Translate

Saturday 2 November 2013

Milan - Fiorentina


Три часа пред почетокот на мечот со Фиорентина и не е некое време за некој потемелен и пост со повеќе анализи. Но искрено речено и нема мотив за анализи. Во ситуација кога институција како Милан е на 10то место и со само два бода повеќе од екипата пласирана на 14то место немаш мотив и немаш желба да анализираш. Знаеш дека полека но сигурно сезоната оди во бестрага, како одминуваат колата станува реалност дека нема да играме ЛШ и кога ќе го помислам ова ми иде чувство на тага и бес во исто време! За нештата да бидат потрагични Алегри се обидува сега суптилно со неговите изјави дека горе-доле се помируваме со лошиот пласман, единствено ќе се обидеме да се искачиме некое место погоре и најтрагичното од се е што најавува дека во Купот на Италија сака добар пласман(клише изјава од порано, но овој пат има друга тежина). Со ова сака милионите навивачи на Милан да ги убеди дека ако го освоиме купот па и нема да биде така лоша сезона?!

Од очај во очај, претходниот натпревар со Лацио беше оној од кој мораше да почнеме да победуваме, таков е и овој. Ништо не е сменето, само што е друг противник и едно коло помалку. Ни гостува одлична екипа, екипа во која менаџментот знае што работи па наместо да го купи Матри за 11 милиони евра, го купи Џузепе Роси за 10. Го купи сеуште недоволно опоравен од повредата и тука постоеше ризик да 10 милиони отидат во неповрат, но прво и основно кој ризикува тој и добива(во случајов 9 првенствени гола на Роси) и  второ, има една плејада доктори кои ги плаќаме за да оценат во каква состојба е играчот кој се купува. Ни гостува екипа која во дуел со актуелниот шампион се "налути" на полувремето и во вториот дел им даде ни помалку ни повеќе туку 4 голови за 45 мин. Е против таа екипа ние треба да ја стартуваме победничката серија која ни е повеќе од потребна. Не дека немаме доволно квалитет, не дека немаме можеби и подобри индивидуалци од нив, но очајната форма досега и бродот кој плови без капетан не ни дава за право да бидеме сигурни дека еве од вечерва, од денеска па натаму со сите(скоро) вратени фудбалери од повреди отвораме ново поглавје сезонава. Но тоа е што е, надежта ја имаме, нели, таа последна умира.

Повикани фудбалери:
  • Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Constant, Vergara, Zaccardo, Zapata, 
  • Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Kakà, Montolivo, Muntari, Poli, Saponara, 
  • Balotelli, Matri, Niang, Robinho.
Составот за денеска во однос на тој со Лацио најверојатно ќе претрпи само една измена и тоа Констант на местот на Матиа на позиција лев бек. Добри вести за Монтела и Фиорентина. Тоа изгледа отприлика вака:


Се на се, во каква ситуација и да сме, во каква и форма да сме #weareacmilan и мораме да одиме на победа! Секој еден кој го носи црвено-црниот дрес мора да го знае тоа! (само да имаше кој да им го каже тоа). Алегри пријателе, ова ти се последните сламки за спас, од тука може конечно да ти почне одбројувањето на деновите поминати на клупата на Милан, па ако не за нас навивачите, ако не за клубот како таков, барем за тебе направи нешто и донеси победа!

FORZA MILAN!

12 comments:

ReBorned said...

De Sciglio не може да врзе 2 натпревари по ред и тоа дава уште повеќе болка на лошите резултати. Управата не знае на што да се вади и користи секакви wild карти. До пред 1 недела немаше ниту еден официјален збор за тоа дека Honda е обезбеден а по серијата на лоши резултати го вртат вниманието со тоа дека Honda ќе доаѓа. Јас искрено и не сум толку бесен на Allegri, тоа е тренер кој никогаш во кариерата нема да добие подобар клуб од Milan и нормално дека ќе се обидува со мир да го задржи своето место што е можно подолго. И тоа е релевантно. Јас сум бесен на управата, особено бесен затоа што ова е истата управа која го направи Milan она што е, клубот со најмногу титули во светот. А истата таа управа ја повторува истата таа реченица веќе со години а дозволува во тој тим да играат фудбалери како Constant, Muntari или Zaccardo. Бесен сум затоа што тоа се истите луѓе а се однесуваат како да се некои сосема други! Бесен сум затоа што тие дозволуваат кој што сака да прави во клубот! Бесен сум затоа што ова не е мојот Milan! Milan и кога немаше резултати на теренот го красеше дигнитет и достоинство, работи кои секогаш беа почитувани од сите навивачи и клубови во светот. Денес го немаме ниту тоа!

ReBorned said...

Претходниот коментар како да сум го пишувал после мечот а не пред мечот. Не ни додал и изменил апсолутно ништо.

CurvaSud_Milan said...

Очај е благ збор! Гледа ли некој воопшто некаков излез од оваа криза?! Има ли пилот во авионот?

ReBorned said...

Пилотот одамна крена раце а копилотот го напушти авионот некаде околу 70та минута.

Anonymous said...

Не го изгледав натпреварот. Не ни вреди да трошам интернет сигурно?

ReBorned said...

Воопшто. И да го симнеш немаш што да гледаш, особено во последните 20тина минути и двете екипи чекаа да дојде крајот на мечот. Можеш само да го видиш G како го напушта натпреварот некаде во 73та минута. Тоа е единствениот детаљ за одбележување.

CurvaSud_Milan said...

Карантин? Или јас сосема трето сум разбрал од италијанските сајтови?

ReBorned said...

Да, макар што јас колку што знам и пред нецел месец имаше слична мерка. После Барселона следат 4 натпревари во кои некој друг Милан би прокнижал 12 бодови како од шега.

Navigator said...

Не гледав вчера, немав услови. Многу слаб нет, краден, па реков подобро да не се мачам. И дури утрово проверив резултат. Ете до толку имам изгубено верба во оваа екипа. Еве читам од вас дека и не сум згрешил, не сум пропуштил многу. Срамота е ова што се случува. Како да се помирам со тоа дека догодина нема да гледаме и пишуваме постови за ЛШ со Milan. Многу тешко ми паѓа тоа. Втора причина за паника ми е помислата дека некој од најдобрите играчи ќе побара трансфер. Дури и да не побара, без парите од ЛШ, налудничавата управа може сама да реши да продава. Не гледам светло во тунелов. Не гледам перспектива, не можам да препознаам идеја. Најстрашно ќе биде ако и врвните оперативци во клубот не знаат што ќе биде и се зависи од Berlo. Ако се очекува решение од него, пропаста е близу, за жал.
Против Barca се надевам на реми, иако пореално ми е да признаам дека пораз до 2 гола разлика е прифатлив. После тоа, ако не се случи очекуваната револуција, па се тоа да продолжи со позитивен зимски преоден рок, овој Milan ќе биде само тема на потсмев и дамка во клупската историја.

Navigator said...

Нека напише пост некој ако има време. Јас ќе бидам на работа до кај 7-8.

CurvaSud_Milan said...

Ќе пробам јас, ама не ветувам. Ако може некој нека напише. Јас ќе се приберам дома накај 5 и пол, 6. Тогаш можам, ако некој стигне пред тоа нека пише.

ReBorned said...

Пишувам