Translate

Sunday 24 February 2013

IL DERBY DELLA MADONNINA, NUMERO 279

Во сенка на најголемата победа сезонава, одиме на мегдан со најголемиот ривал во домашното првенство. Но, дали е можно едно Derby Della Madoninna да биде во сенка на било што друго? Веројатно не. Уште повеќе што 279тото миланско дерби доаѓа во исклучително важен период за двата тима. Исти амбиции, со различни позадини на двете страни. Milan да го задржи позитивниот впечаток во 2013 и одличната серија без пораз веќе два месеца, а противникот да го поправи впечатокот од последните пет натпревари, каде само еднаш се радувал. Сепак, двата клуба влегуваат после победа во евро-куповите. Разликата е во тоа што едните ја победиле Barcelona, а другите Cluj.

Како и да е, многупати претходно се докажувало дека скоро неважни се сите тие статистики. Дербито често знаел да го добие и послабиот, оној во полоша форма и позиција на табелата. Како сега стојат работите, ние сме повеќе заинтересирани работите да си течат во нормала. Кога сме кај нормалата, многумина од нас баш вака ја замислуваа оваа сезона: позитивно расположение, одлична форма, среќен тренер, играчи и управа, оптимизам. Спротивно на тоа, резултатите на стартот ги немаше, имамве една единствена светла точка во тимот, се зборуваше за смена на тренер, а управата ниеднаш не се најде во позитивен контекст. Сега одновно многу оптимисти, но со право. Milan е комплетно различна екипа, со играчи кои не сакаат да прифатат ништо помалку од победа. Искрено ме плаши помислата што тежината на вакво едно дерби е дополнително зголемена со императивот да се продолжи да се граби кон врвот. Не само што екипите што имаа дури 13 бода предност се зад нас, туку сега, за некого и нескромно, посакуваме директен пласман во ЛШ. Но се во свое време.


Утревечер Milan ќе се обиде да добие едно Дерби по три последователни порази од градскиот ривал. Сите околности за кои погоре зборував ќе речат дека сега е моментот за победа. Milan дефинитивно влегува како благ фаворит. Освен повредите на Robinho и Flamini, Allegri не се соочува со други играчки проблеми. Неизвесноста за настапот на Pazzini и не е толку загрижувачка со оглед на очекувањата дека Balotelli ќе започне како прв шпиц. Друштвото во нападот се комплетира со SES и Niang. Во интервју од вчера, капитенот Ambro кажа дека посакува нов настап од старт (ако не, прва опција би бил Muntari), заедно со сигурниот Montolivo и Boa кој ќе биде повлечен во средината. Abate и покрај комфорот од неиграњето на Milito, веројатно ќе остане на клупа, на сметка на настапот на De Sciglio. Mexes и Zapata се најсериозни кандидати за стоперските позиции, а доколку не се искомпликува ништо со Constant до утре, тој ќе започне на лев бек. За истакнување е и првиот повик на Bartosz Salamon во првиот тим.

Milan е на правата патека. Тоа го потвдија денес и Berlusconi и Galliani и Allegri. Но за комплетен впечаток од овој круцијален период ќе ни треба победа во Дербито. Момците не смеат да дозволат самодовербата да ги прелаже и убаво да се изгорат во мечот каде што неуспехот најмногу боли. Млади се, ама веруваме во нивната зрелост и квалитет. Знаеме дека можат преку овој Printer, можат многу далеку. Штиклиравме во средата, на ред се комшиите.

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

14 comments:

ReBorned said...

Што и да се напише за овој меч е илузорно. Milano живее за овие два натпревари во сезоната. Формата, расположението и и последните резултати, сето тоа ја носи водата кон нашата воденица. Но ова е градско дерби, едно од најголемите во светот. Тука не постојат правила, тука не постојат закони. Тука постои само една топка, 22 на терен и преку 80.000 на трибини. Кога сме кај оние на трибините, најава од Curva Sud дека вечерва нè очекува нов спектакл на тоа поле. Токму во овие моменти на San Siro, Curva Sud ја тестира својата креација која треба да блесне во сиот свој сјај токму вечерва. Се надевам дека таа креација ќе ги инспирира момците во црвено - црно исто така како што креацијата за Kilpin ги инспирираше во средата. Мораме да ги добиеме трите бода, буквално да ги добиеме трите бода! Се сеќаваме на некои од претходните дерби дуели кога комшиите со благо катенаџо и со еден шут на голот ги добиваа натпреварите! Значи не е важно да бидеме подобри, важно е да победиме!

E Andiamo!!!

Anonymous said...

Редно време е да добиеме дерби. Мини серијата од 3 порази против Интер и не е толку мини, а судејќи според она што се случува во моментов мислам дека комшиките ќе бидат задоволни и со бод.
Мене лично тоа нема да ми пружи некаква голема сатисфакција, но во зависност од околностите и бод некогаш знае да биде добар исход.
Комшиките имаат доста анемичен напад сезонава, и повредата на Милито им дотури само сол на раната.
Кога Касано и Паласио ти се главни напаѓачи, а Томазо Роки ти е алтернатива од клупата јасно е каква е напаѓачката линија на тој тим.Скоро неспоредлива разлика има во квалитет во нападот помеѓу овие 2 тима, и со една цврста и сигурна одбрана како онаа против Барса, тогаш не би требало да имаме многу проблеми во дефанзивата.

Navigator said...

Какво добро загревање со Металург во Борис Трајковски пред Дербито...

Unknown said...

^
Знаеш дека се разминавме?

Ама додека да да викнам отиде возот :D

Navigator said...

Не те видов, штета.

Одиме сега на уште една победа, најважната за нас!

FORZA GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

Што да искоментираш за првото полувреме... тешка мизерија на комшиите. Само да не примиме некој глупав гол, да го сврти цел натпревар. Инаку, 3-0 би бил фер резултат со оглед на шансите. Како и да е, Monti и Handanovic се MOTM по 45 минути. Одима до победа!

FORZA GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

Се чуствуваше товарот кој го носеше дуелот со Барса во вторникот.
Ама јас не гледам оправдувања, шансите создадени во првиот дел не беа искорсистени, а нашата анемична игра беше сурово казнета.
Како што и пишав погоре, Интер ќе биде пресреќен со овој бод.

Navigator said...

Само едно огромно - ШТЕТА! Нема што да се каже, ете до толку е незаслужен тој нивни бод. Ама кривицата до пола е и наша. Не смееше да се пропуштат сите тие шанси. Другата половина е во Handanovic. Дерби од соништата за него. Allegri е посебна приказна. После маестрален меч, кај него секогаш следува катастрофа и веднаш прави тој одличен меч од претходно да изгледа како нешто случајно. Измена во 85 и 89 минута? Или имал силни причини за тоа што ние не ги знаеме и ќе треба да ги открие или ќе остане впечатокот дека се изгуби и препушти се на играчите. И не само што беа доцни измени, туку ниедна, ама баш ниедна од измените не беше погодена. Колку и да важен некој играч, ако очигледно му треба измена, едноставно го менуваш. Mexes, Muntari и Balo беа печени за аут уште на полувреме. Вака, едниот погреши кај голот, другиот беше видно исфрустриран од промашувањата, третиот имаше најмногу изгубени топки во тимот. Јас видов оттука да му се сневиди.
Одиме понатаму, нека му ја мисли Lazio!

FORZA GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Mexes не може да се менува затоа што не е едноставно да замениш централен дефанзивец на меч на кој одбраната делува максимално стабилно. Boateng беше печен за излегување ама тоа е тоа. Одлично игравме, фрливме 2 бода. Одиме на Lazio.

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=EgxcjTf2yZg

Anonymous said...

Благодарение на Lazaros Christodoulopoulos Фиолетовите повторни испуштија бодови, и од конкурентиве само Лацио беше на ниво.
Не е толку страшно, со победа во сабота го запоседнуваме 3тото место повторно но за првпат сезонава со бод предност и до наредното голо кога му гостуваме на пријателот Прециози ќе може мирно да дишеме.
Него незнам дали е добро или лошо испаѓањево на Барса, да не се налутат па и тие пошто не се навикнати тие уште на почеток на Март да испаднат од 2 конкуренции за трофеј.

Ultras Milano

Navigator said...

Тука веќе не станува збор само за налутување на Barca. Сега не се прашуваат само тие. Спроти нив имаат група дечки кои покажаа дека не зависат од ничија милост!

ReBorned said...

Да знаевме дека толку ќе ги раздрмаме ќе ги победевме само со 1-0.

ReBorned said...

Conceding 13 header goals, Milan lost 10 points. We would have 55 points, 3 less than Juventus.