Translate

Saturday 22 December 2012

Меч за трасирање на сезоната



Круцијален меч во круцијален дел од годината! Мечот на Olimpico ќе го трасира патот во понатамошниот дел од сезоната. Со евентуална победа во Рим, ќе бидеме на одлична позиција (со оглед на тоа како почна сезоната) во пресрет на зимската пауза. Roma е екипа која многу напаѓа но прима премногу голови во дефанзива. Доколку успееме да ги неутрализираме назад, мислам дека во контра напад ќе бидеме убиствени!
Во дефанзива повторно De Sciglio му го зема местото на Abate (на моја огромна радост). До него ќе настапи Mexes а лево Constant. Најверојатно Yepes ќе го пополни останатото место во дефанзива. Пред нив, во недостиг на De Jong ќе настапи Ambrosini заедно со Nocerino и Montolivo. Нападот ќе биде формиран од најдобриот стрелец во калчото, Binho и веројатно Boateng кој ќе игра повторно како лажна деветка и ќе го ротира своето место со Binho. Amelia добива нов старт на сметка на Abbiati.


Внимателна и концентрирана игра во дефанзива верувам дека ќе ни донесат победа поради екстремно лошата игра на Roma во одбрана и големиот број на примени голови. Milan знае да биде немилосрден во контри и полуконтри преку El Shaarawy, во прв план!

E Andiamo!!! Forza Milan!!!

16 comments:

DraganTr said...

Можеби најважната утакмица во оваа полусезона. Со победа се искачуваме едно место погоре, со пораз се повеќе се оддалечуваме од Рома.

Најмногу внимание треба да се обрне на Тоти и дечкото кој за малку ќе заиграше за нас, Ламела.

Очекувам јака борба, посебно на средината од теренот и секако победа.

Anonymous said...

Се околу овој меч ветува голови,надигување и интересен натпревар.
гг3+, или чиста 2ка се се тоа убави коефициенти.
Па дури и Х2 е негде 1.60

Navigator said...

Прво ова, после ќе искоментирам нешто :)
http://www.mk-acmilan.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3746%3A2012-12-22-15-36-58&catid=1%3A2010-09-19-09-12-24&Itemid=2

Kole.22 said...

Прашаа некој за ова?
Кога веке го украдоа, мораа барем линк да остават од изворот.

Anonymous said...

Каков извор бе, ова не е спортски сајт од Италија и ова не е вест па да ја прерафразираат, или изџвакаат со други зборови, ова е копи пејст од точка до запирка со се сликите!
Мамицата нивна не им е прв пат.
Одма да се најде овој Born To Be Rossonero да му се објаснат некои основни работи. Не им е првпат.

ReBorned said...

Во конкретниот случај она извор: milanfansmkd не значи апсолутно ништо! Што е тоа? .com.mk? blogger.hr? blog.mk?

И тоа не е ненамерно направено! Јас си го кажав своето кај нив во коментар, можете и Вие!

ReBorned said...

OFFICIAL line-up vs. Roma (4-3-3): Amelia; De Sciglio-Mexes-Yepes-Constant; Montolivo-Nocerino-Ambrosini; Robinho-Boateng-El Shaarawy.

Navigator said...

Оставете тоа, без нервози. Копуци биле и веројатно ќе бидат и понатаму. Вечерва си имаме прилика за феноменално завршување на календарската година. Свесни сме за тоа каков boost ќе биде победата над Roma и како би се влегло во новата година. Јас лично мислам дека требаше да се стартува со Pazzo, наместо со Boa како false 9, ама што е тука е. Очекувам нов блесок на SES кој многу веројатно дека ќе избезуми Piris вечерва. Не сум ни за Yepes како стартер, се плашам дека може да биде премногу напор за него за краток период. Јас би играл со Zapata. Победа не носи на 5 бода до третото место, 6 до второ. Затоа, само FORZA MILAN и перфектен финиш на годината!

ReBorned said...

Неколку прашања:

1. До кога ќе игра Yepes пред Zapata?

2. До кога ќе игра Boateng пред Pazzini или Bojan?

3. Како е можно секое нафрлување во 16никот на Milan да биде 80 % гол?

4. Зошто никогаш на корнери немаме фудбалери на двете стативи?

5. Зошто El Shaarawy не шутираше на 1-0 туку се обиде да го дрибла голманот?

6. Зошто не му се дозволи на El Shaarawy да го шутира пеналот на 4-0, во самиот финиш на мечот кога немавме шанси за нешто повеќе а брка Capocannoniere?

7. Зошто Niang не доби шанса на 4-0?


---------------------------------

И да бидеме малку реални, да се завртиме назад и да кажеме дека серијата победи која што ја имавме во претходниот период беше против екипи кои сезонава ќе се борат за опстанок во Serie A!

ace1899 said...

Сезонава Милан поседува извонредно лоши стопери кои иако се толку лоши не значи дека од нив не може да се извлече нешто(Диаките,Андре Диаш и КОНКО моментално се вице есенски прваци во Италија).Сепак останувам на мојот став дека мора во јануари приоритет да биде засилување во одбраната и тоа не со „талентирани“ ала Ачерби играчи,ни треба капитална инвестција таму како Неста пред 10ина години. Тек после треба да се кастри таму горе тој едниот што више не игра фудбал и другиот што плаче за бањање у Бразил што уствари заедно со едно преценето француско битангиче се најплатени играчи во екипата.

Нема да трошам коментри за Боатенг,а за бранењето на прекини и игра со глава после пола сезона да нема решение па у пичку матер па стварно е више безобразно тоа !

Ја одговорно тврдам иако е премлад и е ризик за притисок дека НИАНГ СЕКОГАШ,СЕКАДЕ И СЕКАКО е подобар од пацото,чоекот не е ни за у мааало да го викнеш значи,никаков ефект нема.

Navigator said...

Ја усравме на крајот...

CurvaSud_Milan said...

Неверојатен е моментот со нафрлените топки!! АМАН! Се читаме утре повеќе дечки, и да, како што кажа Иван, буквално ја усравме на крајот.

DraganTr said...

Boateng е премногу глуп за да игра на лажна деветка. На него дај му задача да трча по теренот како луд и одлично ќе си ја заврши. Boateng носи 10-ка на дресот затоа што толкав му е IQ :)

Милан мора уште во јануари да се ослободи од Yepes. Подобро да дојде Lucio како слободен до крајот на сезоната, ако не сака Berlusconi да даде повеќе пари за одбрана.


ReBorned said...

Lucio веќе потпиша за Sao Paolo (не дека ми беше ќејф да дојде тука ама и таа варијанта е невозможна).

Navigator said...

Не заебавајте бе луѓе, за какво ослободување од Yepes зборувате? Не ги гледавте последните 3 негови натпревари или брзо заборавате. После минатиот меч напишав и стојам на тоа дека Yepes е еден од најблагодарните играчи што сме го довеле во последната деценија, можеби повеќе. Проблемот не беше вчера во Yepes, туку во Allegri. Не беше Ancelotti ненормален што го играше Maldini на секоја втора или трета утакмица. Yepes е супер за неговите години и плата и не смее да му се замери што некој инсистира 37годишњак да игра толку често во толку краток период. Зошто не играше Zapata и што има Max против момчето се првите прашања што треба да му се постават. Јас сум убеден дека проблемот со бранење на прекини или нафрлувања воопшто, лежи во некоординацијата на одбраната и точка. На ниеден од нашите стопери не му фали висина, скочност или цврстина во воздушен дуел. Па тоа се истите играчи (Yepes, Bonera, Mexes) што до лани играа заедно со Nesta или TS и не правеа вакви киксови. Lamela да ти даде гол со глава... Јас кривицата ја наоѓам исклучиво во тренерот и неговата неодлучност околу формирањето на константна стоперска двојка.
А за Boateng, некако секоја негова трампа ми изгледа се повеќе прифатлива. Ми се чини дека кој и да дојде на негово место би можел повеќе да придонесе. И ушта за Binho, пак ќе речам дека се надевам оти оној вчера не беше последен негов натпревар во нашиот дрес. Непроценливо корисен за оваа екипа, ќе биде огромна штета.

Anonymous said...

@Аce
Не дека го бранам, ама незнам што толку Пацо направи лошо вчера?
Единствен истурен напаѓач е во тимот а седи на клупа, влага во игра изнудува пенал и го дава истиот, и притоа шутира со глава се одбива топката до Бојан и го даваме вториот гол, за колку толку да не изгледа така катастрофално резултатски поразот.
Пацо е тип на играч што треба да игра за тим кој се наоѓа од 4-9 позиција, значи Фиорентина,Лацио и така надоле, и далеку од тоа дека треба да биде прв напаѓач во Милан.