Во второто полувреме на местото на Палоски во игра влезе новата аквизиција од Уругвај Табаре Вуидез. Дечкото е роден 1989 година и има ветувачка техника и брзина. Иако не покажа ништо посебно синоќа (немаше топки за него) сепак може да биде одличен во иднина. Најверојатно сезонава ќе ја заврши или на позајмица или во Примавера. Другиот уругваец, Матиас Кардачио остана на клупата во текот на целиот натпревар.
Како резиме, очекуван пораз на Милан. Сепак тоа не е она што најмногу ме загрижува. Најмногу ме загрижува тоа што имаме едно чудо повредени фудбалери а Пато и Дињо од Олимпијадата директно ќе се вратат за прво коло. Значи без ниту еден заеднички тренинг со целиот тим. Големо прашање е каква ќе биде кохезијата помеѓу Дињо и Рики (ако успее да се рехабилитира дотогаш) и воопшто помеѓу целиот тим. Рики, Неста, Бориело, Пато и Дињо ги пропуштаат целите подготовки.
Последните неколку денови се врти една вест која искрено ме радува и се надевам дека ќе доживее своја реализација. Бранислав Ивановиќ е името што се поврзува со Милан. Член е на Челзи каде што дојде од Русија во Јануари за 13 милиони евра но сеуште не дебитира за лондонскиот тим во конкуренција на Тери, Карваљо и Алекс. Иако е висок 188 цм одлично се снаоѓа и на позиција на десен бек и DM. Значи еден универзалец кој сепак ни треба за болната централна позиција пред голманот. Неста е повреден и не се знае кога ќе се врати а проблеми со коленото има и Каладзе. Значи повеќе од потребен ни е еден млад дефанзивец. Се шпекулираат имињата на Ивановиќ и Алекс Силва од Сао Паоло (за него пишував во еден претходен пост). Моја лична желба е Ивановиќ. Најверојатна опција е позајмица до крајот на сезоната (2 милиони евра) со опција за целосен трансфер за 10 милиони евра. Факт е дека ни е потребен ваков фудбалер во тимот. Со евентуалната негова аквизиција и добар здраствен билтен мислам дека може да се случи...
П.С Нашиот Јоан Гуркуф со извонредно деби за Бордо! Одличен гол со шут надвор од шеснаесетникот + асистенција до Кавенаги за пресврт на неговиот тим и победа од 2-1.
19 comments:
Moeto mislenje ne go menjavam za Adebayor, bolje ke bese i za free da go dadevme! Ednostavno ne mi se sviga igracot, a ti toa so go potencrase na mojata poraka posle mechot, bese cista zaebancija, za da gi popalam ovie od blogov, i zatoa na kraj pishav " HAHAHA" pozz, vrapcinja..I sramota od bugari da primate cc! :D
I ultra-vrapce, ne sum cel den nemaj gajle!
Уште една "мудра" констатција.....
Енивеј...ке се осмелам да те прашам зоки каква врска има од која националност е Божинов?Тоа го прави лош играч?Па добро бе....Арсенал беа(а можеби и сеуште се)во трка за Албанскиот капитен Љорик Цана...и?сеа што значи тоа?Дека е лош играч?дека Арсенал незнаат што е добро?апсурдно....
Од брзање заборавив...Реборн одличен пост(како и секогаш)кој во кратки црти одлично ја опишува моменталната ситуација во тимот како и вчерашниот натпревар со Сити
ПозЗ
Ok ultra-vrapce! begam od blogov, KAKOV SAMO MIZEREN TIM!!!!!!!!!!!!!!!!
Природата знае да направи грешки, за жал(или за среќа) една од нив си и ти.
...Моменталната ситуација во клубот е таква каква што е. Но од 5 располжливи напаѓачи(заедно со рони) имаме на располагање само еден и тоа најмладиот, најнеискусниот и да не речам најнеквалитетниот. Значи со таква состојба и неможемногу да очекуваме. Здравсвениот билтен е многу битен услов за успех на еден тим. Со повредени клучни играчи многу тешко може да се успее. Сетете се само пред 2 сезони кога на Челзи му беа повредени Тери и Карваљо. Примија 6 гола на 3 натпревари по ред од тимови од рангот на Ридинг и Фулам и благодарение на тоа ја изгубија титулата. Ако Неста не успее да се врати на време, или недај боже да треба да прави операција(а постои можност) тогаш ќе треба под наитна постапка да се ангажира дефанзивец, а ако и тоа не се случи тогаш лошо ни се пишува.
Значи не зависи се само од тренерот, има некои работи кои не се во негова моќ.
Што се однесува до Рони и Кака заедно, верувам дека анчелоти има концепт како да ги вклопи. На крај краева Рони може да игра и како напаѓач што значи би требало лесно да се вклопи.
Значи како што кажа реборнд, и јас го мислам истото, со добар здравствен билтен MILAN IS READY TOA EAT SERIE A!!! :)
...navigator WELCOME BACK :)
Имав можност да го гледам натпреварот помеѓу Сити и Милан синоќа и можам да кажам дека Милан беше солиден (да не речам и подобар тим) се до примениот гол. Потоа Милан не играше ништо ама ништо посебно не одигра ниту Сити. Тоа што нема офанзивни фудбалери во тимот моментално (без разлика дали станува збор за напаѓачи или офанзивци од средниот ред) прави противничките тимови да се чуствуваат многу посигурни назад и со одбраната да одат дури до центарот на теренот што од друга страна им овозможува да направат вишок напред и да вршат константен притисок врз ровката одбрана на Милан! Токму тука е врската меѓу примените голови и немањето на (по)квалитетен фудбалер напред!
Поздрав
Првата и не многу битна работа шо сакав да ја искоментирам за денес е официјалното повлекување на респектираниот Зоки од блогов..ciao мајсторе ке ни фали твојата патетичност;
Втората и многу поважна работа е околу утакмицата со City..незнам кој од вас имаше прилика да гледа барем highlights ама јас имам впечаток дека се работи за не толку лоша партија со неколку добри шанси и старата болка - реализацијата..на градски во манчестер немаше којзнае каков фудбал туку напротив шо значи просечна ланска утакмица на милан..ако ги занемариме повредите и отсуствата на неколку подобри играчи ќе ни остани една екипа од која реално не ни можиме да очекуваме победа против солидна екипа..затоа воопшто немам замерка за првата реченица од постот која рака на срце ич, ама ич не ми се бендиса..имам навика после секој пораз на омилената екипа да барам некој кривец и едноставно да си разјаснам сам на себе зошто Milan изгуби..е овај пат имам проблем зашто и ден после мечот неможам да најдам никој онака да се истурам на него..порано најчесто Carlo го пикирав ама денес стварно не смеам да кажам ни еден лош збор за чоекот..едноставно немаше избор за друга формација или состав..одиме со играчите:
Dida - солиден и никаква замерка за голот, ваљда ке се врати во форма за да имаме резервен голман;
Одбраната изгледаше добро кога прв пат ја видов формацијата па и добро испадна и на терен, нормално дека уште подобро би изгледала со Nesta i Ivanovic ама има време и за тоа
Средина..хмм..е тука нешто не беше во ред..ни во сон заедно не би ги ставил Rino, Ambro i Flams..едноставно ужас
Напад немаше така што нема потреба да се коментираат шансите на оние кои изиграваа напаѓачи Paloschi и Seedorf
Viudez немаше и некоја шанса за докажување иако е супер тоа што влезе во игра..морам да признам дека го делам истото мислење со Reborn за Abbiati а за соработката меѓу Kaka i Dinho ама бас ич не се секирам..Ivanovic ке заврши огромна работа ама сепак сум на ставот дека напаѓач моментално ни е повеќе од неопходен
FORZA MILAN SEMPRE CON TE!!!
P.S. за Gourcuff имам да кажам само еден збор - ШТЕТА
Navigator... пишав во коментарот претходно. Го гледав целиот натпревар, Милан не одигра ништо посебно ама исто и Сити. Првата реченица ми беше таква поради тоа што навистина го очекував поразот. За во нападот мислам дека ќе бидеме во ред со здрав Ка-Па-Рињо тандем! Воопшто, сезонава најмногу очекувам од Пато. Сметам дека тој ќе експлодира! Од друга страна, воопшто не сакам ни да помислам да влеземе во новата сезона без уште една аквизиција назад во одбраната! Едноставно не можеме да се потпреме само на фитнесот на Неста, Каладзе, и Ил Капитано. Неопходен е уште еден назад!
Поздрав
Па одкога ги видов high-lights да ви кажам право и мене ми стана јасно каков Милан играл на теренот.....а комплетно се согласувам со Навигатор за средината!Мислам..Фламс,Рино,Амбро...поготово првиве двајца...доста касапски делуваат па у 3ка незнам што би правеле на теренот заедно,а кога на ова ќе му го додадеш и Пирло и тогаш не оди на арно....сепак мислам дека отсуството на играчи е причината за ваквиот среден ред а и за моменталната форма.Иначе сигурен сум дека Анчелоти ке направи хармонија помеѓу тројцава горенаведени деструктивци,и тогаш средниот ред(според многумина најдобар во Италија)ќе изгледа многу поубаво.
А за Горкуф?па сеа....само можам да си замислам како добро би ни дошол сеа во една ваква ситуација со повредените играчи...но сепак...има гооооолема разлика помеѓу Милан и Бордо,така да не сум изненаден што дечкото уште во првото коло ги покажува неговите неспорни квалитети. :)
ПозЗ
коментарот го пишував сат и пол :) зашо имав некои други обавези а во меѓувреме ти го напиша твојот и затоа не се разбравме за гледањето..nvm
да не се разбериме погрешно околу првата реченица..апсолутно ти е на место само шо мене воопшто не ми се бендиса кога ја прочитав..обично не сакам да читам реченици со таков контекст за мојот омилен клуб ама јебига коа се игра лошо се пишува лошо..ваљда ке биди последен пост кај што ке мораме да критикуваме :)
FORZA MILAN E SOLO AVANTI!!!
Gledam deka i porazite veke vi se ocekuvani...napreduvate :)
ahhhh Gourcuff...Gourcuff...Kolku podobro ke mu bese da dojde vo Arsenal...ali toa ti e...sakase Milan i eve kaj e denes!
Pozz,
Monkey
A.C. MILAN OFFICIAL NOTE
8/11/2008
MILAN - A.C. Milan communicate that an agreement has been found with AS Monaco FC for the sale of the footballer Dario Simic to AS Monaco, a team who play in the highest French division. Tomorrow Simic will be in Monaco to undergo the usual medical checks
Значи и официјално си оди Шимич,и со ова уште повеќе се зголемуваат шансите за евенуалното доаѓање на Ивановиќ.Дури и одредени медиуми одат до таму што претпоставуваат дека трансферот би се случил до вечерва на полноќ.Ако е така според овие медиуми Ивановиќ ви дошол на позајмица со можност за откупување на целосниот договор.
Искрено се надевам дека ова ќе се оствари затоа што во моментов Ивановиќ ни е и повеќе од неопходен!
ПозЗ
Пишував и во постот... момчето беше сметано за еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа кога потпиша со Челзи. Беа заинтересирани и Милан и Јувентус. Но откако дојде во Челзи не успеа да се избори за минутажа па сметам дека оваа позајмица потполно им одговара на сите 3 страни. Ивановиќ ќе добие шанса за нов старт во кариерата, Милан ќе ја покрие празнината во одбраната и ќе ја освежи а Челзи нема целосно да се откаже од својот фудбалер!
ивановиќ не одигра ни една единствена минута минута на официјален натпревар за Челзи, а не да зборуваме за некоја минутажа..и тој сам беше незадоволен од клубот така да идеално изгледа за сите позајмицата со можност за откупување..а за Шимиќ се осеќаше од лани дека ќе сака да си оди што е пак најдобро решение
ARRIVEDERCI E GRAZIE DARIO -
BENVENUTO BRANKO
Ај еве уште нешто официјално...
Дигао-помалиот брат на сеуште актуелно најдобриот играч на светот следната сезона ќе ја помине во Белгискиот Стандард.
Со ова и заминувањето на Шимиќ уште повеќе се додава масло на оганот околу евентуалниот ангажман на Бране :D
епа по се изгледа маслото не успеало доволно да го загори огнот, Иван останува на Стенфорд.Галијани во Милано се врака со празни раце од Лондон, не е постигнат договор, ке мора да се насочите сега кон нов дефанзивец, иако Иван и те како добро ке му дојдешена Милан.
Јбг-се изјалови работата
Ај се надевам деќа ке земеме некој :)
FORZA MILAN!
Цела работа застана околу клаузулата што Милан сакаше да ја има... Милан нудеше 2 милиони евра за позајмицата и сакаше да има опција да го откупат целиот договор на Ивановиќ доколку се задоволни од него во текот на позајмицата. Се шпекулираше за сума од 10 милиони евра за целосно откупување. Челзи не се согласил околу таа клаузула и токму поради тоа пропаднале преговорите.
Сега очекувам пак да се донесе бразилец... Алекс Силва најверојатно!
Post a Comment