Translate

Saturday 23 August 2008

Шева се врати дома!

Шева се врати дома! Во сензационален пресврт на настаните кога на интернет кружеше интервјуто на Карлито пред само два часа дека поглавјето „Шевченко“ е завршено во следниот момент официјално соопштение на веб страната на Челзи дека Шевченко се враќа во Милан и дека само лекарските прегледи го делат Украинецот од враќање на Сан Сиро.

Вест на која искрено незнам како да изреагирам! Незнам дали да се радувам или не! За многумина Шева е веќе излитена роба но од друга страна треба да се потсетиме дека Супер Пипо има 35 години а на Берлускони трофејот постигна гол по првото влегување на терен после 4 месеци и му требаа само 6 минути да го направи тоа! Истиот тој Супер Пипо во финишот на претходната сезона (без разлика дали ние ќе го признаеме тоа или не) буквално на свои рамења го носеше тимот во трката за ЛШ со Фиорентина! Значи не постојат стари и млади фудбалери, постојат само добри и лоши!

Враќањето на Шева ми стои како добар потег особено сега кога е се поизвесно дека повредата на Рики ќе го одалечи од терените на неопределено време! Вака Дињо ќе има уште еден освојувач на златната топка покрај себе, искусен фудбалер кој знае како дише Сан Сиро. Кога сме веќе кај златните топки, Милан е единствениот тим во светот кој во своите редови моментално има 3 освојувачи на златната топка!

Пристигнувањето на Шевченко воопшто не сакам да значи ослободување од обврските за Бориело или намалена минутажа за Але Пато! Шева ни е голем должник за начинот на кој си замина од Миланело и се чини дека треба да биде презадоволен што Милан го враќа назад и да заборави на својот статус на суперѕвезда и фудбалер кој мора да има загарантирано место во стартните 11. Впрочем мислам дека сезонава нема да постои фудбалер во Милан кој ќе има загарантиран статус во стартните 11 (освен Пирло).

Само со ваков однос на Шевченко ќе има обострана корист од неговиот ангажман!

Од друга страна, интригирачки е фактот дека воопшто не се знаат условите под кои е пристигнат Украинецот на Сан Сиро. Ова се повеќе ме наведува на фактот дека Милан им ветил прва опција на Челзи при евентуалната продажба на Рики! Доколку остане на тоа во ред! Таа прва опција може никогаш да не се реализира нели?! Се чини следното лето ќе даде добар одговор на оваа теза! Тогаш ќе се забележи дали Силвио и Галијани имаат валкани алишта!

На овој или на оној начин со Шевченко Милан доби докажан голгетер и стрелец!

Сепак аквизацијата на Шева воопшто не треба да значи заборавање на најболната точка во тимот на Росонерите... одбраната! Едноставно мора да се реализира уште една аквизиција во централниот одбранбен ред во текот на следната недела! Само тоа ќе ја комплетира сликата и тимот кој може да се носи со предизвиците во текот на новата сезона!

28 comments:

CurvaSud_Milan said...

Браво реборнд како екпресен воз го напиша постов, додека јас праев припреми да пишувам ти веке го објави. :)

ај сеа да си го ископирам мислењето од претходниот пост :)

...Добредојде назад Шева. Колку и да има негативни критики околу овој транфер јас му се радувам, едноставно играчот го обожавам и грешката која ја направи, а ја направи заради жена му мислам дека треба да му биде простена од сите фанови на милан низ светот. Едноставно не отиде заради парите(милан му понуди договор од 8 мил. годишно Челзи од 9 милиони евра годишно) едноставно отиде по женски памет и згреши. Сепак мислам дека со добра физичка подготовка мислам дека на Шева му претсојат барем уште 2 добри сезони. Кога можеше Круз на 33-34 години да биде во врвот на стрелците во Италија тогаш за Шева не се ни сомневам. ... И да не го заборавиме мотивот кој ќе го има кога повторно ќе заигра.

ReBorned said...

Доаѓа до израз тоа што релативно долго време сум пишувал текстови особено на спортски теми нели :)
Околу Шева... реков сеуште сум во шок ама незнам каков... дали позитивен или негативен...
Како и да е особено по обновените проблеми со Рики мислам дека добро ќе ни дојде Шева во овие моменти :)
Forza Milan!

Giallorosso said...

Сигурно дека имаат некоја друга цел Абра и Силвио, тоа значи дека ова е само еден чекор на Роман за да стигне до пленот(Кака).

CurvaSud_Milan said...
This comment has been removed by the author.
CurvaSud_Milan said...

Ако ја даваат таа сума што се шпекулира, односно 100 милиони евра, што е до мене може уште сега да си го носат. Никој не е бесценет, секој си има своја цена.

Unknown said...

Denes ne razmilsuvajte ! ! !
raduvajte se !! ! !
Sheva is Back

The Last Mohican said...

И јас не знам што да мислам... Искрено бев против враќањето на Шева во Милан, не дека не го сакам, туку од принцип :) Ама сега кога прочитав дека се вратил... што знам може и добро ќе испадне. Во секој случај искуството негово може добро да ни дојде. Да се надеваме само дека не изгубил од квалитетот како последица на дремењето на клупа во Челзи.

Navigator said...

во ваква ситуација каде што секој квалитетен играч добро би ни дошол треба со радост да го пречекаме враќањето на Sheva..заради моменталниот ростер и резултатите од минатите сезони никој не смее да го искритикува овај потег на Galliani..не дека сум премногу возбуден од веста, уствари ја прифаќам рамнодушно заради неговото предавството..јас сепак мислам дека да заминеш од клуб каде што навивачите те прогласиле за цар покрај сите живи легенди во клубот, да заминеш од местото каде континуирано си освојувал пехари, каде што си се издигнал меѓу фудбалските мега-ѕвезди, навистина е предавство..и покрај тоа, Silvio кој изјавуваше дека го сака како роден син му дозволи да замине без никаков проблем..разберете ме како сакате и критикувајте ме колку сакате ама едноставно за мене Sheva не е тоа што беше пред 2 години..после заминувањето во London му се радував на секој негов неуспех, на секоја пропуштена утакмица, на секој критика што сум ја прочитал за него и конечно ми е мило што се покајал и се враќа таму кај што припаѓа..мене ми е мило што Milan ангажираше врвен играч, а дали тоа е Sheva или некој друг не ми прави голема разлика..се надевам дека ќе ме натера пак да го засакам и да пак да можам да го облечам стариот дрес со неговото име од позади
BENTORNATO A SHEVA, MA NON E LO STESSO GIOCATORE PER ME
FORZA MILAN!!!

Giallorosso said...

Навигатор потполно си во право...кога го сметаа за принц во Милано он ги остави на цедило...
иначе Гихон ве поздрави 2-0 :)

The Last Mohican said...

има ли некој тим кој не не поздравил на пријателските утакмици? (освен јуве) :) у П.М више све, па и од второлигаши бе ќе губиме? Има уше десетина дена до крај на трансфер периодот... доволно време за Анчелоти да се спакува.

CurvaSud_Milan said...

Друже жал ми е што ќе те разочарам ама и ти самиот знаеш дека Анчелоти останува. :))) ...И не ги сфаќајте толку сериозно овие пријателски утакмици. Сите ги изигравме со еден состав и со еден единствен напаѓач, и тоа све заради тие проклети повреди. Плус Пато и Дињо не беа тука, Шева не беше пристигнат.

Нека почнат вистинските натпревари па тогаш ќе судиме.

ReBorned said...

Алооооооо Карлито дефанзивец?!
Само немојте тој Радослав Ковач... искрено не го ни знам типот ама не ми е по ќејф!
Сигурен сум дека сега дури ни Анчелоти не го знае тимот кој ќе стартува против Болоња и воопшто тимот кој ќе ја игра оваа сезона...а кога ќе се врати Рики дури тогаш ќе има проблеми околу стартните 11.
Сега има неколку нејаснотии околу формата (фитнесот) на Шева, дали тој може веднаш да поднесе цел натпревар!
Доколку може мислам дека не би било лошо да се започне ромб формацијата од лани во која Дињо би бил позади Шева и Пато! Се плашам да не се форсира само Шева во шпицот со формација со еден напаѓач и да се заборави на Але + го очекуваат и Бориело да биде спремен за 2 коло (за 1 секако влечел суспензија од претходната сезона).

ReBorned said...

Oва досега го има напишано само на Гоал.ком (доста несигурен извор) ама стои дека е Официјално така што мислам дека ќе следи и на другите медиуми...
Милан го зема Сендерос од Арсенал се чини 2 милиони евра за позајмица со опција да го откупи на крајот од сезоната за дополнителни 6-8 милиони евра.

Giallorosso said...

се претворивте во Реал, али на друг начин...извинете ако грешам али ги земавте сите вишок играчи во тимовите...Шева,Рони,Сендерос,Замброта исклучок е само Фламини,мене така ми делува, но сепак може да извадите добри резултати со нив.

Giallorosso said...

сега имате тим кој може да освои двојна титула, Калчото ке го освоите според мене,сепак во мала предност сте пред Рома,Интер и Јуве кој играат во Лш, а до купот на Уефа ке стигнете уште полесно, нема некој вистински конкурент,можеби Севиља,Наполи и Спарси...

Unknown said...
This comment has been removed by the author.
CurvaSud_Milan said...

Сендерос?! Малце сум разочаран, милсам дека дечкото е неквалитет. Позитивно е што е на позајмица , па ако не сме задоволни може да го вратиме. Дај Боже да грешам и да испадне дека дечкото е квалитетен централен дефанзивец, али од тоа што до сега го имам видено... како и да е, времето ќе покаже.

ReBorned said...

Јас се радувам поради тоа што ако не беше Сендерос ќе беше Радослав Ковач... играч кој не ни го познавам а има 29 години... ако бил квалитетен нема сигурно цела кариера да ја помине плеткајки се во чешки и руски клубови.
Околу Сендерос, знам дека дечкото е одличен во воздушните дуели и има малку проблеми против напади кои играат ниска игра со топка од нога до нога но како што рече Росонер... доколку не сме задоволни на лето може да го вратиме во Арсенал!
Како и да е повеќе од потребен беше нов и особено млад дефанзивец.

The Last Mohican said...

Изгледа дека везе нема веста за Сендерос во Милан. На ниедно друго место не пишува освен на Гоал.ком. Можно е да си измислиле некоја приказна, колку да се лаже народ :) Башка и малце неверојатно ми изгледа цела таа работа, мислам дека Арсенал доволно играчи продаде.

ReBorned said...

Синоќа беше напишано и на channel4.com а денес гледам има и на transfermarketweb.com. Треба да помине лекарски прегледи па најверојатно после јавно ќе се објави.

Unknown said...

Дали сега би се сменале со Карло на клупата на МИлан ????

Дали Карлето доби се` што сакаше ??

Forza Carleto, Uno di noi ! !

Forza MIlan

CurvaSud_Milan said...

Јас никогаш не бев против Карло да се смени. Отсекогаш сметав дека нема доволно човекови ресурси за да постигне резултати, а со тие што ги имаше правеше чуда.(ЛШ 2005та финале,2006та полуфинале, 2007ма шампиони). Во поглед на оваа тема авторите тука бевме поделени, особено Мохикан беше остар, а глеам и дека сега бара негова оставка. :))) ...Друже ако со овој тим што му е сервиран не направи резултатит во Серие А, тогаш и јас ќе ти се приклучам, ама мислам дека нема така да биде.

Мирконо, јас се лажам или имам читано многу твои проарсеналски ставови, или се работи за сосема 3та личност?

Giallorosso said...

Карло ја користеше тактиката на Ариго Саки, сеа незнам дали уште тоа го прави...нејкам да го потценам, но мислам дека помина времето на Анчелоти во Милан.

ReBorned said...

Adriano Galliani talked to the journalists near the entrance of the Lega Calcio offices in Milan before the assembly on the TV rights: "Carlo Ancelotti knows it, Milan are a team who must fight for the Scudetto. We can lose, but only one round before the final matchday."
Ова е веќе фрлена ракавица в лице за Карлито! Галијани јасно и гласно му кажува дека нивната работа е завршена и сега редот е на него!
Подолу тој вели дека не значи дека тој има ултиматум да освои Калчо но сигурно Милан мора да е во борба до последниот натпревар!
Ако не освои ништо сезонава Карлито дефинитивно ќе лета!

Unknown said...

како мислиш помина??

Сер Алекс е 20 години на клупата на Ман ЈУ.

AW е на клупата на Арсенал повеќе од десетина години. .

Мислиш го заборјал фуцбалот??

Giallorosso said...

да но дали си свесен дека буџетот на Милан постојано оди во минус а притоа кога резултати нема, Карло се вади на освоената Лш во 07 год.Не велам дека не си ја знае работата, барем ке остане во Милан дур не завршат со фудбалот Сидорф,Пирло,Гатузо...потоа ке се бара нова генерација преводници на Росонерите како и нов кормилар.

Unknown said...

Со му фалит на Прило, Сидорф и Гатузон ????

Немам точни бројки кој кормилар на Милан останал толку долго на клупата.

еве ти повод малу да истрашуваш ако имаш време нормално

Ариго Саки - дојде ... освои то и то
Фабио Капело - дојде . . . освои то и то
Карло Анчелоти - дојде . . освои то и то

поздрав се слушаме од Понеделник

Anonymous said...

FoRzA SHeVa!!!