Translate

Sunday, 12 May 2013

Заверка на билетот за ЛШ!


Дојде денот кога конечно треба да го завериме билетот за ЛШ, во следната сезона. На гости ни доаѓа Рома која направи одлична услуга годинава, најпрвин со победата во гости против Наполи а веднаш потоа со пораз дома, од Киево. Фиорентина денес победи и тоа диригира нова победа на Милан. Нема многу филозофии, победа вечерва и се ќе биде јасно. Евентуален неуспех ќе значи матно последно коло. Во нашиот тим неизвесен е настапот на Балотели кој има симптоми на грип. Можен е старт на Амброзини и Де Шиљо, на позиција на десен бек.


Одиме на победа за решавање на сите дилеми и последно коло без резултатско значење кое нели Allegri нормално ќе го искористи за да му даде шанса од самиот старт на Traore, на пример.

FORZA MILAN!

21 comments:

Navigator said...

Браво за постот и срамота за нас што успеавме да најдеме време за 5-6 реченици.
Како и да е, одиме на победа и заверување на ЛШ!

FORZA RAGAZZI!!!

Ultras Milano said...

Мое извинување што така испадна.
Нема што да се правдам очиглено крај на сезона е и желба за пишување многу нема бидејќи нема и многу калкулации.
Среќа барем успеав да ја гледам утакмицата и можам да потврдам дека сите работи кои ги дискутиравме во саботата попладне се случија на натпреварот.
Моја претпоставка беше дека последниот натпревар ќе биде од ревијален тип и за Сиена така и ќе биде. Убеден сум дека тосканците нема дополнително да се мотивираат и да играат и за друг тим и дека наредната недела ќе ја завршиме работата.
За денешниот натпревар нема многу што да се дискутира.
Римјаните многу поопасни, многу поконкретни се изнашутираа и доволно ќе беше едно невнимание на одбраната (како оние на Констант) да бидеме сурово казнети.

Ultras Milano said...

http://www1.skysports.com/football/news/11876/2249674/Juve-eye-Bonera

:)

ReBorned said...

Симптоматично, никој не го прокоментира моментот со црвениот картон. (Не) заслужено?

ReBorned said...

Инаку потврдено, фановите на San Siro му свиркале на Boateng и за време на мечот и по излегувањето.

Kole.22 said...

Црвениот картон реално беше сосема заслужен. Навистина не знам што размислуваше Мунтари. Ми се чини дека откако Балотели го доби жолтиот картон за остриот старт, прокоментира нешто кон судијата и овој тргна со намера да му покаже веднаш втор жолт.
Мунтари го држеше за рака повеке од 15 секунди, што е недозволиво. Зошто мораше се тоа да се случи на еден од најбитните натпревари, кога имавме и теренска иницијатива, не знам.

Околу Боа, навивачите претеруваат. Човекот не е во форма, но дава и ќе дава максимум, а тоа што е приклештен на таа десна полушпиц позиција, не е баш негов проблем. А кога сам ке си наметнеш висок стил и таков менталитет на игра, многу тешко е да се фокусираш на истиот. Ситуацијата треба да се реши на тренинг, а пред него има и други кои заслужуваат повеќе свирежи.

Конечно да дојде и тоа последно коло, и Сиена да ни каже дали сезоната ни е успешна...

пс. Каков е статусот на Де Јонг?

Kole.22 said...

И уште нешто накратко да прашам. Што толку изјавува Пирло во последно време? Нашиве фанови се гневни на него, мегутоа не успевам до крај да ги разберам италијанските медиуми.

пс. Редно е да му честитаме на Carletto :)

Filip Kimovski said...

Коле подобро да не ги дознаеш изјавите на Пирло, ја искрено ептен се накурчив тогаш.

Инаку на собиров се запрашавме што е со таа чудна прослава на головите и мислам дека никој не знаеше ама еве стигна и одговорот

http://sulia.com/channel/ac-milan/f/da2a47a6-e3b6-4f02-93ca-3732088c887d/

Собирчето помина супер и треба почесто да се собираме.

Нека зачестат маратониве у Скопје за и Жаре да ни иде почесто и неаме гајле :D

Црвениот на Мунтари си беше црвен пошо не смееш никако да го допреш судијата а не пак така да го зграчпиш за рака.

Галијани денес прокоментирал дека би било добро да се донесе десно крило кога го прашале за Черчи и исто така рекол дека за трансфери ќе коментира после понеделник.

Интересно е што Бенатиа бил на Сан Сиро за време на мечот со Рома а Галијани спомна дека се во потрага на дефанзивец.

ReBorned said...

Интересно интервју со G за сезоната, евентуални нови засилувања и начнување на позицијата десно крило ;)

http://www.rossoneriblog.com/2013/05/14/galliani-positive-season-if-we-finish-third-and-the-market/

Navigator said...

Сосема заслужен црвениот ако ме прашувате мене. Вторпат во два натпревари се меша во работата на судијата. Првиот пат беше симпатично, ама во неделата претера. Сепак се работи за судија и негови одлуки, а потоа одговорност. Muntari направи глупост, ја остави екипата на цедило повеќе од едно полувреме и не даде шанса да се нападне за многу важна победа. Да не беше тоа, веројатно следниот викенд ќе гледавме ревијален меч и шанса за оние што чекаме да ги видиме како дебитираат.
За Boa зборувавме во саботата, мислам дека се претерува малку, како што вика Коле, иако игрите не одговараат на статусот во тимот и бројот што го носи на грбот. Може тој многу подобро, со малку повеќе мотивација и самодоверба и нормално, со промена на позицијата. Ако Max или било кој друг тренер планира да продолжи со 4-3-3 или нека биде сигурен дека сака офанзивна средина со Boateng во неа или не го продаде уште во Јули.
Интервјуто на Ќелавио многу коректно. Се што кажал беше на место и звучеше одмерено, уствари како и многупати досега. Мислам дека веќе научивме оти од него нема да разбереме ништо за трансфер плановите. За мене ќе бидат особено интересни три работи: дали Galliani ќе реагира на случувањата во PSG и на сентиментална база ќе го фати TS за тој сам да реагира и да побара враќање дома; како Milan ќе го реши прашањето со десно крило (дали ќе го продаде Boa и ќе потегне ланец на трансфери или ќе купува RW со парите од продажбата на Binho, Noce, Abate...); дали навистина никој во клубот не размислува за ангажмани во средината, пред се мислам на MCL.
Ама ајде, има време, ќе зборуваме за тоа цело лето...

ReBorned said...

Мене ми мириса на Cerci за крило. Не велам дека ми се допаѓа (искрено мислам дека не е дораснат на статусот на клубот и тука зборуваме за крило кое ќе биде сигурен стартер, крила со сомнителен квалитет веќе имаме во Boateng, Bojan и Niang) туку велам дека некако работата ми влече накај него. Италијанец, идеални фудбалски години и игра во тим од кој нема да треба богатство или пречка во однос на ривалитет, за да се ангажира. Ми мириса работата за него.

ReBorned said...

Според Газета односно Carlo Laudisa, Milan веќе го договорил трансферот на Andrea Poli за летово. Се надевам дека е точно!

Ultras Milano said...

А има ли некој Италијаниец што е под 25 години а да не навивал за Милан како дете? :)

Navigator said...

Толку од Allegri, а? Поделени чувства, како и да излезе ситуацијава...

ReBorned said...

Мислам дека Берлу трола...

Ultras Milano said...

Ништо чудно. Повеќе сум со Ри сега за сега.

ReBorned said...

Allegri му го истури мозокот на Gabriel со слободни, на тренингот. Веројатно гледавте...

Navigator said...

Прашањето е дали Max толку добар или Gabriel очаен :)))

Ultras Milano said...

Ќе пишувам пост по повод последниот натпревар сезонава.

ReBorned said...

Не знам дали ме следите на твитер и дали читате тука на feed-от ама Марио Балотели КОНЕЧНО има свој ОФИЦИЈАЛЕН профил и на прв поглед делува доста заразено! Профилот му е @FinallyMario, твита и на англиски (што мене лично многу ми се допаѓа) и барем засега цело време се дупчи со Боатенг :)
Еве само дел од последната „конверзација“

https://twitter.com/KPBofficial/status/335814468565098496

Ultras Milano said...

Го пратам уште кога го направи и со Де јонг се шегуваа нешто го начнаа и Пато дури во разговорот па и Бојан...
За 10 мин ќе го постирам постот.