летово ЛоЛ хехехе


FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Здравия всем,

Самая стабильная [url=http://popplers.ru/]партнерка[/url] [b]Popplers.ru[/b] предлагает Вам сотрудничество на выгодных условиях. Мы покупаем ваш ру трафик по выгодным ценам. Владельцам сайтов, вебмагазинов и веб мастерам мы предоставляем выгодные условия, отзывчивую поддержку и проффесиональный подход в непростом бизнесе рунета.
отличная возможность надежно заработать, выгодная рефферальная программа, направьте ваш ру трафик в нужное русло, в русло прибыли которое принесет вам [url=http://popplers.ru/]Партнерка[/url] [b]Popplers.ru[/b] . Вывод средств в WebMoney или PayPal, возможность срочных выплат в любой день недели, персональный подход к каждому партнеру.

Цены на трафик за 1k:

DoorWays - 6у.е.
Popunder - 5у.е.
CJ - 5 у.е.
Clickunder - 4 у.е.

Ждем Вас в нашей программе!

Support: 498994074

Anonymous said...

Как говорилось на Seexi.net Как вы думаете, можно ли только на приватных уроках заработать себе на жизнь? Я переехала в Европу, и сложилось так, что в данный момент - единственный выход у меня - это давать приватные уроки. Очень переживаю, нет уверенности в завтрашнем дне. Скажите, есть ли между вас или же ваших знакомых те, коие себя обечпечивают только приватными уроками? Я тут, в новой стране, могу рассчитывать только на себя. Заранее спасибо за ответы