Translate

Wednesday, 16 June 2010

WORLD CUP 2010



Со оглед на тоа дека течи најфудбалскиот месец за овој циклус од четири години, а активноста на блогот и темите се далеку од посакуваните се решив да пробам да ја разбијам неактивноста и да си помуабетиме нешто околу Светското првенство..очекувам прогнози, анализи на вашите фаворити, на досегашните натпревари, па и на идните и секако оцена на нашите rossoneri на Мондијалот..досега сите за Milan, сега можеби сите за различни репрезентации, па да го видиме блогов со поразгорени дебати и некоја расправија :)

П.С. Го барам Владе да ме поддржи околу одбраната на тронот на azzurri-те :) Ќе си земам за право оттука и јавно да ги поддржам!

FORZA MILAN!!! FORZA ITALIA!!!

52 comments:

Anonymous said...

Уаа италијаа дрва стее старциии :Р
Шала на страна страсно не навивам за никоја репрезентација освен Македонија и е апсурдно да се палам на туѓа химна ко да е моја.
Како и да е си имам некој симпатични тимови и фаворити секој турнир.Овој на пример незнам зошто али имам осечај дека ќе блеснат Панцирите,а и можебие Аргентинците - се зависи од Марадона и Меси таму.
Од другите репрезентации очекувам Шпанија,Холандија и Бразил да одиграат добар турнир,Италија и Франција максимален дострел-1/4 финале.
Изненадување на турнирот според мене Словенија/Словачка и Чиле/Хондурас

Anonymous said...

Најнови трачеви:
-Парма го бара Каладѕе
-Баерн сака Клосе-Клаас размена
-Гатузо сака да си оди
...........
-Им го даваме за Палоши или некој друг младич
-Хмм...Можеби..али Клаас е помлад
-Ако веќе одлучил нека иде во Ман Ју и ќе им додадеме 15ина милиони за Видич.

Navigator said...

Абе не апсурдно, како сакаш наречи го ама јас и тоа како се палам на италијанска химна на СП..сигурно не ми е подрага од нашата, ама кога нашите не се во ЈАР, душа давам azzurri-те пак да ги видам на врвот како пред четири години..е сега, ако Македонија на наредното првенство биди меѓу тие 32 репки, за Италија само ќе ми е драго ако игра убаво..
инаку мене ми беше малку чудно и нелогично потценувањето на екипи како Германија, Франција и Италија пред почетокот..очигледно е дека сите прогнози се вртеа околу 2-3 екипи од кои Шпанија дури и изгуби денес..ќе биди доста интересно ако Шпанија не заврши како прва во групата, зашто ќе налета на Бразил уште во првата нокаут рунда..тоа второ место на Шпанците значително би го олеснил патот на Италија оти во евентуално четврт-финале би играле со Португалија/Швајцарија..веќе во полу-финалињата нема фаворити и аутсајдери..
така, денешниот пораз на фуријата ептен ме израдува, а се надевам и Владе го израдува доста :)
за изненадувања... ќе нема бе, ќе нема!! евентуално Уругвај, ама сепак има длабок јаз меѓу гигантите и другите (иако во првата рунда тоа резултатски не се ефектуираше)..

за трачевите не верувам ама баш ништо се дури не заврши СП или барем настапот на репрезентацијата за која настапува конкретниот играч..

FORZA AZZURRI!!!

Anonymous said...

Малце е претерано Иван, барем според мене незнам дали беше во Скопје во периодот на светското пред 4 години, па кога освои Италијаа тоаа колии низ улиците знамиња расмавтании славење аууу :)))
А колку го израдува Владе поразот на Шпанија можеш да видиш и по неговиот фб профил каде што иако го изгореле за добра пара сепак се радувал на нивниот пораз :))
Изненадувања има секој турнир, ќе има и овој :)
За трачевите....еве ти еден од мене....што викаш да си ја купиме цела севернокорејска одбрана?и онака им извади 2-1 на Бразил?сигурно нема сите играчи заедно да коштаат поише од 5 милиона,некои од нив играат у тимови 21ви април,25 мај или така нешо :))
GO GERMANY!!!

Anonymous said...

Момци да не знаете каде има дресови од баскет у Скопјево?У фан шоп кај мене на железничка има избор од 10 играчи!

Anonymous said...

Ме интересира во Фан шоп дали има дрес од Бориело?
Дечки не си ја стегајте душата навивајте си за туѓи репрезентации но умерено.Не сме ние криви што не играат нашите на светско првенство.
Алегри конечно ќе застане на "чело на бродот" но ова што го читам за Сторари во Јуве а Амелиа во Милан ич не ми се свиѓа, мислам Амелиа од центар лапа голови додека Сторари е посигурен избор.
Читам изјави од Џеко дека сигурно ќе го напуштел Волфсбург за подобра иднина - а каде е таа иднина? Се зборуваше дека во Сити (ништо не излезе) у Јуве исто така ништо.Можно ли е Берлу да не изненади одненадеж?Со оглед на тоа што кажуваа минатото лето агенти, експерти итн. има причина за оптимизам.А што мислите за Кавани?

FORZA AZZURI

GO LAKERS :)))))

Anonymous said...

Нема Васе денес цел го претресов само од Пато и Дињо има, има и у една продавница у ГТЦ на спрат дресови треба да се распрашам
Амелија не е лош избор затоа што Сторари изјави дека ако се врати во Милан ќе сакал да игра.
А некоја рокада помеѓу искусниот Абијати и младиот Амелија на арно ми мириса.
Можно е ова за Џеко ако швркне нешо у глаа на Берлу но не за пошие од 25 мил, иако мислам дека и Хунтелар ќе биде вклучен во оваа зделка.
Кавани е одличен али карактерно е џубре.

Go Germany! Go Celtics!

Navigator said...

Не бев во тој период во Скопје оти јас истото го правев во Битола..многу ми е познато тоа кружењето со коли и мотори низ град и развиени знамиња :)
убав период... камо да е така пак..

инаку за тоа што ти велев за изненадувањата мислев на исход идентичен како и на минатото првенство каде во четврт-финале имаше 6 европски и 2 јужноамерички екипи..не зборував за изненадувања во групната фаза..

салам кошаркарски дрес во СК нема да најдиш, затоа порачувај си од нет..освен ако сакаш ефтина верзија, ама ќе треба да бираш меѓу тие 10 играчи..

@ Vase... нема нигде дрес од Borriello, не само во фан-шоп..имаш од Pato, Dinho, Becks и секако од Kaka :)

P.S. Поздравете го Raymond Domenech од мене ако го видите деновиве :D

FORZA AZZURRI!!!

CurvaSud_Milan said...

FORZA AZZURRI!!!

сега може да почнам :) ...значи околу палењето на химната можам само да ти кажам дека ја пеам италијанската химна од почеток до крај(нормално стоечки:), а верувам и Иван пошо он и подобро стои со италијанскиот отколку јас. :)

...второ јас сум еден од тие со знамињата што кружеа, беа пред амбасада и на крај завршија во Џек на славје :D

...трето очекувам победа на Швајцарија против Хондурас и бод против Чиле за прво место, а потоа елиминација на Шпанија од Бразил во 1/8 финале.

...четврто, изненадување можеби ќе има, но максимум според мене до 1/4 финале би стигнала некоја екипа како Мексико или Уругвај, изненадување од типот на Хрватска 1998 и Турција 2002 мислам дека нема да има.

...петто, Иван друже нормално имаш максимална поддршка за дебатите околу одбраната на тронот од моја страна! :D

....шесто, FORZA AZZURRI! FORZA ANDREA! FORZA GIGI! FORZA MILAN!

Anonymous said...

Kobey,Iverson,
T-Mac,LeBron,Wade,Garnet,O'Neal i Nowitzki - samo od ovie ima ni 10 ne se,ke pobaram mora da se najde neso baram ili od Carmelo ili od Dwight Howard.
A za ova so italijanskava himna zasramete se,pa Camoranessi so igra za reprezentacija ne ja pee vie ja peete...ah vlade vlade....so da ocekuvam od komunjar :P
A neli rekov deka Francija nema nitu grupi da pominat?Istoto go rekov i za Italija ali ke vidime...

Navigator said...

Ти можеш да го речиш или мислиш истото и за Италија, ама звучиш смешно..тоа можи да го вели некој поради инает или љубомора..дека Италија нема да го победи Нов Зеланд и да изигра барем нерешено со Словачка (што е доволно за да помини понатаму, а не мое предвидување, уште помалку желба) е најблаго речено смешно..добропознат факт е спориот старт на аѕурите на првенствата, а овојпат за тоа е виновна не толку сјајната процена на Lippi за моментално најдобрите италијански играчи..
меѓутоа, што е - тука е, па ваљда тој знае најдобро..јас се надевам на тоа и секако на опоравувањето на Pirlo, а ако е можно и она на Gigi..
тоа за Camoranesi е негов избор дали ќе пее исто како што е мој избор дали месец дена на терасата ќе ми се вее 2m x 1m италијанско знаме..инаку пред 4 години се вееше уште два месеца после тоа :)

Владе, и јас исто се надевам на таков исход во H-групата, само што повеќе сакам Шпанија да помини..за да евентуално во финале би играле со нив оти сигурен сум дека повеќе им одговара на нашите такво отколку финале со Бразил..уште ми се врти во глава мечот од лани на Купот на конфедерации :S

FORZA MILAN!!! FORZA AZZURRI!!!

Anonymous said...

Не ме сваќај погрешно Иван, немам ништо против никоја репрезентација(освен Грција ваљда)и тука можам да бидам максимално објективен и реален.
А ова со италијаниве не е нишо поаерно со србите денес....па човече тоа славје!пеење химна!срце на терен! Алоо луѓее Македонци смее, една химна и едно име имаме, најмалце ни треба да навиваме за репрезентација која не ни ја признава нашата црква.
А ај за италијаниве ќе преќутам...можеби и мене ми биле едно време симпатични...ради Милан нормално.

ReBorned said...

За да Ви покажам колку сум среќен ќе ви илустрирам... пред некое време овде се разви дискусија за тоа кој ви е „втор“ тим после Милан и сл. Кај мене нема втор тим. Кај мене Лејкерс се на исто ниво со Милан во различен спорт. Синоќа не спиев цела вечер, гледав до 6 сабајле и веднаш отидов на работа до 19:00 вечерта. И воопшто не жалам. Where we win as a team, happens! We are back to back champions baby!!!
За Азурите сум константно на сите СП и порано многу ги сакав и Португалиј (старата генерација). Нормално дека сум за Азурите но мора да бидам реален и да кажам дека во континуитет Италија праќа само полоши и полоши фудбалери кои имаат се’ полоша и полоша игра! Тоа што сме актуелни освојувачи на СП не менува ништо!
Forza Milan, Go Lakers Go!!!
Don't ever underestimate the heart of a champion!

Anonymous said...

Се покажа тимот на Лејкерс у задњите 2 партии, предтоа беше Коби и Гасол :))

CurvaSud_Milan said...

Znaci jas ne osuduvam nikoj koj naviva za druga selekcija koga svojata ne e prisutna na natprevaruvanjeto, no tolku euforija po srbite?! pa majku mu, jas od toj narod, ili od nekoj nivni lider nemam cueno dobar zbor(Tito bese Hrvat) ili uste pomalce napraveno dobro delo za nasata drzava, naprotiv samo steta sme imale od niv niz istorijata!!!

...mozebi posle vakva diskusija nekoj i ke mi prerece zasto jas navivam za Italija, no imam dovolno dobra pricina za toa, sekako edinstveniot Milan!!! od tamu poteknala ljubovta kon Italija, od kopilj navivam so srce i dusa za Milan i so toa mi se rodila i ljubov za Italija,znaci ako nisto drugo navivam za zemja od koja mozebi ne sme videle nesto dobro, ama isto taka ne sme videle ni nisto loso! Za mene navivanjeto za Srbija e priblizno isto kako i da navivas za Grcija!!

Anonymous said...

Е овде се слагаме.
Партизан игра у евролига сите се срби наеднаш!сите се за него!
Србија иде на светско ајдее шо има везе комшии се! не ни признаваат црква али нема везе!
И италијаните ни биле окупатор али нема везе војни глупости се тоа,и со нив сме во далеку подобри односи :)

Navigator said...

Сепак неможи да се споредува навивањето за Србија и навивањето за овие другите споменати комшии..имаме многу заеднички работи, сме имале заедничка држава, химна, знаме... уште сме многу и крвно поврзани, многу мешани бракови, со тоа и деца или внуци кои имаат српски или други југословенски корени..затоа не ми е чудно ако видам славје за Србија на улица..знаете колку од постарите се југо-носталгичари и некако им е природно да навиваат за поранешните браќа кога веќе нас не нема..па тоа знаете како се пренесува и на помладите... факт е дека дел од србите не омаловажуваат, гледаат на нас со потценување и понекогаш ни прават проблеми, ама исто факт е дека сме и сме биле далеку поблиски со нив..немојте да споредувате срби и грчишта, ве молам!
и настрана политика...

гледам дека повеќето од вас Milan ве поврзал со италијанската репка..кај мене е обратно... Италија почнав да ја сакам за време на СП 1994 во САД преку албумот со сликички што го берев заедно со татко ми..незнам зошто ама ептен ми беа симпатични некако и тоа Pagliuca, Albertini и нормално il capitano (а и амблемот ми беше најинтересен од сите) :) под сликичката ги гледав клубовите и највеќе пати прочитав MILAN..имав 5 години, натпреварите беа касно навечер, ама стално кога играше Италија јас гледав..ја засакав ептен, а нема некоја посебна причина..најпрво на спортски, а после и на секаков друг план..сега се шо е италијанско мене ми е симпатично..стигнав и да научам основно ниво на јазик, чисто самостојно, без курсеви..
после СП '94 имав среќа од '96 до '02 на една локална битолска телевизија да гледам Serie A по заслуга на еден млад спортски новинар, исто заљубен во Италија и Milan..уште оттогаш се радувам, се нервирам, славам, плачам по повод (не)успесите на Клубот и репрезентацијата на државата од каде доаѓа!

затоа пак ќе речам... FORZA MILAN, FORZA ITALIA!!!

Navigator said...

а во контекст на „во континуитет Италија праќа само полоши и полоши фудбалери кои имаат се’ полоша и полоша игра!„ од Ри, го земав албумот од '94 и вика вака:

Gianluca Pagliuca - Samp
Antonio Benarrivo - Parma
Franco Baresi - MILAN
Alessandro Costacurta - MILAN
Paolo Maldini - MILAN
Cristian Panucci - MILAN
Stefano Eranio - MILAN
Dino Baggio - Juve
Demetrio Albertini - MILAN
Alberigo Evani - Samp (прва сезона после преминот од Milan)
Roberto Baggio - Juve (наредна сезона преминува во Milan)
Roberto Mancini - Samp
Pierluigi Casiraghi - Lazio
Giuseppe Signori - Lazio
Andrea Silenzi - Torino
Luca Marchegiani - Lazio

е сега, овие стварно не беа сите шо играа, имаше уште неколку одлични фудбалери од кои ќе ги спомнам само Daniele Massaro и Mauro Tassotti - MILAN!
во секој случај страшна екипа која за жал не успеа да стигни до златото..затоа чекор напред направи генерацијата од '06, а се надевам ќе го направат и дечките што сега му се на располагање на Lippi!

FORZA PER LA "NOSTRA" NAZIONALE!!!

ReBorned said...

Навигатор, за коментаторот на битолската ТВ... целиш на Зоран Мишевски на Тера?
Ауф чудо од коментатор, најдобриот спортски коментатор во Македонија, само имаше лоша фонија на гласот :) Извонредно си ја вршеше работата :)
Јас учев средно во Прилеп (1998-2002) и не пропуштав ништо од Калчото!
Па околу послабите фудбалери, спореди ја таа генерација на пример со оваа што е денес! Фудбалот е млитав максимално! Баџо беше виртуоз, денес нема вакво нешто кај Азурите. За Италија се знае... тешко минува група ама ако помине полуфинале не им бега во најмала рака :)
Forza Azurri!!

Navigator said...

Баш Зоран Мишевски :) види, во почетокот и немаше баш многу информации за првенството, измислуваше факти, ќе лупнеше по некоја... ама таков ентузијаст и заљубеник во калчото јас стварно немам запознаено..претходно напишав спортски новинар, ама ќе треба да проверам оти мислам дека нема врска со новинарството..најверојатно човекот си е самоук спортски коментатор :)
инаку во тоа време Тера беше млада и ептен локална тв и сликата беше земана од Canal+ француската..се слушаа нивни коментатори, одеа нивни реклами, студиска програма на полувреме... ама пак сите гледавме и го слушавме Зоки! ниту ние имавме кабелска во '96, ниту Тера имаше пари за тв права :)

за тоа околу бавниот старт на Италија, реков дека е факт и несакам многу да зборувам оти многу луѓе ми велат како е тоа само изговор за немањето квалитет и игра..тоа ќе го покажи времето, уствари идните 20тина дена..јасно е дека италијаните имаат квалитет..не се на индивидуално играчко ниво на Шпанија, Бразил или Холандија, ама имаат некоја посебна харизма и заедништво!

а за слабата селекција на Lippi стварно незнам што да кажам..реков и претходно, ваљда тој знае најдобро..во секој случај имаше играчи кои дефинитивно имаа подобри сезони од некои од повиканите..можда Lippi има некоја замисла дека на СП треба да играат само играчи од домашното првенство, незнам..
ако ме прашувате мене, најголем проблем на екипата е нападот, а со тоа и ефикасноста..како надополнување прочитајте го и ова, мене ми се бендиса... http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/2010/06/02/1955033/calcio-debate-italys-worst-ever-group-of-world-cup-forwards
исто проблем ќе биди повредата на Pirlo, но не толку и на Gigi..ако успее нашиот да се врати, патот ќе биди далеку полесен..Италија има среќа да наредната утакмица ја игра против апсолутен аутсајдер и уште поголема среќа што тој аутсајдер изваде нерешено со Словачка..сега работите се исти како и пред почетокот, а Италија е во најповолна позиција оти уште утре можи да си обезбеди три лесни бода, да си набилда гол-ралика, да си ги разигра закржлавените напаѓачи, да ја поттикни креативноста на средниот ред, да си ја крени самодовербата и на крај да си дозволи уште некој ден за заздравување на повредените играчи..одлични предуслови, на ред се дечките да ги искористат и да го наполнат Нов Зеланд..
ние, секако, сме тука да ги бодриме!

FORZA AZZURRI!!!

CurvaSud_Milan said...

Кога сме веќе кај 1994та финалето можам да споделам со вас дека и 'неколку' солзи пуштив по поразот од Бразил. :)

Инаку кај мене е Милан па Италија од причина што претходната сезона кога прв пат почнав да гледам фудбал интензивно(имав 7 години, прво одд.:) Милан стана европски шампион против Барселона и ете тогаш ми се родила таа љубов кон Милан(незнам што ќе се случеше ако Барса станеше шампион:) и природно со тоа кон Италија од причините наведени од Иван. :)

...и така, останатото е историја,инаку имав два неуспешни обиди од по 1 месец да учам италијански, но еве во третиот обид веќе 4 месеци одев, сега правам летна пауза и од Септември продолжувам да учам. :)

Што се однесува до моменталниот состав на Италија, мислам дека изборот на играчите е оптимален, додека не дојдеме до нападот. Неможам да разберам што гледа Липи во Џилардино?!! второ, можам да разберам зошто не ги зема Касано и Балотели(иако Касано веќе докажа дека е созреан момак), но неможам да разберам зошто Миколи или Роси не се најдоа на списокот. Миколи имаше фантастична сезона, слободно можеше да се најде на местото, на Џила, Кваљарела или Пацини. Јакинта и Ди Натале според мене се потребни во составот. Нејсе и со постојниве напаѓачи може да се направи добра комбинација, но тоа подразбира Џила да биде на клупа, но за жал за утре е 99% сигурно дека ќе игра.

како и да е, FORZA MILAN! FORZA AZZURRI!

Anonymous said...

Немам ништо против србите,српската репрезентација напротив, мило ми е што заслужено совладаа еден светски великан, немам ништо ни против Италија и Италијанска репрезентација имам само против "Македончишта" кој се радуваат на туѓ успех ко да е наш и се прават најголеми патриоти а сите добро знаеме каде ќе идат на одмор летово.
Нема везе заврши овој муабет, тука сме да збориме за фудбал.
За Зоран Мишевски незнам ништо ама баш би сакал да чујам нешто од вас.
А апсулутно се слагам со Ри, тој тим од 94 е фантази фудбал за денешните избраници.
Е сеа коа си се отворивме веќе...
Навивам за Милан од 2003та, 2004та активно?!
Иако прв целосен натпревар кој го изгледав на Милан е оној против мерда во дербито 2001, 0-6 сепак поминаа 2 години до следниот натпревар-Финалето во ЛШ против Јуве незнам ни јас зошто но и на двата натпревара рипав ко луд иако генерално ни 2ца играчи незнаев :)
Денот после финалето веднаш го купив мојот прв дрес од Милан,комплетче од пазарче за 250 денари! :)))
Да се разбереме во 2003та бев 4то за 5то одделение,затоа толку доцна почнав да ги следам,но благодарение на гугл,интернет,многубројни списанија и едно Forza Milan! издание од мај 95 кое сеуште го чувам моето знаење и страст за Милан се како да ги следам од активно од 87ма - Почетокот на ерата на Берлускони.
Интересна анегдота...прв идол ми беше Руи Коста! :))
FORZA GRANDE MILAN !!!

Navigator said...

настрана заслугите од минатата сезона, кога веќе го имаме овај тим, јас утре би излегол со овие 11:

Marchetti
Zambro--Canna--Giorgo--Criscito
Montolivo--Rino--De Rossi
Pepe--Di Natale
Iaquinta

нормално, ако нема повреди Criscito би го заменил со Maggio, така што Zambro би отишол лево; Rino со Palombo, оти утре на екипата ќе му треба еден ваков играч кој ќе прави баланс во средината и ќе ја амортизира грубата игра на „рагбистите“; Ianquita со Pazzini, оти првиот очигледно неможи да изигра 90 минути во ист ритам, а во случај да биди стерилен како на првата утакмица, измената оди уште на полувреме..другите се обавезни, особено Di Natale ОД ПРВА МИНУТА!! голема грешка ќе биди ако не биди стартер, без оглед што играат против апсолутен аутсајдер..турнирот е краток, само седум натпревар во најдобар случај и затоа нема место за калкулации, одморања, скриени тактики и слично..

FORZA AZZURRI!!!

ReBorned said...

Ултра, Зоран Мишевски беше тип кој кога сите велеа Дел Пиеро тој велеше ПИНТУРИЧИО, кога сите велеа Кристијан Виери тој велеше БОБО Виери и сл. Автентичен во секоја смисла на зборот...
Кога сме кај коментаторите во Македонија би си дозволил да се изрекламирам со едно мое дело напишано пред повеќе од 2 години. Кој милува нека ѕирне...
http://reborned.blog.com.mk/node/139105#comment

Navigator said...

незнам Ри дали се сеќаваш или дали воопшто си заприметил дека на Зоки убедливо најомилен збор во текот на преносите му беше ДОПАДЛИВ..по едно 20-30 пати на утакмица ќе кажеше кој игра допадлив, а кој недопдлив фудбал :)
инаку Ultra ако сакаш да видиш кој е Зоран Мишевски имаш прилика секој ден..пошто си во Аеродром, претпоставувам дека си уклучен на Телекабел..ако си, треба да имаш една тв шо се вика ВОМ (best of macedonia)..музичка телевизија на која претежно одат некои народњачки песни наменети за дијаспората..ама на неа одат и вестите и по некоја емисија на Тера ТВ..незнам точно кога се вестите (мислам во 17.00), ама спотскиот дел е на Зоки..тоа ти е како посебен дел, односно емисија за спорт и се вика Спорт-рапорт, одма после секои вести..моментално има и специјална емисија за СП шо оди во склоп на таа емисија..уствари нема некој поголем спортски настан од кој било спорт, а да не е покриен од негова страна преку специјална емисија..стварно голем ентузијаст, незаситен од спортски настани..ако сакаш, можиш таму да го видиш..

FORZA AZZURRI!!!

Anonymous said...

http://www.rfi.fr/actufr/images/073/Boubacar_BarryCopa_CIV150.jpg

lol mu izvadija muabeti na coekot deka e tupac!

Anonymous said...

Inace ri go gleav do sea postot mi tekinje na nego go imam citano : )

Anonymous said...

Iiii ubavo me potseti, nz dali ke te mrzi no bi sakal da go napraime pak istiot muabet mada togas ne komentirav, nemroa post ednostavno moabet, i bi sakal po moznost da gi vidam i cujam site komentatori poso po ime znam samo 4-5 od spomenatite : )

Navigator said...

што е тоа, за голманот на БСК, нели? зошто не ми го отвара линкот?

Navigator said...

инаку Lippi ме разочара, пак ќе излези со истите 11 од првата утакмица..штета...

FORZA AZZURRI!!!

Anonymous said...

Има еден дечко од Удинезе...хммм како се викаше...мислам нешто грубовиќ натали или...хм...нешто меѓу подобрите стрелци беше оваа сезона....хмм...не го видов да се изнаигра многу многу....

Anonymous said...

http://www.facebook.com/pages/TUPAC-AINT-DEAD-HES-THE-IVORY-COAST-GOALKEEPER/125093340862939

Повеќе детали

kiko_pato said...

Го сакам ФАБИАНО во МИЛАН! :)

Anonymous said...

Flop ќе биде,Рикардо Оливеира II

Anonymous said...

И официјално Амелиа е играч на Милан.Се надевам дека нема да лапа голови од центар како што беше случај лани и дека ќе даде се од себе во оваа сезона.
Чекаме на Фабиано сега.

FORZA MILAN

Anonymous said...

Ми се исполни желбата од пред 2 сезони, добро ова значи дека Џеко ќе биде наш играч за 2-3 години : )

Anonymous said...

Vuvuzela = 10$
World Cup ticket = 100 $
Watching hellas knocked out of the world cup = priceless

Navigator said...

Amelia мене лично ми се допаѓа и има докажано дека е сосема солиден голман..башка тоа и светски шампион е! :)
инаку околу Fabiano не сум баш заинтересиран, а скоро сум сигурен дека нема да дојди..и баш ќе ми биди мило ако не се случи ништо..ептен ми на место е споредбата на ultra за Fabiano со Oliveira..мислам дека исто ќе завршат..затоа понастрана од нас :)

P.S. Голем поздрав за грците :D

FORZA MILAN!!! FORZA AZZURRI!!!

Anonymous said...

А што мислите за Азамоа Гиан од Гана (или како што го викаат на МТВ Азамоа Хуан) хахаха
Многу е јак тој играч многу добро игра и млад е и прилично ефтин.Зш да не го земеме него еве на пример.Може да биде како Дрогба навистина многу добро игра.

Navigator said...

non-EU правило бе Васе, non-EU!

CurvaSud_Milan said...

Воопшто не мислам дека Гиан е добар играч. Мн е неспретен со топката, трапав ми е целиот, освен што е физички надмоќен во дуели за друго ништо не го бива. Дефинитивно не е тип на играч што би сакал да го видам во Милан. ...башка што е non-eu.

CurvaSud_Milan said...

Иван друже што праиме со нашиве? Липи по тоа што го читам и што го увежбавал на тренинзите не отстапува од Џила и Јакинта напред, само што сега може да игра и Ди Натале со тоа што он и Јакинта ќе бидат странично а Џила во средина, а позади нив Монтоливо, Де Роси и Гатузо овој пат. За Пирло освен што одработил еден фул тренинг не пишува ништо дека ќе игра.

Искрено не ми се свиѓа ваква комбинација, Јакинта странично ти е како Крауч да го стаиш на местото на Ленон! смешно ќе делува, сакам да го видам Каморанези во првиот тим со Ди Натале и Јакинта напред без Џила! со класична 4-4-2 формација! ако е и малце по храбар Липи би го уфрлил и Кваљарела место Јакинта, но знам дека такво нешто нема ни теоретски шанси да се случи!

...нешто се пишува за Пацини на место на Џила, но ќе видиме утре, само Липи знае што ќе извади на терен, едно е сигурно според мене, промени ќе има во првиот состав дефинитивно, какви ќе бидат ќе видиме.

Navigator said...

колку што имам јас прочитано Pirlo е здрав, ама нормално дека Lippi нема да сака да почни од почеток со него..најверојатно ќе игра Rino, заедно со De Rossi и Montolivo..уште поверојатно е дека конечно Di Natale ќе биди во првите 11..
да ти кажам право, јас скоро секогаш им верувам на corriere dello sport, а таму вика да овие ќе бидат промените во тимот..во секој случај, јас мислам дека формацијата ќе биди нешто измеѓу 4-3-3 и 4-4-2, оти кој и да игра десно напред, ќе биди малку поповлечен..
ако го видиш коментарот што го напишав пред утакмицата со НЗ и поставата што ја напишав, ќе видиш многу сличности со денешната..уште тогаш коментирав дека Di Natale е неизбежен ради креативност и брзина напред, а Rino за баланс со грубата играта на противниците..ама ај да не се повторувам..од тој мој состав таму, изгледа дека само Pepe ќе испадни, иако јас пак би играл со него или евентуално со Camoranesi..сеуште мислам дека лош е изборот Iaquinta да игра на некоја од страните, па со тоа да имаме уште еден тромав напаѓач најнапред (читај Gila)..е сега, ако Lippi е убеден дека Iaquinta е покорисен кога игра странично, тогаш нека игра најнапред со Pazzini..со други зборови, секоја минута на Gila помината на терен е потрошена и најверојатно не води кон елиминација..немам ништо лично против него, ама дечкото не прави шанси, а уште помалку дава голови..тоа носи испаѓање!!
инаку Владе, јас несакам да видам класична 4-4-2 формација денес, затоа што во тој случај треба некој да игра лево..единствен играч шо можи да игра лево е Marchisio, а за него имам само два збора НЕ БЛАГОДАРАМ!
кога прочитав класична 4-4-2 со Camoranesi десно, одма ме асоцираше на Juve од пред 2-3 години со Nedved лево, Camo десно и двајца напаѓачи..незнам дали тоа ти беше поентата или нема везе, ама кога ќе видиш дека пола играчи играат или скоро играле во Juve каде тренер им бил баш моменталнот селектор, тоа е донакаде логично..АМА тоа во репрезентацијата дефинитвно не успева..секогаш кога пробувал и Donadoni и Lippi, Италија се мачела да дај гол..прегледај ги утакмиците Италија-Грузија, Италија-Ирска, Италија-Бугарија, Ирска-Италија и ќе видиш дека сите се тешки за гледање, без шанси, некреативни..некогаш играше Marchisio, некогаш Brighi, некогаш дури и Cassetti или Grosso, ама залудно..тоа едноставно не успева!
а колку само ни фали Aquilani... замисли ја средината со Pirlo, De Rossi и Aquailani..ем цврста, ем креативна, ем подвижна..абе милина :)

значи мојот состав за денес би бил истиот од неделата:

Marchetti
Zambro--Canna--Giorgo--Criscito
Montolivo--Rino--De Rossi
Pepe--Di Natale
Iaquinta

FORZA AZZURRI!!!

Navigator said...

епа шо ми останува друго освен да си честитам за поставата :)
и секако...

FORZA AZZURRI!!!!!!!!!!!

ReBorned said...

Ај пак честитај си...

Navigator said...

Сега можам да им честитам само на играчите за прикажаното, за пожртвуваноста и за примерот како се игра за националниот дрес...
Италијаните и Французите се школски примери за тоа како треба да се игра за клуб и како не за репрезентација!

СРАМОТА!!!

Navigator said...

кажете ми дали сакате нов пост посветен на Milan со сите новини поврзани со клубот (ете и официјално имаме нов тренер) или го сакате актуелниот за СП..
да не испадни дека си го присвојувам блогот и откако Италија отпадна, јас одма го менувам постот...
во случај да сакате нов, нека се јават onie со инспирација..

BENVENUTO ALLEGRI!!! FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Може да се направи нов за трансфери и целите за другата сезона + да се запознаеме со новиот тренер.Јас сум за!

FORZA ALLEGRI FORZA MILAN

Anonymous said...

Е бев у право за Италија и Франција, ќе видиме дали и за Германците ќе бидам у право :)
Праев муабет со Владе за Амелија, поред мене подобро он затоа што може да седи на клупа за разлика од Сторари кој рече дека сака да игра.Е сега точно не сум информиран околу тоа дали и сторари е позајмен пошто сум во село изолиран од интернет.
Ај со среќа нека биде тренерот,ако форсира игра како што имаше во Каљари тогаш можеме да очекуваме убава игра за око,и да очекуваме неколку младинци да се промовираат а зошто и не враќање на Астори.
Позз

Anonymous said...

Луис Фабиано,Џо Кол,Мартин Касерес?
Со понудените 20 мил на Фенербахче за Хунтелар можеме да ги обезбедиме тројцава и секако од продажбата на Јанкула,Камикаладзе и Одо.Мене ме бендисува и тоа многу овие тројца да дојдат во Милан.

kiko_pato said...

Според изјавата на нашиот нов тренер Алегри... ми изгледа дека ќе биде најголемото пионче од сите до сега шо биле... значи ве молам како може да го каже овоа...
„Мислам дека Милан има добар тим и навивачите можат да бидат мирни.“

Може го терале и напамет да ја научи реченицава :)

овоа според мене значи дека додека е тренер... премногу ќе ги слуша Б&Г... а чим ги слуша знаеме што ќе се случува ( освен ако не му се сони на Берлу нешто да го одврзе кесето... па да можеме да праиме муабет за скудетото и за освојување на лига на шампиони ).

Anonymous said...

http://www.goal.com/en/news/10/italy/2010/06/30/2003709/silvio-berlusconi-declares-ac-milan-are-the-most-successful-club-

Хахахах реченицаваааа
Мајкеми ради ова го сакам Милан!