
Упорно ни велат... ај да ја направиме интересна сезонава а ние упорно велиме: Не, благодарам!
Еве пак можност да дојдеме до -1 и заедно со Рома да дишеме во врат... Јас лично сметам дека е крајно време Лео да ја фрли врската и костумот и да влезе во игра. Не игра пола тим, пола првотимци а тој и така во секое време може да одигра подобро од некои кои што го носат овој дрес! Против Лацио ќе биде мачење, сигурен сум! Сепак доколку тоа мачење заврши со 3 бода сигурен сум дека сите ќе бидеме задоволни. Во недостиг на единствената креативна сила во тимот (Дињо + Пирло) и единствената луцидност во тимот (Пато) како и половина одбрана (Неста + Бонера) може се’ да се случи. Фактот дека дури 4 младинци се повикани во сениорите (Верди + Зигони + Ромањоли + Страсер) доволно зборува за фондот на фудбалери за овој натпревар. Во зависност од тоа дали Сидорф ќе се опорави на време барем да го започне мечот, Лео се двоуми меѓу неколку формации. Доколку Сидорф може да го започне мечот би се играло со 4-3-1-2, дури и во таа формација би играле неколку фудбалери со „една нога“ т.е директно од болница на терен. Доколку Сидорф не успее да се среди би играле со класична 4-4-2 и Јанко + Абате по крилата. Многу е лошо кога фондот на фудбалери а не тренерот ја дефинираат формацијата и тактиката на еден меч. Доколку се вистинити најавите за ултиматумот од 5 точки на Лео кон Берлу тогаш Лео ќе ја добие сета почит во големата фамилија на Милан. Овде мислам на навивачите. Никој досега ги нема толку отворено кажано сите проблеми, никој се нема обидено да бара решение. Ова само се таложи а еден ден ќе пукне! И тогаш нема да можеме да имаме трансфер период со 20 имиња! Џеко пак си даде 2 гола вчера, кога Берлу рече дека ќе купуваат фудбалери само под 23 Лео рече дека во таа група спаѓаат и Џеко и Сисоко! Или не го купија Џеко лани за сезонава да повторат дека купуваме само фудбалери под 23 а Џеко сезонава е 24?! Тоа што по тоа удирање во гради дека купуваме фудбалери само под 23 беа донесени Бекс и Мансини а сега и Јепес е трагикомично! Единствен пат кога тоа беше испочитувано, кога агентот на Красич (25) изјави дека неговиот клиент бил на работ од потпишување за Милан, било се договорено во зимскиот преоден рок но тогаш Росонерите го купиле Адиа и со тоа ја затвориле НОН-ЕУ квотата!
И после Цацко ни е крив? Е не ни е, тој убаво си кажа: Персоналот ви е за никаде а услугата катастрофа! Леонардо не доби дури ни минимална подршка (во смисол на фудбалери) во својата руки сезона! И не само тоа, доби критики кога тимот губеше (или поточно изгуби, 2-3 дома од Јунајтед) а не доби пофалби кога тимот газеше се’ пред себе! Епа тие фудбалери и тој стручен тим сакаат да слушнат и рекогнација на нивниот труд! Тешко се мотивираат овие фудбалски старци а Лео успеа да го направи и тоа!
Бразил го сака Лео по СП за селектор! Доколку го испуштиме губиме пред се одличен човек, одлична личност! Потоа губиме фантастичен скаут, човек кој на рака го знае најголемиот пазар за квалитет во светот и личност кој не е изграден тренер но е на одличен пат да стигне таму. А доколку Лео стане селектор на Бразил, ќе гази, ќе гази се’ пред себе! А нашево раководство и тогаш ќе се фали, ова е нашиот тренер, ова е нашиот Леонардо! Патетика во најчиста смисла на зборот!!
STFU Berlu! Forza Leonardo!! Forza Milan!!!
