Се случи и тоа, по долгото очекување се одигра првиот натпревар од сезоната. Нормално, по активното лето на Галијани се очекуваше почетна победа и старт на долгиот пат кон скудетото. Но се случи тоа што се случи и остана само да се анализира и да се вадат поуки од натпреварот. Првото нешто што го прочитав денеска на светските фудбалски сајтови, или поточно на шпекулаторскиот светски фудбалски сајт гласеше вака: "new season, same old milan". Е тука авторот на насловот направил "мал" превид и за вториот дел од насловот гадно се заебал. Значи целата среќа во оваа несреќа што ни се случи беше тоа што Дињо им ги затна муцките на сите злонамерници кои веќе го отпишаа од светскиот фудбал. Дињо беше феноменален. Милан одамна не создал толку шанси на еден натпревар, а при тоа да не дозволи противникот да помине половина во 80% од натпреварот. Но, едно невнимание на Каладзе(И ПОТВРДАТА КОЛКУ НИ ФАЛИ НЕСТА) и веќе беше о-1. Во второто полувреме по израмнувањето Милан тргна многу офанзивно и Дињо влезе во елемент. Поминуваше играчи како дечиња во маало, нафрлуваше, подаваше...но, тоа немаше кој да го искористи, од Инзаги и неможе многу да очекуваме, едноствно неможе да го прати Роналдињо, секогаш како да е чекор поназад. Шева беше видно вон натпреварувачка форма, што е и логично затоа што нема играно фудбал од самитот на НАТО во април, но затоа и требаше да си остане на клупа се додека не си го поврати фитнесот со напорни тренинзи. Пато имаше само 20 мин. и неможеме да го цениме. Се на се, треба да сме задовлни, затоа што го добивме Дињо, онаков каков што го знаеме од најдобрите денови, затоа што Милан создаваше шанси и беше конкретен и опасен, затоа што Замброта покажа дека е три класи подобар бек играч од Одо, затоа што Сидорф по подолго време повторно го видовме мотивиран, затоа што Фламс одигра натпревар на високо ниво, итн...Ова не е утеха, ова е реалноста, изигравме добро, едноставно среќата не беше со нас, а без неа не се може. Дечкото со име и презиме Francesco Valiani едноставно имаше еден од оние денови кои никогаш не се забораваат. За несреќа го имаше против нас. Дечкото постигна евро-гол на првиот свој настап со Серие А EVER со свои 28 години и тоа со третиот шут кон голот на Абијати од вкупно три! Значи едноставно некогаш против некои работи не се може.
Но по подолго време после еден пораз може слободно да кажам дека имаме причини да останеме позитивни!
Следна станица, Џенова, 14 ти Септември...







