Translate

Monday, 18 August 2008

Почеток на убава приказна или...



Ете сум и јас после малце подолг одмор од предвидениот назад во нашата "метропола". Иако во последните 15 дена не бев спречен да ги следам сите настани, односно имав активна врска со светот преку свемрежјето(интернет на хрватски) во ни еден момент не најдов доволна инспирација за пост. И така денеска се враќам дома отоворам свемрежје и гледам на страницата на шпекулаторите(гоал.ком) "MILAN SMASH JUVENTUS". И да сакав поубав дочек назад неможев да добијам, уште кога видов дека сме играле со истиот оној состав кој прими 5 комада од Челзи, тогаш ми стана јасно дека работите тргнале во друга насока. Милан играше отворен фудбал, што се гледа и по резултатот. Шанси имаше и на двете страни но Милан беше поконкретен. Полека почнаа и да се враќаат повредените фудбалери, Инзаги и Каладзе ги санираа повредите. Тие се само дел од оние кои треба допрва да се опорават, пред се се мисли на Кака и Бориело. Не треба ни да спомнам дека Инзаги по враќањето веднаш даде гол, тоа си оди по default. :)

Сега се поставуваат повеќе прашања. Дали ова е само моментален блесок или е почеток на крајот на постот од 4 години без Скудето? Кога ќе размислам дека успеавме да постигнеме 4 гола, а при тоа во тимот да ги нема главните офанзивци како Кака, Дињо, Пато и Бориело тогаш си помислувам дека го имаме тимот спремен после неколку години повторно да атакува на скудетото. Имаме одлични бекови, Замброта, Јанкуловски, Одо... го имаме можеби најдобриот среден ред во Италија, Пирло, Сидорф, Кака, Дињо, Фламс, Џенаро... го имаме најнадежниот млад напаѓач во светот, плус третиот стрелец од ланската Серие А. Е така полека полека дојдовме до најболната точка која ако Галијани не ја реши може да не чини скапо, а тоа е дефанзивата односно потребата од нов централен дефанзивец. Само со Неста, Каладзе, Бонера(кој се повеќе ме разочарува) и Малдини неможе да очекуваме дека ќе имаме цврста одбрана. Неста е беспрекорен и тука нема дилеми, само Господ да го чува од повреди, Каладзе е ок момак али и он знае да затаи на моменти, за Бонера кажав што имав да кажам, а за ИЛ КАПИТАНО ќе кажам дека со сета должна почит и респект кон неговото дело во Милан неможе да се очекува дека ќе биде стандарден и секогаш 100% подготвен во оваа сезона. Значи очајно ни треба дефанзивец и да го комплетираме тимот кој ќе ја стартува битката за Скудетото. Доаѓањето на Дињо ја зголеми и самодовербата кај другите играчи, плус играчите како Фламс, Замброта и Абијати ги пополнија оние позиции кои беа слаба точка лани. Памтите како само лошо играше Одо лани , а лев бек ни беше Фавали!!! Додека оваа сезона се заменети со Замброта и со повторно "in form"Јанкуловски!

Значи се на се, мислам дека ја имаме добитната комбинација. Анчелоти е човекот кој што сакав да остане и остана, затоа што сметам дека голем дел за ланските резултати не беа негова вина, туку едноставно немање на човечки ресурси. Годинава му е сервиран тим спремен за успеси, сега Карло е на потег. Може сум претеран оптимист, но тим со двајца најдобри играчи во светот од кои едниот моментално, плсу со искусна и многу квалитетна екипа околу нив едноставно неможе да не успее!

ФОРЦА МИЛАН!!!

32 comments:

ReBorned said...

Имав можност да го гледам синоќешниот натпревар и морам да кажам дека беше игра по ноти! Јуве настапи со најсилниот состав (освен Буфон) додека Милан настапи со тие што им се на располагање. Вистински фантастична игра на целиот среден ред, игра убава за око од прва... гостите не можеа да видат каде е топката освен во неколку инцидентни ситуации. Фламини играше онака како што се очекува од него... го покриваше секој дел од теренот, Сидорф игра се позастрашувачки (асистент на два гола) а Амбро играше како вистински капитен. Ова го зборував и по доаѓањето на Фламини, ќе го кажам и сега... од средниот ред најблизу до клупата е Гатузо. Покрај недопирливите Пирло и Фламини доколку Карлито се реши да игра поофанзивно ќе игра Сидорф во спротивно МОРА да се најде место за Амбро во стартните 11. Бековите беа одлични особено Јанкуловски кој и го постигна scream-ерот од работ на шеснаесетникот. Амбро го измести голот при постигнувањето на вториот гол по асистенција на Сидорф. Супер Пипо влезе во игра во второто полувреме и му беа доволни само 6 минути за да го направи она што најдобро го знае, да постигне гол (по уште една асистенција на Кларенс). Акцијата за четвртиот гол на Милан ја започна младиот Вуидез кој додаде до Супер Пипо а овој ја продолжи до Амбро кој постигна уште еден scream-ер, едноставно да не знае човек кој е поубав гол од првиот на Јанко и овој последниот на Амбро. Одбраната и покрај тоа што централно играа Бонера и Фавали беше на солидно ниво. Абиати кој го одигра само првото полувреме внесува една извонредна сигурност на голот и без дилеми тој треба да е првиот избор.
Се на се... одлична игра на Милан како реализаторски така и за око!
П.С Ако продолжи во ист стил Кларенс па и Амбро навистина незнам како ќе се формираат стартните 11 ако треба да има место и за Дињо и Рики!

CurvaSud_Milan said...

Ќе биде интересно да видиме како ќе го изведе тоа Анчелоти. По мое мислам дека Амбро, барем за почеток, ќе ги потисне и Фламс и Џенаро на клупа, па ќе играат Амбро, Пирло, Сидорф, Кака и Дињо плус еден напаѓач. Во таква ситуација остануваат Фламс и Џенаро на клупа, а јас не памтам кога Милан послден пат имал така квалитетни играчи за замени.Плус тука е Емерсон кој конечно се опорави од повредите и е спремен за настап. Значи работите се движат во друга насока... Но сезоната е долга, ќе има доволно место и за Фламс и за Џенаро. Но останува тоа дека мора да се купи уште еден дефанзивец за да биде све комплетно. Има шпекулации за Стендардо, тоа баш и не ме израдува али како што викаат северниве соседи "бољи ишта него ништа".

Да се разбереме,не мислам дека ова е тим од кој може да се очекува дека во наредни 5-6 години ќе биде успешен и доминантен, но мислам и скоро сигурен сум дека сме многу блиску до Скудетото за оваа година, а за наредни години ќе му ја мислиме понатака. :)

Anonymous said...

Друже добар пост,
-Што се однесува до натпреварот,бев удостоен само со high-lights но тоа беше сосема доволно за да ја отслика ситуацијата на теренот.

А за дилемава(може и трилема :Р ) ама ич не се секирам...пошо..годинава си играме у УЕФА куп (=D) што значи дека скоро сите играчи од моменталниот состав ќе добијат подеднаква шанса.
А за нов дефанзивец нема што многу многу да се збори....МОРА ДА СЕ ЗЕМЕ НЕКОЈ!А со оглед на фактот дека има уште 12 ипол дена до истекот на преодниот рок тогаш тоа значи дека треба се убрза работата.

ОДИМЕ КОН СКУДЕТОТО! ФОРЦА МИЛАН!

Giallorosso said...

Карло пак им покажа среден прст на Јуве(не буквално овој пат резултатски :D), иначе според тоа што го гледам на ОИ од Рони можете да бидете среќни, ако не сеа после полу сезоната сигурно се врака во ритам.Карло најавува дефанзивец но само од светска класа.

П.С-да не знае некој кога Кака точно ке се опорави??- зошто го земав за Фантази лига :)

CurvaSud_Milan said...

Кака не се знае кога ќе се опорави, а можно е да станува збор и за хронична повреда на коленото, и никогаш 100% да не опорави, од тоа најмногу се плашат докторите, затоа и не се брза со враќање. А за Рони знаевме дека така и ке биде, затоа и го земавме.:)

На која fantasy си го земал? Има и за Серие А fantasy игра?

Giallorosso said...

http://us.seriea.fantasysports.yahoo.com/
код-1045
можеш да се регистрираш, заразлика од Англиската оваа е без резерви

Giallorosso said...

и притоа можеш да ставиш колку сакаш од Милан, нема ограничувања.

Anonymous said...

Римче,јес да е малце задоцнето али....Бог да го прости Сенси :))

ReBorned said...

Да Да... лесна му земја на Сенси... никогаш не сме имале проблеми со него и воопшто со Рома како тим. Ќе остане запаметен на Олимпико а ќерка му продолжува по неговите стапки.
Околу Фентази на Калчо најубаво одете на:
www.antigobbi.blog.com.mk таму има се што ви треба :)

Giallorosso said...

сега не се знае дали фамилијата Сенси ке продолжи со водењето на клубот, сепак Франко ги финансираше сите потреби на тимот.Ри, Франко секогаш беше добар пријател со Берлускони,Морати...едно време Моџи беше финансиски директор во Рома, најверојатно уште од тогаш ги почнал неговите матни работи затоа и Франко го избрка и дојде до недоразбирање мегу двата сопственика на тимот.Дали сега Сорос ке се реши да достави понуда за целосно откупување на тимот ке видиме.

R.I.P. il presidente

Navigator said...

гледам малку забегавте од темата на постот ама нема врска вреди да се спомни величина како Franco Sensi..btw сочувство и од мене за сите фанови на Рома и семејството.
инаку за утакмицата веќе праев муабет со креаторот на постов ама сакам пред сите да кажам со мислам јас за дебаклот на Јуве :))
знајте сите колку сакаме да го делкаме тој клуб и едноставно после ваква победа над Јуве се осекам екстра едно недела дена..ми се бендиса ептен тој среден ред што во претходниот пост го искритикував во смисла на тоа како беше составен и уствари се уверив во една работа а тоа е дека кога секој играч си ја зазема неговата позиција никој на никој не му смета па ако сакаш стави и 5 деструктивци во средина..проблемот на минатата утакмица беше во пренатрупаноста на центарот а Seedorf играше далеку поповлечен..во саботата Mathieu беше тој што "кршеше нозе", Gattuso играше подесно, Ambro трчаше дури и во секоја полуконтра, а Seedorf конечно заличи на attacking midfielder.За Pirlo не ни треба да се збора нешто перфектен како стално.Ме изненади Pippo со голот и ќе му посакам да му се множат :)
Уште за бековите да кажам дека беа феноменални и конечно почна да се осеќа колку сме опасни од по страните..за другите играчи нема да зборам веќе имам кажано се шо имав за сега..полека играчите се враќаат и повредените и оние што се на екскурзија во Пекинг..Pippo и Kakha се фит, а ептен ме израдува отимизмост кај Puma за многу скоро враќање..го чекаме уште "дефанзивецот од светска класа" на Carlo и веќе тој е на потег да го сложи тимот кој треба да го освои скудетото..редно е веќе

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

влатко..ке забораев да ти кажам дека не ти треба тоа "или..." во насловот..сигурно е почеток на една убава приказна долга колку една сезона :))

Anonymous said...

Ххх...навигатор...само една сезона? :P хехехе

Anonymous said...

Здраво тука е еден голем фан на Милан и бифш блогер на тема Милан. Ако сте оделе на блогерајот и сте го сретнале san siro тоа сум бил јас.
Гледам супер ти е блогов и имам едно прашање оносно предлог. Вака дали би сакал заедно со мене во Македонија да одржуваш официјална македонска страна на милан. Пошто имам дизајнерски познавања јас ќе се грижам за дизанот и форyмот.. а ти и уште едно мое приателче ќе се грижите за текстовите.
Па шиши јас чекам ако сакаш да ме контактираш ljupcozlatev@gmail.com

MilanNiks said...

Па шиши.... :)))))))))

The Last Mohican said...

а бе дечки... некој се заебава овде??? А бе каков Емерсон, каква Пума, нека пакува куферите и да не се врати више. Па зарем на тоа дереџе дојдовме, да му се радуваме на враќањето на Емерсон од повреда??? На играч за кој што уште не ми е баш најјасно што мајка баравме да го купуваме... Ни увалија Реал половни играчи, а нас лиги ни потекоа и шо испадна на крај? Дебелиот страдаше од мистериозни повреди, додека конечно не го повреди коленото, па после се префрли на ковање травестити у Бразил и нашиве конечно решија да го баталат, а Пумата, тој па сиротиот и тие 2-3 утакмици што ги одигра за Милан, само бастум му фалеше... И сега ми го спомнувате ќе оздравел од повредата. Што ќе оздравува на 35 години, нека се пензионира или нека го пуштат и него нека си најде некој клуб каде што ќе си ја заврши кариерата... Па го дадовме Гуркуф на позајмица, а кого држиме... Емерсон, кој допрва ќе се враќа од повреда, Броки кој ни у Ливорно не би го држеле, Фавали, алооооо.... Не ми замеравајте ама јас стварно не можам да го делам оптимизмот кој го имате сите... Едноставно не можам да бидам оптимист дека ни претстои успешна сезона со тим кој што досега ниеднаш не се собрал заедно да одигра една утакмица, за да дадеме објективна оценка. За поразите се тешиме со тоа дека ни фали нападот, што е донекаде оправдано, ама сепак никој од нас не знае како тој напад ќе функционира. Роналдињо, има неспорни фудбалски квалитети ама имаше лани тешка и очајна сезона, а и сеуште е далеку од таа форма во која сите ние сакаме да го гледаме и тоа е факт. Кака исто не е во форма... хронична повреда на колено, чести паузи додека ја санира, така да според мене, ако тоа дефинитивно не се среди и он ќе има проблем да се врати во форма и да задржи континуитет. Мене ми е страв да не ја поминам сезонава во исчекување да профункционира Милан 100 процентно. Како тргна работава, Неста повреден, Кака исто, Бориело исто, голманиве купус (за сега само Абиати го признавам), дефанзивец не се купува, со напаѓачи е сумњиво, имајки предвид дека и Пипо често се повредува, клупата ни е драма... Фавали, Броки, Пумата, Калач, Дида... Леле мајко од овие измени нозе им се тресат на клубовите низ Италија. Уште некој погоре прогнозираше дека и Фламини во конкуренција на Гатузо и Амброзини ќе бил резерва. Е уште тоа да се деси ќе почнам карлинг да гледам :)

CurvaSud_Milan said...

Мохикан секогаш е тука да не олади малце :) ... Друже, не е се така црно како шо мислиш. Да точно , го држиме Фавали, ама кога ќе заигра Фавали во конкуренција на Јанкуловски, Замброта и Одо? Го држиме Емерсон, ама кога ќе заигра Емерсон во конкуренција на Гатузо, Фламини, Пирло и Амброзини?
Го спомна Калач, кога ќе заигра Калач повторно кога Дида се враќа по повредата, а Абијати скоро има обезбедено место прв голман?
Фламини кажав зашто може да биде замена, затоа што реално првата постава би се формирала со Амброзини, Пирло, Сидорф, Кака и Дињо плус еден напаѓач. Дињо полека ја фраќа формата, не е лесно после 5 месеци неиграње фудбал набрзина да се врати. Напред ги имаме Бориело кој се враќа за брзо, отприлика 2 недели и Пато. Можеби, не можеби туку сигурно ова не е тим од кој може да очекуваме неколку годишна доминација и успеси,пред се заради годините и на новодојдените играчи, но мислам дека барем за оваа сезона склопивме една компактна и квалитетна екипа од која може да се очекува борба за Скудето.



...Другар"anonymous" или другар Љупчо :) пред се здраво.:) Значи по текстов приметив дека не си запознаен со една работа која е во тек, а тоа е иницијативата за формирање на фан клуб на Милан во Македонија. Јас пред неколку месеци покренав иницијатива за формирање на фан клуб. Се пријавија многу фанови тогаш, но заради X причини, од која најголемата беше што тоа беше период кога завршуваше сезоната официјалното формирање не се случи и беше одложено за почетокот на новата. Значи сега во тек се подготовките и планот е некаде во Септеври да се случи официјалното формирање на клубот. Една од целите е и претворање на блогот во веб страна. Сега за да те запознаам малку повеќе со целава работа ќе ти пишам два линкови.

http://milanfansmkd.blogspot.com/2008/04/blog-post.html

http://milanfansmkd.blogspot.com/2008/04/blog-post_14.html

Првиот линк е за иницијативата, вториот за првиот собир што го направивме, скормно, 10 луѓе, но тоа беше само почеток.

Инаку што се однесува до блогов, не пишувам само јас туку сме екипа од 6 луѓе. Јас, Мохикан(кој го има отворено блогот), МиланНикс, Навигатор, Ултра и Реборнд.

Значи мислам дека горе-доле те упатив во све, се надеваме ќе се приклучиш, а идејата за веб страната е како што кажав една од целите, па се надевам заеднички и ќе биде реализирана.

Поздрав

ReBorned said...

Доколку сум во право сметам дека Анонимус (или Љупчо) се обрати на мене затоа што јас го упатив на оваа страна на блогерајот.
Љупчо, како што беше претходно споменато овој блог е формиран од Мохикан но како што беше претходно наведено има повеќе луѓе кои пишуваат постови и кои се чувствуваат блиски до црвено - црната светост!
Доколку ти имаш дизајнерски познавања и доколку сакаш можеш да ги ставиш во прилог кон формирање на една веб страна на која би била опфатена историјата на Милан и самото здружение. Јас претходно бев уредник на една веб страна на македонскиот интернет етер па те уверувам дека оној текстуалниот дел ќе биде на ниво. Околу текстови, можеме да контрибуираме сите.
Ова е само некоја првична замисла, се друго би можело да се конкретизира и дефинира при формирање на здружението и при средба тет а тет на сите членови.
----------------------------------
Се согласувам со Мохикан. Да се фрлеа уште Пумата (никогаш не сфатив зошто го викаат така), Броки и Фавали... ова ќе беше перфектна сезона на трансфер план! Многу сум загрижен околу таа повреда на Рики. Повторно се појавија шпекулациите за наводните 100 милиони евра од Челзи. Милан НИКОГАШ не ги продава своите ѕвезди па сигурен сум дека и ова сега е само новинарска шпекулација. Сепак, доколку таа повреда на Рики (која ја влече веќе цела година) навистина стане хронична... нема да биде чудно доколку за една година од сега се прифати таа понуда на Челзи (која доколку Рики не се опорави целосно сигурно ќе биде далеку помала).
Ван Бастен, Редондо, Рики, Роналдо... има еден куп примери што покажуваат дека судиите треба да ги заштитат офанзивците! Од сите фаули над Пато минатата полусезона преку 90 % беа директно на нога кога топката беше во фор и повеќето од зад грб! Така се повредуваат офанзивните фудбалери и така се создаваат хроничните повреди!
Треба Колина малку да ги истегла за уши неговите подредени... вака се уништува убавината на фудбалот!
Forza Milan!

ReBorned said...

Rossoner линковите не ти се во ред...

Giallorosso said...

Шева ви се врати!!!!!На позајмица али добро следната ке имате опција да го откупите....али има и една лоша вест, Кака ако не сезонава, следната се сели во Челзи, што со 120 милиони добиени од него ке треба многу паметно да се искористат, иначе добар потег ке биде ако го пуштите Кака кој нон-стоп има проблеми со повредите а воедно и не се добиваат секој ден толку пари за еден фудбалер.

Anonymous said...

Хх...уште не е официјално али гооолема е веројатноста и тоа денес одекна таа вест :)
Во изворот од Газета Дело Спорт се вели дека Берлускони и Абрамович се сретнале у Villa Certosa-Сардинија и дека таму паднал договорот.Изворот оди и до таму,што се вели дека и Шева ќе ја земе 76-ката -како неговата година на раѓање(нешто што очигледно стана тренд во Милан по Дињо,Фламс...)

А ти Римче,да си ги прибереш малце другарчињата-Романисти од Италија,пошо на погребот на сега веќе покојниот Сенси ни го нападне Чичко Фестер хD -Им сметало тоа што никад не се сретнале порано...па добро е мајко му стара чоек да не може почит да одаде...ако е така и Баптиста беше на погребот а дечкото уште не истрчал едно крукче околу стадион :)

За да биде апсурдот уште поголем...и поранечшнот играч на Јуве и Бари -Конте бил нападнат додека си го ладел на плажа со фамилијата од навивачи на Лече кои(ова морам да го спомнам хихи)имале маици на кои пишувало: "Ti oddio bari" -добро знаеме што значи ова :)

ПозЗ

ПС:Сакам иста таква маица само да пишува место Бари,Интер! :)))

Anonymous said...

И бај д беј.... 2 работи не давам....Името...и КАКА!!! :))

Giallorosso said...

не настрадал само Галијани, туку и Морати и Ѓили не биле добро пречекани, сепак ова е Италија а не некоја шминкерска земја, да се разбереме :).Колку добро ке ви дојде само продажбата на Кака, со тоа Шева е веке 100% ваш, ке ви го пуштат и Иванович, а со остатокот од парите се носат Росина,Кварезма,Хунтелар(или Аде) и Диего, само вакви типци ке ве спасат,т.е квалитетни фудбалери од слаби клубови.

Anonymous said...

Хммм...ми се допаѓа мн како мириса тоа....посебно Хунтелар И Кварезма :D
Ама сепак....јас си останувам тврдоглаво на своето...КАКА НЕ ГО ДАВАМ(Е) :))

А иначе ако Челзи ни ги пуштат Шева и Ивановиќ тогаш гооолем дел од работата околу заминувањето на Кака ќе биде завршена

ПС: Ставам на предлог да се воведе/врати рубрика со анќета-да живнеме малце нели :)

Предлог прво прашање: Зошто Емерсон го викаат Пума ЛоЛ

ReBorned said...

Ама нели?! Мене поимот ПУМА ме асоцира на нешто брзо, безкомпромисно, офанзивно... ниту еден од тие зборови не можам да ги поврзам со Емерсон!
Околу Рики... јас лично не би го менувал Рики за ниту еден фудбалер на светот! Читав на еден Милан форум некој се осмелува да вели дека добра замена за Рики е К.Роналдо?!
Покрај никаквите човечки и карактерни квалитети на Роналдо на мене лично и на Милан му е потребен фудбалер кој може да реши натпревари против Интер, Рома, Јуве, Ман УТД или Реал Мадрид! Сите добро знаеме дека К.Роналдо е многу јак против Фулам и Бирмингем... каде е во дерби дуелите?! Доволно е да се потсетиме на дуелот против Милан во полуфинале од ЛШ пред 2 сезони! А ги има многу такви партии од Роналдо во дерби дуелите!
Е сега... ако таа повреда навистина стане хронична... најдобро за Милан како екипа е да ги зграби парите за Рики со двете раце но следното лето во овој период. Од друга страна доколку Рики не успее да се опорави сезонава сигурно сумата нема да биде иста! Значи се на се...
Forza Ricky! Forza Milan!!!

Giallorosso said...

убаво кажа Ри, значи се на се ке мора да ги соберете парите од party breaker-от Роман, и да се поздравите со Кака, кој после Паоло ми е најомилен во Милан, и да ги вложите во нешто приближно до квалитетот на Кака.Не е човечка споредбата мегу Роналдо и Кака, разликата мегу овие е огромна, а вербата е една од причините што Кака го достигна ова ниво, додека алчноста и лицемерството Роналдо сезонава ке ја изгуби наградата за најдобар во 08`, а со тоа ке заврши нешто слично како Шева кој ги има истите карактеристики.

Giallorosso said...

сакам да кажам дека кога ке замине во Реал ке сака да се врати пак во Ман.Ју, зошто истото ке му се случи како и на Шева.

Anonymous said...

КАКА THE BEST!


К.Роналдо не може на КАКА да му се фати ни за крампонката од левата копачка,а богами и десната :D

Нема што да дискутирам мн мн...се согласувам со реборн....НЕ БИ ГО МЕНУВАЛ КАКА ЗА НИКОЈ ДРУГ НА СВЕТ!

А за пумава ке видиме со ќе правиме....римче ти да не знаеш нешо за тоа?да не го добил никот коа трчкал низ Рим :))

CurvaSud_Milan said...

Го склопив тимот за фантази. Многу ќе бидам јак пошо и милан ќе биде јак! :) ...Reborned другар добри се линковите сеа ги пробав, ај try again later. :) ...

ReBorned said...

Линковите сега се во ред... незнам што им било преѓеска :)
И мојот тим на фентази изгледа по многу работи би се поклопил со оној на Росонер... така чувствувам
П.С Аууу натпреваров против Луксембург екстра досаден... 3 гола ама игра како на тренинг!

ReBorned said...

И ОФИЦИЈАЛНО:
Шевченко се враќа во Милан!
Искрено незнам дали да се радувам или не!
Сепак, по одложувањето на враќањето на Рики можеби ова и не е баш лош потег... како и да е навистина незнам како да изреагирам?!

CurvaSud_Milan said...

Добредојде назад Шева. Колку и да има негативни критики околу овој транфер јас му се радувам, едноставно играчот го обожавам и грешката која ја направи, а ја направи заради жена му мислам дека треба да му биде простена од сите фанови на милан низ светот. Едноставно не отиде заради парите(милан му понуди договор од 8 мил. годишно Челзи од 9 милиони евра годишно) едноставно отиде по женски памет и згреши. Сепак мислам дека со добра физичка подготовка мислам дека на Шева му претсојат барем уште 2 добри сезони. Кога можеше Круз на 33-34 години да биде во врвот на стрелците во Италија тогаш за Шева не се ни сомневам. ... И да не го заборавиме мотивот кој ќе го има кога повторно ќе заигра.