Translate

Thursday, 1 July 2010

RITORNO A MILANELLO!!!



Со привршувањето на мондијалот, интересот на фудбалската јавност повторно се враќа на новините на клубско ниво..не очекува можеби најинтересниот период, оној после некое СП, кога се очекуваат доста бомбастични трансфери на европските гиганти..вбројувајќи го и Milan меѓу нив, ние како навивачи на најтрофејниот клуб на сите времиња, имаме свои очекувања, барања, желби...
меѓутоа на другата страна (буквално на другата страна, заради популарноста помеѓу навивачите и нивните конфронтирања) го имаме најтрофејниот претседател на клуб (никако во политичка смисла) на сите времиња, истотака..дефинитвно најзаслужниот за успесите на клубот изминатите 20 години, но и дефинитвно најзаслужниот за губењето на сјајот и имиџот на клубот последните 5 години..човекот го сака, абе го обожава Milan и тоа е несомнено, ама уште 25 години на чело со него!?, не Silvio, фала ти..незнаеме кога ќе му текни дека е доволно или не е тоа што го дозволува како трансфер-буџет..никој што го прати денешниот фудбал не е толку наивен и сите знаеме дека се потребни многу пари за да одржуваш клуб во европскиот крем.. меѓутоа страшно е ако самиот газда мисли дека со изјавите за „најтрофеен клуб“ или „екипа полна со шампиони“ ги смирува навивачите и го извлекува бесот од сушните сезони..се работи ли само за циклус? некои ќе го наведат токму тоа, меѓутоа јас нема да се сложам..Milan зависи од волјата на еден човек, кој btw е непредвидлив и секако од неговиот политички, да не речам државнички успех..
преку управата доаѓаме и до еден нов лик во клубот, тренерот Massimiliano Allegri..бивши тренер на Cagliari, добитник на Panchina d'Oro за лани и толку..ни тргна со неискусни и млади тренери, ама ваљда нема да ги менуваме на секоја година..без оглед на репутацијата на новиот тренер, не би било добро да ја критикуваме ни одлуката за негово назначување, ни него лично се додека не почни да ја обавува својата работа..штета што првата активност на Allegri беше изјава дека клубот има доволно добра и конкурентна екипа..треба да знае дека тоа навлекува бес од фановите!
и како на почетокот на секоја од последните неколку години, а особено по заминувањето на Carlo, ние се надеваме (подобро, се палиме) на искористување на бисерите од младинскиот погон..кај да е, тоа ќе мора да се случи за брзо време и тоа не дека на некој конечно му текнало, туку поради играчкиот дефицит, предизвикан од нашата неактивност на пазарот..видовме и лани дека кога има 4-5 повредени играчи, тренерот е принуден клупата да ја пополнува со младинци..тоа е голем проблем на Milan...
значи нов тренер во нова сезона, со ново Audi Q7 :) На 20ти Јули е стартот на припремите, а првата проба е на 31ви Јули кога почнува Emirates Cup со уште Arsenal, Celtic и Lyon..првенството започнува на 28ми Август..



и уште на крај, за единствениот in-трансфер кој што се случи во клубот - го добивме на позајмица Marco Amelia со опција за трансфер потоа, што по мое мислење е одличен избор..тврдам дека е подобар избор од Storari, кој си замина во Juve и супер конкуренција за Abbiati..се навестуваат уште нови имиња од кои едно супер-засилување, ама нас веќе никој неможи да не прелажи и веруваме само на comunicato ufficiale! ќе прочитаме уште мал милион шпекулации летово, оти Milan е голем клуб и секогаш интересен за публиката..уште да ја докажи големината... да ја докажи papa Silvio, не да ја прекажи!!

FORZA PER IL NUOVO MILAN!!!

40 comments:

ReBorned said...

Море и на ufficiale не се верува кога е нашиот трансфер пазар во прашање. Сисоко дојде во Миланело и сите му честитаа за новиот тим и... тој нов тим да ти бил Лион а не Милан.
Како и за Леонардо така и за Алегри... давам подршка додека не ме натера на спротивното. Од опциите кои ни беа на располагање од самиот старт срцето ми влечеше на кај него. Уште некој квалитетен фудбалер да завлече би било добро.
Касерес е одлична повторувам ОДЛИЧНА аквизиција (се разбира доколку навистина дојде). Дечкото игра одлично како WB а може да игра и на централната стоперска позиција. Е сега ми мати вода тоа што некои шпекулираат дека Јуве не го откупил оти имал сериозни здраствени проблеми (лани играше одлично за Јуве но играше само пола сезона, другата половина беше повреден), сепак јас мислам дека би бил одлично засилување. Ибрахомовиќ не го сакам ич!
Ама затоа си го сакам Милан
Forza Milan!!!

Anonymous said...

Апсолитно Ри,како и минатата сезона моите очекувања се ниски токму и затоа на секој успех ќе се радувам како мало дете :)
Го делиме мислењето за Амелија Иван,но го заборави Јепес замената за Фавалињо мислам дека ако тој и Онијеву изиграат на ниво ќе бидат добри замени,но според мене неопходно е повторувам НЕОПХОДНО да се купи барем еден одбранбен играч,добро би било да е универзален.
Е сега кога ме прашувате мене лесно е : Бастос,Рафиња и некој од тие младите италијани во Бари или Кјаер средината и нападот може да се поткрепат.
На последно прочитав дека Галијани наводно рекол дека за да се купи играч најпрвин треба да се продаде.
Добар бизнис:
Рома(ако уште има договор)
Одо,Каладѕе,Замброта/Јанко,Гатузо и Хунтелар евентуално за 3 цава горе супер би било ама вака кога го кажувам јас убаво изгледа.... :)
Иначе иам некој лош осечај дека Фабиано ќе заврши кај нас...

ReBorned said...

Незнам колку тој потег би бил лош или добар...

Navigator said...

Yepes не го спомнав намерно оти ми е срам да кажам дека тој ни беше првото засилување и мислам дека се разбираме... Amelia спрема него е вистинско world-class појачање :)
Во постот несакав да набројувам шпекулации, ама затоа се коментарите..кога јас би се прашувал, нема многу да размислувам околу Caceres оти е би бил многу потребен во екипата..плус тоа има веќе играно во првенството и добро ги познава приликите..мислам дека солидно би се вклопил..е сега, ако евентуално дојди Caceres сигурен сум дека нема шанси за друг дефанзивец..
инаку мене ми мириса дека Rino ќе си оди летово, а тоа ќе значи потреба од еден везњак..не дека беше првотимец или незаменлив, ама потребен е одреден број квалитетни играчи ако се цели на титула..додуша во изјавата на тренерот стоеше дека целта е топ 3..
за Ibrahomovic несакам да слушнам, а и за Fabiano не ми се прави некако кејфот..јас сум убеден дека ова ќе биди сезона на Hunter, така да со него, Pato и Dinho напред би биле одлични..го имаме и Borrigol како солидна замена во случајот и со еден од младинците (најверојатно Zigoni) Скудетото е наше :)
И уште еднаш ве молам, немојте да го ставате Huntelaar во некакви комбинации за трансфер или трампа оти ако се случи тоа ќе жалиме..еве држете ме за збор дека ќе биди екстра сезонава..ако не е така превземам целосна одговорност :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а инаку сакам со жалење да констатирам дека Juve врши одлична работа на пазарот..Bonucci, Martinez, Pepe, Storari... Juve се враќа на голема врата по ланската морбидна сезона и сепак според мене ќе бидат први фаворити за титула, освен ако нешто драматично не се измени до почетокот на сезоната..

anyway, FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Верувам повеќето од вас го прочитаа ова, ама сепак:

"Today is the first day after 10 years, that I live as a former Rossoneri player. I wanted to wait until the end of my contract to say goodbye to the fans that have been close to me throughout this time."
"With them, we have gone through both good and bad times, but won everything."
"A big thank you also goes to president Silvio Berlusconi, to vice-president Adriano Galliani and sporting director Ariedo Braida. Without them, I would never have had this worthwhile opportunity."
"There are many people I also want to thank: my team-mates that I have had, the directors and the staff here at Milanello. But a special thank you goes to Carlo Ancelotti, as he was the person who allowed me to play for this fantastic side."
"There are many others that I want to thank, and do so from the bottom of my heart. And what else I can say... Forza Milan!"

Секоја разделба со голем играч е тажна, а уште повеќе со некој кој толку допринел за клубот..колку и да речи некој дека доста му беше, сепак Milan e una grande familia и тешко е кога еден од шампионите заминува..GRAZIE MOLTISSIMO DIDA!!

FORZA DIDA!!! FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Доколку се задржи моменталниот напад и ако сите останат здрави јас сум среќен,но јас не сум тој што го става Клас во шпекулации самите знаете дека ми е еден од омилените играчи :)
И ако би го трампал би го трампал евентуално за Џеко,ако ме прашувате мене Клас е подобар играч и од Џеко и од најпреценетиот играч на денешницата-Златан.

Anonymous said...

Од Фабијано и од Златна не од Џеко* грешка.
-И не дека сум убеден дека Џеко е подобар од Клас,туку чисто дека е навивач на Милан и има балкански менталитет!

Navigator said...

Јас од секогаш сум имал одбивност кон играчи што се „предобри“ во текот на една сезона..мразам кога некој толку ќе го напумпаат, што и самоит знае дека не е толку добар и после има проблем тоа да го покажи во наредната сезона..баш таков пример ми е Dzeko..тој стварно е добар играч и е многу млад, ама 40+ милиони за сеуште недокажан дечко?? кај мене тоа не би поминало..Hunter за разлика од него никогаш не бил преценет, а постигнувал подобри резултати..во исто време за среќа по него како играч, меѓутоа и не за среќа по неговиот џеб, тие негови постигнувања (и во клуб и во национален тим, да не заборавиме) не минувале бомбастично, со вртење на огромни милиони за негов трансфер..ептен е квалитетен и сега кога скоро никој не очекува нешто посебно од него јас сум убеден дека ова е негова кампања..УБЕДЕН
а во врска со менталитетот, и не ми е баш битно дали во една средина каде имаш играчи од 7-8 различни земји, некој има балкански, корејски или амерички менталитет... квалитетот пред се!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Најнова шпекулација е Кеисуке Хонда.Ако Алегри планира да игра со 4-3-1-2 на местово кај што стои бр.1 супер би било еден млад и навистина добар играч како Хонда да настапува.Значи незнам по која цена би го добиле но зошто да не пробаме, на таа позиција ретко има добри играчи со неговиот квалитет плус тоа игра во ЦСКА и е запознаен колку толку со Европа и фудбалот кој се игра тука.
Очигледно е дека Клаас сите го сакаме не само како играч туку и како личност ама којзнае дали ќе експлодира.Сеуште има само 26 год. и се чека на него долго време да експлодира но некако многу статичен делува во играта и шансите кои ги пропушти против Ман Утд ме загрижуваат.Исто таака имаже и ѕвездени моменти (против Катаниа,Удинезе,Каљари) Во ситуација сме да не знаеш што да правиш.
За Алегри сум оптимист само поради фактот дека е млад и дека форсира офанзивна игра со млади играчи.Но како што кажа Малдини проблемот не е кај тренерите....
Новите дресови се многу дообри

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

Кај ги виде новите дресови бе Васе?

А за Honda сум воздржан..во секој случај мислам дека имаат предност и Caceres и Fabiano, така да по non-eu правило за него ќе нема место..

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Дресовите ги има на ац милан.ком на насловната страна кадешто се бира јазик.
Фабиано некако слабо на свецково коо загубен делуе ама не е он крив нема кој да започне акција нема флуидност во играта затоа дома ќе си одат сеа.Без Роналдињо и Пато неможат да победат.Ама тоа е кога за инат се прават некои работи.

Navigator said...

Аха, јас мислев дека тоа се дресовите само за Emirates Cup..а за Бразил имам само два збора - ЧАО ЧАО :)

Anonymous said...

Газдата на ЦСКА ја одбил нашата понуда за Хонда од 10 милиони евра.Сакал да прават шампионска екипа ххххххх каде бееее, затоа и не им го даде Красич на Јуве.
Најкриво ми е кога ќе се решат да земат некој вреден добар и млад играч и кога парите не се проблем пак да има проблем поради други причини.........има ли крај...

koljo said...

Нели овие ке беа де??

http://1.bp.blogspot.com/_tiqOxQ01qLA/S-6Y3u2yIOI/AAAAAAAAAY0/9i_iBu4RjdU/s1600/32444_117684301598959_100000721683657_132292_8387000_n.jpg

Navigator said...

и јас така мислев затоа го прашав Васе..сепак мислам дека тие што се на страната се само за Emirates Cup..во нив нема црвено-црн и затоа ми беше многу чудно..

Anonymous said...

http://www.facebook.com/home.php?#!/photo.php?pid=4378081&id=200785748784&fbid=414829958784

Еве ги дресовите
Вториот и третиот се одлични но првиот....штознам али добро малце ретро е онака 95та негде :)

Anonymous said...

Аууууу браво! Дресовиве се топ особено белиот како лежи :)))
и традиционалниот е страшен, ептен добар само уште некој голем играч да го клади :)))

FORZA MILAN

Anonymous said...

Сме потпишале со некој мој врсник од Селтик, бивш интериста :

http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=29303

А овде се убаво само кога ќе почне да се остварува...

http://www.acmilan.com/NewsDetail.aspx?idNews=124279

Navigator said...

не го познавам дечкото и не сум слушнал ништо за него порано, ама во секој случај големо BENVENUTO за него..незнам колку ќе добие шанса во првиот тим или веќе е планиран само за во primavera..малку ми е чудно што поздравуваме доаѓање на еден непознат млад дечко, ама во ситуација кога нема големи трансфери и ова е супер..барем ќе си се надеваме дека екипата се подмалдува :)

FORZA LUCA, FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а кога зборуваме за трансфери и за non-eu правилото, незнам дали разбравте за новите регулативи во тоа правило..
накратко: уште потешко носење на неевропски играчи, огромно форсирање на италијаните..некои ќе речат безвеза, некои (како мене) го одобруваат, ама јас ќе речам - одличен пазар за Juve, тешко на Printer..
за нас... сеедно, и онака не купуваме ништо :)

http://www.ft.com/cms/s/0/1130fcc6-8a8f-11df-bd2e-00144feab49a.html

Anonymous said...

Замислете сеа Торес го купиме :Р

CurvaSud_Milan said...

Он намерно игра вака лошо, да си ја намали цената, тоа се директни инструкции од ќелавкото. :)

Anonymous said...

http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2010/07/09/2017095/milans-massimo-oddo-to-sign-2012-extension-report

Најузбуџавачка ствар што се десила кај нас летово!

Navigator said...

шо е најбитно, екипата и оваа сезона ќе ни биди најубава :)
порано си го имавме Coco, сега си го имаме Oddo :)
И чекај бе ultra има време, цело лето е пред нас..да не речам, се во свое време..инаку ова на Владе има смисла :)
и видете како ние смирено и лежерно си ги врвиме летните денови за разлика од фановите на другите екипи..се туку се нервираат и се потат кој ќе им дојди, а кој ќе замини..кај нас ако има нешто - арно, ако не - пак арно..абе милина...

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Гниди...
Luciano Moggi = Massimo Moratti = Enrico Preziosi = Claudio Lotito
...срам за италијанскиот фудбал!!

Anonymous said...

Хунтелар изгледа ќе игра од првата минута утре.Многу ми е мило за него.Прочитав исто и дека Матиони можно е да сме го врателе,дете што го земавме пред 1 год и не изигра ниту една минута.Да беше во тимот кога беше тренер Лео може ќе добиеше шанса.Во Мајорка одигра одлична сезона па нема да биде лош потег да го земеме.

FORZA MILAN

Anonymous said...

Токму така Иван, слично како и очекувањата околу целовкупната сезона така и моите очекувања на трансфер пазарот се мали.Така да секое засилување ќе ме изненади пријатно :)
За Матиони ништо не сум чул денес доаѓам во ск, искрено не ни знаев дека е во Мајорка би било добро Васе ако имаш некое клипче од него да постираш тука : )

FORZA MILAN

Anonymous said...

Ги даваа стално на Алфа па коа ги начекуев ги глеав,ринеше десно па дури и како средишен го стааше како крило...

http://www.youtube.com/watch?v=72hNeDeI1rM

Navigator said...

ај нека ми објасни некој зошто Milan го сака Sokratis Papastathopoulos...
ако ова навистина се случи, јас организирам протести против управата..озбилен сум!
ќе се залажуваме дека сме се засилиле со Yepes и Papaglustopulos?? срамота е веќе!!

Anonymous said...

Поише те шокира фактот што е грк така признај :)
Џабе протести иване, соочи се со болната вистина дека сме тиња :)

Anonymous said...

Само грк што игра за Милан е добар грк :D

Navigator said...

The Greece international has accepted a five-year deal, which will see him join the club he supported as a young child.

The Grifoni will receive €5 million plus co-ownership of defender Michelangelo Albertazzi, striker Nnamdi Oduamadi and midfielder Rodney Strasser, according to Sky Sport

ПА ДАЛИ Е ОВА МОЖНО??

Anonymous said...

Ајааа а негде се збореше дека трампа за одо + ко оунершип и се израдував :/

kiko_pato said...

Drugovi :D na fb ima grupa na fanovi na AC Milan koja dostignala ubava cifra od 9600 fanovi, normalno ne se site polnoletni... no mozeme so malku napor da go ostvarime toa sto go planiravme od poodamna da staneme oficijalni... gledam deckite zagreani se od grupata redovno objavuvaat novosti... duri ima i nov blog (dobro sreden) toa znaci dokolku staneme oficijalni ke ima lugje koi ke mozat redovno da go odrzavaat blogot... planiraat i sobiranka sea po povod 10000 clenovi... sto mislite za idejava? Od Vlade cekam obavezno odgovor... Forza Milan! I se izvinuvam sto ne pisuvam so mak podrska ama ukl sum od mob bidejki sum vo Grcija!

ReBorned said...

Кико, околу тоа на ФБ... јас со раце и со нозе се борев против тие деца кога тие го бришеа линкот што јас првично го ставив од овој блог. Па потоа се расчистувавме дека сите сме на иста страна... на компј. и денеска ми стојат Screen-shots од тоа што ми го бришеа. Од кога јас го „промовирав“ овој блог токму таму и од кога добив некои позитивни коментари од некои деца таму дека демек ние сме вистински фанови на Милан знаеме се’ за тимот, младата школа и сл. дури тогаш тие си ги отворија очите и продолжија кон формирање на фан клуб, веб страна и сл. Ако јас лично се прашувам... едноставно нема простор за издржана и зрела дискусија. Сепак, нека се множат повеќе вакви друштва, јас немам ништо против

Anonymous said...

Живна Миланело...сите играчи и управата е тука.Тифозите го бараат Џеко и бараат Претседател! Многу ентузијазам има и по се изгледа Дињо останува.Денеска е првиот ден од новата сезона.Со среќа нека ни е!

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

Денес стартуваме против Варезе во 18:30. Во живо на Медиа Сет значи може да се најде и некој торент...

ReBorned said...

Мислев стрим :)

ReBorned said...

http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=82034&part=sports