Translate

Saturday, 27 April 2013

Враќање на победничките патеки!


Ваков самоуверен наслов му ставив на постот кој мора да не врати во формата од новата 2013та година. Последните 3те неповолни резултати со во моментов 3те најголеми ривала се добар показател дека местото во ЛШ нема никој да ни го подари, и дека ефектите од лошиот старт ги трпиме сега, па дури ни неверојатниот старт на годината не беше доволен за да се зацементира местото во ЛШ.
Катанија ни доаѓа во вистински момент, на вистинско место. Милан е гладен за победа која ја нема почуствувано точно 27(утре 28) дена!! Еден фудбалски месец без победа е премногу за тим од највисокиот ранг без разлика во каква форма се наоѓа.
Балотели се враќа во составот и е се очекува да започне од старт, а на последното интервју Алегри рече деке не е сигурен дали ќе го игра Боатенг во нападот и средината.
Абијати и Амброзини се аут a Макс е повторно во дилема дали Де Шиљо или Констант на левата бочна позиција. Има и можност каде што и Ночерино конечно ќе заигра малце фудбал покрај Монтоливо и најверојатно Фламини, иако и Мунтари е опција за во средината.
За проблемите што ги има Катанија не треба да ви пишувам многу пред се зошто ни мене а ни вас не ве интересираат.


Нема многу филозофија, Недела 20:45 Телма.

FORZA MILAN 

19 comments:

Navigator said...

Одличен противник, прав. Не е екипа што ќе се брани од старт, затоа што против таква екипа веројатно би било потешко да се игра во ваква ситуација. Нашите момци сигурно нема да стартуваат опуштено, напротив, очекувам бавен и грчевит старт. Добро ќе ни дојде гол од еден потег или грешка на противникот затоа што тоа може комплетно да го смени текот на мечот и значително полесно да ги донесе трите бода. Во врска со стартниот состав, мислам дека опцијата со Boa во средина е најдобра. Имаше прилично позитивни ефекти против Juve пред една недела. Убаво би било да напред ги видиме SES, Balo и Niang од старт. Назад, сакам да ги видам De Sciglio десно и Constant лево, а најмногу од се, сакам да го видам Gabriel на голот. Подобар тест за млад голман, не може да се посака. Па да видиме дали може на него да се смета во скора иднина или ќе се случува стандардната loan-приказна. Napoli денес одново победи и сега се на +10 што ќе рече невозоможно за бркање. Да се одбраниме од виолетовите и комотно да ја привршуваме сезоната. Како брзо ми помина...

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

И јас сакам по подолго време Niang да добие нов старт во првите 11. Ова со Gabriel е апсолутно невозможно и нема основа да очекуваме вакво нешто кога има два голмани кои се пред него во клупската хиерархија. Дури и евентуално да обезбедиме и математички 3 место пред последното коло пак нема да го видиме Gabriel на голот туку Amelia.
Де согласувам со Navigator и за дефанзивата и за играњето на De Sciglio десно. Момчето таму ги направи првите чекори и таму блесна пред да биде префрлен на левата страна по враќањето на Abate од повреда.
Не сакам да кобам ама очекувам сигурна победа.

Navigator said...

Не мислам дека е невозможно ова со Gabriel, иако сум свесен дека шансите се теоретски. Има двајца, но моментлано е еден голман пред него во хиреархијата и тоа голман за кој е извесно дека не е во плановите на клубот. Баш тоа ми е криво, ако во клубот го гледаа Gabriel како прв голман во скора иднина ќе му ја дадеа таа шанса денес или до крај на првенството. Како што му се даде на SES, Niang, De Sciglio, Strasser, Merkel... а и тие имаа барем неколку играчи пред себе во хииреархијата.

ReBorned said...

Ајде сега да Ве видам



Banner at San Siro: “More respect for our mister: Allegri.” A response to report in Gazzetta that Berlusconi is considering Seedorf

ReBorned said...

Најдобрите 45 минути сезонава? Зошто не водиме со 3 разлика?

ReBorned said...

Прво лошите работи:

1. Одбраната беше очајна! Abate беше за никаде и напред и назад, Bonera беше дупка а Mexes имаше непотребни (и нормално, неуспешни) излети напред! Очајно лошо! Кога сме кај Abate, едноставно не можам да го гледам како на сиот тој труд не може да финишира со добро нафрлување или додавање. А поради тој неверојатен work rate (кој најчесто делува како мува без глава) не можеш да употребиш потешки зборови за него! Очаен беше во офанзива, очаен беше во дефанзива! И двата гола беа половина негови!

El Shaarawy. Момчето дефинитивно се наоѓа во лош период, тој тоа го знае и го фаќа некоја нестрпливост и паника кога треба да биде смирен и да постигне гол. Денес имаше 2 буквално 100 % шанси за гол, ситуации во кои пред него беше само противничкиот голман а немаше противнички фудбалер на 2 метра од него. Во едната ситуација голманот одбрани а во другата шутираше на 2 метри од голот. Мораше барем еден гол да реализира или барем да погоди во рамките на голот, при втората ситуација! Во дефанзива, стандардно одличен.

Nocerino. За разлика од неговите колеги во средниот ред, тој не беше на нивно ниво. Играше некоја калкулантска игра, колку да се брои во тимот.

-------------------------------

Духот на тимот, желбата за гол беше фантастична и фанатична! Буквално од првиот свиреж на судијата, грабеа низ теренот, имаа неверојатни преку 20 шута само во првото полувреме и вкупни 37 шута кон противничкиот гол, на крајот од мечот (Catania имаше само 7). Менталниот склоп беше одличен дури и во ситуација кога речиси цел меч го играа под притисок и во негатива!

Flamini. Одигра фантастично прво полувреме (и не само поради голот). Го имаше насекаде, прв ги затвораше дефанзивните дупки а беше дел од речиси секоја акција во офанзива. Одигра како вистински модерен, box to box играч. Падна физички во вториот дел но оценката е повеќе од позитивна. Веќе 3 меч во серија постигнува гол и ако ја задржи оваа форма што ја има од Јануари наваму, не би ми пречел да го имаме во ростерот и следната сезона.

Boateng. Одигра одлично! Немаше среќа при шутот кој ја растури гредата, асистираше со гради при голот на Flamini и беше константно во трк. Одигра со срце, машки и беше искра која го туркаше тимот во текот на целиот меч. Еден од само неколку навистина добри натпревари за него, сезонава. Можеби најдобар!


Tutti pazzi per il Pazzo!!! Кога го видов дека влегува во игра помислив дека може да даде 2 гола и сам да го сврти мечот. Фудбалер кај кој нема просечен натпревар, или е невидлив или е предаторски расположен. Две trash топки успеа да ги реализира, се најде на вистинско место во вистинско време. Многу се смени играта со неговото влегување на теренот.

Вредни да се споменат: Montolivo, Balotelli.

Navigator said...

Баш на ваков меч мислев кога зборував пред стартот. Да бидам искрен докрај, не очекував онаков фуриозен старт, но ќе размислам, Milan годинава преку 80% од натпревари почнува јако, за после 20та минута да спласне. Овојпат првото полувреме беше одлично, до некаде се сложувам со Ри, помеѓу најдобрите во сезоната. Проблемот беше реализацијата. После примениот гол, особено вториот, дојде до она мачење, игра во грч. За среќа го имавме изнервираниот Balo и прецизниот Pazzo. Ама вечерва го имавме и одличниот Boa и исклучително активниот Abate, стадардно добриот Monti и човекот од потег Flamini. Назад бевме катастрофални, со големи дупки и опасност при скоро секое противнично поминување на половината. Повеќе од очигледна е потребата од ремонт назад летово, тука нема многу филозофија. За воља на вистината, најлошите поединци, барем за мене, беа младите надежи SES и De Sciglio. Првиот веќе станува нервозен што не може да го најде патот до мрежата. Имаше три идеални шанси и уште неколку што можеше да ги заврши да ги заврши далеку подобро. Цел тој малер е ок, се случува, но нешто што малку ме вознемири е неговата реакција a la Pato при нашиот трет гол. Откако неговиот шут беше одбранет, а Pazzo реализираше, тргна да се радува на страната на SES, помина покрај него, а овој без никаква емоција само го проследи со поглед. Не се израдува на пресврт, на одвај извојувано водство. Колку и да ти е криво за твојата шанса, некој постигнал гол, многу важен гол и тоа треба да те израдува. Не смее да се повтори ова, инаку впечатокот полека ќе почнува да се расипува. Инаку неговото залагање е повторно на ниво, нема збор дека неговото шпартање напред-назад има удел во прецизноста во финишот. Но кога истото си го правел во текот на есента, луѓето очекуваат да го правиш и сега, барем одвреме навреме. De Sciglio исто имаше грозна вечер. Без точни центаршутеви, без точни проценки во дуел, грешни додавања. Истиот проблем го мачи и него. Ги навикна луѓето на воодушевување на позиција која не му е природна и сега кога дојде како прва опција таму, очекувањата се уште поголеми. Затоа викав дека сакам да го видам десно, но рака на срце сега и Abate не е лош како претходно.
Најважно, го одбранивме 3тото место и сега очекуваме уште еден аутсајдер на San Siro - Torino. Распоредот со Fiorentina до крајот ни е многу сличен, така што киксови не се дозволени. Тие играат со Roma следната недела и тука римјаните можат да ни направат голема услуга. Одиме чекор по чекор до ЛШ.

FORZA GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

Очигледно во исто време ги пишувавме коментарите и сега кога ги споредувам гледам дека се сложуваме со се освен со една работа. За мене Abate денес не беше така лош како што ти го опиша. Немаше одлична вечер, но имаше ептен активен меч. Освен тоа, за разлика од последните неколку негови натпревари, денес имаше и продуктивни центаршутеви. На еден налета Boa, еден беше избиен во последен момент пред Balo, на две добри нафрлувања никој од напаѓачите не успеа да налета. Имаше и неколку продуктивни додавања во празно. Пак ќе речам, за разлика од претходните натпревари, ова беше далеку подобро издание.

ReBorned said...

И јас ја забележав ситуацијата при голот на Pazzo и реакцијата на El Shaarawy а еве сега и го најдов, документирано.

http://twitpic.com/cmoulg

Anonymous said...

Фламини бе човече. Дечково сигурно знае кој е вистинскиот пат до нов договор, ама кога можеше Ночерино со 11 голови да си ја преседи сезонава на клупа не гледам зошто и и Фламини не би можел да си замине.
Јас лично не би обрнал толку внимание на реакцијата на СЕС. Исто како што не обрнував и на реакциите на Пато.
Кога го гледам Абате, и ќе ми текне дека наместо него Сантон може да го имаме во тимот а Де Шиљо да си ја добие својата вистинска позиција во тимот жал ми е искрено.
Летово МОРА да се купува асални дефанзивци МОРА ако планираат од управата наредната сезона да идеме скалило погоре, а ако планираат топ 3 финиш и 1/8 финале од ЛШ ич нека не се секираат, Закардо,Бони и Нини се тука за тоа.

Navigator said...

https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/943303_4504823098656_647573145_n.jpg

ReBorned said...

Има една интересна ситуација. Следниот меч на Viola против Roma во гости може да значи многу! Viola има подобар меѓусебен скор со нас па со евентуално ист број бодови на крајот, Fiorentina оди на трето место. Со оглед на тоа што ние играме со Roma во претпоследното коло, here is a catch. Доколку Roma успее да ја победи Fiorentina следниот викенд (нормално и ние да го победиме Torino) тогаш Roma ќе ни даде еден џокер кој што можеме да го искористиме во претпоследното колко, доколку не успееме да ја победиме Roma (разликата ќе биде 4 бода). Доколку ние го победиме Torino а Fiorentina извади нерешено со Roma, работите ќе бидат крајно опасни. Разликата ќе стане 3 бода и само еден наш кикс ќе ја донесе Fiorentina на третото место. Евентуална победа на Fiorentina во следното коло, ќе биде огромен притисок за нас, до крајот!
Идеално би било Roma да ја победи Fiorentina а ние да го победиме Torino, разликата ќе биде 4 бода па тој џокер (евентуален кикс) да си го чуваме за мечот со Roma. Се друго мораме да победиме!

Navigator said...

Многу ми е рано за вакви комбинаторики. Има уште многу и многу треба да се случи за да на крај имаме исто бодови со Fiorentina. Ова коло може многу да реши и да ни биде многу појасно. Едно е сигурно: ако тие загубат од Roma, а ние го победиме Torino, 90% е решена ситуацијата. Ако пак ја победат Roma ние пак ја имаме предноста, но притисокот ќе биде на наша страна. И уште една интересна ситница - Roma во последните 4 кола игра дури 3 дербиа + финалето на Купот после тоа. Логично е, да сакаат да си го осигураат 5тото место што е можно порано и да се ангажираат максимално на следните два натпревари. Сепак, со цел респект кон противниците, но кога и тие самите ги прават овие математики, ниедна екипа не тргнува против Milan на гости со намера за 3 бода и ништо друго. Можеби за бод, 3 би биле премија. Дури и кога се работи за Roma. Затоа мислам дека ангажманот на римјаните на другите 3 меча би бил поголем отколку во нашиот меч. Како и да е, ние одиме на 4 од 4!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Еве некои полувистини за шпекулации за фудбалери кои би можеле да дојдат и да го напуштат клубот, летово. Наводно централниот дефанзивец кој би требало да пристигне би бил барем 25+ во години затоа што клубот сака континуитет и сигурност (искуство).

PURCHASES

MIDFIELDERS
Saponara (Empoli)


PROCESSED IN THE ENTRY

Goalkeepers
Marchetti (Lazio)
Krul (Newcastle)

DEFENDERS
Vergara (Universitario Popayan)
Ogbonna (Torino)
Benatia (Udinese)
Chedjou (Lille)
Moledo (Internacional)

EXTERNAL
Lovren (Lyon)
Gaitan (Benfica)
Richards (Manchester City)

MIDFIELDERS
Verratti (Paris Saint Germain)
Parolo (Parma)
Inler (Napoli)
Lodi (Catania)
Barrada (Getafe)

FORWARDS
Zaza (Ascoli)
Lavezzi (Paris Saint Germain)
Muriel (Udinese)
Amauri (Parma)

----------------------------------

PROCESSED IN OUTPUT

Goalkeepers
No one

DEFENDERS
Bonera (Parma)
Yepes

EXTERNAL
Taiwo (Lille)

MIDFIELDERS
Boateng (Manchester City, Paris Saint Germain)

Nocerino (Napoli)

FORWARDS
Bojan

Robinho (Paris Saint Germain)

El Shaarawy (Manchester City, Borussia Dortmund, Napoli)

Pazzini (Napoli)

ReBorned said...

Како да не беше доволно замрсена работата, сега единствениот плејмејкер во тимот ќе биде во аут барем 2 недели.

Kole.22 said...

Уште од сабајле лоши вести.
SES со болки во глуждот и утре тешко да заигра, Алегри наводно се договорил со Рома, вчера и вестите за Монтоливо. Оф

Anonymous said...

Boateng-Flamini-Muntari во средината?

ReBorned said...

Јас би го ставил Osvaldo напред :)

Одлична услуга од Roma и одлична шанса за Milan! Доколку не го победиме утре Torinо, не заслужуваме ЛШ! Фантастична шанса на домашен терен против просечен противник (кој рака на срце знае да биде доста незгоден во офанзива со специфичната 4-2-4 формација)!

Navigator said...

Благодарност до Osvaldo! Браво момче! :)