Translate

Friday, 25 April 2014

Дерби кое ќе прекине една серија


Вечерва на Олимпико се среќаваат двете екипи кои се во најдобра форма во овој период од сезоната. И Roma и Milan се во серија од 5 победи така што барем една од тие две серии ќе биде прекината вечерва (можеби и двете, со евентуално реми). И покрај тоа што влегуваме во дуелот со 5 победи по ред, нешто што се нема случено неколку години наназад, сепак Roma е фаворит на овој дуел и тоа не само поради фактот што игра на сезонава тешкиот Олимпико за гостински екипи. Roma си создаде своја игра, лесно ги решава противниците и делува како компактен тим во кој секој си го знае своето место и секој игра за тимот. Огромна заслуга за тоа оди кај Rudi Garcia. Одлично вкомпонираниот и квалитетен тим се гледа по тоа што и покрај фактот што ќе недостига фудбалер од калибарот на Strootman (заработи тешка повреда и го пропушта дури и СП) на негово место има фудбалери како Pjanic односно Nainggolan.

Кај нас единствена непозната е дали Honda ќе добие место од самиот старт. Самурајот се врати по повредата но неизвесно е дали ќе го започне мечот од теренот или од клупата. Негова алтернатива во стартните 11 е Andrea Poli. Принудна измена има во средината, поради парниот број на жолти картони на De Jong, на негово место ќе стартува Muntari. Назад повторно Bonera се враќа на десен бек на местото на Abate за да се добие дефанзивно поизбалансиран Milan. Остатокот од тимот е познат и тоа се фудбалерите со кои ќе одиме на продолжување на серијата победи и на продолжување на бркањето на ЛЕ место.
Специфичен термин, петок 20:45.

Forza Milan!

Saturday, 19 April 2014

Milan - Livorno


Во мутава атмосфера и чуден термин денес Milan го дочекува Livorno во 15:00. Атмосферата е мутава затоа што според (прет) последните информации, скоро цело италијанско лоби во клубот (минус Balotelli) му е намерачен на Seedorf и не се разбира со него најдобро. Тука се наведени имињата на Montolivo, Abate, De Sciglio и Poli. Зад нив стои и G кој поради тоа што му наложи на Seedorf да го стартува Montolivo против Catania, ја подигна точката на вриење на повисоко ниво. Во контекст на овој муабет, изворите велат дека односите меѓу тренерот и италијанското лоби во клубот е толку лоша што тој сигурно си заминува летово без разлика на остварениот резултат. Негова најсериозна замена е Pippo во прв и Donadoni во втор план меѓутоа GDS денес излезе со информација на насловна дека Milan го сака Montella и за него ќе треба да плати оштета од 7 милиони евра која е негова buy out клаузула. Milan не дава 7 милиони за фудбалер (се обидува да добие дополнителен попуст на договорените откупни клаузули на Rami и Taarabt) а не па за тренер. Значи доколку се менува Seedorf, Pippo it is! Само да се додаде тука дека Curva Sud му дава поддршка на Seedorf и се очекува тоа да го направи и јавно денес на San Siro.

Околу денешниот натпревар кој некако оди во сенка на она што се случува изминатата недела, Abate под притисок на G веројатно ќе добие старт пред Bonera во обид да се спаси неговото стартно место во репрезентацијата летово. Се шушка и за изненадувачки старт на Robinho кој би започнал на местото на повредениот Honda односно Poli од последниот меч. Останатиот дел од тимот е идентичен со оној што настапи против Catania. Значи без грижи, Constant е повторно константен покрај левата аут линија.


Без разлика на сите претумбации, потребна е победа денес бидејќи само добри резултати можат да ја намалат тензијата и затоа што во ист термин играат Parma - Inter.

Forza Milan!!!

Sunday, 13 April 2014

Parma, Verona и Lazio кикснаа, комшиите победија


Тоа значи дека со евентуална (и очекувана) победа вечерва ќе ги прескокнеме Verona и Lazio на табелата и ќе дојдеме на само -3 од Parma и -5 од комшиите (токму тие 2 екипи играат меѓусебе следниот викенд, кога ние играме повторно дома, со Livorno). Отприлика и таму ќе завршат лесните натпревари за годинава се до последното коло бидејки до крајот на сезоната ќе играме со Roma и Atalanta нагости а имаме и натпревар со комшиите пред финишот од сезоната со Sassuolo дома.

Honda се приклучи на листата на повредени каде има еден куп фудбалери и нема да настапи денес. Негови алтернативи за старт се Birsa и Poli со тоа што младиот италијанец е во предност. Другата варијанта е да заиграат и двајцата од старт со тоа што Poli би настапил поназад, до De Jong а на местото на Montolivo. Напред Balotelli се враќа во првите 11 на местото на Pazzo.


Иако ваков тип на натпревари кои се сметаат однапред за добиени, можат да бидат проблематични верувам дека не би требало да имаме поголеми проблеми ако ги напнеме од самиот старт (слично како што започнавме со Chievo) и дека брзо ќе го решиме победникот.
Формата дополнително го ветува тоа.

Forza Milan!

Monday, 7 April 2014

Натпревар кој може да даде некаква цел во финишот од сезоната


Тежок натпревар на гости кај Genoa но меч кој може да го направи барем малку интересен финишот од сезоната и да даде некаква цел кон која ќе се стреми тимот. Inter продолжува да тоне а Parma извади одлична победа против Napoli но со наша евентуална победа вечерва против Genoa ќе дојдеме на само 5 поени негатива до местото кое води во Европа Лига. Таму се Parma и Inter. Овие евентуални 5 поени негатива добиваат уште повеќе на значење поради тоа што после овој меч имаме 2 прилично лесни натпревари против Catania и Livorno и двата на San Siro а кога ние играме со Livorno, се среќаваат Parma - Inter во меѓусебен дуел. Подоцна и ние играме против Inter во финишот од сезоната. Многу математики за не толку важното ЕЛ место меѓутоа подобро нешто отколку ништо. Овој вечерашен меч може да даде импулс во финишот од сезоната.

А веројатно овој меч ќе го играме без Balotelli. Mario (кој конечно влезе во некоја перспективна форма) има симптоми на грип па изолирано пристигна во Genoa и имаше посебен доручек за да не го префрли вирусот на остатокот на тимот. Затоа Pazzo ќе добие шанса од првата минута а зад него ќе бидат во последно време се подобрата тројка Taarabt, Kaka и Honda. De Jong и повратникот во тимот Montolivo на двоен пивот. Во дефанзива повторно старт на францускиот тандем засилен со Bonera по десната и Urbinho по левата страна. Тоа е составот кој треба да донесе три бода во Milano. Искрено се надевам дека ќе го направат тоа. Се надевам за да се продолжи позитивниот тренд на добри игри и резултати и опипливо да се добие некаква цел кон која ќе се стреми тимот во финишот од сезоната.

Forza Milan!