Translate

Sunday 9 December 2012

На тест во Торино

После натегањето околу тоа дали ќе се игра овој натпревар (заедно со уште неколку „критични“ поради временските услови во Италија) последните информации велат дека веројатно ќе се игра. Можеби доколку мечот се одложеше тоа ќе одеше во прилог на Milan (повредени се Montolivo и Constant) но за Нас фановите, тешко ќе се свареше викендот без Milan. Одиме на гости кај збудалениот Torino кој сè уште е под импресии на високиот пораз од најлутиот ривал а најдобар начин да се заборави вакво нешто е добар резултат против голема екипа. Со тимот на Torino имаме пријателски односи, барем на играчки/трансфер план (Verdi, Odumadi, Comi) но тоа не значи ништо на теренот.
Milan (како шот беше претходно наведено) ќе биде ослабен за неиграњето на единствената креативна алка во тимот и одличниот лев бек кој конечно пружа партии достојни за еден лев бек на Milan. Освен нив, ќе недостига (или не) Boateng кој има црвен картон. Ситуацијата налага на некои промени во тимот но тие ќе бидат од играчка но не и од тактичка природа. Формацијата ќе остане 4-3-3.

Спефицичната 4-2-4 формација на Torino може да направи големи проблеми во нашата дефанзива но со враќањето на Abate на позиција на десен бек и мигрирањето на De Sciglio на левата страна, очекувам да се потстегнеме во дефанзива, по бочните позиции. Urby кој е најблиску до креативност во средниот ред во отсуство на Monto ќе игра како лева mezzala. Напред Binho (кој е ужасен по враќањето од повредата) заедно со Pazzo и најдобриот стрелец во калчото. Иако Abbiati се врати по повредата, сепак Allegri изјави дека Amelia кој е добар во овој период, ќе остане на голот.
Тежок меч кој се надевам дека ќе заврши со 3 бода за Milan. Се надевам заради уште поголем скок кон врвот на табелата и заради ливчето на Navigator (и моето, допрва).
Внимателно по бочните позиции и континуирано притискање на нивниот среден ред, мој рецепт за победа.
Forza Milan!!!

P.S Малиот Maldini во овие моменти игра во првите 11 за Allievi Nazionali против Varese, на позиција лев бек, исто како татко му. Моменталниот резултат е 2-1 за Milan. (Fabbro и Yaffa)

26 comments:

Navigator said...

Многу важен натпревар, многу важен и за формата и за атмосферата. Не го очекувавме поразот од Zenit и затоа сега ќе биде малку потешко да се добие денешниот меч. Одлично е што De Sciglio добива континуитет бидејќи е сосема заслужена таа доверба. Штета за Monti, сега Urby ќе мора да биде многу многу поактивен во средината. Нападот е некако очекуван. Сосема си во право Ри со тоа што велиш дека притискањето на средниот ред е нашата најголема шанса, а опасностите ќе доаѓа исклучиво од крилата. Ако Abate и Mattia одиграат на ниво, во голема мера ќе им олеснат на соиграчите во искачувањето на табелата. Нема многу време, одиме на победа и делете стримови ако најдете!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

http://www.thefirstrow.eu/watch/158003/1/watch-torino-fc-vs-ac-milan.html

ReBorned said...

Нè уништи „потегот“ на Nocerino.

Navigator said...

Во само една акција Binho успеа да ја покаже својот најголем квалитет и својата најголема маана. Каков топло-ладно играч, просто неверојатно. Прво едно уникатно движење со тело и изместување на противнички играч до даске, а потоа од 5 метра тој погодува пречка и среќно топката завршува в гол. Оваа негова форма и кариера воопшто е вистински феномен.
Друго, бековите се одлични засега, особено De Sciglio. Заприметив неколку потези кај што требаше да е ослободи од притисок. Ги реши на таков начин што ќе помислиш ги има годините на капитенот. По тоа се познаваат врвните фудбалери. Браво мали! Mexes исто морам да го издвојам за таквите слични неколку ситуации. Штета за NDJ, уште такви повреди ни фалеа, сам од себе. Noce... тоа е тоа. Кога од мозокот на италијанските фудбалери како него ќе се избрише таа опција за непотребно додавање назад, како што прават модерните фудбалери, тогаш ќе нема вакви киксеви и играта може да заличи на она од синоќа меѓу Roma и Fio.
Имаме цело полувреме, одиме на победа!

ReBorned said...

И јас го помислив истото за De Sciglio. Одлично се справува кога е под притисок и со едноставни движења ги симнува противничките фудбалери од својот грб. Асистенцијата за голот на Robinho беше извонредна! Малку ме изнервира Robinho што веднаш по постигнувањето на голот кога De Sciglio притрча прв кон него, го оттурна и продолжи кон клупата (кон Flamini). Малиот му асистираше на голот!

Navigator said...

Не знам тоа прославите како ги заприметувате :) Јас скоро никогаш не пратам тоа оти најчесто во тоа време правам кругче славље низ станот :) Друго ми изнервира мене, како Darmian го "маркира" Ambro на прекини. Го растргна, на неколку пати. Да е се чисто, секоја чест дечко, ама вака валкано, па како не ти е срам за годините и за времето кога си го гледал како идол во клубот...

Navigator said...

Што ли прави De Sciglio луѓе... Десен бек, лев, нафрлувања, продори, двојни проигрувања, асистенции... Импресивно!

Anonymous said...

Еве Пацини му го посвети денешниот гол на Владе :)
Можеби требаше да добие шанса Нианг али ај.
Ночерино солиден, гол и асистенција.
Иначе прочитав негде груба проценка дека Де Јонг ќе го нема 2 месеци а може и повеќе.
Не е официјално така да не ме фаќајте за збор.

ReBorned said...

Голот на Nocerino и речиси цело второ полувреме не ги видов, стримовите ме растргнаа!

Што се случуваше по мечот меѓу Robinho и Mexes? Некоја идеја?

Одлична победа, честитки за парите на Navigator, да му се множат.

ReBorned said...

И уште една работа, требаше Niang да добие место како замена за El Shaarawy или барем за Pazzini.

ReBorned said...

И лошата вест, De Jong со минимум 2 месеци во аут а можно е и да отсуствува до крајот на сезоната.

CurvaSud_Milan said...

Пацини треба да му го посвети голот на судијата, ако сакаме да сме реални :) Криво ми беше она со глава што не влезе по одличниот центаршут на Де Шиљо.

...држиме континуитет, тоа е добро, Пескара е одличен противник тоа да се продолжи и со 4 победи по ред да се влезе во дуелот со Рома. Штета за Де Јонг, да се надеваме дека 2 месеци ќе биде максимум период за враќање. Имаше нешто на крајот со Мексес, незнам што беше, јас добив впечаток како "да го туркаат" да отиде да отпоздрави со навивачите, како да немаше некоја желба, заради што не знам.

ReBorned said...

Не, проблемот на крајот беше меѓу Mexes и Robinho. Соиграчите ги туркаа еден од друг, немаше врска со навивачите.

De Jong официјално, во аут до крајот на сезоната.


Ronaldo = 13 goals in 14 games (4 PK). El Shaarawy = 13 goals in 16 games (no PK).Which one do you prefer?

ReBorned said...

Mediaset вели дека Mexes бил бесен на Robinho поради неговото лошо издание денес:

http://www.youtube.com/watch?v=IT7c9xYaPZE

ace1899 said...

Пред некое време искоментиравме дека Макс е докажан слаб психолошки мотиватор и тоа си се потврди и изминатиов период. Тој недосаток што фалеше на тимот очигледно беше приметен и од управата и последниве натпревери Милан има уште еден "член" во стручниот штаб а тоа е контроверзниот и перверзен старец -Mr.Silvio.
Редовно(пошто очигледно го глеал Скајфол)си долетуе со хиликоптерчето во Миланело и со неговата маркантна појава успеа да го даде конечно тој психолошки импулс,да го даде последното делче од сложувалката за да почне екипата да победува. Не знам што им зборува,освен тоа што си го лечи фетишот за фризурите,но факт е дека знае старото како да го извлече победничкото од сите фудбалери.Тоа се приметува и низ изјавите на фудбалерите па дури и самиот Алегри признава за позитивниот ефект што ги имаат сеансите со Берки. Малку делува трагикомично целата ситуација,може ќе реши Силвио да си ги пренасочи средствата што му се даваат на Алегри за себе бидејќи ја врши ако не и најбитната работа на тренерот ама како и да е само нека продолжи вака и нек се множат WWWWW...

П.С. Штета за Де Јонг,не сум сигурен колку ќе може Сали да го покрие до крај и мислам дека по чистката у Јануари ќе мора да се бара крпеница таму.Строотман е веќе прескап за нас,не би ме чудело ако се земе пак некое low-cost решение само да не е некој нов Бакаје D'or.

Anonymous said...

Јурај Кучка или нешто што ќе фрли Прециози и пријателите наваму.

Navigator said...

Kucka е бааги поофанзивен од тој што треба да го замени NDJ. Добро е што управата отворено најави ангажирање на негова замена, лошо е што секогаш кога знаеме дека ќе дојде некој, тоа е просечен трансфер. Веројатно подобар играч ќе добиевме ако се чекаше во неизвесност. Мада доста зависи и од текот на кандидатурата и Berlo ќе добие шанса за предвремени избори :)
А околу ова со мотивацијата, беше јасно дека мора да се стори нешто овој тим да почне да игра соодветно на својот квалитет. Затоа кога коментирав пред некое коло реков дека колку и да погреши управата летово, ова е потег на место. Ќе речам очајнички потег, иако не сакам да го призаам тоа. Милион пати повторувавме дека екипата игра далеку под својот потенцијал и затоа сега барем мене не ме чудат овие победи врзани во серија. И веројатно го фативме последниот воз за приклучок кон врвот. Сега одеднаш и не ни изгледа така далеку ЛШ - 9 бода.

ReBorned said...

На тие -9 може да влијаат и одземање на бодови на Наполи (најверојатно само 1 или 2) и евентуално неиграње на нивниот капитен, Паоло Канаваро, цели 9 месеци.

Navigator said...

Ако ги стигнеме тие евентуални -7, зарем не веруваш дека и Принтер ќе заврши зад нас? Ако оваа форма опстои овие месец и пол, до продолжението на европските купови, клубот ќе има реални шанси за топ 3. Доаѓаат два многу лесни меча на хартија, после тоа директен дуел за врвот со Roma и веројатно тоа ќе го одреди правецот на амбициите и сезоната воопшто.

Navigator said...

И нешто што мислев дека го искоментирав вчера, ама сум заборавил. Не знам дали ги гледавте преносите од колово, ама ова беше врв на Калчото оваа сезона. Вакви натпревари враќаат верба, враќаат навивачи, носат таленти. Офанзивен фудбал, без премногу тренерско надмудрување и простор за играчите наместо за тактиката. Roma-Fiorentina беше кремот, на нивото на дербито на Манчестер, ако не и над тоа. И не само тој меч, нашиот, Printer-Napoli, Samp-Udinese денес...

Anonymous said...

Така се погодија натпреварите, Италија секогаш ќе биде Италија и ќе си го преферира истиот стил на фудбал.
А на резултатски а мајмногу на оргнизациски план многу заостанува зад Премиер лигата и Бундес Лигата

ReBorned said...

Јас секогаш гледам на разликата меѓу Milan и клубот кој во конкретниот момент се наоѓа на трето место. Значи не верувам дека Napoli сигурно ќе биде трет па ќе ги бркаме нив исто како што не верувам дека ако направиме таква серија и ако стигнеме до тоа трето место нема да успееме да го поминеме и Inter. Само едноставно одам на најчистата варијанта, ја гледам разликата меѓу нашиот клуб и клубот кој во конкретниот момент е на трето место. Во моментов тоа е Napoli а пред едно коло беше Inter. Чекор по чекор, да не се дигнеме во облаци па после да се разочараме.

Anonymous said...

Да не има некој што планирал да пишува пост? Ако нема може ја да чкртнам нешто уште сега.

Anonymous said...

http://calciomalato.blogosfere.it/2012/12/costacurta-mancini-video-lex-milanista-da-del-testa-di-c-al-tecnico.html

ReBorned said...

Јас утре доаѓам за СК со кола (се надевам дека ќе помине сè во најдобар ред со оглед на временските услови) ама си бегам веднаш за да не ме фати мрак, ќе биде стакло.

Со други зборови, нема да можам да пишувам пост.

Anonymous said...

Епа ај до вечер ќе има нешто.