Translate

Wednesday 3 October 2012

На мегдан во Санкт Петербург

Клише на секој спортски новинар деновиве кој ги подготвува своите анализи и математики во однос на денешниот натпревар му се три збора во иста конотација (Зенит-Милан-криза). И најголемиот росонер мора да признае дека денешниве момци се далеку од оние не така далечни времиња, што не е причина да бидат запоставени. Напротив, поддршката е повеќе од потребна. Навикнати сме на големи апетити кога станува збор за ова натпреварување, па без разлика кој истрчува на терен, прво и најбитно е безрезервна борба, а потоа резултатот да си дојде сам по себе.

Колку и да мразам било какви споредби мегу тимови (општо), морам да изнесам една разлика која во моментов прилично се истакнува. Додека Милан почнува да функционира како еден, сосема спротивното се случува во спортивниот табор токму поради  новонаправените трансфери. Огромните пари вложени во т.н Хулк (рака на срце, одличен напагач но премногу,премногу препотентен за играч кој има настапувано во 2 просечни лиги) и Витсел прават раздор во екипата што резултира со огромен пад на формата (верувам запознани сте и нема да навлегувам во детали)

Изборот на повикани играчи речиси не се разликува од оној од пред 4 дена. Како што ке биде и цела сезона, остануваат 'стандардните' недоумици, особено во одбраната. Абате или Де Шиљо на десен бек, Антонини речиси сигурен на лев, а за централен пар најверојатно стартуваат Бонера и Мексес (највеке поради искуството во ЛШ)

Абиати
Абате-Бонера(Запата)-Мексес-Нини
Ноче-Де Јонг-Монтоливо 
Боа-Пацо-Ил фараоне

Нема играч кој во моментов би му го земал местото на Ел Шарави. Брилира последните натпревари (на секој дел од теренот) и апсолутно заслужува секаква доверба и поддршка. Секоја добра партија на оваа сцена, ја крева неговата цена. Како руските и арапските магнати едвај чекаат да ги пуштат пипците накај Милано кон него, но проследени со изјави како на пример El Shaarawy non si tocca и слично. Знаеме дека тој го живее моментот и од слични шпекулации нема ништо. 

Овој дуел по мене воопшто не доаѓа во лошо време како што тоа повекето го мислат. Прво затоа што притисокот над Алегри е значително намален, второ затоа што рускиот шампион не игра на нивото на кое се очекува, трето затоа што на север сеуште нема остри температури и четврто затоа што голем број поединци се желни за докажување на европско тло.


Вистински момент за прва победа во натпреварите по групи и олеснување на патот кон втората рунда. Време за пробив на новата генерација со седумкратно шампионско педигре. 

      FORZA MILAN!

31 comments:

Anonymous said...

Убаво склопено, браво.
Тренерките што ги носат на сликата им се џам.
Го делиме мислењето, а тоа е дека играчи од типот на Бонера,Анте,Амброзини ќе добиваат значителни минути во ЛШ поради нивното искуство и натпревари во минатото.
Иначе каде ќе го гледаме овој натпревар? Јас уште не знам кој натпревар го избраа како најинтересен мтв, мене лично сити-дортмунд најатрактивно ми делува.
Претпоставувам нема да има пренос од Русија, мада вчера најдов HD снимка со англиски коментар на

http://www.lshunter.tv/

ReBorned said...

Убав пост од Kole, се надевам дека ќе ги прави почесто :)

Ambrosini и De Sciglio не учевствувале во последниот тренинг, тоа веројатно алудира на некои истегнувања/повреди. Во текот на вчерашниот ден имаше шпекулации дека ќе играме 4-2-3-1, со Montolivo и De Jong централно а El Shaarawy, Boateng и Urby напред.


МТВ вечерва го дава Сити - Дортмунд а од 18:00 ќе ги има Зенит - Милан на ArenaSport 3 со мкд коментатори. Се двоумам дали да го активирам пакетот или да ја гледам на стрим (веќе имам спортклуб пакет ама треба да вклучам дополнителен пакет за ЛШ и ЛЕ преку АренаСпорт а ќе има фудбал само 2 пати во месецот, кога нема ЛШ каналите се блокирани. Имам време до вечер да размислам :) ).

DraganTr said...

Браво за постот.

Како што коментирав пред некој ден за Урби, така денес ќе коментирам и за Ночерино.

Ноче е надвор од форма, тоа се гледа од далеку. Исто така, тој минатата сезона постигна толку многу голови, само поради Ибра (Ибра носеше на својот грб 2-3 играчи, и Ноче втрчуваше од втор план).

Сега немаме таков играч што може да повлече 2-3 играчи за да Ночерино има простор за игра.

Треба Алегри да го седне на клупа 2,3 натпревари, за да се ослободи место на други играчи.

Се надевам на позитивен резултат вечерва.

Поздрав

ReBorned said...

Еве како изгледа графички она што го споменав претходно:

http://pbs.twimg.com/media/A4QlrPVCAAAw8X8.jpg:large

Првично беше најавен De Sciglio десно но штом не тренирал на последниот тренинг, веројатно има повреда и нема да се ризикува со него. Останатиот дел од тимот е тој.

Се согласувам со DraganTr околу Urby но во таква широка формација во која зад единствениот напаѓач има 3 широко распоредени фудбалери во линија, Urby е една од ретките опции, такво нешто би можеле да одиграат уште и Bojan, Binho (кој сè уште не е доволно фит) и Pato (кој е во аут). Можеби би можело да се проба со Bojan на AMR, имаше неколку одлични линкувања со останатиот дел од тимот во саботата а и неговиот проблематичен физикус помалку би дошол до израз некаде на крило отколку централно во нападот против цела противничка одбрана, како што беше случајот во саботата.

Navigator said...

И од мене браво за постот, во право време сме завршиле работа со авторизацијата :) И за сите други што сакаат да пишуваат постови (ама не двапати годишно), оставете меил, јас или некој од момците ќе ви даде опција "new post".

Ме нема неколку дена со коментар, од мечот во Саботата, заради комбинација на обврски и фрустрација од меч кој требаше да го добиеме, ама не испадна така. Криво ми е што кога играта почна да личи на нешто (иако е далеку од шампионска форма), ние пак лесно губиме бодови. Добро што ова денес не е меч за класични бодови, не е првенство, инаку немаше да соберам мотиви да напишам едно коментарче. Групната фаза е место каде не сме калкулирале со бодови, не сме правеле комбинаторики, што и како, таму сме врвеле лагодно, лесно, уште по 3 или 4 кола. Годинава, јасно е дека нема да биде баш така. Не успевме да земеме три бода од најлесниот меч во групата, па сега доаѓа најтешкиот на хартија. Zenit е екипа, втора по реноме во групата и гостинскиот меч со нив би требало да биде најтешкиот. Јас ќе се сложам со тоа, затоа што така вика логиката. Ама никогаш нема да се сложам дека Zenit е фаворитот во овој меч. Нашиот клуб е во резултатска криза, нема збор, ама едноставно Milan може да не биде фаворит само на гостување кај 6-7 од европските најдобри клубови. Во нив не е ниту Zenit, ниту Malaga, да не зборуваме за Anderlecht. Тоа што денес видов коефициент 3,3 за победа на Milan е малтене понижување. Фичо колку е кај вас? :)
Јас верувам во победа! Можеби ќе биде тешка, крута утакмица, недопадлив фудбал за око, ама на крај очекувам победа. Кажувам веќе неколку натпревари со ред дека оваа екипа не може вечно да игра лошо. И не игра веќе така лошо, секој меч се подобрува. Морам да ја променам реченицата во: оваа екипа не може вечно да не освојува заслужени бодови. Иако вечерва ќе ми бидат помили 3 незаслужени, отколку 1 бод, а игра за победа. Ајде да затниме многу усти вечерва и после на раат да одиме на МЗТ :))

ReBorned said...

Види го ти битолчанецот со МЗТ...

Инаку, според последните комбинаторики веројатно e Bojan да му го земе местото во првите 11 на Pazzini и пак тој да добие старт.

Navigator said...

Конечно класична 4-2-3-1!

Abbiati; Abate, Bonera, Zapata, Antonini; Montolivo, De Jong; Urby, Boateng, El Shaarawy; Bojan.

Јас едино би менувал во шпицот, Pazzo наместо Bojan. Сепак оваа формација бара класичен шпиц. Bojan е далеку од тоа.

Navigator said...

http://www.livefootballol.tv/streaming/channel/aviator-tv3-sopcast.html

За тие што имаат брз нет, како да си на стадион...

Navigator said...

Ммм, голманскиот дрес ептен личен :)

ReBorned said...

Донација и од мене http://www.thefirstrow.eu/watch/144548/1/watch-fk-zenit-st.-petersburg-vs-ac-milan.html

Navigator said...

Голот е среќен, ама играта е одлична! Од-лич-на!! Пак имавме фуриозен старт, само да не се повлечат сега.

ReBorned said...

Другиот гол да не е среќен?

Il Faraone!!!!!

Navigator said...

Колку имаме посед, 102,3% или повеќе? :)) Везење на терен!

Navigator said...

Che parata d'Abbiati...

ReBorned said...

Незнам што ќе правиме со одбраната сезонава!!
Целиот тим трпи поради тоа! Првите 20 минути игравме баш sexy football, голови, акции, топката се лизгаше околу нивниот шеснаесетник! Потоа, застанавме! Одбраната ни беше решето и само фантастичниот Abbiati спречи да примиме барем 1 гол!
Поради несигурната одбрана која константно има дупки и секој нивни напад носи опасност, трпи целиот тим! El Shaarawy одлично покажа зошто треба да се помага назад, ако не го направеше тој старт за жолт картон на линијата на 16 метри, тоа беше речиси сигурен гол. Фудбалерот пред себе имаше огромна дупка!
Уште еден одличен погодок на El Shaarawy, мора да се консолидираме во вториот дел и пред се да згазнеме на топката!

Navigator said...

Затоа не се повлекува на крај! :@ Има уште две ебани минути. Зошто да не ги одиграш како цели 45? Зошто?? Ме збеснаа сега на крајот у пичку матер. Ова е класична грешка на тренерот. Вакво повлекување има само кога е директно наредено од него.

Anonymous said...

Супер линкот на Ри, мада не го фатив цело полувреме.
Голот на Ел Шарави е порно.
Нека стегнат до крај пошто гледам добра игра имаме, а русиве солираат преку Хулк кој ако често се фаулира и добро затвора нема да им биде многу од корист.
Значи го имаме натпреваров во рака така треба и да остане.
Јас не сум изненаден од Битолачанецов, јас нема ни да го догледам вториот дел ќе се тресе Борис Трајковски вечер.

Navigator said...

Експресна трансформација во 4-3-3

Navigator said...

VAIIIIIII MILANNNN!!

Navigator said...

Allegri е една голема пичка! Прави измена Yepes-->Boateng! Извинете ми на речникот денес, ама ова не се трпи...

Navigator said...

Тежок меч, тешка победа, ама заслужена, во убав натпревар. Отворен меч, многу шасни и многу голови. Тоа е тоа што сакаме да го гледаме. Само по можност без толку неизвесност до крај, срце ќе ми пукне на утакмица :)

GRANDE PARTITA, BRAVO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Одлично започнавме, грдо завршивме, сепак, добивме 3 бода!
El Shaarawy конечно на натпревар постигнува гол а сепак не е човек на натпреварот, тоа е добро за Milan!

Abbiati беше фасцинантен!

ace1899 said...

Уф каква утакмица,мислев дека гледам полуфинале права ЛШ класика. ЕДНО НАЈНАЈНАЈГОЛЕМО БРАВО И ФАЛА за EXTRATERRESTRIAL ABBIATI !!!!!!

EL SHA што да се каже пупу да го серат кокошки,бисер,нејмар наш ЅВЕР!!!

Anonymous said...

http://www.fullmatches.net/zenit-vs-ac-milan-03-oct-2012-full-match/

Еве кој сака да си ја симне утакмицата.

Него Малага најголемо изненадување до сега! повтрорно 3-0 сега имаме 2 натпревара со нив од кои ако извлечеме 4-6 бода ќе бидеме спокојни до крајот.

ReBorned said...

Доказ и преку бројки за она што се гледа на теренот во играта на El Shaarawy, големиот work rate!
На мечот против Зенит, El Shaarawy истрчал 12.115 m и е втор на мечот, пред него е само Shirokov кој истрчал 12.382, речиси никаква разлика! И во контекст на ова претходно, изјава на малото:

"I'm ready even to play as a full back for this team. I'm completely at the squad's disposal."

ReBorned said...

А да додадам дека е најмлад стрелец на гол во ЛШ во историјата на клубот? :)

Navigator said...

Класично затишје пред бура :) Се гледа умор од темпово и на блогот. Ама распоредот ни е ептен филмски. Цел овој циклус Среда-Сабота кулминира со најбитниот меч есенва. После таа слатка победа ќе одмараме со репрезентациите. Абе милина...

Navigator said...

http://twitpic.com/b16ku5

ReBorned said...

Интер со формација 3-5-3 против Милан:

http://pbs.twimg.com/media/A4dxSEtCAAA_-sQ.jpg:large

Anonymous said...

Сега се прибирам дома, до толку нема кој да пише пост?

ReBorned said...

Пишувам...