Translate

Tuesday 1 October 2013

Дуел на стари познаници!


Вторник навечер. Убаво (најверојатно дождливо време) за дуелот тежок 11 шампионски титули во најквалитетната фудбалска лига во светот. Тимот со кој повеќе од 10 пати сме се среќавале во Лигата на Шампионите и КЕШ досега, и тоа во групни фази, елиминациски мечеви но и финалиња. Никогаш не било лесно кога сме играле со една од најдобрите фудбалски школи на сите времиња по чиј модел Милан сака да ја носочи својата младина. Ван Бастен, Рајкард, Рајзигер, Давидс, Сидорф, Златан се само дел од играчите кои го носеле дресот на овие два гиганта. Повеќето од нив оставиле голема дамка и за двата тима.

Долго време помина од 23 април шампионската 2003та година кога во 1/4 финалето ги одмеривме силите со холанѓаните. А како вчера да беше оној гол на Томасон за 3-2 (иако повеќето тврдат дека голот е на Пипо) и маестралната партија на Инзаги кој со гол и 2 асистенции не однесе до полуфиналето. Да не трошам повеќе зборови, еве го видеото во продолжение, па потсетете се на овие убави, многу убави времиња. Интересно е само да напоменам дека на овој меч како 18 годишен талентиран одбранбен играч, во својата дебитанска сезона влезе во игра Најџел Де Јонг, и тој е единствениот играч од овој двомеч (покрај Абијати кој беше на клупата.) кој сеуште игра за некој од овие два тима.


Сега дојдоа едни други времиња. Од таа генерација на Ајакс со Златан, Пиенар, Ван Дер Мејде, Киву, Лобонт, Јакубу, Литманен.... па после подмладената со Стекеленбург, Хејтинга, Де Јонг, Емануелсон, Снајдер, Ван Дер Ваарт, Хунтелар....и онаа последната со Вермален, Вертонген,  Суарез, Ериксен и други. Тоа е веќе минато и еден нов бран на млади таленти се собрани во престолнината на Холандија.

Кај нас ситуацијата тотално променета. Со новиот проект кој го започна управата, за момент се помисли дека крајот на генерацијата на Малдини, Неста, Шева, Сидорф, Пипо, Рино е почеток на една нова победничка која во 2011-тата и те како делуваше силна. Но поради сплет на околности, бевме принудени да почнеме одново и во моментов може да сме каже дека сме во втората година од тригодишниот план за враќање онаму каде што ни е местото, на врвот на европскиот фудбал.


Како што е веќе познато СЕС заработи незгодна повреда во последен момент и моментално сме препуштени на само 3 опции во нападот, а она што загрижува повеќе е фактот дека поради суспензијата на Бало, против Јуве викендов на располагање ќе ги имаме Матри, Нианг и Бињо.
Одбраната исто така е доста тенка, и нема многу комбинаторики тука, така да освен едно место во средниот ред, веќе треба да знаеме како ќе изгледа стартната постава.

Абијати
Абате,Запата,Мексес,Констант
Поли,Де Јонг,Мунтари
Монтоливо
Балотели,Робињо

Мене баш и не ми е по ќеф тоа што Сулеј ќе игра повторно, а Монтоливо ќе биде врската помеѓу средниот ред и нападот, ама помеѓу ова и Бирса на AMC јас со две раце потпишувам за ова прикажаново.

Чекаме добар стрим утре, се надеваме на добра игра и победа секако пред двомечот со Барса бидејќи само со 10-12 бода од 4те натпревара со Ајакс и Селтик може да се надеваме првото место во групата.

FORZA MILAN !!!

13 comments:

Anonymous said...

Звучи предобро за да е вистина, ама Касилијас?

ReBorned said...

Муабетот е дека тој ни се нуди нам а ние засега не сме заинтересирани :) Истото го тврдат и Di Marzio и Sky :)

Navigator said...

"Абе што ќе ни е тој, не гледаш не може место во еден Real да фати."
"Па до кога бре ќе прибираме отпадоци?"
"Ако сака да си ја намали платата за едно 15 пати, може. Kaka не беше глуп што се откажа од 6 милиони по сезона + еден месец џабе да тренира"

Само дел од коментарите што никогаш не ми паднале на ум за Casillas :)

ReBorned said...

OFFICIAL line-up vs. Ajax (4-3-2-1): Abbiati; Abate, Zapata, Mexes, Constant; Montolivo, De Jong, Muntari; Birsa, Robinho; Balotelli.

И тоа е моментот, Muntari стартер а Poli е награден за добрите игри, голови и асистенции со нова клупа. Одлично ги перцепирам потезите на Max.

Anonymous said...

Не притиснаа јако како против Барса да играме се осеќам.
Немаме шут на гол.
Не би издвоил никој во вакво издание, ама Запата си ја исполни квотата за денес: пас во нога за противникот на 25 метра од нашиот гол.

Kole.22 said...

1) Што направивме овие 45 мин и која е идејата?
2) Зошто имаме 0 шутеви кон противничкиот гол?

CurvaSud_Milan said...

Не можам да им поверувам на сопствените очи што гледам! И покрај сите проблеми со кои се соочуваме во моментов, било со повреди, било тренерски...било финансиски или што ти ја знам уште какви еден Ајакс има преку 70% посед на топка? Па тоа не е при здрав разум! И кога викам еден Ајакс, не мислам дека Ајакс е екипа која не заслужува почит, но да бидеме реални, НИЕ СМЕ МИЛАН! Посебно што овој Ајакс е можеби најслабиот во изминатата деценија. Не знам, мене ми се ствараат фрустрации кога гледам што прикажуваме, т.е. не прикажуваме. За ова, освен тренерот јас не гледам кого друг да обвинам. За ваква поставеност на играта единствено он е крив и никој, ама баш никој друг. Јас бев еден од оние кои "на времето" бев да не се избрзува со негово отпуштање, но дефинитивно од натпревар во натрпевар човекот губи многу фанови. .............на крај ќе му останат само Б&Г да го подржуваат, а он знае дека и други не му требаат. ЈБГ!

FORZA MILAN!

Kole.22 said...

Демек треба да сме задоволни?

CurvaSud_Milan said...

Во каков плачко се претвора Балотели, тоа не се опишува со зборови! Овој Милан не е оној нашиот Милан! Вратете ни го клубот назад!!

Anonymous said...

Против Селтик имавме среќа, против Болоња имавме среќа, против Торино имавме среќа сега и против Ајакс. Мислам дека бадијала ќе беше и да изгубевме, пак немаше да го сменат Алегри. Вака не значи многу што добивме бод, туку дека Ајакс ги изгуби своите три.

ReBorned said...

Mister Obvious strikes again:

Allegri: "Why we are conceding so many goals on set pieces? Because we aren't marking"

Anonymous said...

Ќе пишува ли некој нешто за вечер или не?

Navigator said...

пишуваш веќе или да почнам?