
23 минути беа доволни за да се каже целосната приказна од овој натпревар.
Дињо-Бориело,Дињо-Сидорф,Амбро-Бориело-Пато
3-0 Крај на приказната се понатаму беше пимплање и одржување на контролата на натпреварот во насока во која ние сакаме.Вака се игра при 3-0,вака се игра против противници кои не се дојдени целосно да се бранат.Раниот гол дефинитивно ни ги отвори патот кон победата понатаму и треба да ни биде за поука за да во следните натпревари не добиваме срцеви удари како што беше многупати досега :)
Мала дамка на натпреварот е што Дињо се здоби со повреда на мускулот и се надевам дека е ништо страшно,и дека ќе се опорави до вторник и клучниот меч со Цирих во Лигата на Шампионите.
Интересно е што и Тиаго Силва и Хунтелар се опоравија навреме,а единствено нешто што ми е криво што Ди Џенаро не доби шанса на овој
натпревар.
Дида 7.0 За еден упатен удар кон неговиот гол дури во 82та мунита каква оцена треба да му ставам? :)
Замброта 7.5 На ниво
Неста 7.5 Заедно со Тиаго одлично ги неутрализираа Касано и Пацини
Т.Силва 7.5 Не се очекуваше да почне но почна и одлично си ја заврши работата :) Можам само да замислам каков ќе беше исходот ако каладѕе започнеше место него
Антонини 8.0 Затоа што имаше голем удел во првиот гол добива 0.5
Амброзини 7.5 Капитенски :)
Пирло 7.5 Добро враќање на терените,си ја заврши задачата максимално и немате појма колку беше клучен во моментите кога го умртвувавме натпреварот.
Сидорф 8.5 Уфффффф каков гол :) Негов трет сезонава и 51 во Серија А
Пато 8.5 Седми сезонски гол.Але Але Пато
Бориело 8.5 Си се поклони еднаш и учествуваше во голот на Пато
Роналдињо 9.0 Не постигна гол,но за 30те минути кои го помина на теренот изигра ѕверски :) Само напред Дињо,те очекуваме во Цирих.
Абате 7.0 ; Хунтелар / ; Фламини ;
Многу навивачи сега би почнале да урлаат,да се маваат во гради и да се дичаат,но јас велам да се спушти малце топката,да ја оставиме Самп зад нас и да гледаме кон тоа што следи,ден по ден,натпревар по натпревар.
А сега ви препорачувам да не го гледате таканареченото Дерби на Пацерите туку да си пуштите Роки,да си мцкате коњаце и да си кулирате :)
Знам дека јас ќе го направам тоа ;)
FORZA MILAN!!!