






Почитувани :
Индивидуално нема да го оценам играчите,можеби само накратко:
1.Крајно сум разочаран од Каладзе,со чисто срце сум кога велам дека не Каладзе со неговите изведби не заслужува место во Милан
2.Добро одиграа скоро сите пред се: Абијати,Малдини(кој само во една ситуација го пушти ракометарот)Дињо(поздрав до камбијасо и самуел),Пато...а Бекам не одигра ништо спектакуларно-потврдување на она што го велам дека не ни треба за долгорочни цели.
Тоа е тоа момци...не се нервирајте....јас лично сум повеќе ЦРВЕНО-ЦРН од било кога.Скудетото оваа година по се изгледа ни избега,но останува Уефа купот кој МОРАМЕ да го освоиме за да ја потврдиме нашата европска доминација и барем малку достоен начин да го испратиме најдобриот одбранбен играч на сите времиња,воедно и наш капитен МАЛДИНИ! Најмногу ми е жал што во своето последно дерби доживеа пораз.Воедно поздрав до вистинските навивачи на мерда(се надевам дека ги има такви)за банерот посветен на Малдини: "Per 20 anni nostro rivale,ma nella vita sempre leale"
Ale ale Milan Ale, Forza Lotta, Vincerair, NO TI LASCEREMO MAI.....
Дојде и тој ден!Натпреварот за кој живееме цела година е пред нас!Како и секое дерби и ова е има исклучителна важност,но она што му дава посебен шмек е фактот дека се работи за борба за скудето и секако дека ова ќе му биде последното дерби на Ил Капитано!Па мислам дека ако ништо друго барем со победа да се опрости во 56тото дерби за него.Кога сме веќе кај бројќите...веќе од добро ни е познато дека Шева со 14 гола е прв стрелец на дерби натпреварите со мерда и дека претставува(ше) вистински кошмар за матераци и компанија.Арно ама Шева од 2006 нема дадено гол против душманите,така да мислам дека е вистинско време да се прекине тој пост!
Абијати
И повторно разочарување на домашен терен :( Губиме бодови кој однапред ни се ставени на контото.Се сеќавам дека Карло имаше некоја изјава деновиве каде што алудираше на претпазлисвост во овој дуел.Има многу фактори зошто не победивме вечер.Среќата(која ја немавме,неубедливата игра од стартот,неиграњето на Пирло(па и на Сидорф од почетокот)повредата на Кака,судијата......и на крај односот на играчите на Реџина кои веќе ми се гадат!
Немаше многу шанси за гол,но сепак добро играше и на моменти мајтап си правеше со противниците кои беа премногу груби кон него.
ПОБЕДА!3 и тоа какви бода во вистинско време!Милан го уништи Лацио во секој сегмент на играта иако рака на срце првиот гол на Пато беше постигнат од офсајд.Но ова не е ништо кога ќе се погледнат судиските одлуки на страна на мерда сезонава.Се на се одлична игра пред се во второто полувреме каде што бевме тактички супериорни.Оваа игра Милан ја покажува од почетокот на 2009 односно од натпреварот со Рома,и само со Џенова потфрливме резултатски.Можеби е тоа поради играњето на Бекам :)
Уште еден ту-би ор нот ту-би натпревар :) .И повторно на Олимпико во Рим но овојпат против Горчо и неговиот Лацио.Ако се земе предвид фактот дека во минатото коло 3тите бода ни избегаа во последните неколку секунди,и дека вчера Јуве изненадувачки го доживеа вториот пораз во серија тогаш побеќе од очигледно е дека победата е императив.