Translate

Sunday, 5 May 2013

Одиме на +4!


Во турбулентен период во и вон теренот, го пречекуваме тимот на Torino во натпревар кој може да нè однесе на прилично сигурни +4 на само 3 кола до крајот и да ни даде ас во ракавот за самиот финиш. Благодарение на комбинацијата среќа + Osvaldo, Roma ни направи одлична услуга синоќа и сега е на нас редот да си ја завршиме домашната работа.
Сега обично се почнува со она клише дека нема да биде лесно, дека Torino е незгоден противник и дека мора максимално сериозно да пристапиме но едноставно мора да победиме! Torino (па и било кој друг тим од Calcio) не е противник против кој треба да се плашиме и да правиме калкулации, мораме на победа!
За жал, единствената креативна нишка во тимот (Montolivo) е во аут веројатно до крајот на сезоната па до финишот на сезоната би требало да гледаме повеќе директна игра, побрзо префрлање на топката кај офанзивната тројка па евентуалната креативнист ќе ја чекаме во самиот напад. Во повиканите за мечот против Torino се наоѓа (според многумина природната замена за Montolivo веќе од следната сезона) Cristante и се надевам дека момчето ќе добие некоја минута на теренот, во второто полувреме.
Во недостиг на Montolivo, постои и можност од благо ретерирање од стандардната 4-3-3 во 4-2-3-1 затоа што немаме фудбалер кој може да нагази на топката во средниот ред. Како и да е, веројатно најголемата дилема ќе биде дали Boateng да игра во средниот ред или офанзивно по крилата. Од неговата позиција ќе зависат и останатите кои ќе настапат, особено во самиот напад. Balotelli е сигурен, El Shaarawy има проблем со зглобот па веројатно нема да биде во стартните 11. Можно е на негово место да добие старт Robinho, Allegri уште не сака да ги пушти Pazzini + Balotelli од самиот старт.
На крајот на краиштата, не се важни стартните 11, важна е победата!
Евентуалната (задолжителната) победа против Torino ќе нè донесе на +4 на 3 кола до крајот. Во тие 3 кола играме против Pescara и Siena во гости и против Roma, дома. Доколку победиме 2 од тие 3 дуели и математички сме на третото место и во ЛШ. Значи ни требаат 3 победи во последните 4 кола (вклучувајки го и ова денес).

P.S Постојат шпекулации дека Allegri е на чекор од 3 годишен договор со Roma и единствено неговиот потпис фали за се да биде затворено. Што мислите за ова? Дали тоа според Вас е добра или лоша вест? Дали воопшто верувате во оваа шпекулација и дали мислите дека би биле подобри без него (и со кого)?

Уште еден P.S, денес Juventus ќе ја прослави новата титула во Calcio. Сезона во која тимот од Torino беше убедливо најдобриот тим во Италија и сосема заслужено заврши на првото место. Честитки за Juventus Arena.

10 comments:

Ultras Milano said...

Абе какви честитки до Јувентус арената. Единствена честитка што можам да им ја дадам е таа што се единствениот клуб во Италија кој и покрај сите препреки има свој стадион.
За друго ништо не им честитам на далтоните.
Мене ме интересира само Милан и 3 бода вечер. И кога ќе се види кој е на располагање за натпреваров треба највеќе да очекуваме од Балотели како играч кој со еден потег може да реши натпревар, како и work-rate -от на Боатенг кој во последните натпревари е на посакуваното ниво.
Не ќе биде лошо и во тие малку натпревари што му останаа и Бињо да прикаже барем дел од она што го знае, како еден знак благодарност на се што направи клубот за него.
Мој тип е дека ги добиваме Торино,Пескара и земаме барем бод а можеби и 3 од Рома, а во меѓувреме и Виолетовите ќе кикснат еднаш сигурно и веќе последното коло нема да има резултатска важност.

ReBorned said...

Ако кикснеме до Roma, дуелот меѓу Milan и Roma може лесно да значи и дуел за трето место. И Roma има некои шанси, ако нè совлада во директниот дуел а ние кикснеме претходно.

ReBorned said...

http://www.firstrow1.eu/watch/184983/1/watch-ac-milan-vs-torino-fc.html

Navigator said...

Abbiati на моменти те замислува дали има потреба од нов голман. Секоја чест!

Kole.22 said...

http://www.rojadirecta.me/goto/vspiy.blogspot.com.es/

Kole.22 said...

Какво олеснување... одвај

Navigator said...

Олеснување... огромно! Браво момци!

ReBorned said...

Многу лош натпревар, воопшто многу лош период. Не знам дали овие шпекулации околу тренерот влијаат во тимот или станува збор за едноставно паѓање во формата но играме ужасно! Torino заслужи многу повеќе од пораз, практично сите сериозни шанси на мечот ги имаа гостите. Постигнавме гол на сила и стигнавме до тие 3 бода кои беа повеќе од неопходни. Немаме никаква идеја во играта, немаме ништо. Со Pescara мора да ги стартуваме Balotelli и Pazzini заедно!

Браво за Abbiati!

Ultras Milano said...

Toa e toa, vo vakvi momenti treba da bideme presrekni sto imame igrac od kalibarot na balo. Skoro sekogash imame baven start na sezonata i losh finish. taka beshe i minatata sezona koga na stakleni noze gi dobivavme genova i chievo.
3te boda gi dobivme i toa e najvazno, a istata cel treba ja imame i vo sreda protiv pescara.
izvinete za kirilicata na tel sum

Anonymous said...

Ηello! I геalizе this is somewhat
off-topic hοweveг I had to ask. Doeѕ гunning a ωell-estаblishеd blοg such as yourѕ require a massivе amount wοrκ?
I'm completely new to writing a blog but I do write in my diary daily. I'd lіkе to stаrt a blоg
so I will be able to share my eхpeгienсe and feelіngѕ onlinе.
Please let me κnoω іf yоu have any ѕuggestionѕ or tіps for brand
new аspіring blog оwneгs.
Thankyοu!

my web page - crear facebook gratis