Translate

Friday 29 August 2008

Рекапитулација

На само 2 дена до затворањето на популарниот трансфер "прозорец"дојде време и да ја согледаме и проанализираме работата на ќелавкото за овој транфер период или прозорец. По неуспешната ланска сезона како на домашен така и на меѓународен план алармот засвире кај раководството. По поразот од Наполи и неуспехот да се избори место во првите четири на табелата беше јасен знак дека нешто мора да се менува. Обично во таква ситуации прв на листата за клоци е тренерот, но во нашиов случај тоа не беше така од едноставна причина што тренерот имаше сосема логично и за многу фанови оправдано објаснување за таквиот резултат, а тоа е немањето на доволно добри човекови ресурси или таканаречени фудбалери. Тоа очигледно му беше јасно и на Галијани, па и на Берлускони и затоа веднаш не посегнаа по главата на Анчелоти туку се потрудија да најдат соодветни засилувања и на Карло да му дадат уште една шанса.

Се тргна некаде во Мај, кога ќелавкото успеа да ги договори услугите на Матие Фламини од Арсенал и при тоа да го искористи моментот дека на Фламс му истекуваше договорот и не беше платено никакво обештетување. Значи високо квалитетен defensive midfielder за "без пари". И тука тргна караванот на засилувања...
-Матие Фламини(Арсенал),24 , без обештетување
-Марко Бориело(Џенова), 25, откупена другата половина од договорот која ја поседуваше Џенова, околу 7 милиони евра
-Џанлука Замброта(Барселона), 31, околу 8.5 милиони евра
-Гаучо Роналдињо(Барселона), 28, 21 мил. евра
-Андриј Шевченко(Челзи), 31, необјавена сума
-Кристијан Абијати(Атлетико Мадрид), вратен од позајмица
-Лука Антонини(Емполи), вратен од позајмица
-Филип Сендерос(Арсенал), едногодишна позајмица
-Матијас Кардачио(Национал Монтевидео,Уругвај),21, необјавена сума
-Табар Виудез(Дефензор Спортинг, Уругвај),19, необјавена сума

Ова се засилувањата за претстојната сезона, со можност за промена во наредните 60 часа.

Вкупно на број се 10, 4ца од офанзивниот ред, 3 од дефанзивниот, плус 1 голман, и 2ца од средниот ред.

Мое согледување е дека ова се сосем солидни, да не речам одлични засилувања какви што заслужува клуб од рангот на Милан. На голманската позиција го добивме Абијати, кој според многумина, а најбитно според Анчелоти конечно го достигна она ниво кое е потребно за да се биде прв голман во Милан. Имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид и тоа очигледно Анчелоти знае да го цени.
Во средината го добивме Фламини, орач по теренот, многу слични карактеристики со оние на Гатузо, но мора да се признае дека техничките можности му се на многу повисоко ниво од Џенаро.
Во одбраната Масимо Одо кој е пратен на позајмица во Баерн го заменивме според мене за многу поквалитетен играч, Замброта. Антонини исто така е одличен бек играч и нешто слично како Замброта може да игра и лево и десно, плус има 25 години и заедно со Јанкуловски прават одлично трио од бекови кои Карло ќе ги има на располагање за следната сезона.
Марко Бориело ланската сезона беше трет стрелец во калчото и конечно го истакна квалитетот и талентот кој несомнено ги има, но кој заради X причини до сега не излегоа на виделина. Но никогаш не е касно, еден Лука Тони блесна во светскиот фудбал со полни 28 години, нешто слично како и Фабио Гросо.

И така полека стигнавме до двете најконтроверзни засилувања. Андриј Шевченко и Гаучо Дињо. И двајцата имаа лоши периоди во своите претходни клубови. Шева не беше ни 10% во Челзи од тоа што беше во Милан. Но тоа никого не го загрижува затоа што сите знаеме дека сигурно Шева не заборавил да игра фудбал и со соодветна физичка подготовка наскоро ќе треба да очекуваме повторно ќинење на мрежите од украинската машина ширум Италија. Проблемот лежеше во неговото таканарачено "предавство" и напуштањето на клубот во кој постигна се. Од една страна тоа може и да се каже дека е така, но од друга страна ќе видиме дека Шева не замина поради финансиите, заради тоа што и Милан му понуди договор приближно ист како оној Челзи што го понуди, целата поента лежеше во тоа што Шева ја послуша желбата на жена му, децата да им растеле во англиско говорно подрачје. Глупост од невидени размери. И така Шева слушајки ја жена му си упропасти 2 години од неговата фудбалска кариера. Но пред него претстојат уште минумум 2-3 сезони квалитетен фудбал, а ако веднаш почне со неговата работа односно давање голови, и оние најзапалени навивачи против неговот враќање(иако се минорен број:) мислам дека ќе омекнат.
Гаучо Дињо е второто контроверзно засилување. И тој имаше многу лоша сезона во Барселона, при тоа доживувајќи "мистериозни повреди" секој месец , кои очигледно беа едно бедно покритие за неиграњето на Маестрото. Вистинските причини за неиграњето на Роналдињо најверојатно се тоа што Дињо си "играл" со ќерката на Рајкард. Тука настанал личен конфликт кој никако двајцата неможеа да го надминат. Иако Барселона доби нов тренер, многу пред тоа Дињо веќе имаше решено дека ќе ја напушти Каталуња. Значи фудбалските квалитети на Дињо неможе никој да ги оспори, и ако има таков, тогаш тој е сериозен случај за набљудување, затоа што нормален човек со здрава свест такво нешто неможе да каже.
Значи како што кажа Галијани, It's Ancelotti's turn, или редот е на Анчелоти да донесе резултати. Во превод, ДА ГО ДОНЕСЕ СКУДЕТОТО!

FORZA MAGGICO MILAN!!!

9 comments:

Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
ReBorned said...

Најпрво честитки за тоа што успеа цело турбулентно трансфер лето да го сместиш вака добро во еден пост!
Искрено, незнам дали сите овие засилувања ќе бидат доволни за Калчо (и/или УЕФА)титула или не! Само знам дека едвај чекам да почне сезоната!
Околу годините и околу тоа што може допрва да ни даде Шева... одличен е примерот со Супер Пипо! Господинот лани не играше скоро пола сезона и на крајот експлодира со 10 гола во последните 6 меча и буквално на свој грб го влечеше Милан во трката со Виолетовите!
Значи догодина е реално Супер Пипо да се пензионира па баш добро би ни дошол еден ваков напаѓач од старата школа да биде во тимот покрај младите Але, Бориело и Палоски (кој е на позајмица). Се чини дека најдобра или најчиста инвестиција ова лето беше Фламини како поради тоа што е 24 години така и поради фактот што е донесен без пари! Околу трансферите на Дињо и Шева... се додека не се види што тие ќе придонесат на теренот секогаш ќе има вакви или такви коментари!
Се на се... ова е едно од најзафатените лета за Галијани и Браида во последните 10-тина години така што не можеме да бараме повеќе нели?
А околу Карлито... еве му фонд на играчи од кои што се чини може да направи два речиси подеднакво квалитетни тимови. Тоа значи дека не треба да се жртвува УЕФА купот за освојување на калчото... има фонд на фудбалери за да се освои Италија а притоа и да се донесе единствениот меѓународен трофеј кој фали во витрините на Сан Сиро!

ReBorned said...

Милан - Цирих во прво коло УЕФА!
Милан го игра првиот натпревар дома!

Anonymous said...

Ајт се вратив и јас :)

Прво: ШЕЕЕЕЕЕВААААА СЕ ВРАТИ!!!!ФАЛА ТИ ГОСПОДЕЕЕ!!!
Второ: На жена му на судијата(шо у моментов ич не ми текнува као се вика) у *****
Трето: Без нервози-земаме скудето


Енивеј!!!

Само на кратко.....добра утакмица...Дињо растураше...немавме среќа и плус судијава(шо у моментов ич не ми текнува као се вика)не досудо чист пенал....

позЗ се читаме утре...

Zoki said...

Ајде со среќа нека вие, нека ви се множат! :))))))))))))))))))))))))