Translate

Thursday 17 July 2008

Дињо конечно во Милан!









Долго очекуваното конечно се случи! Роналдињо Гаучо, фудбалерот кој беше прогласен два пати по ред за најдобар фудбалер во светот во последните три години, ќе му се приклучи на фудбалерот кој е актуелен носител на тоа признание! Дињо и Рики Кака ќе сочинуваат фантастичен бермудски триаголник со (според многумина играчот кој сигурно ќе ја добие златната топка во иднина) Александре Родригез да Силва – Пато! Се очекуваат чуда од бразилската тројка! Ова е трансфер кој искрено ги гали срцата не само на навивачите на Милан туку и на сите објективни љубитељи на фудбалот, особено фановите на Дињо кои знаат дека сеуште постои магија во тие нозе! Дињо беше маргинализиран во Барса во текот на целата сезона. Додека Дињо седеше на клупа на негово место играа Џовани Дос Сантос и еден од најпреценетите млади фудбалери на денешницата Бојан Кркиќ! Како да заборавија челниците на Барселона кој беше човекот што ја препороди екипата од Каталонија! Како да заборавија кој е двократен најдобар фудбалер на светот! Како и да е, тоа само му одеше во прилог на Милан кој го доби фантастичниот Роналдињо за прилично мала сума од 21 милион евра + 4 (2 за освоено скудето и 2 за најмалку 10 постигнати голови). Вреди да се напомене и фактот дека самиот Роналдињо во голема мера го овозможи трансферот во Милан. И покрај финансиски подобрата понуда од страна на Манчестер Сити... Роналдињо се откажа од дел од своите лични примања исто како што се откажа од неговите 15 % од трансферот само да дојде во црвено црниот дрес од Сан Сиро!

Со самото негово доѓање во Милано веќе се чуствува нова клима. На првиот ден од неговото пристигнување се продадени повеќе од 5000 сезонски билети или вкупно 18518 што е повеќе од истиот период во претходната сезона кога Милан се подготвуваше за ЛШ! Тоа е само уште еден доказ за приврзаноста на „Ѓаволите“ кон својот омилен клуб!

А како само беше пречекан Дињо во Милано!























Со самата аквизиција на Дињо се поставуваат неколку прашања:

  1. Дали Дињо ќе успее да го врати својот физикус во нормала?
  2. Дали Дињо ќе се врати во формата во која сме навикнале да го гледаме?
  3. Дали Дињо ќе може да игра во ист тим со Рики Кака?

Според мене, одговорот на првите две прашања лежи во еден факт... Дињо треба да остане здрав! Доколку Дињо е здрав воопшто не треба да се дискутира околу тоа дали ќе биде во форма! Впрочем и Галијани изјави дека Дињо напорно тренира за Олимписките игри и дека веќе го слеал стомачето!

Околу тоа дали Дињо може да игра покрај Кака, најупатен во тоа е Карлито! Доколку тој сметаше дека овие двајца не можат да коегзистираат на зелениот терен сигурно дека челниците на Милан нема да беа толку упорни околу ангажманот на Дињо!

Со аквизацијата на Дињо се добива и на ширина во тимот на Милан, се добива на слобода за спроведување на повеќе различни тактики кои сигурно ќе бидат со само еден класичен шпиц! 4-3-2-1, 4-2-3-1 односно 4-1-2-2-1 се само дел од опциите што Карлито може да ги спроведува на теренот со Дињо и Рики во тимот!

Како и да е, се надеваме и очекуваме подобра забава и пред се подобри резултати на Сан Сиро!

Forza Milan!

6 comments:

Anonymous said...

Како фан на Дињо сакам да се врати и ќе се врати, но тоа ќе биде најверојатно само една сезона и толку...После ќе почнат оние Бразилските финти за неиграње...

Сепак видете на Милан не им оди со стари Бразилски ѕвезди...Ривалдо дупка, Роналдо беше добар, ама кога му се играше...

П.С. Дај сменете ја анкетава, ова ЛШ многу ме буни! :P

Anonymous said...

Ривалдо беше друга приказна...
Анкетата треба да ја смени некој друг ;)

Anonymous said...

Како прво ај со здравје да си го кориситме!А второ-реборнд,честито прв пост да ти се множат и собираат...

Можат сите да зборат што сакаат,но доаѓањето на Роналдињо е најдоброто нешто што можеше да му се случи на Милан во моментов.Едноставно,неговиот трансфер во Милан предизвика(и сеуште предизвикува)реакции на сите страни!Како бомба одекна веста за неговото доагање-фактот кој говори за тоа е дека на просекот на дневни посети на официјалната страна на Милан се зголемија од 63.000 во 519.968!!!(Податокот е превземен од acmilan.com)

Се враќа возбудливиот фудбал на Сан Сиро!!!Како што имаше и реборн наведено,по веста за доаѓањето на Дињо масивно порасна и продажбата на сезонски билети...а можам само да замислам каков маркетиншки бум предизвика неговиот трансфер...

Како и да е...ај нека ни е со среќа и со нетрпение го очекувам денешното официјално претставување во 21:30 и се што следи по тоа...

ПС:Ја пак да си кажам...се мислам дека 11-ката ке ја земе :P


ПозЗ

The Last Mohican said...

забелешката е прифатена и анкетата сменета. Reborned, аирлија постот и нека се множат и еве вака официјално, драго ми е што си дел од нашиот блог :) Јас сега немам многу време, се пакувам и утре одам накај Струга, да се ладам едно десетина дена, а кога ке се вратам ќе кажам што мислам за Роналдињо :)

Во секој случај, се надевам дека и во Милан ќе ја видиме магијата на Рони и неговата насмевка... :)

Anonymous said...

Ултра ќе биде се во ред и со Дињо и со Милан!
Мохикан убаво да си поминеш и не се секирај... блогот е во добри раце!
Ка - Па - Рињо!
Forza Milan!!!

Anonymous said...

Хехехе ок ок и ја го делам твоето мислење ;)

А блогот дефинитивно е во добри раце ;)


Forza Milan!