Translate

Sunday, 29 August 2010

МИЛАН 4 - 0 ЛЕЧЕ



Ова е мојот Милан! Ова е тимот што сакам да го гледам! Секоја чест за тебе мајсторе, ова е твоја заслуга! Роналдињо на 4-0 да се враќа назад на бек и да се бори за секоја топка... Пирло класика, како во старите добри времиња, Пато ѕвер, Пипо е класа за Бориело, секој дел од теренот беше на ниво и повеќе од тоа. Во второто полувреме малку ја попуштивме педалата за гас, ова можеше да биде уште поголема катастрофа за гостите. Ибра само аплаудираше од трибините...
Браво мајстори!!

9 comments:

Vase_AC Milan said...

Аууууууууууу ПРЕКРАСНО!!!
Ова е тој Милан што палеше и жареше пред неколку години во Европа.Брилијантна игра со залагање и убоитост и шутеви и се.Знам дека станува збор за Лече но токму против вакви екипи имавме навика да губиме бодови а сега за 25 мин веќе пумпавме.Плус доаѓањето на Ибра и евентуално Робињо во последните часови од трансфер рокот абе незнам имиа да збеснуваат на секоја утакмица.
Многу ми се свиѓаше Џенаро и Пипо исто со нивната пожртвуваност стасувавме до титули.
И на крајот едно големо признание за Алегри,човекот е чудо!

FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO

ReBorned said...

Еден куриозитет за Алегри, до вчера никогаш во неговата досегашна кариера не победувал на првиот натпревар во сезоната :)

ReBorned said...

Хахахах Ибрава е луд!
Занети по веста дека Ибра дојде во Милан изјавил: Тоа и се очекува од човек како него!
Ама Ибра му ја залепи: Да бев на местото на Занети ќе зборував убави работи за Ибрахимовиќ. Пред Ибрахимовиќ да дојде во Интер, Занети немаше ништо освоено :)

Vase_AC Milan said...

Ибрата е одлепен срце не се свесни шо ги очекува,а сега со доаѓањето на Робињо готово се ке освоиме :))))))
Па добро дали се тоа истите D&G кои до вчера викаа нема трансфери и нема пари за нови играчи.....едно огромно браво и пред се фала за тоа што го прават за Милан.Сега ако го имаме Робињо во редовите незнам со каква леснотија ќе се добиваат утакмиците - пушти го во второ Робињо па после Боатенг и на крај Фламини или Гатузо и нема паѓање од јаки уште појаки влегуваат хахахахахахахахахах
Почнува нова ера момци ЕРАТА НА МИЛАН !!!!


FORZA MILAN NUOVA ERA !!!!!

CurvaSud_Milan said...

Моќно! делувавме моќно! некои ќе речат тоа е само Лече, без разлика ние делувавме моќно!

Мотивацијата беше огромна кај сите, дополнителната мотивација кај играчите со доаѓањето на Ибрахимович како сите да ја чуствувавме(освен Марко кој нормално осеќаше притисок заради тоа).

Доаѓањето на Робињо ќе биде капак на еден добар транфер пазар кој започна очајно, со транферот на Јепес! Што е најбитно, сиот овој пазар се направи со релативно мали пари и под совршени услови!

Ибра ќе го плаќаме на 3 години по 8 милиони, вкупно 24, за споредба еден Милнер чинеше некаде околу 22 милиони евра плус Ireland, смешно! Робињо по сите најави ќе не чини околу 10 милиони, јас мислам дека и тука Галијани ќе издејствува 'попуст' иако по тоа што можам да прочитам, преговорите ги води Раиола!

Како и да е, добар пазар, Хантерот и Марко ги заменивме со Ибра и Робињо, колку и да ни се при срце и Марко и Клас сепак квалитетот во споредба со Ибра и Робињо се светлосни години разлика! Го имаме Принцот, по се изгледа и Фламини ќе го задржиме, само уште Неста да биде релативно здрав без поголеми апстиненции во текот на сезоната и конечно ќе може да ги следиме натпреварите без нервози, напротив, ќе ги следиме со задоволство па редно е да регенерираме нешто од живците кои неретко ги губевме на многу утакмици години наназад! :)))

FORZA MILAN!

Navigator said...

A.C. Milan comunica di avere acquisito il calciatore Robinho!!!

ReBorned said...

MILAN - A.C. Milan announces the acquisition of Robinho from Manchester City. The Brazilian player signed a 4-year contract with Milan.

Forza Binho, Forza Milan!!!

Navigator said...

епа незнајте дечки колку ми е криво што јас баш овај период го искористив да одам на одмор :)
каков бурен и ептен добар период сум пропуштил..срам ми е да кажам дека не ја гледав утакмицата во неделата, ама што да правам кога Телма реши оти Samp-Lazio е поинтересна..гледав highlights вчера во прегледот и што да видам... машина!!
многу сум задоволен, сакам да и ја честитам првата победа на целата екипа, на сите rossoneri и многу ми е криво шо сега баш има пауза :)
само убави вести читам деновиве, а со уште оваа од пред малку... стварно сум пресреќен..јас несакам да претерувам ама изгледа дека пак се враќа шампионското чувство и време..да посакаме да трае со години!

FORZA MILAN, TU SEI TUTTA LA MIA VITA!!!

Navigator said...

и секако... да им го честитаме првиот успех на Splinter, Juve и Roma :D