Translate
Sunday, 25 July 2010
PRE-STAGIONE!!!
Од денес почнува новата сезона за нашиот Milan!
Подобро речено денес почнува подготвителниот период исполнет со неколку натпревари и тоа, освен денешниот, воведниот натпревар против Varese, сите со ептен квалитетни екипи..традицијата ни го наложи токму Varese како прв противник во меч на кој ќе дебитира новиот тренер на rossoneri-те Massimiliano Allegri..го запознавме и него изминатитот месец, меѓутоа само површно, а од денес па натаму (се надевам и му посакувам уште многу години) ќе ја запознаваме и ќе пробаме да ја разбериме неговата филозофија за фудбалот..негово си е да работи и да носи резултати, а наше си е да коментираме околу неговата и работата на играчите..затоа се надевам дека ќе почниме уште вечер, со првиот натпревар од 10/11 (пред)сезоната..ја разбирам неактивноста на блогов поради одморите, ама од денес почнуваме заедно со il nostro Milan и веќе ништо не е исто :)
Сигурен сум дека го знаете, ама морав да го истакнам распоредот за постот да биди комплетен:
Luglio 25 a Varese: Varese - Milan;
Luglio 31 a Londra: Emirates Cup: Arsenal - Milan;
Agosto 1 a Londra: Emirates Cup: Milan - Lyon;
Agosto 7 a Detroit: Milan - Panathinaikos;
Agosto 13 a Bari: Trofeo Tim (Milan, Inter and Juventus);
Agosto 22 a Milano: Trofeo Luigi Berlusconi: Milan - Juventus;
Agosto 25 a Barcelona: Trofeo Joan Gamper: FC Barcelona - Milan.
FORZA MILAN, SEMPRE CON TE!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
63 comments:
Фала Ри за линкот, да не се мачам да барам :)
Инаку според acmilan.it најверојатниот состав на Massimo ќе биди овој:
Abbiati
Papaѕtathopoulos,Bonera,Kaladze,Jankulovski
Abate,Ambrosini,Flamini,
Seedorf,Pato
Borriello
На клупа: Amelia, Roma, Antonini, Nesta, De Vito, Oddo, Yepes, Strasser, Merkel, Novinic, Inzaghi, Beretta, Oduamadi, Verdi.
По мене солиден состав со оглед на противникот и фактот дека е прв меч..одбраната не ми се допаѓа ич, ама нема везе..за гркот, исто како што реков и за Massimo кога дојде, нема да коментирам се додека не поминат неколку утакмици..мило ми е за Abate што конечно ќе игра на неговата природна позиција, а нападот вака изгледа одлично..ќе ги нема на отворањето во составот Dinho и Hunter оти нив си ги чуваме за во Лондон :)
Лично го очекував Amelia меѓу стативите денес, а и Roma на полувреме..во никој случај не помислив дека Камикаладѕе би добил и една минутка, ама ете ти го него, неизбежниот :)
Веќе од почетокот шанса и за Yepes, Strasser, Verdi и сите други дечки, чичковци и дедовци :)
FORZA MILAN!!!
Најде нешто Ри? Јас неможам да најдам никаков стрим :@
Ајдеее, супер ни тргна сезоната... 0-1 уште во 4та минута :S
http://www.vipstand.net/watch/1085/2/watch-ac-milan-vs-varese.html
Ај да почнеме да коментираме после натпреварот со Арсенал...
Од стартните 4 во одбраната 3 се за во контејнер а четвртиот е на работ ама барем за него има надеж...
Во второто полувреме ОДЛИЧНА игра на Јепес и Одуманди, зрело одигра Страсер кој покажа дека освен DMC работите знае и да дели топки во широчина а и Верди имаше една бомба! Але беше добар исто така. Значи освен горенаброените како единствена светла точка може да се спомне тоа што Алегри во второто полувреме им даде шанса на сите деца и тоа вистинска шанса (сите одиграа барем 30-тина минути а некои и повеќе).
Е ајде после Arsenal нека биди...
И мене не ми се коментира баш многу после ваков резултат, ама ќе го заборавиме брзо со надеж дека ќе биди многу подобро за една недела..сега ова ќе го препишиме на недоволната спремност и малтене ревијалниот карактер на мечот..
Стварно добра игра на Yepes и Strasser, меѓутоа најбитно од се после ова денес е тренерот да има сфатено дека оваа комбинација на дефанзивни играчи никогаш, ама баш никогаш повеќе НЕ СМЕЕ да биди заедно на терен..јас разбирам дека во текот на сезоната доаѓаат секакви моменти и можда ќе има потреба некој од нив да игра, но овие идиоти уште еднаш заедно? НЕ СМЕЕ! и верувам дека е свесен за тоа, па ја одбра најлесната утакмица како своевидна последна шанса..
сега не чека пат за Лондон и многу силен турнир со две одлични екипи и тоа во два дена..затоа е потребна добра припрема, па во полн состав достоинствено да се спротиставиме со двата гиганти..
FORZA MILAN!!!
Треба сериозно да размислат за минутите на Верди и Одуаманди сезонава.Ако играат вака ќе ни треба ли Бен Арфа или Хонда?
дечките стварно изиграа солидно Васе, ама знаеш, не можиш во едно вакво првенство да се потприш на младинци..неспорно е дека треба да добиваат шанси и на појаки мечеви..а со оглед на ситуацијата во ростерот, сакал или не Massimo ќе мора да ги припрема за менталниот шок на првотимскиот дрес..лично мислам дека полека-полека добро би се вклопиле во прволигашкиот фудбал..
а за овие твоите двајца... за Ben Arfa огромно да, со раширени раце, а за Honda не, уствари никако..го знаете мојот став за one-season-stars..
FORZA MILAN!!!
Јас лично сметам дека на Алегри ептен му пукна филмот од играта на „ѕвездите“ во првиот дел и затоа ги пушти сите младинци во вториот дел (кои патем кажано не примија гол а за разлика од нивните постари колеги и се заканија на неколкупати...)
Во Понеделникот излезе соопштение од FICG за шемата на натпреварувањето во Coppa Italia..незнам дали ја видовте, ама мене ми делува ептен добро, да не речам, ептен сме имале среќа..Printer, Roma и Juve се во другата половина на шемата, така што со некој од нив би играле само во евентуално финале..од подобрите екипи, во нашата половина се: Samp, Udinese, Fio, Palermo..
уствари еве и линк, па видете си и сами..мене ми изгледа одлично!
http://www.legaseriea.it/c/document_library/get_file?uuid=fa96b644-7ae2-4595-9a3f-2e6c36c07e08&groupId=10192
со оглед на составот кој сега го има Massimo на располагање, мислам во клубот треба да бидат екстремно задоволни со ждрепката, всушност со олеснетиот пат до евентуална титула, која за жал не беше воопшто ценета изминатите години..јас секако не се откажувам и од другите :)
FORZA MILAN!!!
Излезе и распоредот за новата сезона и морам да кажам дека навистина имаме среќа со ждрепките досега!
Како што знаеме, сезоната почнува на 28ми Август (за нас на 29ти), со неколку новини, меѓу кои и играњето на еден натпревар од 12.00 во Недела..
Реков дека имамвме среќа при ждрепката и поволен распоред затоа што на почетокот во првите три кола имаме условно лесни противници, што би се рекло за фаќање на добар ритам..првите два против новите прволигаши Lecce и Cesena, а третиот против Catania..меѓутоа од 24ти Октомври па натаму доаѓаат неколку силни натпревари, а меѓу нив и две кола од CL..Тука се Napoli, Juve, Bari, Palermo, Printer, Fio, Samp...
без оглед, во тој период екипата мора да биди во натпреварувачки ритам, така што јас сум и повеќе од задоволен..
еве го целосниот распоред на првенството...
IL CALENDARIO DEI ROSSONERI:
1' giornata - Domenica 29 Agosto: MILAN-LECCE
2' giornata - Domenica 12 Sett.: CESENA-MILAN
15-16 Settembre - 1' Turno Champions League
3' giornata - 19 Settembre: MILAN-CATANIA
4' giornata - 22 Settembre: LAZIO-MILAN
5' giornata - 26 Settembre : MILAN-GENOA
28-29 Settembre - 2' Turno Champions League
6' giornata - 3 Ottobre: PARMA-MILAN
7' giornata - 17 Ottobre: MILAN-CHIEVO
19-20 Ottobre - 3' Turno Champions League
8' giornata - 24 Ottobre: NAPOLI-MILAN
9' giornata - 31 Ottobre: MILAN-JUVENTUS
3-4 Novembre - 4' Turno Champions League
10' giornata - 7 Novembre BARI-MILAN
11' giornata - 10 Novembre: MILAN-PALERMO
12' giornata -14 Novembre: INTER-MILAN
13' giornata - 21 Novembre: MILAN-FIORENTINA
23-24 Novembre - 5' Turno Champions League
14' giornata - 28 Novembre: SAMPDORIA-MILAN
15' giornata - 5 Dicembre: MILAN-BRESCIA
7-8 Dicembre - 6' Turno Champions League
16' giornata - 12 Dicembre: BOLOGNA-MILAN
17' giornata - 19 Dicembre: MILAN-ROMA
18' giornata - Giovedì 6 Genn.: CAGLIARI-MILAN
19' giornata - 9 Gennaio 2011: MILAN-UDINESE.
FORZA MILAN!!!
кај сте бе росонери?? нели ќе коментиравме за денешниот натпревар??
составите на двете екипи:
ARSENAL: Fabianky; Gibbs, Koscielny, Vermaleen, Frimpong; Ebouè, Wilshere, Nasri; Rosicky; Arshavin, Chamakh
MILAN: Abbiati; Papastathopoulos, Nesta, Yepes, Antonini; Gattuso, Seedorf, Flamini; Abate, Borriello, Pato.
Среќно дечки и FORZA MILAN!!!
http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=80667&part=sports
http://veetle.com/index.php/channel/view#4be5a7227bca8
Овој вториот е со задоцнување од 10-тина минути...
Пато изгледа страшно во секој допир со топката... се гледа дека не јадел грав цело лето туку се спремал за сезоната, само да остане здрав...
Чамак го даде деби голот во новиот дрес, Фламини имаше пречка, Пато опасен во секој допир... се’ на се, не е толку страшно со оглед на фактот дека ја немаме главната креативна сила во тимот (Дињо + Пирло) а и сме во тренажен процес само 10-тина дена. Имаме уште цел еден месец да влеземе во ритам. Уште една работа, Алегри им ја вади мастта... многу става акцент на физичките тренинзи.
Во второ полувреме повторно ги очекувам Верди, Одуманди и компанија...
И уште нешто, очекувам во второто полувреме да биде многу полошо со оглед на нашата физичка (не) подготвеност...
И аман бре со кој памет го задрживме Гатузо?!
интернетот ми е преслаб, неможам да гледам ни на 110kbps..у пичку матер!!! :@
Aleeeee Patoooo!! еве го и првиот гол во новата сезона :)
Децата ми направија ќејф, пак! Од кога влегоа во игра живна играта и дојде голот на Пато. Голот на Пато беше по слободен удар кој што го изнуди Берета. Детето лани беше купен од Албинолефе со 50 % односно co-own а веќе ова лето беше откупен 100 %. Во стилот на игра многу потсетува на Виери а и има таква конституција. Беше прв напаѓач на U17 на Италија на младинското СП. Ова малку информативно за оние што не се запознаени :)
Оду не заигра ни минута а Вердињо играше ептен малку, можеби веќе утре ќе добијат поголема шанса (којзнае, можеби Оду од самиот почеток).
И за крај, recognition за Абијати, ѕвер! Амелија ќе си почека за стартер :)
Very entertaining 90 minutes!! - со оваа реченица коментаторот на Sky го заврши преносот..тоа е вистинскиот заклучок и според мене за овај натпревар..доста отворен фудбал, офанзивен (јас коментирам за првите 30 минути и после 50та минута до крај), со многу шанси на двете страни..голот на Pato падна по нафрлување од слободен удар, гол со глава, во негов стил..имавме и две пречки, ама и среќа и Abbiati во неколку наврати, особено по шансата на Randall..
по крајот, а пред утрешниот меч со Lyon, за нас најбитни се три работи:
1.Го постигнавме првиот гол во новата сезона и тоа е рушење на психолошка бариера
2.Milan создава шанси и на периоди е доста надмоќен, а тоа е одлична работа со оглед на физичката спремност, некомплетниот состав и денешниот противник
3.Ние самите незнаеме каков ѕвер од играч имаме во Rodney Strasser
До утре пред мечот во 15.00 голем росонерски поздрав!
FORZA MILAN!!!
И еден предлог од мене...
http://i42.tinypic.com/2j8aro.jpg
сликава да ја испечатат како постер 3х2м и да го закачат во соблекуваланата! кога ќе ја гледаат, да се подзамислат првотимците, а и на тренерот да му служи за потсеќање..
FORZA PRIMAVERA, FORZA MILAN!!!
Strasser for ballon d'Or :P
И Меркел имаше одличен first touch во текот на целиот натпревар, многумина се импресионирани од него ;)
Точно! Скоро и да немаше грешка во подавање, а и контолата на топката му беше сјајна..само сакав да го издвојам Strasser, оти и на минатата изигра одлично и дефинитвно е најспремниот примаверец, готов за prima squadre :)
FORZA MILAN!!!
Браво бе момци.Ако немаше којзнае каква игра залагањето беше многу поголемо.Не е лошо со ваков состав да играме и во лигата.Со секоја минута помината на теренот се повеќе и повеќе самодоверба добиваат младиве наши.А кога ќе ги пуштат сите како целина играат страшно.Тие се директни виновници за изедначувањето.Сите изиграа фантастично.Одуаманди не очекувајте да игра зошто не отпатува за Лондон :)
Имам измешани емоции во врска со утакмицава.На моменти неможевме да излеземе од 16 метара но уште во оваа рана фаза на припремите се гледа дека од лани играта че биде 360 степени изменета и што е најважно физичката спремност и сила ќе биде на повисоко ниво што многу многу ме радува.
Berreta for Ballon d'or :D:D
FORZA MILAN I GI GAZIME UTRE LYON
А и уште една работа - подобро Гатузо да си замине и да го запамтиме како легенда отколку да го памтиме по овакви кошмарни изданија.Му благодариме за се но едноставно времето негово помина.И Рајкард и Ван Бастен беа невидени играчи па и нивното време помина.
Ауууууууууу колку е моќен составот :D:D:D
MILAN: Amelia; Oddo, Papstathopoulos, Bonera, Zambrotta; Strasser, Seedorf, Flamini; Merkel, Borriello, Verdi
LIONE: Loris; Gassama, Cris, Cissokho; Gonalons, Pjanic, Bastos, Toulalan, Ederson; Briand, Gomis
FORZA RAGAZZI
хмм... Oddo од почеток?? јас не би играл така..би играл со Papa десно и кој било (освен Камикаладѕе) на средина..инаку супер за Strasser, Merkel и Verdi..еве им шанса! а и Amelia бил стартер..ќе треба стварно да се истакни после она вчера на Abbiati..
Освен таа замерка, во потполност се согласувам дека составот е моќен..ја очекуваме првата победа!
FORZA MILAN!!!
Lyon игра подобро во првите 45 минути и создава повеќе слободен простор,а со тоа и повеќе шанси..нашите долги топки дефинитивно успеваат против ваков противник..меѓутоа долгите топки се повеќе изнуден начин на игра, отколку желба на самите играчи, поради очигледната неповрзаност на средината и нападот..Verdi игра доста истурено, дури почесто е пред Borriello, отколку зад него..неможноста на средината за поврзување низ теренот и не е толку чудна ако се знае дека таму имаме двајца младинци и еден везњак кој нема допирна точка со креативност..одбраната и средниот ред мора да бидат покомпактни, така што Flams или Strasser мора да и помагаат на спората одбрана..нивните бекови и крилни играчи се екстремно брзи и оттаму доаѓа најголемата опасност..а ние баш Oddo најдовме да го играме денес :) ако влези во игра Abate, тоа ќе биди друга приказна..
Се на се, интересен натпревар на кој ќе мора да поставиме подоминантна игра и повеќе да ја држиме топката во посед, баш како вчера после полувремето..ако можевме вчера против Arsenal, не треба да биди проблем да ја исконтролираме топката против Lyon..
натпреварот беше отворен уште од самиот почеток, со неколку продори уште по 5 минути игра и поништен гол на Govou и статива Pjanic..да беше Borriello малку побрз, а пред се поангажиран, ќе имавме и ние посериозна шанса на почетокот..Verdi ја имаше најзрелата прилика, кога по долга топка од назад излезе сам на 15тина метри со Lloris, шутираше од волеј, ама не ја зафати баш добро топката..истиот имаше и друга прилика кога можеше да проигра со Merkel, но најверојатно желбата за гол и промоција не му дозволи соработка со соиграчот од primavera..Amelia е засега одличен со две многу добри одбрани..
Јас би менувал уште на полувреме..Borreillo е прв фаворит за надвор, Flams делува уморно, а Oddo мислам дека е јасно оти нема што да бара во прва екипа..Beretta или Adiyah треба дефинитивно да добијат шанса, а Abate е неопходен моментално..
Одиме да ги згазиме во второ полувреме!!
FORZA MILAN!!!
Аууу, аууу, аууу... каков гол! уствари подобро речено, каква акција за гол! четири минути Milan постојано ја имаше топката во посед пред да падни голот!!
А Vedri... немам зборови!!
FOOOORZA MILAN!!!
Добро е.Не тепавме но добро е многу добра игра имаме.Играчите се многу добро поставени и многу се залагаат особено младинциве.Свака част за Верди кој го помина еден од најдобрите светски голмани и му асистираше на Мрзиело.Само штета што ги истегна лигаментите на коленото,јас кога имав иста повреда не играв 1 месец,се надевам дека у Миланело ќе го средат за побрзо време.
По грешка на Одо го примивме голот,значи Алегри дефинитивно увиде дека за Одо нема место у овој тим.Како и да е околностите придонесоа тој да игра затоа што Неста неможе да издржи такво темпо оти ако недај боже се повреди ќе паузира којзнае колку многу плус отсуството на Тиаго и Ониеву.Криво ми е што Адија и Албертаци не добија шанси но што е тоа е.Го имаме новиот фантазиста во калчото го имаме новиот Швајнштајгер го имаме ѕверот Страсер и што е најважно 60% од тимот ни фалеше.
Пак ќе кажам формациската поставеност според мене е импресивна но се доаѓа до израз со залагањето,незнам дали ќе биде тоа случајот кога ќе се вратат Пирло и Дињо но имаме страшна база за годинава.
FORZA MILAN SIEMPRE CON TE
штета што по овој натпревар на ја забележавме првата победа, иако искрено не ни ја заслуживме..кога ќе се земе се во предвид, Lyon беше подобриот противник и оној што создаде повеќе прилики за гол..во секој случај добро издание на овој комбиниран состав вчера и денес..мислам дека турнирот можи да се оцени како задоволителен и да послужи како добра прилика за согледување на сите слабости и сите новини во екипата..треба веќе и на Massimo да му бидат појасни некои работи околу улогата на дел од играчите во тимот..значи првиот посериозен тест помина, а ние првата победа ќе ја бараме на 7ми во Сабота против грчиштата и тоа во Detroit..според каледнарот на активностите, следат неколу дена за физичка припрема и пат за Америка, а после 7ми тактичко-техничкото усовршување и пробите со домашните душмани..
во меѓувреме секако дека очекуваме некакви трансфер-вести директно од Via Turati 3!!
FORZA MILAN!!!
Некако има нешто повеќе од лани екипава.Незнам дали се тоа младинците кои сакаат да се докажат и ја играат секоја утакмица како да е последна или промената на тактиката како и тренинг методите на Алегри.Мислам дека доста строго се постави Алегри и веднаш има резултати.Со душа чекам да видам како ќе изгледа играта со првотимците.Секако дека ќе чекаме новини во врска со трансфер пазарот и чекаме да дојде Хонда или Поли на пр.
Алегри исто така изјави дека Папа подобро игра на позиција стопер и мора да се сложам со него но ни фалат бекови а не стопери :S
FORZA MILAN
Ауууу каков потег ќе биде Боатенг!
Само да си ги среди малку мувите во главата а штом дојде во голем клуб ќе биде ОК.Може да игра на сите позиции во средината, млад е има разорен удар, физички е надмоќен во секој дуел и има прекрасна иднина пред него (23 год)
FORZA MILAN
И јас сум за дечково...
и јас :)
А овој Прециози на Џенова ептен во ритам е... си ги зеде Велосо и Рафиња и сега тврди дека Боатенг е веќе пикиран од Џенова и дека Џенова има прва опција на него но поради тоа што претходно во тимот дојде Велосо (уште еден страшен и динамичен мидфилдер)... цитат: Боатенг сигурно ќе дојде во Џенова но сезонава нема да игра за нас. Ќе најдеме некое решение... (се шпекулира дека Џенова ќе го купи и веднаш ќе го позајми на Милан одржувајки ги добрите врски меѓу двата тима последните неколку сезони а посебно летово...)
аааа ич не ми се допаѓаат сликиве со Детроит Пистонс....треба со Лејкерс да се сликаат ама тоа е јеби га и Штип е далеко ако одеш пешки :D:D
Шала настрана Гатузо ќе го тепа Бен Гордон на тројки хахаа
FORZA MILAN BOATENG UNO DI NOI
Васе во моментов додека го читам твојот коментар сум со Lakers T-shirt ;)
Колку е да е ненормален Preziosi, мора да се призае дека Juve и Genoa засега одиграа најдобро на трнасфер-пазарот..
а ние пропуштивме неколку играчи.. Rafinha, Giovinco, Hernanes, Rossi... а до крајот на месецов ќе пропуштиме уште многу, бидете сигурни..
за Pato верувам прочитавте... :@
FORZA MILAN!!!
Ако некој е до толку фан како мене, бујрум:
http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=82523&part=sports
Почнува за 20 минути....
нормално :)
ептен динамична утакмица, нели Ри?
стварно немаше некои стопроцентни прилики, ама како да гледам на FF..отворено играат двете екипи, скоро како без одбрана..нормално Milan е надмоќен и со многу поголем посед на топката, ама па од друга страна поништен (сосема оправдано) гол на грчиштата и две ситуации кога Кичо спасуваше и спаси..ќе биди ова сезона на голманите изгледа..
нашите шанси пак беа на Merkel, кој ја игра најдобрата утакмица што сум ја гледал јас и на Odu кои истотака е сосема солиден..сепак мене најдобар впечаток досега ми остави Luca... струја е!
штета што е пријателска и ќе има измени на полувреме, така што ќе се поремети концепцијата и најверојтно темпото ќе спласни..без оглед, очигледно дека сега е моментот за првата победа..
FORZA MILAN!!!
а да ми дадеше квалитетен линк, каде ја гледаше? Јас цело прво полувреме се борам со стримови :(
http://www.hwawshytv.info/
Многу ме интересира Меркел по колку трча на натпревар... дечкото го има насекаде, еден куп топки освои, секоја чест!
Потег на утакмицата - маказито на Гатузо хахахахахахаа колку само се изнасмеаја сите
Многу позитивна игра отворена како што гледавме и на емирати купот.Ме зачуди тоа што толку истрчаа иако беа осакатени од патот и промената на временската зона.Они како што знам играа во полн состав? Како и да е имаме ненормален квалитет во овие млади деца.Меркел е чудо од дете, го викаат новиот Хамшик ама во моите очи е новиот Швајнштајгер.Страшно се залага и има класа и квалитет во нозете.Од другите сум горе доле задоволен само не од Неста.Се гледа дека повредите и годините го сторија своето но се надевам дека ќе се врати во голем стил како што секогаш правел.
Денеска ги очекуваме трансферите на Бокети и Боатенг а како замена за нив во Џенова ќе одат Јанкула и Абате.Од Абате кренаа раце изгледа.
А околу дебатата со невидливиот гол само едно ќе кажам "ГЛЕДА ГОСПОД" :))))))))
FORZA MILAN
утакмицата сношти доста наликуваше на онаа против Lyon..многу динамична и отворена со еден куп шанси, од кои сепак повеќето беа на противникот..да не си ја гледал и денес да отвориш highlights, ќе си помислиш дека Milan бил далеку послаб..и мене не ме радуше сношти тоа што грчиштата ги имаа позрелите шанси, ама сепак, доминацијата на средината на теренот и контролата на топката во првото и почетокот на второто полувреме ме задоволуваат..потоа, откако ќе излезе Seedorf, а ги немаме Pirlo, Ambro или Dinho, неможиш да очекуваш „газење“ на топката..оние што влегоа беа млади и неискусни, а уште повеќе желни за докажување..баш затоа имавме онаква игра, типична за некое младинско првенство..и тоа е добро, на крајот на краиштата...
она што ме загрижи, беше штоперската линија во двете полувремиња..трома игра, немоќ против експресниот Cisse и изгледа најголениот проблем сезонава за нас, бавното враќање, односно трансформација од напад во одбрана..ќе мора Massimo да ја најди вистинската комбинација на штопери..за разлика од нив, засега за голманите имам само пофални зборови..
инаку голот на Govou беше чист ко солза, нема збор..за разлика, на Cisse јасен офсајд..а имаа и пречка и на 3 пати Cisse сам со голманот!
ако ова го броиме за победа, нека ни е честита и нека ни се множат..ако не, ќе треба да почекаме до Петок на по едно полувреме со најголемите душмани..
FORZA MILAN!!!
P.S. Не го давајте Abate!!
Многу добро ќе ни дојде и Бочети назад... CB и што е уште поважно и LB. Најубаво да го „пазарисиме“ за Јанко па дури се шпекулира за Бонера но ако мора Абате (а вистина ни го дадат и КПБ)let it be...
П.С Сократис одигра одлично против Сисе еден на еден на неколку пати... останатите ги минеше како брз воз на Смоквица...
И еве дел од мојата конверзација со Бранко Илиевски...
Zdravo,
Spekulaciite ne se tocni za Serija A, tocno e za premier ligata koja nema da se emituva na niedna Makedonska tv stanica i za koja najverojatno ke se plakja za da se gleda. Za Serija A, mnogu verojatno e da odi na telma slednata sezona bidejki pregovorite se vo zavrsna faza I do sreda se nadevam oficijalno ke go najvime ekskluzivnto emituvanje na kalcoto na Telma za slednata sezona.
Pozdrav I se najdobrо
B.
јас искрено никаде не ни прочитав дека ќе има проблем или прекин на емитувањето на Calcio-то..во секој случај добро е преговорите се при крај и очекуваме позитивен одговор..ако случајно Бранко те извести, добро би било да го споделиш со нас :)
FORZA TELMA, FORZA MILAN!!!
Ќе има и премиер лига на сител пишува на веб страната на сител (а може и таму да не е точно ништо чудно)
WELCOME BOATENG :))))))
FORZA GENOA
Немам ништо против... Benvenuto Principe!!
FORZA MILAN!!!
1. За евентуалното ескивирање и на калчото сезонава пишуваше во статија во Нова Македонија (во истата статија пишуваше и за Премиер)
2. Тоа што го пишува за англиско на вебот на Сител, да не е од лани? :P
3. Не се брзајте со КПБ, уште не е готово... стандардни (и за жал нам доста познати) проблеми.... Ван Ден Боре одбил да потпише со Портсмут.
Можно ли е при секој трансфер да има компликации.Буквално за секој трансфер има по некој проблем.
Од една страна добро е што не му се расипани забите, а од друга страана и винстинскиот проблем е тоа што ван дер боре не сака да игра во Портсмут - да не сака во Барса да игра?
не ме интересира за Barca, ама да не сака за Milan да игра!? :)
шала на страна, кој би сакал од прволигашка екипа да замине во штотуку испадната екипа..
а згора на тоа и англиска... :)
FORZA MILAN!!!
Мислам дека редно време е да го освоиме тим куп трофејот нели?
Ова се момците што ќе играат утре против поразениот од Принтер - Ѓубрентус
Amelia; Abate, Nesta, Bonera, Antonini; Gattuso, Pirlo, Ambrosini; Ronaldinho, Borriello, Oduamadi
Одбраната ни е дефинитивно решето но што да правиме има уште едно полувреме што треба да се изигра па веројатно тогаш ќе играат Јепес и Папа.Да докажеме дека не сме инфериорни спрема мерда.Утре ни е шансата и се надеваме дека ќе успееме да го освоиме купчево - чисто ради подигнување на моралот.
Играме без Пато и Силва и Сидорф но тука е Дињо Пирло и Клас исто така ќе игра очекувам гол од него.
FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO!!!
Дека сме инфериорни спрема кој било од овие екипи не станува збор, само што стварно ќе биди супер ако прикажиме солидна игра против најголемите конкуренти во домашното првенство..
добар е составот за првите 45 минути, ама се плашам за вторите да не играат останатите од повиканите..од тие играчи мислам дека неможи да се состави доволно силна екипа..се надевам дека некои од овие играчи го изиграат и вториот „меч“..барем така било годините наназад...
без оглед, јас очекувам добри 2 полувремиња, интересен турнир во секој случај и победа за атер на Васе :)
FORZA MILAN!!!
ANDIAMO ROSSONERI!!!
еден од еден засега :)
стварно не во регуларни 45 минути, ама победа си е победа, нарочито против ривал како Juve..пак отворен натпревар одигра Milan, пак со еден куп прилики со оглед на тоа дека се играше едно полувреме и пак повеќе од шансите беа на противникот..само Diego и Amauri имаа 6-7 одлични шанси..ама ова дефинитивно ќе биди сезона на голманите - Amelia е несовладлив!!
Сепак Milan го отвори мечот со гол на Dinho, по одлична лоб-асистенција на Odu..вториот имаше една добра прилика, кога незрело изреагира на топката од стрелецот..уште неколку шанси, ама ниедна вредна за истакнување..на 10тина минути пред крајот Diego израмни по една супер асистенција на Lanzafame..
потоа пенали, а по пеналите мини-славје :) за Milan погодија Dinho, Borriello, Pirlo, Nesta и на тоа уште две одбрани на Amelia, за сега одвај да го чекам полувремето со најголемите душмани!
PRINETER MERDA, FORZA MILAN!!!
Амелиа ѕвер! Оду со одлична асистенција за голот и не беше доволно користен по таа десна страна, Дињо многу по мобилен и по во форма од колку што се очекуваше а и каков гол... одбраната (со исклучок на Неста) катастрофа! Гатузо за плачење, средина составена од Гатузо, Пирло и Амбро=никогаш повеќе! Бориело... освен Инзаги сите други се подобар избор од него во моментов, еден од најслабите наши фудбалери во пред сезоната (нормално после Одо).
И тоа...
Сега со Мерда!
Инаку моменталната табела изгледа вака:
Printer - 3
MILAN - 2
Juve -1
ако на некој не му е јасно зошто вака, еве го начинот на бодување на турнирот:
-Vittoria nel tempo regolamentare: 3 punti.
-Vittoria ai calci di rigore: 2 punti.
-Sconfitta ai calci di rigore: 1 punto.
-Sconfitta nel tempo regolamentare: 0 punti.
штета! за малку ќе си го освоевме трофејчето и ќе ги средевме и гнасите..мене искрено ми е криво, иако се работи за ваков турнир, каде губиме и победуваме по еден натпревар на пенали..
во ова полувреме немаше појак и послаб противник..играа две доста млади екипи или оние постарите без минутажа..и баш најстариот ја имаше најголемата шанса..уште во 50та секунда по корнер, Pippo погоди пречка..после тоа игра скоро без одбрана, со по неколку прилики на двете страни..па на крај пенали, ама овојпат од 5 удари, дури 3 промашувања..и тоа сите беа промашувања на голот..погодија Oddo и Hunter, а промашија Flamini, Pippo и Dinho..
после турниров, мислам дека се јасни многу работи..имаме конкурентна екипа, ама бара уште квалитет..со најмалку едно засилување можи да оди далеку..вака, ќе се мачиме ко лани..ако нема повреди, ќе бидиме силни, ама ако има...
Oddo треба да биди избркан (за уши), а Pippo да се пензионира или да биди позајмен во Varese..Hunter со Dinho и Pato треба да го сочинуваат напаѓачкотото трио, а Borriello да се спушти на земја и да размисли дали го заслужува ова што го има сега (па уште и за репрезентација беше повикан...)
Merkel е најстандарден со играта што ја прикажува од сите младинци, што незначи дека е најталентиран и најдобар..неможам и несакам да издвојам таков кога ќе се сетам и на Verdi, Odu, Strasser...
Gattuso реално неможи да игра прва постава исто како и Flamini..
Одбраната е по се изгледа, најслабата алка..бавна и тромава, дури и кога игра ТЅ..можда од бековите досега сум малтене задоволен, ама штоперите...
И за крај, најслаткото :) Голманите ни се феноменални сезонава..двајцата се преспремни, премотивирани, просто да наможиш да се одлучиш кој е прв..само да не дојди до некаква кавга, оти сепак Amelia е само на позајмица..
можи ова да биди наша сезона, дефинитивно!
FORZA MILAN!!!
Би ги копирал зборовите на Навигатор од последниот пост.Значи тоа е тоа.
Дињо е ослабен (84 кг. а кога беше на врвот беше 82 кг.)и се гледа дека цврсто гази на земја, нека не ве чуди ако експлодира годинава.Но добро е што одигра солидно во таа улога и постигна дури феноменален гол - сетете се на зборовите на Берлу "Дињо треба да игра поблиску до голот", сега изглегува дека тој постојано бил во право.
Ме изненади Оду треба да се прати на позајмица дефинитивно да се искали малкуцка.И дебатата која секогаш ќе биде отворена "кој е најдобар од примаверата"? Јас би рекол сите се ѕверови и кога играат сите наеднаш можат да се носат и со многу посилни и позрели клубови.Но сепак би го одвоил Верди :))))
Јас не би се сложил со неиграњето на Фламс, проблемот е во психата значи кога играме со мерда сите играчи се блокираат некако да не наведувам поради кои причини зш ми се лоши.Сега со Боатенг треба да кинат и како плејмејкер Пирло со АМФ Сидорф и нападачи Пато и Дињо.
А за голмани не би сакал да сум во кожата на Алегри :)))
Да беше поозбилен Дињо може ќе си го освоевме купчево но затоа сите го сакаме толку.
FORZA MILAN
Post a Comment