Translate

Sunday, 16 May 2010

Saturday, 15 May 2010

End of the line

Истоимениот наслов на последната мисија на играта на сликата се поистоветува со крајот на сезоната.
Видовме се сезонава, од неверојатни пресврти, газењеа на противници, голови во последните минути, театарска претстава на сред Бернабе...но и видовме и срам на Олд Трафорд, и безброј слични срамови со далеку поанонимни клубови и стадиони.
Сума сумарум на сезоната е дека беше добра,прашувајќи го Галијани беше одлична!3то место освоено,1/8 финале во Лига на Шампиони-доста е нели?
Да се разбереме, не сум толку разочаран од резултатите, игрите, повредите, па ајде и вољата за победа но она од што сум најмногу разочаран е фактот што работите не идат на арно а никој не се обидува да стори нешто во врска со тоа.
Срамота е за 7 (СЕДУМ) кратен еврпоски првак да си постави цел во сезоната да заврши на 3то место!Срамота е тренерот кој со едвај некакви ресурси,раштиман и застарен тим да успее да направи се што направи да биде избркан(а и да не е избркан што мислите од убавини не останал?)
Како вечен песимист, предвидувам исто сценарио и следната сезона, можеби со малку среќа ако успееме да направиме некој паметен пазар како со Пато или Т.Силва и уште подобро промовираме некој од младичиве во првиот тим(уште едно браво за нив!)
Натпреварот со Јуве ќе се игра за престиж, иако знаеме дека за фудбалските состојби во Италија тоа би значело формалност, и некое здодевно 1-1 реми.
Бараме залаганост!Бараме напредок!

Збогум Лео, се надевам дека ќе се вратиш за 2-3 години со поголемо искуство и да го вратиш овој тим на победничките патеки!


Еден е Милан!!!





FORZA GRANDE MILAN !!!

Sunday, 9 May 2010

На местото на злосторот...

Сепак натпреварот Џенова - Милан повторно по којзнае кој пат ќе се игра зад затворени врати. За тие што не знаат, ова е директна последица по еден трагичен настан во 1995 година кога пред „Мараси“ стадионот во Џенова беше избоден до смрт Vincenzo Spagnolo, навивач на Џенова од страна на т.н навивач на Милан. За жал виновникот никогаш не е откриен. Поради овој немил настан секоја година натпреварот Џенова - Милан е натпревар од висок ризик. До последен момент се сметаше дека годинава сепак ќе се игра натпреварот пред публика и пред околу 400 навивачи од Милано кои со карта во раце го чекаа овој викенд но во последен момент сепак натпреварот ќе се игра без публика.
Во однос на самиот натпревар двете највредни алки во тимот (покрај Дињо) се враќаат во тимот иако се чини ќе бидат само на клупата. Неста и Пато недостасуваа до болка, со нив можеби се’ ќе беше поинаку. Ќе недостасува Амброзини а триото во нападот најверојатно ќе биде Дињо - Бориело - Хунтелар. Лео секој следен ден е се’ подалеку од Милано. Има повеќе шпекулации за нов тренер отколку за нови фудбалери. Некои одат до таму што тврдат дека Лео уште денес ќе ја напушти клупата на Милан доколку и математички се обезбеди третото место и директниот пласман во ЛШ. Гали + Тасоти, Алегри, Ван Бастен... рингишпил од имиња за клупата на Милано. Ајде и математички да го обезбедиме тоа трето место и после да видиме со што ќе не „израдуваат“ B&G.
Тогаш беа некои други времиња, тогаш имаше глад за успех...

Forza Milan!!!