Translate

Wednesday, 30 July 2008

Првиот трофеј на сезоната


Како и секој почеток на сезоната кога сеуште тимовите се во подготвителен период,се одржа 8 -мото издание на мини-турнирот каде што учествуваат Милан,Интер и Јувентус Трофејот го освои Милан(нормално)

Инаку она што е интересно кај овој турнир е што се игра по 45 минути а ако во регуларниот дел нема победник се шутираат пенали

За победа во регуларниот дел се добиваат 3 поени,за победа на пенали 2,за пораз на пенали 1, а за пораз во регуларниот дел не се добиваат поени


Еве го и распоредот на одиграните натпревари:


Милан-Јувентус 2- 2(4-2 по изведување на пенали)


Јувентус-Интер 1-0


Милан-Интер 0-0 во регуларниот дел(4-3 по изведување на пенали)


А сега и во детали:



Милан-Јувентус 2-2(4-2 по изведувањето на пенали)


За Милан настапија:Калач,Замброта,Бонера,Каладзе,Јанкуловски,Пирло,Броки,Амброзини,Сидорф,Кака,Палоши

Головите за Милан го постигна Сидорф во 7 мин и 42 мин



А Пеналите ги шутираа:Кака,Пирло,Јанкуловски и Палоши






Јувентус-Интер 1-0(Јакинта)






Милан-Интер 0-0(4-3 по изведување на пенали)


За Милан настапија:


Абиати,Одо,Шимиќ,Дигао,Фавали,Пирло,Гатузо,Аброзини,Сидорф,Кака,Палоши



Пеналите ги шутираа:Кака,Одо,Јанкуловски,Фавали,Броки и Дигао од кои Одо и Фавали ги промашија пеналите




За играч на турнирот прогласен е Кларенс Сидорф



Тоа е за мини турнирот и за првиот трофеј сезонава за Милан






И сега на кратко еден мал осврт на моментаната криза која ја има Милан со напаѓачите


По здобиената повреда на Бориело која според првичните претпоставки се веруваше дека ке отсутвува дури и 2 месеца од фудбалските терени,сепак испадна дека не толку сериозна и Марко ке биде спремен за акција во брзо време.Иназги има проблеми со кондицијата(Воопшто не му замерувам за неколку дена човекот ке пуни 36 години)а Пато и Роналдињо се на Олимписките игри така што иако првично и самиот Галијани изјави дека Палоши ке биде испратен на позајмица сега поради ново настанатата ситуација се предомисли така што минимум до Јануари Алберто ке игра за Милан.


Тоа е тоа сега за сега со нови сили одиме да го освоиме турнирот во Москва против Локомотив,Челзи и Севиља






Пс:Според неофицијални извори на овој турнир ке падне договор меѓу Милан и Челзи за враќање на Шева на Сан Сиро-ама искрено јас не верувам дека вакво нешто ке се случи но сепак...Галијани и се е можно =)



Топол(да не речам срдечен) росоњерски поздрав

6 comments:

ReBorned said...

Одлична игра на Сидорф и сосема солиден Милан со оглед на фактот дека недостигаа барем тројца стандардни првотимци (Неста, Дињо и Пато) + Бориело кој сигурно ќе настапеше доколку немаше повреда! Исто така не настапи и Фламини поради истегнување на мускулот. Сидорф со два катапулти во негов стил го реши Јуве и препорачувам на секој што не го гледал натпреварот да ги види головите на Сидорф особено првиот!!!
Околу тоа со Бориело искрено незнам од каде ти е информацијата јас уште немам прочитано ништо.
Инаку од повеќе различни извори прочитав нешто што незнам колку е за верување но се тврди дека е прашање на неколку дена!
Милан бил пред потпис на уругвајскиот талент Tabare Viudez.
Претседателот на неговиот сегашен клуб тврди дека треба да се завршат само лекарските прегледи и да се потпише договорот односно дека се ќе биде готово за 2-3 дена! Се работи за играч од средниот ред, 18 годишен кој како што можев да видам некои хајлајтси знае да си ја земе топката од центарот на игралиштето и да оди до самиот крај! Со самото тоа што вели дека не знае како да реагира кога ќе седи во иста соблекувална со неговите ИДОЛИ (Рики и Дињо) укажува на тоа за каков тип на фудбалер станува збор!
Исто така се шпекулира за преговори со Челзи но не за Шева туку за дуото Алекс-Ивановиќ нешто што би му годело на Милан!
Малку се заборавив со коментарот но многу новости па...

Ultra-red&black said...

Ма ок друже нема везе... хехе

Иначе добро шо ме информираше за овој Урагваецов пошо да ти кажам искрено првпат слушам за него :D
хехех

А богами и како би ни годеле Ивановиќ или Алекс хехе


Иначе друже остај ти Сидорф шо ги напуни јуве...него као се повреди Матераци...И Амаури со Виера...добри вести се тоа за нас ЛОЛ

Хехехе...позЗ

ReBorned said...

Погрешна информација за Бориело... утре ќе биде опериран
П.С Трофејот во Москва ќе биде пренесуван на А1

The Last Mohican said...

Ултра пријателе... за да не ти бега текстот надвор од рамките, кога набројуваш оставај празно место после запирката :)

Сега сакам да кажам нешто за Шева. Ич нека не доаѓа назад. Уште го сакам како играч и како дел од клубот, ама сум многу против - еве да кажам - сентиментално носталгични трансфери, само затоа што се работи за Шева. Приказната за Милан и Шева заврши со неговото заминување. Друга работа е што не верувам дека неговото враќање ќе значи засилување на навалната линија, ако се има предвид, минутажата која ја имаше во Челзи, како и формата и годините. Неговите најдобри денови се далеку назад, ќе биде коцкање за Милан да се обиде со него. Јас би одел со Paloschi и мислам дека тоа е поисплатливо коцкање, зошто пред малиот е цела фудбалска иднидна и само може да станува подобар и подобар.

По она што го видов на ТИМ турнирот, јас би го избрал Абиати за број еден голман во тимот. Против Интер имаше неколку фантастични одбрани, а и пеналите сите ги процени, а два одбрани. Толку од мене за сега :)

Ultra-red&black said...

Јбг друже се дешава...а со оглед на времето во кое го напишав постот неможев да си дозволам да го поправам и тн. енивеј!-добро испадна постот заедно со твоите
high-lights :)

позЗ

Давитковски Мартин said...

Сидорф беше закон ама голчиња им даде