Translate

Monday, 16 August 2010

OFICIJALNO : TV TELMA KE JA EMITUVA SERIJA 2010/11 EKSKLUZIVNO SO 5 DIREKTNI PRENOSI SEKOJ VIKEND + PREGLED SEKOJ PONEDELNIK OD 19:30 + MAGAZIN SEKOJ PETOK KAKO NAJAVA NA KOLOTO


Ова е пастирано од фејсбук профилот на интеристот Бранко Илиевски пред околу 4 часа.
Оваа сезона поактивни ми изгледаат од Телма, ако ништо друго ние сме си сигурни за разлика од енглезите кои изглеа ќе се гледаат на ppv :)


FORZA TELMA !!! FORZA MILAN !!!

49 comments:

Anonymous said...

Е ова веќе отвара.Со преглед со магазинче со сите салтанати :))))
Само уште Миланезиве да покажат кој и што сме и се ќе биде перфектно.

FORZA TELMA FORZA MILAN

ReBorned said...

Црното Ауди на Боатенг денес влезе во Миланело...
Браво Телма

ReBorned said...

Мераци!

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=2&rub=17&item=2439

Navigator said...

секоја чест на континуитетот, а за коментаторите веќе зборувавме...
благодарни сме во секој случај и уште порадосни од лани ради новите примеси..пет преноси се стварно екстра, што уствари значи дека скоро ќе ги нема нервирањата од лани во врска со изборот на натпревар за пренос..
само имам една забелешка за постот Ultra..требаше да ставиш слика со логото на Телма... заслужија!

Navigator said...

allora, è ufficiale: BENVENUTO PER IL PRINCIPE!!!

ReBorned said...

Ни треба еден „Ghetto Kid“ во тимот, еден млад Гатузо, еден ѕвер па ако сакате на моменти и валкан играч

Navigator said...

...еден млад Gattuso - баш така! ама и солидно технички поткован..инаку валкани играчи имаме доста..
незнам, мене ова ми изгледа како добар потег, меѓутоа времето ќе покажи, како секогаш..само не ги знам деталите околу откупната клаузула и дали воопшто има таква..според изјавите на Preziosi, најверојатно постои..

FORTUNATO PRINCIPE, FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Има откупна клаузула и Прециози рече дека би бил среќен ако никогаш не го облече дресот на Џенова.Значи практички е наш играш 4eva (ако се покаже нели).
Е сега е на ред Ибра :))))))

FORZA MILAN FORZA PRINCIPE

Anonymous said...

Ибра?сериозен си васе?па ти знаеш рикардо оливеира што е за него?!

Navigator said...

јас знам! Ibrahomovic што подалеку од нас!!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=hYQa4SKRAOE&feature=player_embedded

Сидорф ми е фаворит :)
Нз зошто од цел моментален состав омилен ми е :)

Navigator said...

Aquilani во Juve, Kuyt во Splinter??
звучи многу опасно...

VAI MILAN!!!

Anonymous said...

Паметен пазар прават оваа година јуве...

Anonymous said...

Се вжештија работиве за Ибрата....

Navigator said...

види го Васе пак за Коњевиќ :)
а Juve не само Aquilani, туку и Krasic си го зема! ќе бидат страшни...

Anonymous said...

Хахахахаха абе незнам оти не ви се допаѓа човекот класа е :))))
А за соблекувалната веруам дека ќе се среди (штом би се согласил да намали и плата и да замине на позајмица) мое мислење....
А Јуве ќе бидат добри но кога Рони ќе застане на теренот пак ќе се збунат :D:D сироти душа немаат од него, испод 2 гола не им дава на утакмица

FORZA MILAN

ReBorned said...

Ако успеат да го убедат Хунтелар да си оди, Ибрахимовиќ иде сигурно!
И колку и да ме нервира... носи квалитет, носи 3 класи подобра игра напред од онаа што ја имаме со Бориело или Хунтелар...

Navigator said...

и да дојди и 30 гола да даде, јас ќе се радувам, ама пак нема да го сакам..ми се чини дека нема играч шо повеќе го мразам...
а за утре со Juve слушам и Antonini се спремал да ја продолжи низата голови :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

според денешната прес-конференција на Massimo, составот за утвревечер е скоро јасен:

Abbiati
Abate--Papa--TS--Antonini
Ambro(Flams)--Pirlo--Seedorf
Odu--Dinho
Borriello

Тројката во нападот, стоперското дуо и голманското место се загарантирани за овие играчи кои се напишани, затоа што тренерот го изјави тоа..и на бековските позиции најверојатно ќе се најдат овие играчи со оглед на дваесетте повикани..во средината обавезни се Pirlo и Seedorf, а за последното место, јас би се одлучул за Ambro..

ова се повиканите...

PORTIERI: Abbiati, Amelia, Roma. DIFENSORI: Antonini, Bonera, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes.
CENTROCAMPISTI: Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Strasser.
ATTACCANTI: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Oduamadi, Ronaldinho.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Оду полека но сигурно си го осигура местото во сениорите, прва замена за Дињо и Пато по крилата...
Шала на страна изгледа овој „швеѓанецов“ ќе дојде. Па и нека дојде! Малце да се растерети и Пато напред... ама не можеме никој од напаѓачиве да избркаме (исто како и пола одбрана)

Anonymous said...

Епа тоа сакам да кажам.3 класи е подобар од моменталните напаѓачи што ги имаме освен Пато и Дињо.Па тоа дали е чак или не ќе се види во текот на сезоната.Мислам ако може Боатенг да се намири зш да неможе и он :D
За Оду ми е многу мило.Мислев дека на тоа место ќе биде Верди но физички е поспремен и поцврст пред се Оду.Мора да има млада крв во тимот.
Имам една забелешка која многу премногу ми смета - зошто постојано е изоставан Ониеву од составов.Дечкото е како кинески ѕид масивен е и плус не е лош дефанзивец и е многу подобар од Каладзе и Бонера?Ме мачи и изоставањето на Адија.Барем на овакви утакмици нека играат нека се докажат :S:S

FORZA MILAN

Navigator said...

стварно е чудно тоа за Onyewu..не добива прилика ни на пријателските..знам дека беше цела сезона повреден, ама играше и на СП и цело време тренира без прекини..грешка е ако не му се дава прилика за да можат вечната надеж Bonera или Yepes на 40 години да се докажуваат..јас искрено не сум го гледал кога играше за Standard или Newcastle, ама стално кога е во репрезентација е сосема солиден..ако малку повеќе му се верува мислам дека дефинитивно можи да биди нашиот трет или четврт стопер..

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

MILAN: Abbiati; Bonera, Papastathopoulos, Thiago Silva, Antonini; Ambrosini, Pirlo, Seedorf, Oduamadi, Borriello, Ronaldinho.


http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=84870&part=sports

Anonymous said...

Васе што е за тебе класа играч?ибра хомович беше класа во интер кога им даваше голови на сиена,болоња пети некои си таму дриблинзи незнам што...па не фала за овие тимови го имаме бориело и неговите маказици,ибра хомович е гомно и тек оваа година со барса првпат даде гол во нокаут фазата во лш, за тебе тоа е класа играч?кој е биг меч флоп??
И да хунтелар за него е Роналдињо за Реџинааа !!

ReBorned said...

Ултра, титулата се добива во дуели со екипи како Болоња, Реџина, Лече, Сиена... ;)

Navigator said...

гледам никој не искоментира ништо за синоќешната утакмица, а баш сакав да прочитам нешто пред да кажам..чекав некој да го потврди мислењето што го имам дека она сношти беше најдосадната подготовка после оној меч со Varese..толку некако ми делуваше играње "ради реда", што повеќе гледав на времето отколку на играта..се ми беше тромо, безжелно...
добро е единствено ако на момците им се играат лигашки утакмици, па им е доста од припреми..и јас одвај чекам да дојди недела и да видиме што уствари сме направиле досега..друго за синоќа нема да коментирам оти и скоро ништо не ми се бендиса..
а за се погласните шпекулации околу Ibrahomovic не сум среќен воопшто, ама има една варијанта што изгледа се поверојатна доколку некој сака тој трансфер да се оствари..верувам сите прочитавте за трампата Borrielo+Cash - Ibrahomovic..е тоа веќе ќе биди паметен потег на управата, кој сепак ќе зависи од износот на cash-делот..нема да расправаме околу квалитетот на двајцава, уште помалку околу тоа кој колку може да доприноси во Milan моментално, оти тука нема место за дискусија..единствено со таа варијанта ќе бидам задоволен, иако ми се чини дека стално ќе го презирам ноското..
сепак, каков и да е, гарантира повеќе голови од Borriello...

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Утакмицата неможев да ја гледам,само пеналите ги гледав тиаго не шитна !
и иам нов прекар за него....да не ви личи случајно на некој боксер?!ми личеше мене уше од коа дое али неми текнуеше на кој али сеа знам :)
Бориело и 10ина мил за коњот не би било лоша зделка, никој не ти гарантира голови ама барем да се дешава нешто, башка ако Дињо Ибра и Пато се разиграат ондак уфффф опасно ќе биде.
А ри остај тој муабет...не зиаме титула :)

Navigator said...

добро Ultra ако си толку сигурен...

Anonymous said...

Колку и да е болна вистината Ибра е неколку класи подобар од Бориело и да вреди 70 и кусур милиони.Но во никој случај неможам да се помирам со тоа што сакаат Марко да го искористат во трампава, ме убива тоа коа го читам.Не би го дал Марко по никоја цена зошто е продукт на Милан и од него имаме загарантирани 10 гола минимум од сезона.Плус има поголемо искуство во лигата отколку Хунтелар.Сами се донесоа во оваа ситуација, лани кога требаше да купат играч со други карактеристики они го земаа Клас и сега ќе летне некоја глава која навистина не заслужува да летне.
Ултра го почитувам твоето мислење и во право си донекаде се е докажано и видено но исто така е докажано и дека е голем шампион.Со играта со титулите и индивидуалните потези.Ќе видиме што ќе биде но дефинитивно ако не го донесеме него или Робињо или Роси пак ќе ја имаме тромавата игра во нападот тоа е факт.
Одиме утре да ја тепаме Барса на последната проверка пред стартот на сезоната.Фалат повеќе играчи но среќа што има кој да ги замени, во составот е Боатенг кој ќе дебитира тука се веќе стандардните Меркел, Страсер и Одуамади нашите дијаманти исто така и Неста се враќа но не би го играл затоа што за Меси,Педро,Бојан и компанија треба трчање не играчка.Секако очекуваме да покажат што умеат и до каде се се надевам на отворена утакмица со многу шанси голови и емоции пред се.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

Вистинскиот натпревар почнува во 13:45 (започнува ручекот меѓу Галијани и Сенси)...

Navigator said...

јас сум се посигурен дека трансферот ќе се реализира..и тоа најверојатно со трампата + кеш..Mino Raiola е дециден дека несака никакви позајмици за неговиот играч, така што траен договор е единственото решение за двете страни..мислам дека тоа ќе биди најдобрата варијанта за нас, оти добиваме неоспорно поголем квалитет и не трошиме огромни пари..единствено неможам да разберам како на Barca им одговара ваквиот договор..
инаку Васе, сентименталностите околу "нашите деца" не постојат во модерниот фудбал..добро е што и Milan го прифаќа тој факт, оти ако клубот уште се понашаше како "фамилија" сега првотимци ќе беа Kaladze, Pippo, Janko, Rino, па дури и Crespo... значи воопшто не ми е жал, ако можи тоа така да се наречи, за жртвата на некој просечен играч, кога е во прашање несомнено world-class играч..
а околу вечерашната утакмица, мислам дека сето тоа, пак како во неделата, ќе биди 90 минути некаква традиција и дека ни Milan, ни Barca нема да се појават со најсините состави ниту нешто многу ќе се залагаат играчите со оглед дека викендов почнуваат двете првенства..
значи како што рече Ри, најважното ќе се случува во ресторан, а не на терен..

P.S. Со среќа на дебито за KPB!!

FORZA GALLIANI, FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Моето лично мислење за ибра има големо влијание со какви очи гледам на него, но што да се прави боље нешто него ништо, a реално гледано боље ибра него марко.
Зошто?не се потресувај многу васе,сите знаеме за техничките ограничувања на Бориело колку и да се труди и да трча сепак неможе да се рамни со контрола на топка,шут,прием и сл на горенаведениот.
Но сепак,премногу пари ми се мотаат околу трансферот на ибра...
секој ден нови цифри слушам од едногодишна позајмица со тоа што барса и милан ќе ја поделат платата по 6м па се до бориело и 30м+ во замена за ибра што не ми се допаѓа воопшто...

Anonymous said...

Си го сменил фонтот на КПБ и изглеа као крф лол :)
Креспо беше ѕвер! уште не разбирам зошто не го задржавме по позајмицата туку џила го земавме :/
а прочитав нешто дека каладѕе е лут на милан затоа што е постојано игнориран од алегри, и као он чул некој внатрешен муабет дека некој му наложил на тренерот дека какха и јанко неможе да играат заедно?
Како и да е....најдобро ќе биде да си замине,се надевам дека и самиот го знае тоа.

Navigator said...

а дали прочитавте за испадот на Kamikaladze?? па добро, дали е нормален дечкото??
треба да биди пресреќен и преблагодарен што клубот се понаша со почит со играчите кои придонсле нешто во минатото, инаку досега ќе беше избркан за уши..е тоа ти е кога им даваш многу на некои кои не заслужуваат...
кога можеше Real да ја продаде својта легенда Raul оти не се вклопуваше во екипата, зар Milan неможи да го отпушти грузиецот?
засрами се Kaladze!!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Што има некој да му наложува на Алегри дека Јанку и Каладзе не смеат да играат во истиот состав... па и мало дете по натпреварот со Варезе можеше да уочи дека Одо+Каладзе+Јанку е недозволива комбинација на натпревар, никогаш повеќе!

ReBorned said...

Инаку околу можните состави за вечерва:

BARCELONA (4-3-3): Pinto, Adriano, Puyol, G. Milito, Abidal; J. Milito, Abidal; J. Dos Santos, Thiago, Iniesta; Messi, Bojan, Villa. Dos Santos, Thiago, Iniesta, Messi, Bojan, Villa. All.: Guardiola Att: Guardiola

MILAN (4-3-3): Amelia; Bonera, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Boateng, Pirlo, Ambrosini; Abate, Huntelaar, Ronaldinho. MILAN (4-3-3): Amelia, Bonera, Nesta, Thiago Silva, Antonini, Boateng, Pirlo, Ambrosini; Abbot, Huntelaar, Ronaldinho. All.: Allegri Att: Allegri

Околу останатите вести... Адиа на позајмица во Реџина, пет млади фудбалери се повикани во репрезентацијата до 19 години (Верди, Гирингели, Берета, Матиа и Сантонито (момчето што го купивме пред некое време).
Исто така сме на работ на потпишување на две деца од Уругвај, Coates, дефанзивец што е 19 години а е висок цели 196 см и е веќе повикан од Табарез во сениорскиот состав и Montelongo, фудбалер кој игра во средниот ред но се смета дека би бил замена за Одо, значи ќе го правиме бек. Незнам дали овие деца ќе бидат новите Виудес и Кардачио но знам дека е позитивно што едниот има италијанско а другиот шпанско државјанство па немаме ризик од таа гледна точка. Исто така во Шпанија покрај за Ибра ќе се дефинираат и деталите за Carmona, бек од младата школа на Барса кој треба да дојде во екипата на Гали и Педерцоли.

Navigator said...

прочитав за позајмицата на Adiyiah и мислам дека е одлука на место..исто прочитав и за новопечените репрезентативци, што е уште еден плус и признание на одличната работа на Stroppa, Galli и компанија во младинските категории..за уругвајците не сум прочитал, ниту знам кои се дечките, ама им посакувам огромно benvenuto и што побрзо за нив да се расчуе низ фудбалска Италија..нема да коментирам како некој од нив би можел да се вклопи во првиот тим оти стварно не ни знам како изгледаат, а не друго...
истото важи и за Carmona..
Uncle Fester кажа дека преговорите почнале, па останува да го видиме исходот, за кој сепак мислам дека е извесен..
составот изгледа сосем во ред, освен едно место..јас би играл со Seedorf наместо Ambro, зашто ми изгледа некако недоволно физички спремен за уткамица со многу трчање..незнам дали го забележавте во неделата колку уморено делуваше во вториот дел и покрај темпото на натпреварот..во секој случај овај состав можи да му парира на Barcelona..

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:

BARCELLONA: Pinto; Adriano, Milito, Puyol, Abidal; Maxwell, Jeffren, Jonathan; Iniesta, Ibrahimovic, Villa

MILAN: Amelia; Bonera, Thiago Silva, Nesta, Antonini; Ambrosini, Pirlo, Boateng; Huntelaar, Borriello, Ronaldinho

FORZA MILAN!!!!!

Anonymous said...

Многу тешко играат со 4-4-2.Но Алегри би ја сменил формацијата и би ризикувал но ако дојде Ибра може ќе биде подобро да останеме со таа.
И уште од прво коло Бране почнува да не малтретира МИЛАН НЕМА ДА ГИ ДАВААТ - ГОСПОД ДА ЧУВА И ДА БРАНИ.Ја незнам како може да го меша приватниот живот со работата.Ќе ги даваат Сампдорија - Лацио МОЛИМ ТЕ.
Нека коментира коа ќе ги згазиме тоа мердата скапана мислат дека пак ќе се шетаат ама го нема веќе менталното Мурињо сеа ќе нема кој да им вбризгуе адреналин низ тоа празните глави.
Боатенг цар :)))))

FORZA MILAN

ReBorned said...

Васе, внимавај на речникот, не е во ред, посебно не сега по овие напори и понуда на Телма (5 натпревари + магазин + преглед).
Ако навистина биде така не може да не се дава Милан во серија.... речиси секогаш ќе бидеме „во игра“. Затоа наместо погрдни зборови не е лошо да си истетовираме по една Телма тетоважа на челото :P
Боатенг? Голот на вечниот?

ReBorned said...

И ако дојде Ибра мислам дека пак би се играло со 4-3-3 во кои Dinho би бил AML а Але би бил AMR. Зад нив би би бил Пирло, Амброзини и третиот ќе се ротира...

ReBorned said...

Ѓаволи!
Додека Галијани е во Барселона, Браида е во Сити и според шпекулациите го „пазарисал“ Робињо како резервна варијанта доколку Ибра не дојде во Милан. Сега се чека на финализирањето на разговорите со Ибра... сепак според последната изјава на Раиола, агентот на Ибра (кој неможам да го поднесам и кој цело време велеше дека позајмица или НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА НЕ ДОАЃА ВО ОБЗИР)
Raiola, Ibrahimovic's agent, spoke to Sky Sports 24: "reduced salary is not great, but sometimes it is necessary to close a deal.
се чини веќе се е готово...
Во меѓувреме Галијани заедно со Раиола отишле кај Ибра на гости да се прецизираат деталите и да се напијат едно Фредо со 2 лажички шекер...
Е сега Берлу, откачи, земи ги и Ибра и Бињо и така се добива нов мандат :P

Anonymous said...

Па изгледа се е договорено со Барселона околу Ибра а Робињо како бекап опција ако не дај боже пропадне трансферов во последен момент.Добро ќе не утешат нема што :D
Се вели дека трансферот на Кармона пропаднал но нели додека нема нешто официјално нема да веруваме и несакаме да веруваме во тоа.
Во меѓувреме Хунтелар ја прифатил понудата на Шалке знаејќи дека по доаѓањето на Ибра за него ќе нема место.Така да добиваме едни добри 15 милиони кој би помогнале во дилот со Ибра.Се очекува тој да си ги намали и барањаата од 12 мил на 10.
И така Берлу му рекол на Морати јас сум за тебе МекКејлеб

FORZA MILAN

ReBorned said...

„Симпатична“ група...

kiko_pato said...

уфффффф групава...

Anonymous said...

Никогаш не им е доста на Реал :D
Ајакс испод 4 нема да лапне :))

koljo said...

Momci cestito Ibra:) Dobivme odlicen individualec:) Samo da se uklopi

ReBorned said...

Добредојде Кољо ;)

ReBorned said...

Фалат уште златните букви :)