Translate

Saturday 30 November 2013

Mентална Bunga Bunga во Milanello!


Во ситуација како оваа најтешко е да се пишува за тековните натпревари. PR секторот на Berlu, did it again! Вчера G убаво си кажа дека од Х причини (читај, недоразбирањата со Lady B) ќе си даде оставка и ќе го напушти клубот. Реакциите беа поделени, некои беа против, други беа воздржани а трети (меѓу кои сум и јас) сметаа дека колку и да изгледа болно, ова беше неизбежно. Клубот забрзано тоне како на играчки така и на планот на менаџментот а најголем дел од тоа спаѓа на CEO односно на Uncle Fester. Тоа е личност која го задолжи клубот и која заедно со Berlu го направи она што е, во секоја смисла. Како што некогаш клубот беше недопирлив и најдобар светски бренд, така денес истиот тој клуб е на маргините на Италија и служи за потсмев! А тоа не е мојот Milan!

Како и да е, се очекуваше да си замине G за да се донесат некои нови луѓе кои ќе се обидат да му помогнат на клубот да го фати новиот европски терк. Меѓу нив и вечниот Il Capitano, Paolo Maldini.

И она што следуваше потајно го очекував, дури го напишав истото на еден пријател уште синоќа. Се случи токму она од што се плашев а го очекував. Кога сите конечно собраа храброст со тешко срце да се разделат од харизматичниот G, нов спектакл! G беше повикан на вечера кај Berlu и денес почнаа најавите од типот: Galliani resta, Grazie Presidente!!! Ви делува познато? Ќе ве потсетам:


Веројатно ова е само привремено одложување на одлуката на G до крајот на сезоната. Како и да е, клубот се претвора во една голема рашомонијада! Фановите не го заслужуваат тоа, Milan не го заслужува тоа!!


А фудбалерите кои конечно очекуваа да го искористат позитивниот моментум после конечно добро одигран еден натпревар, сега повторно гостуваат во Сицилија со турбулентна атмосфера. Настрана она што се случува во менаџментот, турбулентна е ситуацијата и во одбраната на клубот. Првиот голман Abbiati и Abate не се меѓу повиканите поради повреди а нема ниту да настапи и Mexes поради симптоматичната повреда на окото. Zapata е суспендиран и тоа значи дека оние четворица кои ќе настапат утре против Catania сигурно не настапиле во таков состав ниту на тренинг. Конечно една добра вест е конечното враќање на El Shaarawy кој мечот ќе го почне од клупата за резервни фудбалери и веројатно ќе добие шанса во текот на мечот. Тоа треба малку да му ја олесни работата на Ricky Kaka. Поради неиграњето на Abate и сè уште неопоравениот De Sciglio, Andrea Poli ќе се префрли на позиција на десен бек и од таму ќе го започне утрешниот дуел. Друштво во дефанзивата ќе му прават Bonera, Silvestre и Urby а зад нив меѓу стативите ќе застане Gabriel. Знам, лудо изгледа нели?

Испразнетото место на Poli во средината би требало да го покрие Nocerino кој по подолго време ќе добие старт во првите 11. Формациски мечот би требало да се започне со 4-3-2-1 затоа што според Лудиот Макс тоа нуди поголем посед на средината и значи дека ќе играме со 11 а не со 10 фудбалери на теренот (Matri ќе остане на клупа). Сликовито тоа би требало да изгледа вака:


Иако Сицилија никогаш не е идеалното место за извлекување на бодови, сезонава Catania игра многу лошо а Milan мора некогаш да почне да собира бодови, барем во дуелите против екипите од вториот дел на табелата. Зошто тоа да не се случи утре?

Forza Milan!!!

12 comments:

Anonymous said...

Paint lvl: Expert :D
Кога игравме против Киево пишав нешто во стилот ако и последните неможе да ги победиме ептен сме мизерија. Сега ќе си молчам.
Иако се зачудив зошто е Поли десен бек кога сватив за да Бонера игра на принудната позиција десен бек ќе треба Вергара да дебитира и да игра со Силвестре во срцето на одбраната, а кога на ова ќе ги додадеш и младоста на Габриел и дефанзивниот ужас на Урби тогаш ти станува јасно колку е саат.
Дефинитивно не треба вака да биде испратен човек кој даде 30 години за овој клуб. Човекот кој договорот со еден играч морал да го крие во долната облека поради безбедносни причини, кој го натера Росел да се врати од годишен одмор за да го потише Ибра и како што кажа и самиот тој без никаков закажан состанок си отпатува во Мадрид за да го врати дома Кака.
Дефинитивно треба да си замине на крајот на сезоната со сите почести како што и му доликува, а не ќе биде лошо во меѓувреме Малдини лека полека да биде уходан во местото кое што му следи во иднина.

ReBorned said...

Работата е што G не се мириса со Maldini и досега на двапати го минирал неговото интегрирање во клубот. G не сака некој да го засенува а Il Capitano ја има таа аура.

ReBorned said...

Berlu пред малку изјави дека Milan ќе има 2 CEO, еден ќе биде G (за спортскиот дел) a другиот ќе биде Lady B (за сите останати аспекти на клубот). Циркуси...

Navigator said...

Како и што изјави Montolivo после мечот, на вистинската патека сме. Две добри победи на гости + едно несреќно реми со премногу доминација во текот на цел натпревар. Денес контролата над играта повторно константна. Податокот што го прочитав во првото полувреме беше дека до 35 минута имавме 80% посед, а на паузата 76.4%. И комплетниот натпревар изгледаше различно од се што сме гледале сезонава.
Индивидуално гледано, Kaka фантастичен, игра во одлична форма и влегува во страшна серија. Гол, одлични додавања во празно, 85% точни додавања. Вистински лидер! Balo тивок се до голот, со одличен гол, но и 2 промашени изгледни шанси. Birsa помагаше, учествуваше, трчаше доста, но како што искоментирав претходно за него, придонесот во ваков тим е ограничен. Noce одигра фино, слично на словенецот. NDJ импресионира дури и кога нема премногу работа за него на вавки натпревари. Каква сигурност за средината, каква помош за одбраната. Капитенот погоди во вистински момент, но и поголемиот дел од мечот го одигра одлично. Дури 88% точност во додавањата. Му замерувам само за нереагирањето во инцидентот на Balo со идиотот Spolli. Одбраната нема да ја критикувам, сепак ова е постава што никогаш повеќе нема да игра заедно. Ќе го пофалам Poli за експресното прилагодување, иако со неколку грешни процени при враќање на контри. И Bonera, за кој немам повеќе зборови. Сезони и сезони само лошо зборови и чудење како е можно да опстојува во тим како Milan. Роден киксер, имавме среќа што противниците не казнија некои од неговите грешки. Gabriel солиден, добар меч за него, иако сепак верувам дека може подобро на топки како онаа за примениот гол.

Конечно меч по кој може да извлечеме повеќе позитивни работи. Конечно насмевка на лицата на сите нас!

FORZA MILAN!

ReBorned said...

Ricky, чудо од фудбалер, чудо од личност! И за „инцидентот“ на Balo, Ricky прв дотрча до него. А голот, премногу тешко е да се погоди така од тој агол ама самодовербата си го прави своето. Немам зборови за Ricky а богами и за De Jong. Вистински професионалец кој влегува со 100 % на секој натпревар! Браво!

Би било интересно да видиме дали и како би се снашол El Shaarawy на местото на Birsa ама близу до Ricky, во оваа 4-3-2-1 која очигледно засега ни носи резултат.

И збор, два за Urby. Дефанзивно секогаш кога не игра De Sciglio, сме осакатени по таа лева страна. Значи во дефанзива не менува многу дали ќе игра Constant или Urby. Ама затоа во нападот Urby може да помогне многу повеќе. Поголем дел од мечот го игра како лево крило, има остар центаршут, знае убаво да му легне на лева со шут од далечина, технички е доста попоткован од Constant и знае да биде опасен со левицата при слободни удари. Значи од двете зла, Urby нуди доста повеќе, барем во нападот.

P.S НЕ СМЕЕМЕ да играме со ваква паника во дефанзива ОСОБЕНО кога противникот останува со фудбалер помалку!

ReBorned said...

Ах и уште една работа. Секоја чест на Montolivo ама овој тим може да има само еден капитен кој е подеднакво почитуван од навивачите, тренерот и соиграчите а тоа не е тој. Ништо лично кон него.

Anonymous said...

Е несмееме да играме со паника Ри ама кој треба да ја смири ситуацијата? Де Јонг игра за 2ипол позиции на теренот ама позади него има огромна промаја. Очајно ни требаат квалитетни дефанзивци. Значи не млади, не надежни, не Италијански какви сакаат нека бидат само да се квалитетни и константни. Да се надеваме дека Рами е таков.
За мечот незнам што би издвоил освен пофалбите за Кака кој многу ме изненадува позитивно. Да не се лажеме сите знаеме што може да направи, но на 31 година после тие повреди и враќањето јас лично сум воодушевен.
Бало никогаш нема да се опамети, повеќе се нервирав кога го гледав како беснее како мало дете во супермаркет него што се радував на победата. Толку

Navigator said...

Момци, сигурно ја забележавте промената на насловот на блогот најгоре - слика наместо текст. Зборувавме со Ри за оваа опција. Кажувајте како ви се допаѓа повеќе. Јас не знам што е подобро или поубаво речено полошо :) Само да знаете, сликата има одлична резолуција, а тоа што ја вади како да ја имам ширено е проблем на blogger. Уствари гледате на ФБ како изгледа.

Anonymous said...

Не е лошо, изгледа како HD wallpaper.
Малце не ми се допаѓа фонтот но тоа е прашања на вкус. Нека остане вака зошто да не, секоја промена е добредојдена.

ReBorned said...

Абе ќе одима на нова платформа, само кога ќе биде :)

Navigator said...

Се сложувам за фонтот, ама кога ја правев сликата не ги зачував работните верзии или layer по layer, така да за да се смени фонтот ќе треба да се прави одново цела слика. А се сеќавам дека тоа ми зеде добри 2-3 саата. Кога ќе најдам слободно време, може да ја преправам.
Истото важи и за новата платформа, само што за тоа не ни треба само слободно време, туку и некој што барем ќе ни ги даде основите на, да речеме, wordpress платформата.
За Драган и сите други што можеби не се во тек: на ФБ ни пиша порака една девојка, се вика Мартина и води нејзин блог за Milan. Има и ФБ страна. Сосема солиден блог, фин дизајн, го води на англиски и го апдејтира секојдневно. Девојката работи за почит. И од нејзина страна добивме пофалби и убави зборови. Од денес, разменивме банери. Самите банери се меѓусебни линкови. Можно е да се проширува соработката, засега сме на размена на банери и по некоја статија, ама не само ради реда, туку кога текстот е навистина добар и вреди да се сподели. Од мене и од Ри таа има дозвола да го земе комплетниот наш пост, да го преведе на англиски и да го постира кај неа, со тоа што на крајот би стоело објаснување од каде е земен постот, заедно со линк до кај нас. Значи, соработката потекна од взаемно почитување на тоа што го правиме на блоговите и сложни сме дека ниту ние, ниту таа не работиме на принципот на оние смешни фанклубчиња што ги има по ФБ.

Anonymous said...

Да видов дека пиша па очекував некој од вас, постарите батковци да и врати.
Идејата е добра а за девојчево и нејзината пасија имам читано уште од кога дознав за блогот неге тоа време.