Translate

Friday, 25 July 2008

Нов дефанзивец...?!

Со незгодната повреда на Алесандро Неста се шпекулира дека Милан ќе се врати на трансфер пазарот во потрага по квалитетен дефанзивец кој би ја покрил дупката која што ќе се создаде по евентуалното подолго отсуство на Неста од зелениот терен. Галиани ја негира потребата од нов дефанзивец дури и ако Неста е подолго време во аут и тоа го оправдува со фактот дека Милан има 6 централни дефанзивци + Амброзини кој може да се снајде во таа улога!
Тие 6 дефанзивци кои ги спомнува Галиани се: Малдини, Каладзе, Бонера, Фавали, Шимиќ и Дигао!
Е сега проблемот е во тоа што од тие 6 дефанзивци Бонера и Фавали не се централни туку странични дефанзивци а за последните двајца (Шимиќ и Дигао) токму Галиани изјави пред извесно време дека е можно да го напуштат тимот што само по себе говори дека Милан нема доверба во квалитетите на тие двајца (особено на Шимиќ, за Дигао во игра е позајмица)!
Неколку имиња се вртат низ Италијанскиот печат како евентуални засилувања во тимот на Милан!

Пред се во прв план избива Алекс Силва, дефанзивецот на Сао Паоло! Типот има 23 години висок е 192 сантиметри и е помлад брат на Луизао од Бенфика! Важи за цврст дефанзивец кој знае одлично и да го загрози противничкиот гол особено со глава но и со соло пробив! Одлична работа околу него е и тоа што може да се ангажира за само 4 - 5 милиони евра! Тој ќе настапи на Олимпијадата за тимот на Бразил и Росоњерите ќе можат да се уверат во неговите квалитети!




Второто име е Матео Ферари... дефанзивецот на Рома на кој му заврши договорот со Римската Волчица и е слободен да преговара со другите тимови! Солиден избор пред се поради фактот што безпари може да дојде во Миланело!
Како и да е... факт е дека на Милан му треба нов дефанзивец без разлика дали повредата на Неста е сериозна или не!

7 comments:

Anonymous said...

Хмм...искрено се надевам дека ке купат некој....јас сум повеке за бразилецот...ама сепак знаете како велат:Ферари е Ферари + да добиеш Ферари за без пари е.. хехе

позз

Anonymous said...

Ќе биде добро да дојде Алекс Силва... сепак сега се наѕираат нови проблеми! По повредата на Неста се случи и потешка повреда на Бориело... првични искази можеби пауза и до 2 месеци! Ако се знае дека и Супер Пипо не е фит, Милан ќе остане само со Пато во шпицот!

Anonymous said...

Остај тоа друже...Пипо и Бориело се аут а Пато и Роналдињо на олимписки игри...само Палоши ни останува кој патем со сигурност ке биде испратен на позајмица...

Иначе тоа за Бориело се само првични претпоставки и уште ништо официјално не изглегло од Милан како информација во врска со неговата повреда...така да се надевам дека не е ништо сериозно..,



позз

CurvaSud_Milan said...

marebornd cestito prv post, pa i vtor. ))) ....pozdrav od turcıja, nemam mnogu vreme idam na brod za 15 mınuti da luduvam malce i nekoja rusinka da najdeme. :) pozdrav od pekolnavan Turcıja pa se cıtame koga ke se vratam vo nasata ni Makedonıja. :)

CurvaSud_Milan said...

"rebornd" greska u cekori. :) pozdrav

Anonymous said...

Барем знаеме дека си жив...се надевам дека ги прими пораките од мене али како и да е позЗ

Anonymous said...

Поздрав и до тебе и поздрави ги русинките!
Инаку во оваа лоша недела за тимот на Милан која започна со повредата на Неста а заврши со потешката повреда и најверојатно операција за Бориело... еве малку и добри вести. Дињо одиграл цели 90 минути против Сингапур во кои прво асистираше со пета за голот на Диего а потоа и самиот се запиша во листата на стрелците по ударот на Пато и одбраната на голманот!