Translate
Thursday, 31 July 2008
Wednesday, 30 July 2008
Првиот трофеј на сезоната
Friday, 25 July 2008
Нов дефанзивец...?!
Тие 6 дефанзивци кои ги спомнува Галиани се: Малдини, Каладзе, Бонера, Фавали, Шимиќ и Дигао!
Е сега проблемот е во тоа што од тие 6 дефанзивци Бонера и Фавали не се централни туку странични дефанзивци а за последните двајца (Шимиќ и Дигао) токму Галиани изјави пред извесно време дека е можно да го напуштат тимот што само по себе говори дека Милан нема доверба во квалитетите на тие двајца (особено на Шимиќ, за Дигао во игра е позајмица)!
Неколку имиња се вртат низ Италијанскиот печат како евентуални засилувања во тимот на Милан!
Пред се во прв план избива Алекс Силва, дефанзивецот на Сао Паоло! Типот има 23 години висок е 192 сантиметри и е помлад брат на Луизао од Бенфика! Важи за цврст дефанзивец кој знае одлично и да го загрози противничкиот гол особено со глава но и со соло пробив! Одлична работа околу него е и тоа што може да се ангажира за само 4 - 5 милиони евра! Тој ќе настапи на Олимпијадата за тимот на Бразил и Росоњерите ќе можат да се уверат во неговите квалитети!
Второто име е Матео Ферари... дефанзивецот на Рома на кој му заврши договорот со Римската Волчица и е слободен да преговара со другите тимови! Солиден избор пред се поради фактот што безпари може да дојде во Миланело!
Како и да е... факт е дека на Милан му треба нов дефанзивец без разлика дали повредата на Неста е сериозна или не!
Thursday, 17 July 2008
Дињо конечно во Милан!
Долго очекуваното конечно се случи! Роналдињо Гаучо, фудбалерот кој беше прогласен два пати по ред за најдобар фудбалер во светот во последните три години, ќе му се приклучи на фудбалерот кој е актуелен носител на тоа признание! Дињо и Рики Кака ќе сочинуваат фантастичен бермудски триаголник со (според многумина играчот кој сигурно ќе ја добие златната топка во иднина) Александре Родригез да Силва – Пато! Се очекуваат чуда од бразилската тројка! Ова е трансфер кој искрено ги гали срцата не само на навивачите на Милан туку и на сите објективни љубитељи на фудбалот, особено фановите на Дињо кои знаат дека сеуште постои магија во тие нозе! Дињо беше маргинализиран во Барса во текот на целата сезона. Додека Дињо седеше на клупа на негово место играа Џовани Дос Сантос и еден од најпреценетите млади фудбалери на денешницата Бојан Кркиќ! Како да заборавија челниците на Барселона кој беше човекот што ја препороди екипата од Каталонија! Како да заборавија кој е двократен најдобар фудбалер на светот! Како и да е, тоа само му одеше во прилог на Милан кој го доби фантастичниот Роналдињо за прилично мала сума од 21 милион евра + 4 (2 за освоено скудето и 2 за најмалку 10 постигнати голови). Вреди да се напомене и фактот дека самиот Роналдињо во голема мера го овозможи трансферот во Милан. И покрај финансиски подобрата понуда од страна на Манчестер Сити... Роналдињо се откажа од дел од своите лични примања исто како што се откажа од неговите 15 % од трансферот само да дојде во црвено црниот дрес од Сан Сиро!
Со самото негово доѓање во Милано веќе се чуствува нова клима. На првиот ден од неговото пристигнување се продадени повеќе од 5000 сезонски билети или вкупно 18518 што е повеќе од истиот период во претходната сезона кога Милан се подготвуваше за ЛШ! Тоа е само уште еден доказ за приврзаноста на „Ѓаволите“ кон својот омилен клуб!
А како само беше пречекан Дињо во Милано!
Со самата аквизиција на Дињо се поставуваат неколку прашања:
- Дали Дињо ќе успее да го врати својот физикус во нормала?
- Дали Дињо ќе се врати во формата во која сме навикнале да го гледаме?
- Дали Дињо ќе може да игра во ист тим со Рики Кака?
Според мене, одговорот на првите две прашања лежи во еден факт... Дињо треба да остане здрав! Доколку Дињо е здрав воопшто не треба да се дискутира околу тоа дали ќе биде во форма! Впрочем и Галијани изјави дека Дињо напорно тренира за Олимписките игри и дека веќе го слеал стомачето!
Околу тоа дали Дињо може да игра покрај Кака, најупатен во тоа е Карлито! Доколку тој сметаше дека овие двајца не можат да коегзистираат на зелениот терен сигурно дека челниците на Милан нема да беа толку упорни околу ангажманот на Дињо!
Со аквизацијата на Дињо се добива и на ширина во тимот на Милан, се добива на слобода за спроведување на повеќе различни тактики кои сигурно ќе бидат со само еден класичен шпиц! 4-3-2-1, 4-2-3-1 односно 4-1-2-2-1 се само дел од опциите што Карлито може да ги спроведува на теренот со Дињо и Рики во тимот!
Како и да е, се надеваме и очекуваме подобра забава и пред се подобри резултати на Сан Сиро!
Forza Milan!
Monday, 14 July 2008
Дињо! Кога, зошто, дали?
Во изминатиов период додека траат шпекулациите за транферот на Дињо се отвараше едно прашање а гласи вака: Дали е потребен Дињо во Милан? ...Знаете имаше една кампања на една владеачка гарнетура пред точно 4 години за време на одржување на еден референдум и гласеше"НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР", епа јас сум убеден дека ова е едно од тие и немам намера да губам од моето време кое го имам на претек да одоговарам на ова прашање, ќе си го трошам времето во исчекување на летот кон братска Турција.
Тоа е тоа, сега останува да чекаме и да видиме Адријано"немам пари"Галијани што ќе договори со Хуан"не ме сакаат 64% од клубот" Лапорта и дали ќе успее да го донесе Дињо за 1 милион евра и да биде исплатен на рати во наредните 99 години, затоа што тешко е кога се нема пари , нели. Мала шала на сметка на ќелавиот , сепак он си ја знае подобро работата од сите нас.
FORZA GRANDE MILAN!!!