Translate

Saturday 18 May 2013

Последната скала!


38мо и последно скалило сезонава. Иако можеби не го гледаме така, многу зависиме од ова последно коло. Пропаст од епски размери и лоша PR одлука ќе биде ставањето на логото на Лигата на Шампионите на дресот минатата недела доколку не успееме да се пласираме на третото место, но за тоа да не се случи утре ќе треба да се погрижат овие момци.


Монтоливо ќе стартува на изненадување на сите и на мое големо задоволство затоа што се враќа единсвениот креативец во тимот, единствениот играч што знае да ги сврзе средината и нападот. Друштво ќе му прават двајца од Фламини, Амброзини и Ночерино. Во нападот Балотели е сигурен стартер, а постои и можност Пацини да започне како најистурен а Балотели да игра веднаш зад него.
Одбраната горе долу е иста и за очекување е Абате и Констант да покриваат по страните, а Запата и Мексес да бидат во последниот ред на одбрана пред Абијати.
Сезоната ќе се сумира во еден натпревар и дури по 22:40 утревечер ќе може да носиме заклучоци  за истата. Останува отворено и прашањето околу тренерската позиција, а се очекува да се затвори веќе в понеделник наутро официјално. Шпекулации и индикации околу жешката столица ќе има милиони, и вечер и утре.
Телма ќе ни го удостои задоволството да го гледаме Милан утре, но во комбиниран пренос со Фиорентина - Пескара, иако мислам дека ние ќе бидеме во фокусот на преносот.


FORZA MAGICO MILAN !!!

13 comments:

ReBorned said...

Нема филозофии, нема оправдување. Ако веќе моравме да решаваме последно коло, веројатно нема подобра комбинација од оваа, сами ја решаваме својата судбина, не зависиме од други и играме против екипа која веќе е излезена од прва лига. Не смее да важат ниту оправдувања за лоши судиски одлуки, ниту лош ден или било што! Кратко и јасно, мораме агресивно од самиот старт и да ги решиме сите дилеми предвреме!

Navigator said...

Лошо што дозволивме цел исход на сезоната да се сведе на еден меч во последното коло. Да, добра околност е што тоа треба да го направиме против екипа без амбиција и најважно, што сами решаваме се. Многу е јасно, веќе рековте, нема оправдување, победа и ништо друго. Имаме добар состав на располагање и немаме причина и простор за грижи. Одиме на убава победа да ја заокружиме оваа, сепак, успешна сезона. Многу добар наслов одбрал Драган, да ја искачиме последната скала!

FORZA GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

Без SES, со Binho. Хммм, SES вика дека очекувал дека ќе биде на клупа денес. Ок тоа, ама зошто со Binho кога сите мислат дека после овој меч ќе се поздрави со соиграчите и ќе замине? Да не речите дека имам многу црно сценарио, ама размслував... дали е можно Max да му се "заблагодари" на papa Silvio за евентуален отказ со кикс на Milan во последното коло. Ваљда не стигнала работата дотаму...

Одиме на победа момци! Најважната победа сезоната!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Тие се тие моменти кога едноставно не можеш да го сфатиш Allegri и тие се тие моменти кога посакувам друг стратег на чело на тимот. El Shaarawy во аут на сметка на Binho поради технички причини.

ReBorned said...

Ова го дискутирав со Navigator на chat па еве да го споделам моето мислење и тука во целост:

Сметам дека евентуалното црно сценарио со кикс приготвен од Алегри не држи место од едноставна причина што Алегри не игра на терен
и да знае дека го чека отказ и да не ги подготви фудбалерите доволно, во прилог на фудбалерите е да остварат резултат кој следната сезона ќе ги носи во ЛШ
Сметам дека на фудбалери како Балотели или Монтоливо доволна им е и нивната фудбалска интелигенција и квалитет за да можат да решат противник како Сиена (која нема резултатски императив).

ReBorned said...

И околу формацијата, со овие 11 на терен не верувам дека тоа ќе биде класична 4-3-3, се повеќе мислам дека Ambrosini и Montolivo ќе го држат средниот ред а Nocerino ќе се обидува да пробива во вертикала односно ќе игра како mezzala па оваа 4-3-3 на хартија многу почесто ќе изгледа како 4-2-3-1

Kole.22 said...

Како бре да не ги пцуеш во вакви моменти? КАКО?

Navigator said...

Многу е едноставно: ако не можеш да ја победиш Siena, кој кур бараш во ЛШ? Земете стегнете се, изиграјте со срце или играјте си ЛЕ!

ReBorned said...

Milan по првото полувреме ми губи нерви и околу 13.000 денари!
Во натпревар во кој треба победа Алегри игра без првите 2 стрелци на екипата и без фудбалерот кој беше најдобар во последниот месец и постигна 4 гола на последните 5 меча! Наместо него ги игра Nocerino и Robinho кои заедно имаат 10 натпревари сезонава!

CurvaSud_Milan said...

Ова е ебано фрустрирачки!!! Ќе се воздржам од понатамошни коментари зашто ќе кажам и што треба и што не треба! Само се надевам на чудо! Да, на чудо против Сиена!

CurvaSud_Milan said...

Со сета должна почит на она што го има направено за Милан и времето поминато во клубот но морам да викнам ИДИОТ!!! Среќа и Терлици што е идиот исто!!

CurvaSud_Milan said...

Мислам дека трајно оштетување на гласните жици им направив!!! Но ова што ни го приредија нема да го заборавам! Ваков непрофесионален пристап во толку важен меч не е за простување. Во ваков меч што ти ја одлучува сезоната екипа од Серија Ц не смее да се потцени! Не знам, измешани емоции, пресреќен заради пласманот, нервозен за тоа како стигнавме до таму! Секогаш можеш да изгубиш, па дури и од испадната екипа, но кога ќе дадеш се од себе, кога ќе создаваш шанси, ќе се бориш за секоја топка и не успееш, тогаш можеш на крајот да речеш дека не те посакала среќата и тоа е тоа...но ова, ова е недозволиво!

Navigator said...

Вакво олеснување не сум осетил којзнае од кога. Толку незаслужено беше ова колку што сум среќен сега. Да се смирам малку, па ќе напишам еден checked пост.

FORZA GARNDE MILAN!!!